Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Па и на темата со негователката сакав ова да го пишам како мало дете од 3,6 години знае за нос да влече, не пак 6 годишно дете и дека мора со резерва да се зимаат работите кога децата се во прашање.

    Јас сфаќам дека секој си го сака своето дете, ама своите стекнати трауми од своите родители на инфериорно и непогледнато дете, не се лечат преку одгледување на психотично разгалени деца. Мене моите така, ама затоа јас вака со моето.

    Расправата со родители на проблематично дете НЕМА ПОЕНТА.
    Внукот на дм е проблематично и себично дете. Во градинка тепа и гризе... мајка му мува не ја лази. Па таков е, мора да се бори... да се бори, гризел без причина и мавал со играчки. И оваа нема намера ништо да преземе... ама баш ништо...
    Е тоа е...
     
    На Asistentkа, Annath, MacenceEna и 11 други им се допаѓа ова.
  2. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.138
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам,Лилит.Колку и да е детето темпераментно,хиперактивно и сл ако родителите се разбрани ке влијаат на детето и со взаемен труд со воспитувачека,учителка детето ќе се доведе во ред,ама ако родителите се од типот на тие како ги викате лео мамички се е џабе.
    Ме умре аутокоректов
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Па родителите мислат дека учителките нивната домашна задача треба да ја завршат.
    Дома ќе им ги дадат таблетите во раце да не ги замараат родителите или ова а, овие на, без никакви граници и пак, не од љубов, туку зошто не им се замара со воспитниот процес.
    И ете, не си ги ни познаваат своите деца од што не сакаат да се посветат.
    За жал, ова Иви за кое што збори, се веќе родители од мојата генерација. Многу од нив емотивно несозреани станаа родители, влегоа во улогите зошто им дојде време и ред, а не зошто имаа три чисти да се снајдат во улогата.
    Само несозреана личност може да изјави такво нешто ко што неа и пишале како што прочитав во сдк. Тоа не се возрасни луѓе, тоа се луѓе заглавени на 15 години. Комплексите преку децата си ги лечат. И од таква личност очекуваш да се вознемири дека некое дете плукало и користело збор како - умри и дека прави булинг на цела група?
    Ова не се детски и нормални работи. Тука не поминува ама деца се.
     
    На Skorpija25, Asistentkа, Lejla8 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Имаше инцидент во групата кај ќерка ми пред некое време. Три, четири деца земале фломастери, се соблекле скроз голи и се шкртале буквално по цело тело. Машки деца, па и на интимните делови се шкртале, немало чисто мевце останато. Негувателките не биле присутни кога се случувала драмата. Мајките во воздух кренаа негувателка, ама секое чудо за три дена, се заборави, негувателката уште ги чува децата.
    А, истата мајка што се кара со мене, пред некое време драми правеше зошто се откажа настап за денови на медот,од причина што беше премногу ладно а и децата од таа возраст не ги вметнале во програмата. Мајката се караше, да се бунеле сите, настап морало да има, детето плачело, се истрауматизирало, несакало во градинка да оди веќе, го лажеле, греота.
    Не се мали, на таа возраст дете знае што значи да му плукнеш во лице, и дете треба да разбере кога нешто со причина неможе да добие, без драми и чуда.
     
    На Skorpija25, Asistentkа, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    На ниедно дете "умри" и плукање не му доаѓа природно.
    Тоа е видено и научено однесување.

    Знаете како?
    Ова беше зае×анција по фејс, ама ЕПТЕН има вистина.

    *Ве известувам сите дека 10 годишнина од матура ќе славиме на јахтата на Трпе единичарот*

    Некој ќе збори, ќе пењави, ќе учи, ќе воспитува... некој ќе фура "деца се ќе пораснат".

    И после твоето учено, културно, воспитано дете ќе оди на 10 години од матура на јахтата на Трпе единичарот, кој секако има маме и тате да му обезбедат се', па зошто би го воспитувале кога од нивната аристократска лоза сите се спешл сноуфлејк?

    Значи сестра ми е 9то, од 6то навака има две девојчиња во одделение кои се однесуваат УЖАСНО со наставниците, овие не смеат од час да ги избркаат, баш се "Трпе единичарот". Мајка ми после секоја родителска "вриеше" зошто на секоја поплака од наставниците нивните родители викаат "арно де, секако задолжително е образованието, ќе завршат".

