Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Факт е дека кај нас не е идеално... АМА, што правиме ние како поединци за нешто да се промени?
    Ништо, си седиме дома и си куцкаме по тастатурите,и се караме дали Заев или Грујо е подобар, додека газдата експлоатира по 12 часа дневно, а ти плаќа 8, додека ти дава к-15 и ти го зема. Си велиме, ќути може и полошо... Имаме таков глуп склоп на менталитет, што првенствено не си ги знаеме правата, а второ, и да ги знаеме не ги применуваме. Доволно е само 1 да изреагира за промена, ама лошото е што останатите наместо да се приклучат на тој еден, му се потсмеваат од страна и го оставаат да изгори.

    Исто така, ние сме земја која има идеални услови и може да опстојува од земјоделство.Ама не, попрво ќе седам да пијам кафе на трошок од тато, отколку да испотам г'зот на некоја нива.

    Цел систем е расипан, почнувајќи од образованието, па сѐ понатаму... Велите разочарани сме од ова, од она, затоа бараме чаре во странство...
    Епа и системот сами си го расипавме, затоа што дозволивме некои други да ни изиграваат богови, а ние со главата долу им се потчинивме... Пусто македонче
    Иако Југославија не ни постоеше кога се родив, од кажувања од блиски сум југоносталгичар.Само во градов, од една Струшка трговија и Стружанка живееле луѓето. А сега, ни две мизерни погончиња нема.
    Не сум патриот, ама мислам дека и кај нас може убаво да се живее

    Велат дека секоја промена започнува од самите нас, ама џабе кога нема кој да те поддржи
     
    На saren_petel, azelea, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Не ме сваќајте погрешно,години и години сум работела во смени,значи тешка работа,со средно образование не се ни надевав без врски на незнам што,макар и што со средно фатија убави места.Е сега некој години вложил во образование,вложил и труд и пари,се одрекувал од многу работи кои неговите врсници си ги дозволуваа.Истиот тој не е добар за работно место според образование,па приватен газда му вели повели работи 200-250е.Кога си вложил многу во вопствено образование,нормално очекуваш дека со текот на години ќе имаш бенефит,а не дека си мрза па не ти се работи.Никаде не е месен,обесен,само зависи каде и колку те вреднуваат.Децава ни се и те како вредни,не за џабе некој таму горе увидел дека има голем бенефит од нив.Жално е само што нивната матична земја не ги распознава и вреднува како што треба.Пак ќе речам,не би сакал никој да се најде повреден од напишаново.
     
    На Antebellum, green.eyes, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Во право си... Мене муабетот ми е дека самите ние сме криви што е тоа така, самите си дозволивме... Не креваме доволно глас, не се бориме сами за себе. Не е тоа од сега, така е од осамостојувањето, кога некои почнаа да се мислат богови, а ти, татко ми, мајка ми и сите што се ваша генерација не реагиравте... И оттогаш само полошо и полошо е...Ист филм, други глумци...
    Извини, ништо лично ни кон тебе, ни кон никој друг, се надевам ми ја сфати поентава
     
    На azelea, Dust, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Дали се чувствуваш како граѓанин од втор ред.. е лично доживување.
    Најдобра другарка ми е родена во Австрија, од родители наши иселеници. Има добра работа, сама живее итн. Ама со душа чека да дојде момент за да се врати дома (мисли на Македонија, иако не е ни родена ни растена тука) затоа што таму се чувствувала како граѓанин од втор ред.

    Другаркиве во САД што се, не чувствуваат некој преголем притисок, до душа сите легално живеат таму, за тие на црно не коментирам.

    Од Австралија и Нов Зеланд не сум чула уште некој да се пожали.

    Во Шведска имам втора братучетка, родена таму, не се чувствува како граѓанин од втор ред, напротив.

    Вујко во Англија, не се враќа кај нас зашто не заработува доволно за шетање.

    Прва братучетка тука родена, доктор, не сака ни да мисли на живеачка тука. Живееше во повеќе европски земји, и не и' паѓа на памет да си дојде. Само и' е тешко што пропушта семејни настани.


