Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Ете убаво кажа Камелија,секој од нас со своите желби,колку различни луѓе,толку различни судбини,па секој од нас си има по некоја желба,а тоа не е за никаква осуда,каде би биле ако воопшто немаме желби и надеж за подобро утре:)
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Ова се' што наброја, не користам :D се' што може од интернет нарачувам. Во молот два пати имам влезено, а го поминувам секој ден.

    Би ми фалел театар и кино; тоа сакам. Ама ќе се задоволам со Нетфликс. Само пари за живот да најдам уште, куќа имам.
     
    На Annath и Lejla8 им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Зошто?
    Ако не со нив, со кого? :^)
     
    На Skorpija25, Lejla8 и eli25 им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.411
    Пол:
    Женски
    Не е до гушкањето работата ,туку во потребата за самостојност ,за сопствени одлуки и влечење конци без влијание на родителите.Познавам жена на 40 + која сеуште и се јавува на мајка и за се што треба да одлучи,е така завршува преголема приврзаност,во несамостојни и несигурни жени.
     
    На mal.ecka и Lejla8 им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    279.416
    Пол:
    Женски
    На сител има некаква документарна емисија како ретроспектива на минатите политички случувања.Ми се слоши:@:puke:
    Леле каде живееме со што се давиме 20 години.:fubar:
    Е од ова луѓето си заминуваат ...:(
     
    На M&M, Ane-Goki1, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Hello people.

    Ја зачитав темата за живот во странство и морав да се вмешам. @referentka,да, чистачката овде заработува 1200 ден дневница, но тоа се црни пари- нема пензиско осигрување, нема ништо. Во странство таа иста чистачка е платена од саат, се што изработила прекувремено и е дополнително платено, недели и празници со поголема дневница, и после х години има право на пензија.
    Тие х години се многу пократки од годините додека еден работник во МК отиде во пензија, од причина што голем дел од луѓето овде се осигурани на пола работно време, а работат не 40, туку и 60 часа неделно.

    Навистина кога читав постови се чудам дали некој намерно се прави дека не приметува во какви услови живее огромен дел од населението, или навистина изгубил осет за реалноста.
    Па, не треба многу. Доволно е да влезете во било која институција, банка, аврм и ќе ја видите бедата на нашиот народ.
    Оставете ги рестораните и кафичите- одете на автобуска и видете ги родителите кои ги испраќаат тие дотерани деца, а тие облечени во нешто од пред 20 години.

    Не биле исти тука 200 евра, со 2000 евра во странство- па баш на форумот имавме тема во готвачкото катче за оброк до одредена сума. Јас не видов некоја драстична разлика во цените на намирниците кај феминките во странство, со цените во МК.

    Зарем не приметувате на секое ќоше реклами за брзи кредити, со вртоглави каматни стапки и што е најжалосно луѓето давенички се фаќаат за таа сламка само и само со цел да закрпат некоја моментална дупка, живеејќи од денес за утре. Казина и кладилници насекаде полни со луѓе со надеж за брзо решение на нивните проблеми.

    Кога нашата чистачка ќе има можност да мрдне од МК освен на некоја еднодневна екскурзија или на некоја собиранка за 8ми март?
    Со кои приходи?
    Дали е истиот случај со германската чистачка,на пример?

    Таму кириите биле скапи, а се да речеме 1/4 од минималната плата, а што е со нашите кирии кои ја надминуваат минималната плата?

    Таму било скапо да се оди на фризер, а истиот чини колку работа од 2-3часа, а овде некој треба да работи цел ден за да си дозволи фризер.

    @CameliaMiller во многу градови луѓето се селат фамилијарно, си ги товариш и плишковците во кола и одиш во Швајцарија, Германија, Италија... така што едноставно се што им прави носталгија им е таму.
    А бидејќи и нивните соседи и пријатели веќе се иселени, доаѓаат во ситуација да им биде како дома и ништо да не ги врзува овде.
    Странство не е само преку барата.

    Како сме тука граѓани од прв ред кога за секоја една работа мораме да фаќаме врски, а во странство фино културно си земаме бројче и при приемот сме удостоени како што треба да биде удостоен секој клиент?

    Како сме граѓани од прв ред кога солидни студенти без врски со години се невработени, додека соучениците на кои истите тие студенти им помагале за пролазна оценка и кои не знаат да ги разликуваат Австрија и Австралија на мапа, држат фотелји, “описменуваат деца“, “лечат пациенти“ ... кога истите тие солидни студенти со текот на годините станале предмет на жалење, демек смотани што не знаат да се снајдат.

