Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    И јас истото го зборам. Кога веќе ќе пораснат се свој карактер и е друга приказната. Ама додека се мали, мора да се работи на домашното воспитување и на некои основни правила за добро однесување. Јас, ако ми кажат дека моето дете направило глупост како тепање, гризење, плукање или било што друго, нема да се карам и да се правам паметна дека така растат децата, туку ќе се извинам, ќе се засрамам и ќе зборувам, карам и објаснувам до недоглед се додека не му влезе во главчето дека не е добро така да прави.
    Моето дете има само една беља направено во градинка, се качила на радијаторот со уште едно девојче и искинала хартиена елка залепена на стаклото. Не беше од типот да нападне друго дете, туку си ја загрозила безбедноста. Воспитувачката пред неа ми кажа што се случило и имавме долг разговор и објаснување дека ако прави така може да се повреди и дека не е културно да се кинат елки кои негувателките со толку труд ги сецкале и боеле и лепеле за да им ја развеселат занималната. Ама, по правило на некои мајки јас требаше да речам : Голема работа, дете е, ќе порасне, сите прават така.
    Ама, млада сум била, ништо не сум разбирала, сум летала во облаци. Таков "комплимент" добив.
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  2. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.423
    Допаѓања:
    279.639
    Пол:
    Женски
    Eee @ivi1987 ама многу се ретки сега таквите мајки како тебе кои реагираат на таков начин.
    Сега се ќе најдат само да го оправдаат своето дете,се жалат за сите околу и од другите деца и од воспитувачки ама ретко за своето дете.И децата полни самодоверба прават уште бетер.

    И јас како тебе ,секогаш укажував на грешките на моите деца,никогаш ништо лошто за учителката иако знаев дека работите за кои ми се жали детето е потполно во право.Јас само по моето викај зборуј,учи повеќе ,труди се,во право е учителката е така мора...:swear:И еднаш случајно кога ја перев ташната во едно мало коѓе најдов стутканио ливче и на него:Не ја сакам учителката...(2 одд беше) Се фрапирав.:(Детето од што не смеело да си го искаже гласно својот став тоа го напишало.Таа и јас плус со нашето строго воспитување мислам направивме големо негативно влијание на ќерка ми во формирањето на нејзиниот каракрер:намалена самодоверба,негативен став кон своите способности...
    Воспитувачките и учителките до 5 од заедно со родителите имаат најголемо влијание врз животот на едно дете...
    Забегав со муабетов ама...
     
    На Ane-Goki1, Val-Dim, Rebecca_R и 17 други им се допаѓа ова.
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Грло ме боли,глава мускули се кога ќе заврши оваа зима веќе аман.
    Дете испратив во школо аман уште годинава целодневна и плаѓање за храна,бљак,синко не ја ни сака а не е ни којзнае што.
    Салатата му мириса на нафта,млекото е пола вода ,а лепчето проѕирно за 2500денари,па во градинка имаше поубава храна.
    Кафе испивте еве ви уште едно

    1200 × 846 - kafepauza.mk
     
    На green.eyes, Sesil, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  4. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добар ден девојки. Муабет за деца хммммм. Не сум Лео мамичка дефинитивно, може повеќе да сум како оние другите :). Големава е мн самостојна, сама се бори за се, ако се закачи со др дете сама си бара начини ама ако не може да се снајде доаѓа и се жали кај татко и. Никогаш не сме интервенирале, само ја пренасочуваме кон др занимација подалеку од конкретново детенце. Сум си пишала и на друго место, мојава беше гризачка кога појде во градинка. Устава пена ми фати од зборење, секој ден прашував дали гризнала некое дете. Кога ќе ми кажеа дека друго дете ја удрило, гризнало, скубнало, не реагирам, си го знам детето, покусо не останува, нека си ги бие своите битки. Е сега проблем со учителки сме немале до сега, жените се прекрасни. Ама мојава ја тероризира братучетка си, помала е и мн е мирна па мојава се и зема, ја турка, буквално се караат чива е баба. Збориме, збориме, и за се вика да да така е, ама штом ја види си почнува по свое. Само со неа е таква, сега одам кај мајка ми кога брат ми не е таму ако ви се верува. Фала богу па снаа ми не се лути.
    Денес ја оперираат мајка ми, чекам да ми јави резултати. Ја мислам, само со лесно да помине.
     