    Значи лична перцепција е.
    Мене Македонија не ми значи како парче земја толку, колку што за мене поим за дома е семејството.

    Свесна сум за сите негативности тука, нема што да барам розево во сивилово, земјава е ужасна, народот е апатичен и безволен, но сето тоа свесно го прифаќам за да бидам со моите. Не сакам да пропуштам семејни настани. Не сакам моите да остарат без мене. Не сакам да ја гледам сестра ми на Скајп. Не сакам баба ми да умре а да не сум тука.

    Се' во животот е избор и е' жртва. Секој си мери што му е полесно да поднесе. Затоа и секој избор и мислење е правилно.

    И не ми е тешко ништо да работам, муабет ради. И келнерка, и собарка, и чистачка, и презентерка, и рецепционерка, и продавачка, и кол центар, и поддршка на потрошувачи и администрација сум работела. Не ми е срам и тешко ништо да работам.
    И никогаш нема да застанам и да речам - до тука ми е лимитот.

    Тоа што работам државна работа не значи ништо, бар за мене. Утре да добијам подобри работни услови и плата во приватен сектор, ќе преминам таму. Чисто информативно, колку што ми е тешка и исцрпувачка ментално оваа работа, и колку што е неблагодарна, зошто работам работа за тројца, ни една не ми била.

    Не се жалам. На некој му е потешко.

    Изборот си беше и е мој, не се каам за ништо.
     
    На green.eyes, Dust, tina-63 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.679
    Не знам зошто кога се спомне странство, одма мора да се вмешаат чистачки, келнерки и сл. Не мора да значи дека некој ако се зафати со таква работа на почеток кога ќе отиде некаде, дека ќе остане засекогаш чистачка. Од нешто мора да се почне ако треба јазик да се учи. Нели треба да се јаде додека учиш. Ќе стиснеш заби 1,2,3 години, ама ќе те води мислата дека има простор за напредок и дека додека чистиш, учиш за нешто повеќе да бидеш после извесно време.

    Тука која мисла ќе те води? Додека чистиш да се думаш чиј газ да идеш да излижеш, на која врата да тропнеш, па можеби ако ти се смилува да ти даде некое работно место за 250е мах? Па чиј си, па кој си, па од вашите ли си, па од нашите ли си, па дојди утре, па за еден месец, па иди и до овој види што вика... зачаран круг и на крај ништо. Само молбите ќе ти останат.

    Работата е чистачка да бидеш, ама да не останеш тоа. А не, еднаш чистачка, засекогаш чистачка. Во Македонија, многу е поверојатно второто.
     
    Последна измена: 10 јануари 2018
    На green.eyes, Rirri, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Ма реаѓиравме како не,затоа сме овде каде што сме,за секој дигнат глас не треснуваа од земја,добра казна ни даваа,ти затвораат многу врати,и како што го пушташ гласот посилно,толку повеќе за врат те стегаат.Оние кои поќутуваа,кои лесно се прешалтоваа кон едни,па кон друѓи и сега полесно функционираат.На наша кожа си осетивме многу,колку лошо е кога ќе пуштиш глас,кога ќе се побуниш против.Тоа против кошта.
     
    На happygirl, Skorpija25, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.446
    Со сите се согласувам.

