Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.781
    Камелија да бидеме реални, голема е. И не само таа.
    Во светот постојат успешни терапии, третмани, трансплатација и за најтешко болните. Кај нас што има од ова? Фалсификувани цитостатици.
    А за ретките болести да не почнувам.
    Секоја втора жена е со забравена постелка после пораѓај.
    На сестра ми и заборавија. Внука ми се покакала и се заматила плодова вода. Еден ден ја третираа со антибиотик за после 40 дена проблемот да биде поголем и заврши со уринарна инфекцијаа како последица од замтена плодова вода.
     
    На Lejla8, mal.ecka, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.781
    Витамина не зборуваш за себе, зборуваш за здравство и споредуваш, притоа нашево го опишуваш како подобро. А ете, нас овде не лечат со фалсификувани лекови.
    И да, научи се да дебатираш, а не при секое спротивно мислење да настапуваш вака лично. Што скокаш право. Дискутираме. Јас не да те убедувам, рака во оган ставам, ама мислам и во Африка има подобро здравство.
     
    На Lejla8, Sesil и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Јас еве веќе 3 пат како кажувам дека јас зборувам лично за мене и мое искуство. Ако тебе во македонија здраството ти помогнало на мене ми помогна многу повеќе за разлика од тука. Што не е јасно?!
    Што јас тоа не дебатирам?
    Јас споредувам лично за мене за другите не можам да кажам со што се соочуваат низ животот.
    Се надевам ме разбра што сакам да кажам.
     
    На Lejla8, Skorpija25 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.781
    Во ред Витамина, оди лечи се во Македонија. И со среќа оти ќе ти треба, затоа што кај нас се лечи со фалсификувани лекови. Се надевам дека нема да ти треба нашево здраство. Најискрено.
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Баш во моментот се спремам да одам да се лечам во нашето македонско здраство оти овде ме осакатија.
    Ама јас си зборувам за мене и за тоа дека јас сум задоволна. Може некој и тука е задоволен не знам си гледам за мене и моите проблеми. Не ви да се мешам во туѓите штипки и да генерализирам.
     
    На Lejla8, Skorpija25, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Јуле, фалсификуваните лекови ко што спомнавме тогаш ќе испадне патка... ама да не тврдам, да почекаме.

    Реално, нашиот здравствен систем е добар како концепт и далеку похуман. За квалитетот и спремноста можеме да се согласиме дека се такви какви што се - сакати. Сум се нашла во лавиринтите и после се за чудо е што ќе го кажам ете тоа...
    Со добра комбинација и пресметки ќе извлечеш жива глава.
    Приватните не се ништо подобри, но се чисти и опремени и тук таму по некој постручен.
    Во странство се лечат добро само богатите. Многу услуги се прескапи и не може секој да си ги овозможи...
    И кога ќе видиш - сиромашниот секако е на цедило и...ќе си умре.
    Нашата заблуда за странство е тоа - не сме свесни дека и таму дебело се плаќа и здравството почесто не е сервис од државата.
    Но исто така не е она - ех па тука 200 евра земам, ама таму 2000 евра, ќе имам пари така да се лечам. Аха, со твоите пишливи 2000 евра моли се само да останеш здрав и ништо више зошто и тие малку бенефиции се само за нивните граѓани.
    До душа се зависи каде, но генерално така е.
     
    На Lejla8, mira.mira, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Дека здравството не ни го бива знаеме сите. Но, имало и ќе има позитивни исклучоци. Жално е што сите добри докотори еден по еден или си одат од државата, или се префрлаат во некоја од приватните клиники. Кај нас проблем е оргнизацијата, системот. Има едно чудо индивидуалци што се добри, но не можат да го сменат системот и или ќе си заминат, или ќе се препуштат на стихијата.
     
    На Lejla8, Skorpija25, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Точно лилит ама оди објасни го на некого кога не почуствувал и не сака да свати односно не осетил на кожа затворени врати немоќност и понижување за да свати.
    Тука пари на дрво се берат и се е мед и млеко.
     
