Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.008
    Допаѓања:
    164.638
    Додека системот не ни е освестувачки, туку заканувачки, ќе има дискутабилна храна, но и воопшто функционирање во секој поглед за сите вршители на било каква дејност под било каква институција. А ќе биде така се додека економијата е слаба...а ќе биде слаба зошто системот е таков и се така у круг...
     
    На duffi, Skorpija25, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Не ми се допаѓа ситуацијата во земјава.
    Слушам странични муабети дека во странство се оди масовно.Ама сами девојки и момци се мачат и таму.Муабетот им е "се мачиме ама бар не плаќаат".
    Ок..ама додека створиш фамилија.
    Друго,ако имаш свој да те прифати и воведе во се.

    Не ми се оди од овде.
    Не сум тип што експериментира.
     
    На VladeMila, PUPICA, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  3. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    85.425
    Пол:
    Женски
    Рефке ама да точно дека се повеќе млади заминуваат и ќе заминуваатако нешто не се смени.Дали поинаку размислуваат незнам.Ќерка ми пред некој ден ни вика со татко е да знаете јас тука не седам ,зошто учам јазици ќе одам странство.Ние само се погледавме еден со друг .Ако дете на 11 год. размислува така сега што останува за понатаму .Девер ми е заминат на 18 год.Австралија сам е викам дека не му било тешко ,но она што го има постигнато и сите работи кои може да си дозволи тешко дека во нашава мила држава можеме .
     
    На bittersweet, VladeMila, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Да,ама ко ќе отидат таму одма мењаат плоча,па работат и почитуваат правила.

    Стандардот е подруг.
    Работат по две работи.
    Затоа и можат.
     
    На VladeMila, duffi, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    85.425
    Пол:
    Женски
    Точно така се согласувам со тебе ,а овде некој не се ни накануваат нешто да работат и после тешко е ..е тешко е ...
    И јас не би одела тешко се привикнувам но никогаш не вели никогаш;)
     
    На VladeMila, duffi, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Сега, да не се правам паметна..
    Да немам работа тука и да немам од што да ги школувам децата, ќе фатам и "отаде"..
    Ама јас сум од последната генерација која НЕКАКО се ситуира..што стари дадоа,што ние ствараме..
    Моите деца имаат..пак од баби и од мене..
    Ама нивните деца (ако вака продолжи) ќе немаат.

    Тоа е девојки..
    Како ќе налага животот,така ќе се движиме.
    Кој заминува,нека му е со среќа, убаво и лесно да се снајде.
    Кој останува,дупла среќа
     
    На VladeMila, duffi, Val-Dim и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Би секако дека би заминала,само да се пружи шанса.Еднаш кажав,синко дипломиран,каде и да побара за работа,книшка.Е па не сакаше ни да помисли на книшка,веќе беше надвор со студирање излезен,значи виде што како.Не дека не сакаше овде да работи,но со книшка и со 200-300 евра плата.Па сам пресече и замина,и да тешко е секако,но задоволен е,и не работи на две места,на едно само.Но вели системот и државата се така средени,да можиш да живееш добро.И како да не сонувам да заминам,за на работа сум била стара,млади бараат,и ај да не замарам што уште се бара:envy:,па од воздух не баш се живее.Ѓи разбирам донекаде и младите,сакаат подобар живот,а свесни се дека треба да работат,но овде се знае,па за кај приватните газди уште повеќе.
     
    На bittersweet, VladeMila, Jas! и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.008
    Допаѓања:
    164.638
    Една пријателка на 57 години замина да работи во странство со кетеринг.
    Татко ми на 60 во јануари ќе замине да работи исто.
    Никогаш за ништо не е касно... ако имаш желба или условите те наведуваат.
     
    На bittersweet, happygirl, VladeMila и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Да си кажам искрено со пливање би заминала,а не пак со авионче:tmi:,тро шаркојте ми го матат умот:rofl:,ама белким ќе има куртул,надежта последна умира:nod:
     
    На bittersweet, Jas!, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Vitomir2

    Vitomir2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Машки
    Би заминал и јас од државава,не ме чуди да остане државата само со пензионерите.
    Младите масовно се иселуваат и барат работа,што е нормално,секој си бара подобри услови и поголеми финансии.
     
