Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.639
    Секогаш ли ќе викаш да не доаѓа Камелија? Нему му се фамилија, па и црвливи да се...

    Во свекрви и снаи е друго. Тоа се проблеми од друг тип (синот не ја предупредил мајка му да не им упаѓа во соба кога сака, на пр), ама ова е друго. Овој проблем нема шанси да се реши. Или ќе ги прифатиш или тој да кандиса скроз да се оддалечи од нив.

    Јас сум за зборење во вакви случаи, па сега детето ако не прифаќа совет, тоа е друго.
    Ама да, СЕ МАЖИШ/ЖЕНИШ И СО ФАМИЛИЈАТА.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Секогаш ќе викам.
    Зошто луѓето молчат предвреме?
    Еве да знам дека брат му е деликвент и сега ќе речам. Па ако му е поважен бато, нема зошто со мене деца да планира. Нек си седи со бато.

    Да се разбереме, мене моето семејство ми е многу важно, но не е нормално да ми е поважно од детето кое ќе го имам.
    Не е нормално мајка ми да го сака вујко ми повеќе од мене.

    Се разбира дека меѓу мене и сестра ми и татко ми, и останата фамилија, ние сме поважни.
    Ако тоа не може да го сфати, нек си брка работа, нема што со нас да бара.

    Исто важи за секој еден, маж или жена.

    Јас зборувам за себе и јасно ми е дека не може секој исто да мисли.
    Ако е сестра ми деликвент не треба мажот да ми каже, сама ќе ја избркам од мојот живот и животот на моето семејство.

    За мене е неприфатливо замарање со туѓи проблеми на сметка на семејството кое свесно сме го создале.
     
    На Ane-Goki1, doubleg, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Имав дечко од лоша фамилија, баш деликвентска, а он...дете и пол, мирен и фин.
    Моите него ептен го бендисуваа, ама беа загрижени нормално. Ми зборнаа неколку пати и толку беше, ама им го осеќав стравот.
    Уво не ме болеше шо зборат, детето беше супер.
    Раскинавме од други причини.
    Години подоцна, живее во странство како успешен програмер. Веќе изгради куќа тука, таму си купи стан, неговите знам да ги сретнам, гледам остареле, се промениле...смириле да не речам.

    Знам и за пример од професорска фамилија каде си ја киднапираше девојка му и во подрум ја држеше од љубомора три дена, неговите знаеа и со прст не мрднаа за да си го заштитат синчето... да не должам.

    Не знам што да кажам, не сум паметна.
    Давам и обратен пример...
    Ниеден родител не сака детето да му се мачи, но некои тешки лекции се учат по пример.

    Се сеќавам уште како мали, децата на разведени родители ги дискриминираа. Моите никогаш не ме воспитуваа така, па кога се соочив со коментар на друга другарка, цитирам - не се дружи со таа, растурена е сигурно, нејзините се разведени. Се шокирав, не ни знаев ова што значи.

    Не би советувала ништо... секоја ситуација е различна...
    Само со памет и разум, па и флексибилност.
    На крајот па и детето не е криво што татко му бил коцкар, пијаница, женкар или па мајка му... некогаш меѓу нив има драгуљи од луѓе. Реално...

    А она со снаите и свекрвите - да знаете све се од навидум ДОБРИТЕ фамилии на прв поглед. Жена пре ќе се омажи за проблежатичен маж, него ли за маж со лоша мајка ако успее да ја провали пред брак.
     
    На M&M, PUPICA, Ane-Goki1 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    ^ тоа сакам да кажам.

    Ако така гледаме и дм се жени со моја фамилија нели.
    Не се тие криви ако јас дозволам да ни го е*аваат животот, јас сум. Ако јас не знам да им ставам граници јас сум виновна.

    И никогаш не би дозволила некој од нив на било каков начин да го омаловажи или повреди дм, или да оди против него заради мене.

    Истото го очекувам.


    А постои и опција тие да го сакаат, јас не :) па да настојуваат да се остане во врска/брак.
    Ете и такви познавам.

    И тоа е троа забегано.
     
    На Rebecca_R, kuc, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Многу комплицирано.
    Детето не е виновно-ДА, ама ете на некој начин најтесната фамилија го облежала.

    Старите не џабе рекле: и од був -сокол, ама и од сокол-був излага

    Колку синови на доктори, научници...багабонти ќе излезат, па не значи дека ако татко ми е доктор дека и јас истиот памет го носам..(доктор онака го земав како пример, не ме фаќајте за збор)
     
    На M&M, Ane-Goki1, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ако мајка ми ме седне и ми рече - слушај, мислам дека дт лошо влијае на тебе зошто е посесивен, насилен, дилер (карикирам) е еден муабет, ама, ти ќерко си од добро семејство, што бараш во такво семејство... е друг муабет.