    На Lejla8 и mira.mira им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Многу се отрувме со бајките за ветениот европски живот.
    Не е таму Грејс Анатоми. А и да е оди со фактурче со 4-5 цифри...
    Оди у Систина. Ист филм ти прават. Мислиш дека ако те стаат у она ко капсула искачаш ко нов. Оди да ти дадат крв таму, па имале немале па плати си ја (ова ми е бизарно дури да се плаќа за крв)... една инекција е минимум 750 штп во аптека е 70 денари... лекот сам да го набавиш е поевтин.
    Леле да не почнам да пишувам ќе се саклдисам. Еве почнав да се чешам.
    Ќе речам, само да сме живи и здрави...
     
    На Lejla8, Skorpija25, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    И ја истото ке го пишев. Да бидам искрена, јас делумно сум задоволна од нашето здравство, имаат спасено живот на драги луѓе, во ситуации кога докторот не гледа кој е пациентот и колку пари има. Сето тоа покриено од фондот. Ама, од друга страна, имам толку негативни искуства, не сакам ни да се присетувам на тие случки.

    Како сакате вртете ја работата, тешко на сиромавиот. Ако тука ККС е 150 денари, ако не е покриено од фондот е 1000+ денари, а колку е во странство? Да не заборавиме дека и невработените се под фонд, па ако некој работи на црно т.е. не е пријавен, може да си дозволи лечење.
     
    На Lejla8, Annath, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден проблем пред икс години. Во италија бев на терапија која што ме кошташе 3000 евра а проблемот не се реши отидов во македонија и проблемот се реши за 500 денари.:|
    Ама пак ќе кажам зборувам за мене.
    И не значи дека ако јас сум задоволна /не задоволна секиј дели исто искуство и мислење со мене.


    Прост пример: 1 недела детето ми имаше темп и се исфрла целото и тоа жар на образите се преплашивме со маж ми плачеше ден и ноќ. 10 пати се молевме де на итна де на клиника де на доктор не не и не.
    Ама нормално секој за своето пати не ќе да пати за моето за да ме разбере што сакам да кажам.
    Трауми.

    Плаќаме со маж ми од човек по 600 фунти за даноци здраство и се тоа. А за возврат не ни дигаат на телефон.
     
    Последна измена од модератор: 5 јануари 2018
    На Lejla8, mira.mira, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Имам прегрозна приказна од државното здравство.
    НО, мојата приказна не ми дава за право да плукам кога здравствениот систем ни кубури ради политика.
    Што знам што да кажам.
    Оди во две крајности. Колку пари толку музика. Ако се стегнеше ременот како треба имаше надеж за здравството, но патни трошоци и слично ете нели...
    Ако немаш пари каде сакаш биди. А не се случувало ретко ако немаш пари ко партал да те исфрлат од болница...
    Пари го вртат светот. Треба да сме среќни и за ова малку...
     
    На Lejla8, mira.mira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.781
    Витамина и Лилит, не зборувам на празно, ако мислете дека си замислувам Грејс Анатоми. Не е мед и млеко, ама не е и толку катастрофа како што Витамина опишува. Витамина мене ми зборуваш не сум осетила а? Што осети ти кажи ми? Јас моево на никому не го посакувам. И за волја на вистината, јас имам преубаво искуство со надвор од Мк.
    Сто пати сум пишала за дека и надвор не е мед и млеко, ама барем каде и да сте, верувајте имате подобро здравство од овде.
     
    На Lejla8, mal.ecka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  14. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Се согласувам со се што наведе, освен ова “Треба да сме среќни и за ова малку...“, би го преиначил во “Чудо е како и ова малку што го имаме функционира“, но не треба да сме среќни со тоа.
     
    На Lejla8, Skorpija25, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @vitamina , не знаев дека е до толку лошо во Англија :| Овде не е лошо. Да треба да правиш испитувања ќе се убиеш чекајќи, ама на телефон да не ти кренат или слично, тоа не. Примарната услуга ќе си ја добиеш регуларно.

    Што знам што да кажам..... од една страна свесна сум за лошите работи, од друга страна овде луѓево се неверојатно витални, здрави и долговечни. Генерално, нормално, не знам во детали. Не е само до средината и животот без проблеми и стресови, си влијае и тоа, ама и здравствениот систем треба да функционира за здрава нација да имаш.
    Овде здравствениот систем е правен по терк на бившиот од СФРЈ, нормално понатаму доусовршуван и прилагодуван спрема условите и потребите.
     