    Абе ајде?
    Може ќе завршат, ама decent human beings никогаш нема да станат, оти нема од кого да научат.

    Од раѓање се спешл, за нив посебни правила има.

    Во нормален свет ваквите ќе бидат маргинализирани за да научат како треба да се однесуваат, а кај нас сите се со врзани раце - учители, социјални работници, воспитувачи...

    Јер мама зна најбоље.
     
    На Ane-Goki1, Asistentkа, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    70.717
    Може не е соодветен примеров, ама е поврзан со темава

    Синоќа го гледав филмот Wonder
    Накратко, се работи за детенце кое има ретко генетско пореметување, поради кое има аномалии на лицето. Започнува да оди на училиште и е предмет на потсмев и bullying
    Едно од децата ќе оди до таму што ќе го избрише со фотошоп детето од групната одделенска фотографија
    Кога ги викна директорот родителите на разговор, мајката призна дека таа го направила фотошопот, бидејќи сакала фокусот да биде на нејзиното прекрасно дете, а не на тоа со аномалиите... Патем, рече дека немало штета од мала повреда на чувства, и дека нејзиниот прекрасен син е најдобар.
    Иако ова е само филм, и реалноста е таа
     
    На Skorpija25, Annath, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Трета смена - ве има, доаѓам и ја. :D

    У мое време, не толку одамна, проблематични беа децата на проблематични родители. Родители кои се по цел ден на работа, родители кои имаат ниско образование, самохрани родители, алкохоличари, семејно насилство итн. Ќотекот се користеше како воспитна мерка и генералниот заклучок е дека помага. Не во позитивна смисла, ама крајниот резултат беше мирни деца и во училницата, професорот го имаше главниот збор.

    Во некој момент, некој ја подигна свеста и посочи дека ќотекот е трауматично искуство. Супер, одиме чекор понапред. Ама, оние не објасниле или овие не разбрале дека постојат други методи со кои се воспитуваат тие мали човечиња кои апсорбираат буквално се од околината нивна, меѓу кои говорот и однесувањето.
    Проблем е што родителите буквално го сфатија тоа дека ќотекот е големо но-но, па не само што ниту гласот не им го повишуваат на децата, јер и тој трауматичен, туку едноставно ги оставаат да пораснат.

    Крајниот исход од овој пропуст го трпат децата кои имаат свесни родители.

    Сериозно, не во мое одделение, туку во моја генерација немаше мамини и татини дечиња, немаше органска храна и броење калории, немаше толерирање на будалаштини. Изгледа работите функционираа нормално. Проблематичните деца имаа единици, одеа на дополнителна настава, на разговори кај педагогот, дури и на продолжително ги оставаа професорите.
    Читам и гледам дека денес проблематичните деца се опишани како хиперактивни, учителката не смее да повиши тон и не смее да стави 4ка. :|
     
    На Val-Dim, Annath, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Сестра ми ја прогласија за ученик на полугодие.

    Не оти не учи детето, и да не сака мора, ама јас кога бев основно имаше деца што ЕПТЕН учеа, баш не се случило да немаат домашно или не знам, да заборават шестар да донесат... со нашава сите сме ангажирани околу образование, еве вечерва имавме плачки со историја и ВСВ... и си викам, ако ти дете си најученик, којзнае со какви деца учиш :^)
     
    На Val-Dim, mira.mira, PUPICA и 18 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Стигна и третиот дел од трета смена :D
    Супер ден, непланиран шопинг направив, утре пак на ручек ќе одам, есвај чекам утре да стигне.
    На мени за вечера суши ]:) се надевам нема никој буден вака рано да седне со мене да јаде.

    Хиперактивни деца, дали постојат такви?. И овде се жалат од децата едвај чекаат да ги пратат во школо да се одморат од нив.
    Мислам дека е недостаток на ќотек тоа. И за родителите и децата. Порано се знаеше, правиш беља во школо и одиш на рибање кај педагог, психолог, директорот. Сега ни тоа не помага. Полошо е тоа што родителите ги поддржуваат во глупостите. Демек госпоџата го учела детето дома, дома се знаело, ама на тест 3ка добива па оди да се кара со наставничката, таа била крива. 3то одделение. Кај и е крајот?