    Народот е со стаклен поглед од толку стресни ситуации, од нездрав живот и напорите да се претстави во лажно светло дека е се ок, се со цел да не покаже слабост пред комшијата, и секојдневно тоне во тој маѓепсан круг на безизлесност.

    И не можам да читам такви стереотипи, да не речам небулози како што прочитав на темата кога реалноста е сосема поинаква.
    Фактот дека има толку многу иселени лица, а и на тие што се овде главна тема им е до кај е постапката за бугарски пасош, доволно зборува за убавините кои привлекуваат за останување овде, наспроти можностите во странство.

    Порано оделе можеби главно за пари, но сега едноставно луѓето гледаат дека можат и вредат повеќе, дека некаде си функционираат законите и не треба да им се улизуваш на сите за да опстанеш без разлика дали за работна позиција или ако ти имаш свој бизнис, нема потреба да си под стрес дали ќе се смени власта, дали некој ќе ти пушти инспекција и ќе ти го затвори бизнисот.
    Твоја единствена грижа е да си ја работиш работата како што ти е наведено во договорот и да си бидеш совесен граѓанин.
    Првично ти е чудно, а, потоа сфаќаш дека така треба да биде секаде.
    Во Македонија,не верувам за скоро.
     
    На Offspring, Thallia, Rirri и 36 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Не можам моите и баба ми да ги преселам. Тие млади кога биле не заминале, на старост па ич. :)
    А без нив... не ми се оди.

    @Cosmi мајка ми веќе 10 години за ништо не ми се замешала, не е таков вид на приврзаност.
    Ако сакаш да си со своите, не значи дека уште за фустанот на мама се држиш.

    Инаку Сесилија се' си во право. До збор. Само на цела немаштија, никако да сфатам како е можно да се ПОЛНИ ЗАТКА кафаните, а во Скопје баш не е ефтино. Кафе како на море е.
    Како е можно да се фул трговските, ако нема кон да купи нема да опстојуваат.
    Како никнаа толку приватни болници, како никнаа толку приватни градинки. Итн.

    Заклучок мој е дека многу малку има средна класа. Или се екстремно сиромашни или екстремно богати.
     
    Последна измена: 11 јануари 2018
    На JuLleE, Skorpija25, Lejla8 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.180
    Допаѓања:
    137.490
    Пол:
    Женски
    КамелијО ќе излезе дека сите шо сакат да заминат не си ги сакат роднините :^) (освен ти твоите ]:) )Ич не ми е гајле што баба ми и дедо ми ќе останат овде. ТИе своето си го изживеале. Нивните деца како така ги извеле на некој пат и тоа е тоа. Јас допрва треба некому живот да му овозможам а со седење крај нив ништо не праам па макар и до 101 живееле.
     
    На bittersweet, JuLleE, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Никаде тоа не го реков.
    Јас реков дека ЈАС сум преемотивна, а и не се чувствувам дека "ништо не правам".
    Да трпам за леб, ќе правам што морам. Емоции на страна.
    Не трпам за леб.

    За брендирана облека немам, за кола од салон немам, Амазон нема шипинг тука, за дом цел живот ќе отплаќаме, ама добро живеам.

    И никако не мислам дека моето живеење тука е бесмислено или дека сум без иднина. Тоа што го сакам, го имам.

    Едит: дете ќе имам кога ќе си потаманам услови. Нема себе да се жртвувам за се' уште ненаправеното дете :^)
     
    На Skorpija25, M&M, Lejla8 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.180
    Допаѓања:
    137.490
    Пол:
    Женски
    ЗАКЛУЧОК - Некои би заминале само коа би морале, некои при прва прилика. Важно сите БИ. ОК!

    АМАН дајте друга тема,ама полајт :rofl:
     
    На JuLleE, Ane-Goki1, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Сте ја отерале темата кај што не треба. Кажав, кој не осетил странство и не го знае чувството да легнеш болен за дома, не треба да коментира. Кој колку е снајден и во мкд и во странство, е лична ствар. Кој што работи за поштено да си го заработи лебот, не е важно.
    Факт е дека тука се вработува по квалитет. Нема врски, сајли и ортоми тука.
    Факт е дека кога идеме тука, доаѓаме сами и сами се бориме за се. Нема тато носи мама меси. Нема вујче е владика па и јас ќе сум поп. Ако си работник, ќе просперираш на финансиски план.
    Но никој и ништо нема да ти го надокнади тоа чувство, кога само сакаш да си идеш дома и ништо друго не ти е важно. Кога си како мало дете и плачеш за мама, и било која играчка да ти ја дадат, ти само сакаш прегратка од мама.

