Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Ич не ми се замара со вакви теми околу љубомора, забрани за искачање, основани или неосновани... ама, од моето опкружување се покажало дека, љубомората и забраните на мажите/дечковците биле неосновани, за разлика од љубомората и забраните на жените/девојките. :D
    Кај девојките е оти, црвот ги јаде за господинот, ради х и у промени во неговото поведение. Кај машките е оти, црвот ги јаде за да не го прави неговата тоа што он и го прави или,со други зборови, да не му го прави неговата тоа што „слободните“ женски го прават со него :D
    Cheers to that.

    Јутар, добри дан.. како кому.
    Очекувајте предновогодишни честитки од министарство за економија... за ПВЦ прозорите :wasntme:
    Сонцево еее:$ љубов на прв поглед.:$
    Денес, конечно стабилно.. стрес и напнатост продолжува, ама. За сега, без нагон да задавам некој:D ваљда оти сум заглавена во „џој ту д' ворлд“ расположение.
     
    На Jas!, bittersweet, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.432
    Допаѓања:
    262.525
    Пол:
    Женски
    Жабава се кажала. Кафе бр2 правосмукалката ќе почека. И рибата стрпливо чека во кујна. Си правам стрес секоја година а секогаш се е како што треба. Будала.
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    За многу години да е денов,честито на сите кои слават,здравје и бериќет.Забрани несакам,ниту да забранувам,а богами ни да ми забрануваат.Е сега кој колку го држи мозок,на негова совест оди.Имам навика да си кажам каде сум,со кој сум пиела кафе,немам потреба од криење.Имаше една случка пред неколку години,пријатели наши поминуваат на работа кај мажот ми,па уз муабет спомнуваат дека претходната вечер ме виделе во дискотека,па да неможеле него да го видат (facepalm).Елем ,,муабетот,,не им задржа вода,вечерта дома бевме,а и мм не беше на работа,ќе да се искраднав во ниедно време од кревет да одам во диско(facepalm):rofl:.Смешно ни беше таквото насанкување,но истото може и да биде со големи последици,зависи од луѓето.Жапчето баш убаво си кажа :*
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.841
    Допаѓања:
    275.134
    Па криење е веќе друга крајност и ми е ептен глупаво.
    Лично, најчесто кажувам, пример - вечер ќе се видам со Ивана, утре ќе одам на кафе со Моника... повеќе како известување - планирај си го времето без мене.

    Една од поидиотските работи на кои сум посведочила е кога другар мој излажа дека е на службен пат, а уствари беше да се види со другар во друг град во друга држава.
    Мислам... дно.


    Ако сакам да идам во Солун пример, ќе кажам дека одам во Солун. И ако имам проблем ќе се карам и докажувам, ама дека зад грб ќе запалам кола и ќе фатам фитиљ... на некој начин со тоа што се кријам признавам дека не сум во право. Барем јас така мислам.
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    99.755
    Лежам на едно око втурнато во перница, со другото гледам во тел на кој штрапам со лев показалец, оганот пуцка, мајка си лафе во позадина оф корс, а мене не ми е добро...

    Работата толку ме окупира и замара, што ни неговата утринска порака не успеа да ми измами насмевка додека лежам стуткана со три ќебиња. Будала сум, знам.
    Ама не научив да се радувам на мали нешта, не научив да бидам полефтерна во прифаќањето на проблеми помали и поголеми, не научив да бидам целосно среќна можеби тогаш кога треба најмногу да сум, иако некаде шкрипи...не научив сама на себе да си дадам ветер во грб со помисла и верба - ЌЕ БИДЕ.

    За мене и да биде, стартот е секогаш со страв, паника, внатрешно треперење и едно А ШТО АКО НЕ БИДЕ кое вриска силно одвнатре и никогаш не ме остава мирна.

    Одам да пробам да се доспијам, може ќе ми сопрат бладањава.

    Убав ден имајте.
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.672
    Пол:
    Женски
    Мене пак интересен феномен ми е што сите имаме совршени бракови,мажи...Нељубоморни ни ние ни тие.А се некои други се такви...
    Како една од сите нас не рече еве јас не сакам мм да излага сам или не му е право кога јас излагам...
    Некако сопствените грешки ,маани често не си ги гледаме или само се правиме дека не постојат.