    Ама за Македонија знаете што е проблем?
    Сите се способни за надоградба, но немаат еднакви шанси за истата. Ама секој со три чисти е способен да се стегне и да фати да научи ако МОРА и ако ТРЕБА.
    Ако го правиш сам, ти требаат пари, а ако немаш пари... џабе ти е се.
    Некој ќе рече, до тебе е, нешто не те бива, ама искрено, имам вложено во себе над 7.700 евра без претерувања без факултетот, тоа башка. Своеволно, од свој џеб. 3000 евра, плус 1800 евра, 1300 евра, 1600 евра, се се ова обуки, своеволни без обврзувања, туку со идеја за себе што сакам да бидам кога ќе пораснам.
    Жбрц, некој имал поинаков план и ме стави на принуден одмор од кој како тргнало ќе пролупам некој ден и ти се дешава круг, магичен круг од кој нема крај.
    Сега знаете како ќе ми дојдеа тие пари од свој џеб дадени за други дупки?
    Сега да сум со овој памет... ИЧ не вложувам во надградба, туку ќе се пикнам некаде и ќе барам да ми финансираат све тоа.
    Ако немаш грб бате во оваа вукојебина, тоа е, со чест на исклучоци. Ама си ја сакам, искрено.
    Зошто му се смееме на Ружин, НО за жал он е толку глуп тоа јавно да го пише, но е толку реално...просто е тажно.

    Секаде на светов е тешко и не е лесно. Да не беше мајка ми да ме симне од авион, ќе бев некаде далеку. Ама немаше да одам за пари, зошто за пари не тргнав, ќе одев за слобода...која во моментов ја немам. Со цела свесност дека ќе бев граѓанин од втор ред. Знаев што ме чека, ама жртвата сакав да ја дадам.

    Тука...вакви гмизавци ко мене што се убиле од давање пари за надградба знам ЕДЕН ТОН. Конкуренцијата е голема, ама за жал тие се трбухом за крухом како знаат и умеат. Некои успешно се снаоѓаат, некои не.

    Имам една ситуација у моментов, баш смешно се развива. Да се одразвие, ќе ве информирам. Ама кадри се трампаат глава за глава, само толку ќе кажам.

    Како ми посакаа за нова година една без везна честитка, сељачка ама многу точна - годинава ти посакувам многу среќа, а не здравје, зошто и на титаник биле здрави па се удавиле.

    Е тоа е муабетот.

    Кај ти е мирот во срцето таму оди си и бркај си среќа.
    Јас сакам да сум дома само да ја имам слободата да го правам тоа што сакам, и пре ќе изберам да сум дома него ли странство.
     
    Последна измена: 10 јануари 2018
    На azelea, Dust, ivi1987 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Еве ќе кажам личен пример

    Стрико ми, со свои раце има допринесено да се изгради една фабрика тука, и работеше во истата... Се случи транзицијата, ги испобркаа, ни плати ни бутур,ништо... Немаше каде, па замина странство. За цена на тоа се пропи, си ја растури фамилијата, а не доби ништо, 15 години е таму, купи на старо 2-3 количиња и заштеди 2000-3000 евра да реновира во куќата тука...
    И денес го вели тоа што Лилит го кажа во последната реченица...
    Да, зависи и до човекот и карактерот, ама сепак далеку од дома не си целосно свој
     
    На mal.ecka, Annath, WORRIED.BT и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Моите роднини и пријатели не се чистачки ни камионџии.
    Ама реално ретко кој се унапредува ако немал некое специфично образование или струка која е дефицитарна во таа земја. Оттаму толку сестри и доктори заминаа во Германија и Англија.
     
    На Annath, stetoskop, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.446
    Само мојот бивши во странство напредува ко луд.
    Врсник ми е, ама он го имаше животот сфатено пред време.
    Кога бевме деца заодени, кога ми збореше што прави и зошто прави мене ми делуваше дека е луд.
    Ама животот на свои 17 години го држеше у мал прст.
    Сега од оваа дистанца не можам да разберам како толкаво дете можело да биде паметно, а не беше од интелектуалци родители па да го учеле. Се сам.
    И еве... бааааш дооообро се снајде. Ама тоа е само он. Друг никој таков не познавам, а да е наш и рози да му цветаат.
    Пола друштво ми се иселени.
    Другар ми у Америка е научник, ама нема виза за постојан престој и работи за бедни пари на најврвниот институт таму. Ама јбг... кој колку дебела кожа има да знае да зграби, да искористи, да се бутне и пикне, па дури и да заебе ако треба.

    И така...
     