    Нешто позитивно во последните недели ми е тоа што гледам драги пријатели што успеаја после неколку години поминати во странство, да ги однесат и нивните родители таму. Тој сјај во очите на тие родители не е опишлив со зборови.
     
    На Skorpija25, Peco, Ane-Goki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Каде во Вукојебинава да најдам уметничко дело од торта? Значи треба саде ружи, штикли, врагови да има.

    Секако би си заминала. Ако со мене идат мама, тато, баба, дм и плишковци. Дестинација по нивна желба. Јас преферирам Австралија, нешто така :)
     
    На Lejla8, eli25 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.459
    Допаѓања:
    143.885
    Јас па сакам да станам научник.
    И на остров да живеам.
    Краток животот...

    Или можеби и не е - пола година работа тука, другата половина на остров. Штотуку си ја испланирав иднината. Може сега на раат да спијам.
     
    На didi1982, Skorpija25, Peco и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.180
    Допаѓања:
    137.490
    Пол:
    Женски
    Еднаш тука на темава се вртеше име како Аромати Чоколатерија. Ѕирни на фб, истото име латиница напишано
     
    На Lejla8, Rebecca_R и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Gracias :)

    На една е мајка и' се ближи 50ти роденден, да ја радуваме со ваква некоја торта :)

    Ми треба некоја ваква торта, само со жолти ружи, а дајте препорака кај можам да испечатам картички со зезанции :)
    b5be9daaf45c61d3bafb9e1c8f17dc97.jpg 6bdceb857a24defbcb8519e42a1d5242.jpg 77989aee090165c11ff26d049f2e9902.jpg 12827b41c3779f24642906a2e666af2d.jpg
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Lejla8 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Си измешала љубов кон родителите и личности кои сеуште не се одделиле од фустанот на мама. Огромна е разликата. Јас сум самостојна, дечко ми е самостоен, родителите не ни се мешаат во одлуките. Советуваат, ама советот како таков има делумно влијание. Последниот збор го имам јас. Ама признавам дека би ми било навистина тешко доколку го нема традиционалниот неделен ручек.
    Всушност кога ја прашувам мајка дали да ја купам розовата или белата блуза, таа вели: "И двете ти стојат убаво, која сакаш одбери ја".

    :rofl: И јас дојдов до таков заклучок.

    Би излажала ако кажам дека не сакам да живеам во милионски град, во некој облакодер со парк во близина, а за викенд да одам во куќата со поглед на море.
     
    На Lejla8, eli25, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.766
    Пол:
    Женски
    Немам пишувано до сега во темава, ама еве сега би сакала да ја пишам мојата гледна точка на животот тука и во странство. Сопругот со години работи во Германија, и чат пат Австрија, оди по неколку месеци па доага тука седи малку па пак оди, заработува доста солидно, но он нема живот таму, работи од сабајле до вечер буквално, бидејки патува понекогаш во некои градови оддалечени и по 500км. Вели помислата за вас двајца ( јас и синчето) ме одржува. Единствениот слободен ден му е недела кога се е затворено, вели нема кај да седнам на кафе, жив човек нема по улици, продавници не работат, тмурно и празно, да те фати таква депресија што нема излез. Продавници затвараат во 7-8 , храна често пати купува од бензиска. Вели тука нема луге како кај нас, лежерно да искочат да прошетаат , да седнат на кафе, сите брзаат, сите се дома, чудни се, ладни се..
    Во зградата каде што е сместен има еден германец кој не сака други луге освен германци, па им создава проблеми, лупа по врати, тропа, не ги остава да спијат, се кара дали си има проблеми или е невиден нацист не знам :worried:
    Има отидено на итна таму ни г од доктор германец, се некои пакистанци некои иранци , а додека те примат друга прича ил ке си умреш или сам ке се излечиш (facepalm)
    За здравството тука можам до утре да пишувам, години минати по болници додека лечев стерилитет, години минати при здравствени проблеми како тинејџерка, дека фалат многу работи фалат, ама не е до толку како што се прикажува тука. Секаде сум завршувала работа, никој не ми се дерел, ниту ми викал, ниту ме вратил. Ама си чекам доколку е потребно тоа, дал на државно , дал на приватно, не се карам, не се расправам, не ми е проблем да почекам 15 минути. А, сум била сведок на многу дрски пациенти па после здравствените работници биле дрски, е ај ако не дерете им се вие, качувајте им се на глава па они нека кутат.
    Пишував по другите теми дека имавме шанса да заминеме сите кога доби работна виза, бидејки пред тоа работеше на црно, се мислев и се двоумев не велам не, ама сепак останав тука, а он ке работи како до сега, се додека не заработи доволно и се додека не се вработам јас. Можеби некогаш ке се премислам, ама сега за сега мене ми е добро тука, убаво може да се живее и тука ако имаш финансии. Имам се, свој дом, блиски до мене, не сакам да живеам додека умрам под кирија, бидејки свое да купиш бар таму кај што е он, нема шанси, 500 евра кирија во зграда социјала со мувла, е толку плакаше предходниот негов работодавач , и тоа во мало гратче, во големине цела плата ке ја оставиш :)