    Ова онака општо не зборувам само за овде туку и во реален живот...
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Jas! и 23 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.984
    @mareane тоа е тој феномен на форумот и реалноста. Презентирајќи совршеност.
    Јас пишав маж не е сам за пуштање. Ни пак жена. Баталете вие модерново, јас имам доверба.
    Мене ми смета и ќе ми смета да излегува сам во диско. Не, не е исто пијанка со другари во кафана и излегувања до сабајле.
    За тоа зборуваме, а не за кафе пиење и секојдневно дружби.
    Кој е волку толерантен, браво.
    Јас не сум и нема да бидам.
    Ова не се забрани и ултиматуми.
    Постојано ноќно излегување по дискотеки и журкање сами ми се неприфатливи за луѓе во брак.
     
    На Skorpija25, Jas!, N.2106 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.841
    Допаѓања:
    275.134
    Имаме маани.. мислам дека сите.
    Можеби конкретно не со љубомора и посесивност, со нешто друго секако. :)

    И за луѓе кои не се во брак, ако имаат пари толку постојано да се во дискотеки, и утредента да немаат никакви обврски... секоја им чест.
     
    На Jas!, bittersweet, Espadrila и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Не е до совршеноста на браковите,само изгледа со годините сваќаме дека претерана љубомора штети,пред се на самите нас,а и ако некој решил нешто да направи,со ланци да го врзеш ќе ѓи скини.Мислев дека муабетот е за сосема обично излегување,во нормални граници,со пријател-ка,да се видиш,а не за лумпувања до рани зори,и тоа секој дневно или виќендашки.Тоа е веќе друга приказна,никогаш во животов не сум си го дозволила тоа,а дека сакам со пријателка да седнам кафе да се напијам,или како што беше спомнато од Еми мислам,еден ручек,поготово со некој повод,е тогаш не би сакала да има забрани.Па ако сакам со пријателка кафе да пијам,а него да му забранам,и обратно,тогаш не е во ред работата.Случката која ја спомнав со дискотеката беше намерно исценирана,да се предизвика кавга,во тоа време мм беше повеќе на работа од колку дома,но среќа по мене се разбира излезе колку само лоша беше намерата,ни на крај памет не ми текнало во тоа време на тешки проблеми по дискотеки да се шетам.
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На Skorpija25, Jas!, Peco и 11 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Ако почне да сака да излегува сам по кафичи или дискотеки.
    Ако го гледам дека го крие мобилниот или ставил шифра.
    Ако три саати пред излегување се тушира, брише, кремосуе, парфемосуе...а во кревет ми легнува небањат
    Ако избегнува фамилијарни посети
    Ако не ме погледнува
    Ако не сме интимни како порано
    Ако не се интересира за децата и за мене
    ..
    ИМА Д Р У Г А

    Со текот на годините дел од причиниве не се ради друга, туку ради тоа што сме станале премногу блиски па не се покажува интерес кон партнерот како порано.

    Ама сепак сметам дека секоја жена може да примети кога се работи за друга..
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Jas! и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.432
    Допаѓања:
    262.525
    Пол:
    Женски
    Не ни е бракот идеален. За некој од страна може е очаен или совршен поим неам. Кога се мажев ги знаев +и- на маж ми. Некој +/- ме изненадил во овие скоро 9години но горе долу тоа е тоа. Затоа не дозволувам да се нервирам за нешто во што свесно сум се впуштила.
    Знам да викам некогаш за некој од "минусите" но тоа е обично последица на некоја друга причина.
    Муабетот за излегувањето тргна од на Еми другарката. За обична вечера беше. И тоа ретка.
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    :bow:Точно така Рефи,истото би го додала дека се однесува и за другава страна те.жените.Па баш така и јас го сватив муабетот за едно обично излегување со пријателки,или на мажот со пријатели.Го наведов примерот што ми се случи кој можеше да ме кошта многу,лично мене,произлезен од лоша намера на дотичните,без тоа да е и најмалку точно.Какви последици би имало ако таа вечер не беше дома што често се случуваше со оглед на неговата работа.
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,среќна слава и именден на оние кои слават.