    Море како ме рибале дома за лекции, тато особено, ќе почне да ме прашува, јас наученото го пеам, па ајде нешто од други книги, и ако не знам, одма добивам куп книги да прочитам затоа што е срамота тоа да не се знае, општа култура било, за 5ка морало плус секогаш да објаснуваш.
    Плус не учиш за наставниците, туку за ти после да не се срамиш |(

    Учиш, се трудиш, не спиеш, полагаш, дипломираш и после за работа книшка ти бара :D
    Или одиш странство, па таму ич ништо не ти се признава, па ајде поново студент :o

    Си промашив стопката :D недоискажана да не останам.
    Ама нејадена нема да останам.
    Ајде бујрум кој е за 1518055305361806622498.jpg
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
    На Skorpija25, Val-Dim, mira.mira и 20 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Добро утро
    За деца,воспитување и краен резултат од долгогодишен труд имам многу што да кажам.
    Но,ќе се воздржам и ќе кажам-плукнете си под пазуви и не критикувајте туѓи деца,зашто животот не е два дена,трае далеку подолго и се што пљукал -дома ќе ти дојде.
    И немојте да велите НЕ..не е така..
    Зашто и јас велев пред 20 години:) па сама пред себе се срамам:).
    Децата секој си ги воспитува по свој терк и за секого така е најдобро.Но,сите теркови се различни.Од таму и различностите меѓу нас.

    Е да си ми жива и здрава за ова.
    Ова чекав некој да го каже освен јас:D.
    Ако домашната атмосфера е параспур,и детето ќе се претопи.
    Исклучоци има,но...поентата ми беше и вчера со "онаа" темата ваква.

    Иначе сега ,од оваа инстанца ,кога се возрасни ,само едно им зборам-животот е еден,како ќе си го уредите,така ќе си живеете.Од мене имате отворена врата за муабет и разговори.
    А тутор да ви бидам-не:).
    Веќе карактери се во прашање...а и не се мали.
    Тоа што се јадосувам на нивни постапки-мое си е|(

    Имајте убав ден...
    ..море и убав живот:hai:
     
    На mal.ecka, Rebecca_R, JuLleE и 18 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Morning :yawn: :coffee:

    Боли грло, нос тече... аман веќе |(
    Ми се здосади.

    Колку и да преферирам кафе сабајле, денес од мене чајче имате :)
    0f03173bc99cd8137e1ab7f5743b9f6e.jpg

    Стилови на воспитување секој има, тоа океј.
    Ама и дете кога бев не ми беше јасно како е во ред за некои родители децата упорно да им одат во школо без домашно напишано, да се клештат како нетокму на часови, да бегаат од часови секој ден, да имаат 7 единици од можни 9 предмети... и децата и понатаму да не бидат казнети и да си шеткаат слободно низ населба.

    Моите биле строги кога било школо во прашање, се сеќавам на првата четворка, во 5то на полугодие историја ми стави четворка, ги помешав Спарта и Атина, таа ме праша за Атина, а јас за Спарта одговорив. Очигледно беше дека сум учела, ама за "памет" подобро да го слушнам прашањето добив четворка.
    Дома ми беше срам да кажам, затоа што единствена задача во животот ми беше да учам.

    После, се сеќавам како вчера, имаше снег до колена, мајка ми ја чисти стазата, јас по неа одам и раскажувам :)

    Каков сака нека е стилот на воспитување, не можам да се согласам дека е "стил" во прашање ако имам 7 единици, а татко ми ги однесе во кафана наставниците за да се поправат во двојки :^) тоа е немање на стил, до душа.
     