    На Lejla8, Skorpija25, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.781
    Доволно е ова да го видеш во некоја држава, па можеш да заклучеш какво е здравство.
     
    На Lejla8, Annath, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Факт е дека тука (Англија) барем зградите се поопремени од нашите. Е сега какви работат, спомнав во претходниот пост. Верувам дека во помалите места не е толку натоварено, но во Лондон каде што на густина на население е 5500 на метар квадратен, листите на чекање се долги, а во вистинска болница те праќаат ако си итен случај. Прво идеш кај матичен, па тој преценува дали е животозагрозувачка состојба или можеш да почекаш.
    Кога се јавуваш на итна, те 15 мин ти поставува прашања, и одлучува дали праќа кола или не.

    Тука здравството е бесплатно за сите и дефинитивно не може да се мери со македонското. На повисоко ниво е, да, но недостигот на вработени си го прави своето. Затоа и не е Грејс Анатоми. Ама сепак тие се брза помош, која што и тука во итни случаеви спасува живот. Кај нас брзата помош може ќе дојде, ама ќе се спасиш само ако ти било пишено да поживееш уште.

    Плус квалитетот на живот не може да се споредува. Пред неколку работев со особа која што беше 70 години и си работеше нормално како сите нас. Тука се многу по здрави и витални луѓето. Дефинитивно животот без стрес си го прави своето. На 83 години вози кола, си шета како тинејџер. После пензионирање шетаат низ европа и светот.
    Тука не е мед и млеко, ама особа која е амбициозна и сака да работи, никогаш нема да има финансиски проблеми. Дури ни во Лондон, каде што се е прескапо.

    Јас лично би се лечела во македонска, но приватна клиника. На државно нема шанси. Имам неколку ужасни искуства кои ми скратија пола живот.
     
    На 1209, Lejla8, Ane-Goki1 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.580
    Допаѓања:
    175.114
    Aj osvezete se malku....socuvajte si go zdravjeto,zosto koga ke se narusi,se e dzabe....
    IMG_1444.JPG

    @doubleg ,spremna sum jas ;) (facepalm)
     
    На Lejla8, Skorpija25, Ane-Goki1 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Здравството е најслабата алка во секој систем,за нашиов да не зборувам,мислам и Св.Петар да се симне,не го оправа.
    Толку пари се свртеа,толку опрема се купи,толку кадри се едуцираа и во таква бездна е паднато,враќањето од амбисот е невозможна мисија.

    Прво проблемот со кадрите.Кај нас специјализација се добива по наследна линија,не по квалитетот на докторот.Затоа клиниките се преполнуваат со звучни имиња од некој докторски клан,а тој што бил солиден студент ќе работи во некое село за плата помала од платата на еден овчар.Или пак ако има среќа ќе учи некоја година германски јазик и со здравје,ауфидерзен,право во Германија.Четврта година учам германски,сите слушатели се медицински кадар.

    Митото и корупцијата на белите мантили како резултат на мизерните плати.
    Ужасните услови,немање на основни средства за работа,реагенси,шприцови,ампули.
    Нередовно сервисирање и одржување на опремата,но што е тоа битно,многу е важно да се кажува дека има набавено нова опрема која стои како украс.

    И јаготката на шлагот,белата мафија,лековите.Кој знае што пиеме со паралелниот увоз на лекови.

    Здравството систематски се уништуваше со години.
    Дали верувам дека ќе се оправи некогаш нешто?-Не.

    Не дај Боже да има потреба човек да се лечи по нашиве болници.
    Но она што сите го забораваат,посебно оние кои го доведоа здравството до ова дереџе е дека сите сме пациенти(ова ни беше една убава лекција што една професорка уште на прва година на факултет ни ја одржа,во здравствениот систем нема простор за грешка,грешката се плаќа со човечки живот).
     
    На Lejla8, Skorpija25, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако мене ме спопадна малер дека на друг не му е океј во животот. Скраја да е . Јас дојдов овде повеќе мака да си искажам кога ја читав темава денес бидејки сум револтирана од икс несреќни ситуации па му дојде како да се искажам ете, не ми е намера да соредувам дебатирам и изнесувам факти поготово не во овој момент кога се соочувам баш со здраствениот систем овде.
     
    На Lejla8, Skorpija25, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.