    Пред некој месец и еден наш сосед се врати од Германија, работеше во болница, прво отиде сам потоа ги зеде и жената и децата, кога беше сам неговите од тука му пракаа пари бидејки не можеше да излезе на крај, потоа некако се снајдоа живееја солидно некоја година, но се вратија ете, при муабетење со мм рече, убаво е да отидеш да поработиш и спечалиш убаво некое време, но дома си е дома, не можевме веке да издржиме таму.
    А, познавам и особи кои отишле во странство не дека тука мизерувале, туку ете да видат другите, отидов јас во странство види ме што сум, па сликање по фб, па тагнување ваму сум таму сум. Пријателка отиде неодамна како докторка во Германија, како заврши медицински факултет во Бугарија не знам, али јас нејзе не би и дала да ми препише аналгетик а не па да ме лечи од нешто друго. Али некој ке се прелаже, ке се лечам во германија најдобри се таму, а ете ке ти се погоди некој ко пријателкава што врска си нема :!: и што отиде таму за да се докаже на комшиите, оти неа цел живот и беше и и е за комшиите и за фб.

    На крајот секој сепак со своето, кој кај мисли дека му е среката таму нека го води патот :)
     
    На Skorpija25, M&M, Lejla8 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Добро утро:)

    Пушам надвор.
    Се слуша само бучава од клими:o
    Ме убедуваат дома дека греење со инвертер е ОК па увото на инвертери ми реагира.

    Убаво се разглобила темата за странство.И плус и минус има.
    Секој со свое размислување и искуства:)
    Убаво е да го осети човек тоа што го посакува, нетреба да се затупави ако ја надминал средината во која живее и му е неподносливо.
    Каде си среќен- таму продолжи.
    Што си среќен- тоа прави.
    Единствена формула - Н Е М А.
    Секој при муабетите се води од сопствени искуства и си прави паралели.

    Битно е, да си задоволен:)

    Да имате убав ден сите:hai:
     
    На simonka93, Skorpija25, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    43.907
    Пол:
    Женски
    Добро утро :coffee:
    Оддамна ме нема и на темава и на форумот. Ја арна сум. Работа, дома, деца .
    Стандард кај нас , пред нечив роденден некој се разболува ама се надевам ќе останеме здрави до сабота. Да прославиме 30ка на мама :angel: на мене де :lol:
    И така ,да видиме што ќе донесе денов. Да поминеме и на лекар . :worried: и то

    Имајте убав ден
     
    На bittersweet, Peco, Ane-Goki1 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Добро утро :coffee:
    Чекајќи да отворите тоа вратата од конференцијата, си приплакав пред влез :/
    За странствијата, секој се води од своите искуства и муабетите од својата околина. Мојата околина, никој не сака да се врати :/ И да направиме разлика, едно е да одиш за да заработиш, а друго е да одиш за да живееш таму.
    За МК здравство само кратко ќе кажам, не сакам да ширам, на здрав човек рак му дијагностицираа и го пратија на хемотерапија.

    Кога ќе се наполнам со надеж и оптимизам, мора ли секогаш да ми пукне во фаца? Имам проблем со аритмија деновиве од сиот стрес, дополнително ме напнува.
    А бе, сакав нешто убаво да напишам :doh: Денот да ви биде обратен од мене :)
     
    На simonka93, Skorpija25, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.