    На Ane-Goki1, mal.ecka, Val-Dim и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Каква пена прави новото кафе, аууу частам .:coffee::coffee::coffee::coffee:

    original.gif
     
    На Ane-Goki1, vitamina, green.eyes и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Хелоу друштво 8)

    За воспитување на деца, ќе речам, се трудам, го давам најдоброто од себе. Какви ќе излезат моиве, не знам, ама се надевам дека ќе бидат луѓе, свесни, совесни, човечни и разбрани.
    Големиов секој ден кажува дека децата во училиште биле доста немирни, а и учителката се жали од неколку дечиња, на секоја родителска истото го кажува. Ама некако родителиве ко мува да не ги лази, тоа го забележав и на систематскиот преглед. Моево не е цвеќе за мирисање, ама не се закача, му имам кажано да се брани ако го чепкаат, ама прв да не почнува ништо. Како ќе биде понатаму не знам, ама знаејќи дека авторитетот што го имаа наставниците во наше време сега го нема, ме плаши иднината. Но сепак сум оптимист.
    Не сум за ќотек, ама сум за принципиелност и авторитет. Со разговор се се решава, ама зависи од детето, не секогаш ист метод пали кај сите деца.

    @Ginger^ сподели де, од каде кафево :wasntme: и јас сакам...

    [​IMG]
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Val-Dim и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Не открив ништо ново во светот на зрното кафе, ама за мене е новајлија:f:

    Еве го.
    download (1).jpg
     
    На Val-Dim, vitamina, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.804
    Пол:
    Женски
    Кај сте бе цуциња? :*
    Под Хитно @Ginger^ цуцо стаај кафе за мене, оти ова од сабајле еве го мртво ладно на маса, а јас топличко сакам, ама што да се прави коа друг ќе те прекине а само што си го сварил, па и без пена да е, кафе ти е.

    Зборите за воспитување деца, најтешка тема и предизвик во животот. Јас знам како ќе го воспитувам моето, ама проблемот е како ќе се снајде во мноштвото невоспитани, а врие од такви. Кога ќе видам невоспитано дете, насилно, разгалено, искрено го жалам, бидејќи толку од дома го воспитале.
    А и кога ќе ми текне дека со мајките дома турски серии заедно гледаат, јасно ми е од каде насилството.
    Да, треба да се воспитуваат на убаво однесување, на дружељубивост, чесност, амбициозност, но сите да ги воспитуваат така, а за жал општеството е полно со различни луѓе, различни карактери, различни социјални слоеви итн. и далеку од такво совршенство. Важно е детето да го воспитаме да биде свој човек, да има свое јас, да биде јако и да стои на свои нозе во борбата за остварување на своите амбиции и да бира друштво по својот терк.
    Статусот во општеството, образованието, немаат врска со основната култура и воспитувањето, многу често гледам такви случаи.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, vitamina и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.757
    [​IMG]

    Да почастам.
    За арно, за убаво.
    За месец и нешто и свињетина ќе сервирам.