    Само последнава страна ја исчитав и веднаш знам која е темата.:D

    Излегува понекогаш сам,во кафана,со машко друштво,но тоа најчесто многу спонтано му се случува,без најава кај надлежните(читај жена му,т.е. јас).Кога ќе се врати,легнува и хрчи,до толку знае да се одземе.Утредента спалната на бочва мириса,он е мамурен,а јас најчесто намуртена.Кога ќе го прашам што прави по толку саати и какви муабети тера со другарите,дали има осет,ми раскажува тоа што веќе г знам.Понекогаш таквите седенки се и од професионален карактер,со соработнии,договор за некаква работа и сл.За тоа па ич не се лутам и не ни размислувам.Порано,кога бев многу помлада,се нервирав,сега кога он не е дома,не ми паѓа тешко.Не дека помалку го сакам,туку сум сфатила дека во животот има многу поголеми проблеми за кои се нервираме,така да излегувањето понекогаш сам не ми е причина за нервоза. Му треба понекогаш оддишка од толку стресно секојдневие.
    И мене ми треба.
    Излегувам и јас понекогаш сама,како на пример вчера кога се заборавив со една другарка на кафе.Три саати не осетив како ми поминаа.Одамна се немавме видено и не го осетив времето кога ми летна.Знам и со другарки да излезам на некоја претстава,во некој кафич итн...,Но дружбите ни се најчесто заеднички и заедно излегуваме со заеднички пријатели.Еве неколку предновогодишни дружења ни се закажани,повеќето се заедно.но и сами,јас на пример,со другарки сум на еден настан на кој он не ни помислува да оди.


    Инаку арни ли сте?
    Едни чизми што сум бендисала,во денари многу ми изгледаат,ама кога ќе ги претворам во евра,не ми е толку страшна цената.(hollest)
     
    На Skorpija25, Jas!, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.841
    Допаѓања:
    275.134
    А што правиме кога нѐ интересираат сосема различни видови на забави? :)

    На пример, јас во дискотека ни со него ни без него не би одела, не сакам дискотеки, клубови, барови.. не сум таков тип. Во кафана можам да седнам, пак зависи каква кафана (од оние со певаљки и мавање од земја... не), значи да одам на вечера, а не на журкање во кафана.
    Од друга страна, тој мојата забава ја смета за исклучително досадна, еве последно бев на балетот на мраз со другарки, да го молев немаше со мене да дојде.

    Дали тој треба за мене да се жртвува и да не оди во дискотека, затоа што јас не сакам, или јас да не одам на балет затоа што тој не сака?
    Што знам, можеби и @JuLleE и @mareane се во право, но мене лично ми е полесно да го оставам што му е арно да прави, за да бидам и јас оставена што ми е арно да правам.

    Тоа што различни работи нѐ забавуваат не значи дека не се сакаме, почитуваме итн.

    Моментот што @Lejla8 го спомна, верувам дека недоверба се јавува ако те фатат “жив/а“ и искрено и јас да го “фатам“ така дека ака а не ми кажал, ќе се лутам. Не сум страшило побогу, и нема зошто да крие од мене. А, ако веќе крие, веројатно има причина зошто е тоа така.

    На одмор секогаш одиме со уште некој пар, иако ниту сме во брак, ниту деца имаме, другариве се со деца. Него му треба друштво за навечер, а за мене поим за одмор е книгата во раце и да не ме допираат никакви гласни звуци.

    Мислам дека сѐ во животот се постигнува со договор и компромис.

    И не мислам дека нормално некој постојано да скита, да се пијанчи итн. Пошто е невозможно секој трет ден да е заскитан и да се грижи за своите работни и домашни обврски. А ако има деца, посебно тогаш. Не може и да си тинејџер во дискотека и татко. Или мајка, сеедно. Не одат заедно тие работи.
     
    На Jas!, bittersweet, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    137.529
    Пол:
    Женски
    На кафе не ми пречи, кај другари по дома исто не. Ама излегувања до сабајле, викенди сам со другари - НЕ МОЖЕ. Не може јас домаќинка дома да изигравам а он ерген. Ако му било сам да оди секаде не требало да се жени. Исто и за мене важи, одам по кафиња одам и кај другарки и роднини сама ама се со осет.
    Едино коа има некој повод, најчесто некој другар коа има дете тогаш се задржува повеќе инаку не.
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Jas! и 11 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.841
    Допаѓања:
    275.134
    Сесилијо мор, еден викенд он ерген - ти домаќинка, па следен викенд ти мома тој домаќин... :D
    Кичевско имаат интересен адет за Водици, на 19ти Јануари се машки Водици и маживе одат по куќи и пијат ракии (и се прават стоки), а жениве седат по дома и ги служат.
    Е, ама на 20ти Јануари се женски Водици, и истово се дешава, само мажите седат дома и домаќинуваат и служат, а жениве од куќа на куќа се пијанчат :)
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Jas! и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски
    Рефке, по твојава математика, мм треба да се сомнева во мене :( оти секое сабајле за на работа почнав да се шминкам и средувам малку повеќе од претходно :wasntme:
    А вистината е дека имам повеќе време, башка што не сакам веќе да фрлам неискористени шминки во ѓубре. А и си сакам убаво да изгледам, што има лошо во тоа :wasntme:

    Иначе немам совршен брак, ама мислам дека тоа што се омажив на 30 години, т.е имав некое искуство и знаев што точно сакам (не прифаќав ништо помалку) ми помогна да го одберам вистинскиот партнер, барем за мене. Никој не знае што носи иднината, ама мене сега ми е убаво и не се замарам со ситници.
    Си излегува мојов почесто од мене, еве синоќа беше на предновогодишна забава од работа, излегува со другари периодично во кафана, јас не му замерувам, напротив, понекогаш самата го бркам да се издува и да избега од секојдневието, кога е многу нервозен. Ама не е често, еднаш на два-три месеци. Почесто се собираме дома, или кај нас или кај пријатели/роднини, за социјализација. Не дека мене не ми треба издувен вентил, да излезам со друштво на кафе, ама првите две години со двете деца се моја свесна жртва (ај така да го кажам во недостиг на соодветен збор, а не сметам дека е жртва) во смисла дека целото слободно време им го посветувам нив. Оти знам дека кога ќе потпорасне малово, поголем товар ќе има мм, така беше со големиот, така ќе биде и со малово, двајцата го бараат повеќе него. Мама само кога ги боли нешто, кога треба да се јаде и да се спие. За се друго тато е тука :D
     
    На DAngel, Skorpija25, Viktorijaaa5 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Маж ми е толку зафатен периодот што сам не може да се види. Не со некој друг. :lol:
    Вака супер звучи, ама ич не е . Посебно за жена на која и лудуваат хормоните. :rofl::tmi:
    А се трудам да се контолирам. Знам со кој се мажев. :D Кај него амбициите немаат крај и никогаш нема да биде задоволен со постигнатото. Впрочем дедо ми на скоро 70 е исти. :D

    Се што е во граници на нормална со излегувањата мене не ми смета. Имав љубоморен дечко и кога се свестив избегав колку ме држеа нозете.
    Во принцип повеќе од еднаш месечно не се случува да излезе, зависи од времето негово. Последниот пат јас бев иницијатор да излезе малку сам оти сто пати му се јавија другарите, он тек прибран дома. Веројатно мислеше дека ќе ме повреди или ќе се лутам. Ама излегување секој викенд до ниедно време како тинејџер , не знам дали би проголтала.

    Кај нас јас сум таа што повеќе шетка сама. За жал моментално така ни налагаат обврските. И за некој од страна можеби е глупаво, или ме оставил маж ми, или на ум не ме става.:D А реалноста далеку од тоа. Среќа проблем од негова страна нема. Посреќна сум била прошетена. :$:D
    Е излегувањата ми се најчесто кафе со другарки, вечера во една мирна пицерија. Последен пат низ дискотеки бев во 5ти месец , колку да ми помине меракот. :D Оти следна прилика не знам кога. И сега би на некоја предновогодишна журка во една локална дискотека ама не знам колку ќе ме држи газ и нозе. :rofl: А баш што сега за празници ќе се пуши низ дискотеките а тоа ми смета. Ама ако има организација, ќе пробам. :D

    Главно излегуваме двајцата или со уште некој пар. Море во последно време сме двајцата. Оти толку малку се гледаме, па тоа ни е прилика. Еднаш во неделата барем да седнеме некаде ни е таман раздвижување.

    На крај најшетачка ќе испаднам. Не е до толку. Пак ќе кажам се во граници на нормала. :D
    Ама и најмлада сум тука, нека е оправдано. Уште овие два месеци.:lol:


    Среќна слава и честито име на сите кои денес слават. Убаб празник е !
    Предвесник на новата година. :f:

    На Сања со здравје лавчето да го вози. Мирна вожња и многу километри. 8)
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Jas! и 21 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Ќути, од кога Рефче стана малку самостална, и јас се лицкам:lol:
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На Skorpija25, Jas!, Espadrila и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски
    Еми ај не, разбушавени да идеме на работа. Па со луѓе работиме, мора малку да заличиме на нешто :lol:
    А и вистина, не ми се фрлаат неотворени шминки :(
     
    На Jas!, Espadrila, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.