    На VladeMila, Jas!, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.419
    Допаѓања:
    279.599
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била за заминување и не сум размилсувала.
    Ама требало сега ми е криво барем да пробавме.
    Ама мм имаше работа од почеток, и јас покасно се вработив,демек се надеваш на поарно...
    Ама што едвај едно станче ќе им оставам на децава кое во мое село не вреди ни пет пари...
    Со кредити заглавени за тоа станче незнам ни како ќе ги ишколувам.
    Старите немаат ни од моја ни од негова страна да ми остават ништо,тешко и јас нешто да оставам на децава,ми е страв само кредити да не им оставам.На станбениов плаќаме животно осигурување за не дај боже...
    И мене не ми се допаѓа заминувањето на младите ,зјаат празни градовите,училиштата,ама па и ги оправдувам си ја бараат среќата.Во Скпопје пак може не е толку забележително ама во помалите места е страшно.Ако не странство одат за Скопје на студии и не се враќаат.
    Работат колку за ќирија и храна и пак ништо ...

    Тешки теми навистина...
     
    Последна измена: 17 ноември 2017
    На bittersweet, VladeMila, Jas! и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.917
    Допаѓања:
    173.621
    Пол:
    Женски
    Никој не би заминал од земјава, кога би можел да најде работа со пристојна плата..
    И под пристојна не подразбирам да може да си дозволи одмор на Хаваи, туку да плати сметки, кирија/рата за кредит, храна, градинки/школи, еден одмор годишно и да знае дека утре ако не дај боже се разболи, осигурувањето за кое цел живот плаќа ќе му ги обезбеди средствата за лекување и нема да моли како што молиме досега, па телефони за донации, сметки...

    Од друга страна пак, секој сака да седи во фотеља, никој не сака да се занимава со земјоделие и сточарство, за занаетчиство па да не зборам..
    Испод чест им е да бидат овчари и говедари на пример, со завршено средно земјоделско и да земаат плата по 500 евра плус сите трошоци и сместување обезбедено...
    Дури и стариве овчари кога ќе ги прашаш дали молзат, ти викаат - ааа не јас ќе ги пасам ама газдата си ги молзи.. абе човек еве ти 50% плус плата....аа не не, не молзам за ниедни пари:D епа јбг нема ни да ги пасеш..

    Други пак, не сакаат земјоделие да работат.. донекаде ги разбирам, тргнувам само од фактот дека немаме (и не можеме да набавиме за нормална цена) современа механизација во земјава и тоа иритира. Истата работа што кај нас ќе ја работат 8 саати, во Германија ќе ја сработат за 3..

    Сепак, фотељата е најдобра. Не велам не. Особено за лицата со факултет.
    Ама ако морам да бирам дали ќе молзам и пасам кози за 500 евра или ќе одам на Малта да работам за 900 евра од кои 400 ќе ми одат на сместување и храна, порадо во МК би останала..
    Ова само пример де.. да не се фатите одма за тоа:D

    Ај да наполнам 30, може поинаку ќе размислувам:)
     
    На piglet1, bittersweet, VladeMila и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Во право си Прашинке,но и тука има едно но.Сум размислувала и за ваква опција,ама веќе неколку ѓенерации уназад во град се живее.Во селата се нема имот,ни куќи,ниту пак ниви.Е сега да се почни со земјоделие,ниви под кирија да се земат,кредит за механизација,и сл.Истото би било и со сточарство,пак кредит,а почетен капитал се нема,а згора на се сака и разбирање од сето тоа,ајде некако се учи,но финансии кочат,да се задолжи човек повеќе од што би искрепил,незнам голем ризик,со работа во која никогаш сум немала допирни точки.Не ме сваќај погрешно,не дека ти контрирам на мислење,него чисто си кажувам какви се калкулации си правам во црпкава моја:*
     