    Како би ви било на вас децата да ви ги судат според вашите лоши одлуки во животот?
     
    На Ane-Goki1, An-na, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.132
    Јас она ЛОША фамилија го подразбирам карактерно. А не дали има брат криминалец или коцкар. Од такви фамилии излегуваат прекрасни деца. Ама ако збориме за лошотија како карактерна особина, е од таквите бегајте. Првите не можат да ви наштетат ако мажот си ја гледа фамилијата. Второт можат и те како.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јуле, замисли утре некоја мајка да ја советува ќерка и' да не е со твојот син ради татко му каков бил.

    Дали е фер? Дали навистина детето мора да биде исто како родителот?

    Јас мислам дека не е.

    А од друга страна, може детето да има навистина добро семејство, а тоа да е нечовек...
     
    На WORRIED.BT, Rebecca_R, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    се слагам со се што е погоре напишано т.е. немам изграден став, бидејќи комплицирана е таа ситуација.

    Јас лично, сум донела лоши одлуки...и лошо ми се одразиле на текот на животот.
    И нема право никој за ништо да ме осудува, зашто не ги носи моите чевли и не е во моја кожа.

    НО...мислам дека родителот ИМА право да му посочи на своето дете.
     
    На M&M, Ane-Goki1, dunika и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.639
    Јас не знам што е чудно семејствата да си приличат едно на друго, и да не е логично фамилија на место да забега со фамилија на која не и се знае крајот... мене ете не ми е ич чудно. Ама тоа сум јас.

    Гледав како една жена живееше без никаков контакт со нејзините оти мажот не ја бендисувал мајка и (а неа ја бендисуваше да му биде слугинка) и не ми се допадна. Не е во ред, не е фер. На масата на слава само неговите наредени.

    Затоа, ако мислиш дека фамилијата не чини, убаво да се размисли што понатаму.
    Вака ќе речам, така ќе речам...а може после само ѓурлутии да излезат.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, Rebecca_R и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Абе се бива.
    Не знам стварно.
    Ако сте ја читале книгата сиромашен татко, богат татко е многу убава книга.
    Баба ми знае да рече иако мене ми е смешно ама интересно е - што споил бог човек не треба да раздвои, грев е.
    Ама едно нешто ќе ви кажам - кога двајца ќе се спојат - не е случајно. Многу веројатно дека некаде таму во нашата фамилија да стои закопана тајна за некој таков ЛОШ или повеќе лоши луѓе. Не случајно се споиле за да избалансираат нешто. Не е нешто метафизичко и нереално, туку е чиста психологија.
    Од што бегаме, тоа ќе не најде... нема поинаку и точка.

    А и тргнете од себе. Замислете некој за вашето дете и вашата фамилија така, а пример вие не си се сметате за лоши луѓе или едноставно не сте лоши луѓе?! М?! Искочил некој муабет таму и малограѓанштината завршила работа и детето не треба никогаш да ви се омажи или ко у Индија, ќе се омажи у своја "каста".

    Од друга страна ако има релевантни показатели дека лошо се однесуваат со неа, малтретирана е, итн итн...родителот треба да си го заштити детето. Зборувам ако веќе има работи за кои апла треба да се фатиш и јасно е ко бел дн онда...


    Срам ми е да кажам шо ми се јаде...
    Чварчиња убаво насолени...
     
    На M&M, Ane-Goki1, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво
    Да се надоврзам на муабетот на @referentka ,јас сум секогаш позитивна и многу рабити во животецов мој кој ми се случија останав горда и исправена.Ама ние сме супер само општествово не ни го бива.Шефицата не успеа сабајле да ми го расипе денет а знаеш зошто,затоа што јас не сум она.
    Прво работното време ми е од 8.30 значи пред 8 неможеш да ме бараш во канцеларија на телефон кога знаеш дека не одам тоа време.
    Второ мобилниот не ми е службен ставен во ташна и од коли и сообраќај неможеш да го чуеш,а и не се трудам искрено од сабајле.
    Трето можеби сум во тоалет,варам кафе или нешто слично.
    А госпожата ме бара да и проверам дали нешто што го заборавила вчера било во канцеларија,многу битна работа,Ночарите.
    И четврто она била нервозна бидејќи е болна па мора да дојде на работа за некојси итен состанок за кој што зема 60.000 плата наспроти моите 23.000 илјади.
    Па затоа и ти е платата толкава МОРИ за да одговориш на твоите задачи болна или здрава,саката или ќора итн.
    Тууууууууу мајката они си го накршија и се офајдија а сега им гори под нозе па нервозни биле.
     