    На Skorpija25, Annath, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.411
    Пол:
    Женски
    А и тоа со чистачките,познавам една овде беше газдарица но и пропадна бизнисот па замина во Швајцарија,таму зеде да чисти во еден комплекс апартмани ,но чистеше заедно со газдарицата на апартманите.Затоа таму чистат, овде не,таму не е срамота да чистиш ,а овде да,тоа е работа која се омаловажува.
     
    На Skorpija25, Annath, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.679
    Камелија, не морам ни на струка да сум. Фала Богу па никогаш и не сум работела на струка. Ете, нека биде децентна работа за која нема никој да ме уценува. Оти јас тоа тука не сум го имала. Толку барам. Ако се решам да правам мастер тогаш унапредувањето ќе си дојде само по себе, претпоставувам. Под услов, да не умрам чекајќи прилика:|.
     
    На Annath, CameliaMiller и Lejla8 им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.446
    Знаете само како се согласувам дека е мед?
    Да се омажиш или ожениш со државјанин тамошен.
    Онда друга е причата... исто од туѓи искуства кои ги имам во околина.
    На пријателка на мајка ми ќерка и на пример се омажи за американец, живеат на Флорида, мајка и си купи куќа до нив за кога ќе се пензионира да живее таму... и помогна зетот секако, инаку немаше начин како тоа да го направат.

    А она Рефка што го спомна со пувањето кога ќе се вратат е башка прича. Имам братучед што е гастербајтер, ко ќе дојде бар пола фамилија ќарува да ја части на доручеци, ручеци и вечери, порачуе пита у ресторан, знаеш сласт е тоа... а таму знам дека кубури...

    И уште една прича. Мајка ми порано имаше колешка у канцеларија чии муж беше директор на позната институција. Пуни кеш. Циганката што и чистеше беше боља госпожа од многу госпожи што не им се мрда гзот. Оваа ем ја плаќаше добро, ем се што и е демек старо ќе и даде да носи гардероба. Носеше СТАРА бунда од 3000 евра циганката и тендер појзн и беше омилен парфем.
    Е тоа е причата за срамот од работа.
     
    На azelea, ivi1987, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    175.088
    Na mm mu ponudija rabota pred 7-8godini , u struka,u fotelja,selenje so semejstvo...odbi bez razmisluvanje...pametna odluka od denesen aspekt.
     
    На ivi1987, CameliaMiller, doubleg и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.989
    Пол:
    Женски
    Колку теми сте начнале дечки, јас немам време да ве прочитам, дур да пишам друга тема се отворила, :) а не се сметам за толку зафатена... Значи ептен сте му посветени на форумов :D
    За мажачка, никогаш не сум се гледала себеси како многу млада мајка. Сметам дека треба многу работи да се изживеат пред да се стапи во брак. Јас сум од тие што го живеат животот во полна пареа, сум учела сум шетала многу, и на други континенти, сум излагала на журки до сабајле, сум пиела до губење, сум имала и добри и лоши врски, и пропаднати љубови, сум го допрела и дното и најголемите височини, сум се мразела и себеси, и сум научила да се сакам. Сум работела на себе ама секогаш сум учела само на свои грешки, никогаш на туѓи. Никогаш не правам нешто едноставно бидејќи е социјално оправдано. Секогаш бидејќи јас така сакам и чувствувам. И не се каам апсолутно за ништо, бидејќи јас сум такво битие и морам тој пат да го изодам. Секогаш сум била надвор од конвенционалното, од шемите. Се омажив бидејќи го најдов правниот човек за мене, не бидејќи годините дошле. Годините се многу релативна категорија, зависи што си доживувал, како си живеел. Мразам правила '' дека така треба '', ама не сум бунтовник без причина, секогаш СО причина. Се омажив на 31 год. Мм е помлад од мене но и тој се ожени од правата причина, од љубов. Барем така вика :D
    За во странство, јас лично не сум создадена. Сум имала прилика и не отидов. Мислам дека има причина зошто сум се створила овде. Дали тука има маани? И тоа како! Секое враќање дома од странство ме мава културолошки шок. Но никогаш не сум била финансиски во незавидна ситуација за да се одлучам за странство по секоја цена. Сепак немам многу тврд став околу ова, можно е и да отидам ако ми текне.. Тоа сум јас, go with the flow. :)
     