    На bittersweet, VladeMila, Jas! и 12 други им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    @Dust Во Малта со 900 евра можеш само да платиш кирија и сметки (околу 500 е од поевтините варијанти за нив) и остало ти треба да јадеш. :D од искуство кажувам.
    Ја би фитиљ од државава и не планирам дете да растам тука ( освен ако не се среди се како што јас планирам) 8)
    Инаку у денешно време сите со дипломи, магистерски и докторати. Е некој учел некој купил. Обично тој што учел седи дома ( па ќе кажам обично) а тој што купил е тој е и вработен и седи во некоја фотеља. Ова само еден од примерите де. :D

    Пуста Македонија. Се е - држава не е .
     
    На piglet1, bittersweet, VladeMila и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.917
    Допаѓања:
    173.621
    Пол:
    Женски
    Ипард нуди 65% финансирање..
    Кој сака ќе се снајде :) кој не ќе бара изговори..
    Сепак, во право си.. тешко е да се почне. Ама уште потешко е да се седи онака.. па има и по 120 евра по хектар прва класа земја на годишно ниво.. така да.. :)

    @LadyC
    Сега баш имаше огласи за Малта.. таа плата ја нуделе. Затоа ја спомнав:D
     
    На VladeMila, Jas!, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Знам, мм беше во Континентал пред некој ден за истото, нудат мизерни плати а кириите се прескапи реално. (facepalm)
     
    На VladeMila, Jas!, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Можеби немам храброст да се впуштам буквално на непознат терен,а баш непознат ми е тој сектор,од земјоделие колку магаре од музика се разбирам,со храна сум работела,но оној дел на припреми и готвење,па се до декорирање на истата.Но во село мое веќе ресторани на секој ќош,и некако почнаа само по една сезона секој да има работа.Кој нов се отвара една сезона интересен,после чукај глава.Незнам,убаво вака да се разменуваат мислења,не џабе рекле дека повеќе глави,подобро мислат од една.
     
    На VladeMila, Jas!, dunka и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.917
    Допаѓања:
    173.621
    Пол:
    Женски
    Ее да тие..
    Абе не се нормални, ќе ги заглават луѓето и после од дома да им праќаат пари место овие да заработат:D


    @Lejla8 тешко е.. знам.
    Затоа реков дека за некои е само фотеља..
    Реално се се учи ако се сака, ама допрва на стари години некои работи не се за учење..
    Сепак, не е само земјоделие и сточарство. Ги земав за пример поради последните случувања во мое окружување и неможноста на одредени лица да најдат кадар.. во секој случај не се само тие гранки, далеку од тоа дека само земјоделие и сточарство може да се започне..
    Има мал милион дејности..
    Јас на пример не отворив фирма за графички дизајн и дигитален маркетинг пред неколку години кога скоро на тацна имав неколку клиенти, требаше со едно другарче да отвориме ... амааа...:!: бидна веќе
    Се отворија меѓувремено неколку фирми и успешно работат..
    И ден денес сум пишман што не отворив сама, затоа сега сите можности ги користам во животов:)
    Со добар маркетинг на денешницава се е можно..
     
    На bittersweet, VladeMila, Jas! и 12 други им се допаѓа ова.
  19. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Фарбана, нокти средени, да си пријавам. Мм најави мафе вечер, видеЌемо :D. И ќерче со фризура се стори, ама она сакала како мене, фарбана....
    Во странство не сакам да одам, мм ко ќе спомне коса на глава ми се крева. А ко ќе ми текне како најголемите простаци (од тие шти ѓубре од тераса фрлаат и за 200е не сакаат ни да помислат да работат) во странција сортираат и рециклираат и работат по две мизерни работи одеднаш само за да се каже оти се снашле во белиот свет. Да беа сите тие и тука такви како што се таму можеби немаше на ова дереџе да бидеме, а може и грешам.
     
    На VladeMila, Jas!, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.871
    Допаѓања:
    101.835
    Пол:
    Женски
    Јас за песните од вчера...
    @Peco да не се викаше Пецо ќе помислив дека си....некој друг...:?:
     
    На VladeMila, Jas!, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.