    На M&M, Skorpija25, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Да, ама зависи што...
    Да ми посочи мајка ми дека таткото на дм е пример швалериште, а мајка му бркала црни бизниси, ќе и' речам да си брка работа.

    Јас не сакам да ми судат врз основа на тоа какви се моите. Јас не сум како нив. Иако не се ниту криминалци, ништо слично. Ама јас сепак не сум како нив. Јас сум јас и многу би ме здоболело идните свекор/свекрва да ме гледаат низ призмата на делата и неделата на моите.

    Но мислам дека при здрав однос родител - дете, детето само ќе зборува со родителот. Јас за се' сум зборела со двајцата... од прв дечко навака.

    И ден денес кога не сум сигурна како да се поставам во дадена ситуација, знам да зборам со мајка ми.
    Пак е одлуката моја, ама ете, за некои работи ми е важно и нејзиното мислење.
     
    На Ane-Goki1, bittersweet, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.132
    Камелија, во мојот случај мајка му не чинеше. Лоша жена, карактерно. И тоа сите го знаат. Моите еднаш при една ситуација само кажаа размисли. После ова, јас сама и реков некогаш требаше да се замешате. Оти сега дупло плаќам.
    Мажот колку сака нека е добар, моето искуство вели: уништена свадба, родендени на детето. На вториот роденден не ме пушти да влезам да се спремам за роденден оти она се скарала со син и и ќерка и. И куп ситуации. Епа ако сте спремни да жртвувате вакви работи, своето здравје, тогаш ваш ризик.
    Идеално нема. Подобро да се омажам со маж кој има брат наркоман отколку со родител кој е карактерно лош.
     
    На PUPICA, Ane-Goki1, Skorpija25 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јуле јас не знам за детали од твојот брак и не е важно тоа, ти си знаеш како си живеела и низ што си поминувала. Значи не е важна вистинската вистина, туку она што луѓето од страна го гледаат и го мислат.

    Еве да речеме, јас не те познавам, немам поим ни која си, ни зошто си се развела, ама до мене “допреле муабети“ дека татко му е коцкар, а ти откако си се развела си се “распуштила“ (значи тешки глупости, ама во име на мешањето во туѓи судбини и животи). И сега јас на ќерка ми да ѝ речам - ќерко, овој од распаднато семејство, и двајцата никакви, којзнае како го воспитале него...

    За мене е ова - МИЗЕРНО. Мизерно да помислам, да кажам, да размислувам така.

    Се ставам во ситуација татко ми да беше алкохоличар, или да беше некој што ја шутира мајка ми секој ден... и мене да ме судат поради тоа.
     
    На Rebecca_R, bittersweet, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Јуле во твојот случај друга е ситуацијата. Не беше само мајка му причата чинам.

    И јас имам лоша свекрва и дм е од лоша фамилија. Ама ... јавноста не го знае тоа. Го знаеме ние. Има тешки психопати и манипулатори. На прв поглед нема шанси да го дознаеш тоа...
    Ама дм не го идентификувам со нив и не мислам дека е таков, навистина не е таков. И заедно се носиме со проблемите од нив. Најдовме наш механизам.
    Не знам дали се сеќавате кога на брат му госпожа мама му расипа врска зошто девојчето неа не и исполни критериуми?! А неа никој не ја погледна каква е, а ситуацијата беше му рекло магарето на зајакот имаш големи уши.
    После дознав дека претходно исто му растурила врска зошто дознала дека таткото на девојчето се самоубил... епа фер ли е и ова?

    Ги разбирам вашите тези, она што викам е... длабоко да се увиди ситуацијата, не само површно.

    Кога почна роговите да ги вадат неговите, решив да ги погледнам и моите реално. Не се ни лоши луѓе, ни глупи, ни па правеле срамни работи, ама си викам а што ако биле, зарем ќе ми беше убаво да ме отрфли ради моите кига јас не сум таква? Многу неубаво се осетив. Ама прво се погледнав себе и моите пред да покажам со прст на него.
    Е сега да е тешко мамкало, да ме понижува ради мама, да е лојален на мама, да биде ко нив и да ме малтретира...онда друга е приказната.
    Дм во ниту еден случај не ме ставил позади неа те нив. Ни јас него зад моите. Ние сме па сите они.

    Луѓе, фамилии секакви, коровот во нив мора да го има...
    Сега знам дека секој емотивно си реагира со неговата прича, ама знаете јас... вака беше така беше... што ми направија...