    На Val-Dim, Rebecca_R, WORRIED.BT и 19 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Однесов дете во градинка, негувателката се крие, имала работа, друга ја превзема до занимална. Детето ми кажува дека кога била случката, едната испраќала дете за дома, а другата си била во ходник со колешките на муабет. Во занимална биле сами, простор за правење глупости, и после не виделе, не знаеле, ништо не се случило.
    Кога одиме на родендени, децата се сами на себе оставени, ова буквално. Мајките се на една маса собрани, и се прават муабети за која каква кола купила, на кое место на одмор ол инклузив ќе се оди, дека игротеката што е избрана е мизерија и дека она закажала за нејзиното дете подобра игротека, со посоленка цена, ама детето и заслужило раскошен роденден. Пред мои очи деца се влечеле по под, се тепале и гризеле, а мајките реагираат со : Деца се, ќе пораснат. Да, децата слушаат и гледаат работи од градинка, школо па пренесуваат, имитираат, меѓутоа домашното воспитување е клучно и најбитно.
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 16 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.280
    Пол:
    Женски
    Е @ivi1987 за родендените и прашинавите игротеки многу сакав вчера да измрчам ама да не бидам погрешно сватена..Зошто е тоа потребно,која е целта на распискани деца кои се тепаат кое да скока на трамполина,кое да дува свеќа на торта и сл,а мајките надвор муабети од овие ти што ги спомна.Зарем не е доволно за 3/4 годишно дете да прослави само со децата во градинка.
    Последен пат бев во игротека кај внука ми,6 полнеше.Врвот беше “детско”караоке на кое ги пееа Цеца и некоја си Николија,а мајкиве живи среќни си аплаудираа(facepalm)
    Туку ај да не зборам многу предвреме,шо вика Рефка ке ми дојде “на глава”:D
    Имајте убав ден:hug:
     
    На Val-Dim, Rebecca_R, Lejla8 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @dunika искрено, заради овие работи го праќам маж ми да го носи детето на роденден и да го пази. Јас кога одев и го пазев да не изеде ќотек, сите ме гледаа под око, сум претерувала, што сум го пазела, нека си играат, дај да седнеме да си помуабетиме. Ама, реално игротеките станаа кафана, со караоке и лајтшоу, гасат светло и рокаат музика без предупредување, вадат деца од памет, и реално се сами на себе оставени, во повеќето игротеки нема девојки што ги пазат децата и што ставаат ред, со толкави букви пишува дека родител треба да си внимава на детето да не дојде до несакани последици. Имаше мајка што си го изгуби детето во толпата, и текна после еден саат да го ѕирне, а тоа со чорапи излегло во дворот, а дворот до сама улица со широко отворена врата :|
    Има мајки во групата што отворено си кажуваа дека им фалело времето кога биле сами и шетале, дека сега биле врзани со детето, дека веќе не уживале во животот како претходно, дека не му се радувала на детето кога ќе си го земе од градинка, монотонија ја тепала, сакала да го даде кај роднини на некое време за да почне да и фали и да почне да му се радува. Ај да е 20 годишна, можеби, ама само можеби ќе разберам, ама за мајка од 40+ ваков муабет ми е :x
     
    На Skorpija25, mira.mira, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Цел живот претеризам ни стана луѓе.

    Од обични работи па се до крупни и работи кои се дешаваат еднаш во животот.

    Убаво е во животот средби да се прават со луѓе кои ти се важни во животот, ама морално ли е да се измислуваат нови моди за средби ?
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Val-Dim и 13 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Уживам во тишина, мм ги однесе децата на утакмица, малку мир за мама.:lol::lol:

    Ќе пишувам реферат, предупредени сте со време, после ово правото на жалба не се уважува.:wasntme:
    Прво ќе почнам од најактуелната тема, за децата и воспитувањето.:)
    Мене ми е многу глупо кога ќе прочитам тука го храни со “органска” храна, онака со потсмев као да им даваме на децата отров а не као да водиме сметка за нивното здравје и денешно ама и понатака во животот.
    Децата не ги тепам а уште помалку повикувам глас, ни по стока не се дере а камоли по човек и не мислам дека се Лео на мама, ни па спешл сноуфлејкс, мене ми се де ама не го наметнувам моето мислење на никого друг освен нели на сопругот.:lol:
    Моите деца се мирнички ама бучни, немаат срам, си пејат кај ќе стигнат, воглавном се весели деца. Имаат и жути моменти кога си рикаат за џабе ама тогаш или ги игнорираме или следува казна стоење во ќош, одземање на играчка, не одење некаде, така ги намалуваме тие жути минути.
    Работам ноќе за да поминувам цел ден со децата, таблети, телефони, ТВ, игри се е тоа ограничено, се трудиме со мм квалитетно времето да ни биде поминато со децата, интерактивни игри, боење, семејни прошетки, константно зборење и мислам дека сега за сега успешно ни се покажува нашиот терк на воспитување.
    Дома можат куќата да ја направат како ураган да поминал ама после учествуваат и во раскревањето на нередот, по куќи се мирни, што ќе им дадат со тоа играат, инспекции по соби не прават, не би им ни дозволила или па попис на кој што има по дома, одраз на некултура ми е тоа.
    За тепање ако ги удри некој враќаат, меѓусебе не се тепаат, не сум ги учела така, сами си знаат да се одбранат, има и инциденти кога им давам дозвола да натепаат некое дете, не е за фалење ама па некогаш си го бараат и децата а богами и родителите.
    Во Скопје кога бев за дедо ми, децата надминуваа страшен стомачен вирус и ги изнесов малку на воздух во паркчето позади зграда, таму две мајки со децата, едната упорно го шиба детето да ги закача моите, ај еднаш, ај двапати и реков да си го прибере детето не е убаво тоа што го прави, цинично ми одговори да не сум сакала црвен тепих да им постелела на австралците мои(facepalm)( ово од ништо предизвикано однесување) е ОК така сакаш им дадов до знаење на децата дека можат да се бранат и си го крцкаше детето затоа што мајка му е глупача.
    Вчера ја носам мадам во парк едно муслиманче ( без навреда ама многу се агресивни деца) ја бутна од љуљашката, стана мадам овој уште еднаш тргна да ја бутне оваа му акна клоца кај што не треба, тогаш рипна мајката као не воспитана мадам и уште со цел памет тргна да ја кубе, имаше среќа што не ја допре инаку маф ќе и беше работата, ќе ја згазев од ќотек без око да ми трепне.
    Знаат и да се извинат без да им кажеме ако ненамерно удрат, бутнат некое дете, кога бевме во ЗОО Конта затрчан во удолница не можеше да застане на време и бутна едно девојче, и се извини и помогна да стане, дури и ја затресе од прашина, кавалер на татко му.:lol:

    Околу мешањето на родителите во изборот на партнерот си имам дома пример на тоа колку ненормални некогаш можат да бидат родителите.
    На татко ми родителите мислеа само зошто се родители имаат право да ги контролираат и веќе возрасните деца во секој аспект од животот а најмногу во изборот на соодветен партнер за нивната возвишена фамилија.(facepalm)
    Не се согласуваа со изборот на татко ми иако мајка ми потекнува од солидно семејство ама без сина крв, татко ми си остана со мајка ми и против нивното настојување да ги разделат, кога видоа не бива тоа иако знаеја дека мајка ми е трудна направија и двајцата да бидат избркани од работа и затоа бидејќи не можеа таму да најдат запослување дојдоа навака.
    Сестра му додека студираше се заљуби во момче од село, истото и нејзе и го направија, немаше врска дека тетин ми образуван, вреден, ја чува тетка ми како Капка роса на дланка за нив беше и ќе остане сељачиште, никогаш не попуштија, ни во едниот, ни во другиот случај, си ги избришаа децата како никогаш да не постоеле.
    Тетка ми иако е мажена на село тоа е со прекрасен човек, двајцата имаат високи функции во блискиот град, децата сите три со факултети и исто добри функции, куќи посебни изградени за трите сина, ништо од ово не влијаеше да омекнат тие старците, ниту нејзините деца ги запознале, ниту мене или брат ми, внуци, паравнуци, се пропуштија од пусти инает и неоснована гордост.

    Татко ми не ни се мешал на мене и на брат ми, ја прифати снаа ми како свое дете, никогаш не коментирал за тоа какви се нејзините, какви се такви се нејзини си се.
    Јас за бившиот требаше да го послушам, ете дете од навидум убава фамилија беше, не ми збореше против него или неговите само ми напоменуваше дека нешто има во него што нему не му се допаѓа и да внимавам на себе и беше 100% во право, испадна тежок психопат.
    Мајка му од кога ме претепа син и, си го искован сопственото дете од стомакот дека он знаел дека е нечие туѓо копиле, дојде другиот ден во болница кај мене да го бара вереничкиот прстен зошто немало потреба курва како мене да има нешто толку вредно од син и(facepalm)и го џитнав од прозор и ја гледав како го бара со саати и не го најде.]:):wasntme:
    Ни да се засрами за тоа што го направил син и, ни да се извини и ден денес јас сум сеуште таа курвата што му го уништи животот на син и.(facepalm)

    Јас не би се мешала во изборот на децата мои освен во случај каде има некакво насилство, физичко, психичко, во тој случај би реагирала, во друг не.