    На green.eyes, bittersweet, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    178.426
    Пол:
    Машки
    Си биле словенец, србин и македонец. Виделе еден човек што носи корпа со јајца во рацете.
    Словенецот рекол: Да ги имам јас овие јајца, ќе ги ставам во инкубатор, па ќе се изведат пилиња, па ќе направам мала живинарска фарма. Србинот рекол: Да ги имам јас овие јајца, ќе ги сварам, ќе си направам салата и ќе уживам во јадењето. Македонецот рекол: Леле ако го сопнам човеков, па кога ќе се разлетаат јајцата, сите ќе се испокршат, јака заебанција ќе биде.
     
    На green.eyes, bittersweet, ivi1987 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    175.088
    (y)
    Jas ja sFativ poentata na vicov.
    Sekoja cest,na pravo mesto i vo pravo vreme kazan.:bow:
     
    На Annath, CameliaMiller, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.411
    Пол:
    Женски
    Незнам.освен дека сме како народ неработници мислам дека сме и неамбициозни и неупорни во ништо, па ни во спорт.Еден скијач саглам не извадивме од држава со еден куп планини,Хрватска без ски стаза,даде двајца прваци Костелиќи кои вежбаа на висорамнина.Да плачеш е работава.Мрзливци сме.
     
    На ivi1987, Annath, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Ве читам ама додека најдам време да пишам, вие сто теми сте свртеле.:P
    За мажење порано многу сакав да сум млада мајка, ете имав некоја таква желба ама приоритетите се менуваат. Сакам да заштедам нешто, да прошетам, па да се омажам.
    Не се плашам од бракот јас, повеќе се плашам од бракот со погрешен човек.
    Проблеми секаде има, нема соврпени бракови ама во моја околина има премногу жени малтретирање, проблеми, разводи е од тоа ми е страв. А и моите никогаш немаа среќен брак, така да ни не знам како изгледа тоа.
    Гледам и работењето во смени го спомнувате, јас завршив матура, наполнив 18 години и по 20 дена се вработив и ден денес работам во три смени. Се навикнав ама лаже оној кој вика дека не е тешко.
    Ама со средно сум, сакав факултет моите немаа услови да ми плаќаат.
    Во нашава држава факултетот не е мерило за ништо ама факт е дека некој факултетски образован на убава позиција ќе зема повеже плата од мене со средно.
    Секаде има исклучоци ама ретки се.
    Детиште тогаш, не ми беше важно колку важно ми беше да заработам некој денар, да купувам гардероба, да излегувам да шетам. Таман кога собрав некој денар, почнав да размислувам и вонредно да се запишам на фкаултет мислев дека ќе си ги остварам соништата, ја изгубивме мајка ми, тука заврши се.
    Години подоцна на истото место, платата ми ја качија и имам собрано некоја заштеда која ми стои така да сметка и планирам еден ден здравје, само за убави работи нека се користи. Нешто друго сакав да ве прашам пошто читав по темите ама не најдов. Дали и како можам да си отворам некоја другар сметка каде што парите ќе ми бидат орочени тоест нема да можам никако да ги вадам, само да дополнувам секој месец? Каматата и не ми е толку важна, има некој искуство?
     
    На Skorpija25, Annath, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.446
    Aбе има една многу добра, психолозите многу ја сакаат - каде и да одиш, себе си се носиш.
    У прицип сакале да признаеме или не, примарно ај нека е немаштијата, ама со странство во добар дел бегаш и од нешто во себе, од семејството, од околината...Болно е за признавање, ама е вистина...

    Каква супа за душа направив, бујрумте.
    Тиква, црвена леќа, дајкон и зачини.
     
    На ivi1987, Skorpija25, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.