    Рефка во твојот случај твојата приказна можеш да ја сметаш како благослов. По тешкотиите ти си една среќна жена во моментов со прекрасно семејство. Да било поинаку немало да го имаш ова сега и немало да бидеш истата ти. Не е ова философска категорија. Туку жива вистина. Си се изградила како силна жена и тоа од страна многу се гледа, не знам колку си свесна за тоа.
    Ничиј живот не е една права линија... не сме создадени за животи како од бајките.
     
    Последна измена: 6 февруари 2018
    На M&M, Ane-Goki1, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Хелоу друштво 8)

    Напорен ден ме затера од сабајле, седнав пред пола саат да земам душа... напорно, тешко, три часа работа без престан... и пак остана недовршено. Од срце се молам дека ќе ја завршиме работата како што треба, и дека крајниот резултат ќе биде одличен, оти не сакам да испадне маката да биде за џабе. А видов мака денеска, многу... се исцрпив повеќе психички, отколку физички. Стискајте палци да биде се како што треба. Друг начин нема, мора да биде вака, како ќе испадне на крај, белки како што сме замислиле. Сакаш да му помогнеш на некого од срце, му го даваш најдоброто решение и на крај сфаќаш дека не можеш да го изведеш како што си замислил, од икс фактори врз кои немаш влијание.
    Ама белки се ќе биде во ред, не губам надеж, ептен сум оптимист :D

    За темава што ја разглобувате не можам во моментов да мислам, оти мозоков ми чури ко да е надвор 200 степени, па можеби подоцна ќе се навратам. Ама едно ќе си кажам, назад ми е зимата и не знам како би реагирала. Ама како мајка, знам дека ќе пробам да ги советувам децата, ако сакаат да ме слушаат, а да не им се мешам во животот, туку да ги согледаат сите страни, и тогаш да донесат одлука. Ама ќе кажам и Господ да ми го чува паметот на стари години, не знам каква ќе бидам :)

    Енергија имам да поместам планина, барем така се осеќам деновиве... а некогаш има периоди кога ни мало прсте не можам да мрднам... се нешто ме боли, се нешто не ми чини. Двете бремености и операциите си го зедоа данокот кај мене, па има денови кога не можам прашина да избришам, не па генералка да правам. Со мм вчера се смеевме, двајцата за ремонт сме, отсега само на бања ќе идеме :lol:

    За одмор - Грциве ептен се искурназиле, 70 евричи за ноќ во јуни... еј, во јуни, предсезона :( којзнае дали море ќе видиме годинава, ама здравје, има време до крај на февруари.

    И така... ајде уживајте во денов, јас да фатам кафето на раат...
     
    На M&M, Ane-Goki1, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јуле, како може да не ме пушти МАЈКА МУ?
    Кај е тој, кај му се очите, кај му е аклот?

    Па мајка му НЕ МОРА да ми дојде на роденден. Ама тоа треба ТОЈ да ѝ го каже откако ќе види како таа се однесува со мене.
    Да треба јас да се расправам со неа, и он да ми дели правда, ич не се расправам.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, nina123 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Луѓето не се менуваат преку ноќ. Не е дека родителите, другарите или не знам кој ги расипал, одеднаш. Што не ме расипе мене некој?
    Луѓето ви ги покажуваат грдите страни. Колку и да ги кријат, несвесно им излегуваат. Ваше е дали ќе приметите, реагирате ил оставиме само од себе да се реши. Особено ако се оди на тоа да се создава фамилија, живее заедно..тие „маанички“ ќе станат огромни. Какви сака нека се родителите, ако со партнерот не можете да се разберете, ако не измрдува од своето...пиши пропало.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, dunika и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Снашките некогаш се борат со желбата са бидат прифатени и сакани и она што им доаѓа преку тасе.
    Има да и влезам у кујна со клоци. И џабе ќе и влезам ако маж ми после ми дојде и не ме поддржи. А ако ме поддржи има да ќути и хепи брдеј ќе пее.

    Нека каже Рефка како е причата стварно, мислам дека не се работи за ова. Зошто добар и лош човек по различни критериуми е различно.
    Мислам дека темата ја забегавме и не било тоа во суштина, туку добра лоша фамилија како што и почнавме.
    Аууу и ова.
    Имам братучед од дискутабилна фамилија, разведени родители, мајка му забегана, татко му душа човек жртва за децата, он деликвент. Прелажа едно девојче. Јас лично ја убедував да не си го заебе животот. Си го заеба.
    Ова е веќе друго. Ако сепак избраникот е никаков... ете тоа е.
     
    На M&M, Ane-Goki1, Skorpija25 и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.