    За болести мислам дека треба да бидат информирани партнерите, не на првиот состанок ама кога гледаш дека станува озбилна врската треба да се каже. Јас на мм за проблемите со репродуктивните органи му кажав после неколку излегувања и да сакав да скријам не можев имам наааааа толкав рез долж стомакот од операциите, тој го прифати фактот дека можеби нема да имаме деца ама фер е да му се каже предвреме да може да се одлучи дали би сакал така да живее без семејство или не, мојот избра дека јас сум му поважна од имање деца и можеби затоа после толку мака бевме благословени со триве :devil: пардон :angel:.:rofl:

    Се изнапишав цееееел реферат, испив две кафиња во меѓувреме со не знам колку цигари, доста е за денес.:lol:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, tina-63 и 32 други им се допаѓа ова.
  17. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    85.281
    Пол:
    Женски
    Добро утро !!!
    Деца ...мислам дека не е така лесно и едноставно да ги изгледаш и оформиш од нив добри луѓе.Тука сака многу нерви кинење ,многу зборување ,многу кажување што е добро што не .
    Точно е дека секој си ги воспитува децата најдобро како мисли,но што му влегува во главите тоа е друго...
    Не џабе рекле тоа што може дете да ти направи никој неможи...
    А,денешниве мајки дека се филмаат и занесуваат и такви ги прават децава точно е ....
    Имајте убав ден !!!
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    43.713
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Вчера имаа состанок советот на родители во градинка . Градинката наша иако е мала. 4 групи , јасли со 11 деца . Група од 2 до 4 години. Интеграциона група со 20 деца и група со 25 деца. И се решаваше кои деца ќе добијат место . Предност имаат деца на вработените родители . Значи се работи за 3/4 места . Некои кои се на листа на чекање се пречкртани.
    Значи без лутење и слично вчера се одлучи кои деца ке тргнат во градинка . Беше прашање за две деца од бегалските семејства , кои за жал нема да добијат место. Интеграција и се тоа во ред ама сепак не е фер да се земе место на дете чии родители се вработени и мораат да се вратат на работа. Децата на невработени исто беа пречкртани . Со оглед на тоа што се дома и можат да се грижат за децата . Повеќето беа од турските семејства и социјалните исто .
    Инаку колку и да се вика дека не е фер и дека секое дете има право на градинка , искрено јасли е за мали деца и реално таму се праќаат деца на родители кои работат . За нормално место од 3 години може да се најде место .

    И да не заборавам во вработени се сметаат оние родители кои активно бараат работа. Да нема збрки :wasntme:

    Сега да се спремам за повојница :D
    Некако мрзлива од сабајле . На -6степени
     
    На Val-Dim, mira.mira, Rebecca_R и 17 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.138
    Пол:
    Женски
    Додека се мали може и мора да се влијае врз децата
    Kaко растат нашето влијание е се помало.После ќе зборуваш трубиш,ама се помалку ќе те слушаат.Веќе е карактер во прашање.
    И многу од тоа на што си се чудел ќе ти дојде пред врата.
    Се повеќе ќе ја сватиме поговорката ќути и плукни си пред тебе.
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
    На Skorpija25, mal.ecka, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    @bittersweet не е проблемот дали некој по дома се храни органско, муабетот е за санктимами синдромот, сѐ најмајки, си раѓала царски - не си се потрудила доволно природно, си родила природно ама со епидурал - не знаеш ти што е мајка (хехехенце |( ) па ако некој му даде на детето сокче купечко, а не цедено - немајка, ако случајно се осмели да даде ад а не да дои - немајка, ако случајно добие кроасан да јаде за појадок наместо овошје - немајка!!

    Да бидеме реални, ниту бебето ФАС ќе добие од чаша пиво, ниту заби ќе му паднат од купечко сокче.

    Тоа осудување е преееемногу присутно, муабетот беше за деца и воспитување, инаку во секоја сфера на животот е присутно.
     
    На Val-Dim, Rebecca_R, WORRIED.BT и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.