    Шо е вака "спарна" атмосферава? Чија китка у лево е?
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, mal.ecka и 25 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Баба викаше ,,му моча на страна,, :rofl:

    Стварно е спарно, ама времето.
    Ме замлати времево.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.757
    Мене па ми студи... срамота е да кажам дека со фен се дотоплувам... :wasntme:
    Тука нешто сте ми како корнишони, никој ништо не пишал речиси саат...
    Баба ми па вика, што си ми ваква ко немочан(а) од сабајле. :rofl:

    А за темава сакав да се доискажам и забораив.
    Место постарите да ни речете, арно дечки терате, само строго, све распрдени се младиве родители, вие по нос не шлапнавте. ;(

    Сум сонувала дека сум му била на свадба на дечко ми...хехе...хехе...
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
    На Ane-Goki1, Rebecca_R, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Леле благивеее 8-| Ова дека несмеам чоколадно ништо да јадам па се пролигавив на биро :tmi:
    Јас од мајка добив критика дека дома сум имала воена диктатура, лошотија сум била. Сестра ми па е критикувана дека не ги стега доволно децата, и најди го крајот.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Уф штета што е Нескафе. Претпочитам други брендови. Ама ќе го пробам, фала за препорака.

    Како да не сме скиснати, времево баш е за никаде. Да не ми се пациентиве, ми се чини ќе заспијам. Додуша, пола не дојдоа од закажаните....

    Книгава до мене ме вика, имам уште малку страни да ја дочитам, ама не ми се чита... барем не сега... сега покрај форумов, отворени страници за дополнителни квалификации и курсеви...веројатноста дека пак ќе се вратам во школските клупи е голема :?:
     
    На Ane-Goki1, Val-Dim, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.757
    Како бе не дошле на закажано?
    Стоматолошка ординација е, не е фризерница.
    До душа за на фризер и да касни ќе дојде... тоа фризурата мора да биде наццкана или ноктите, а 6ката абе шокоетакво, не се гледа...
    Се јавуваат бар да откажат?

    Ти девојче со мигрените, збогувај се со блачко бар на некое време...
    Од искуство ти кажувам.
    Не дај боже да те фати пак, ама еден топол совет од мене - ако те фати, оди со сила да повратиш, па номигрен едно и ќе легнеш да спиеш.

    Не знам каков родител ќе бидам, само да биднам прво.
    Ама по примерите од околина... гледам дека е до родителите. Секако има темпераментни деца самите од себе, такви братучеди имав. Ко магаренца знаеа да ги натепаат, не бе брате, бесни и точка. Со глупости правење, со неучење после... па еве ги нормални и успешни се сега, ама тогаш беа неподносливи, а родителите се од себе даваа да ги стават во ред. Ама младиве родители... сериозно гледам недостатоци во нив. Не е тоа од љубов, тоа е од мрза и комплекси, се гледа дека е до нивниот стил на воспитување, а не дека се трудат, ама ете детето е такво. Прво од што го сакам нема да дозволам да си го уништува прво својот живот, па на другите деца. Знам дека не е секогаш до родителот, ама збориме за примери каде што е очигледно дека е до родителот. Ете 2 саати ќе му удоволни на гости да држи 4ца возрасни како заложници со пуштена музика до даска... не е нормално тоа.
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
    На Skorpija25, Ane-Goki1, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @Lilit откако почнав со терапијата, не сум каснала благо, дисциплинирана сум. А за останатово, ќе те послушам, само се надевам нема да ме фатат пак истите неподносливи болки.
    Денес времево ќе не дотепа или така ми се чини?
     
    На Rebecca_R, kuc, malerozna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Некој се јавува, некој не. Најчесто забораваат, ама искрено, ако не ги боли забот, не се замараат. После кога ќе ги боли, ќе трчаат, ама тогаш ќе мора да чекаат и уште се лутат. Не ме изненадува со оглед на тоа со која популација работам. Има луѓе, си почитуваат термини, ама има и такви што доцнат, како и такви што воопшто не доаѓаат. Сфаќам да излезе нешто некогаш во тој момент кога имаш закажано, ама културно е да се јавиш и презакажеш. Ама поимот култура тука е непознат. Само проблем е што јас на крајот испаѓам крива што ги болел забот и дошло до крајна фаза, за вадење, а не ги почитувале термините кога требало да дојдат. Отрпнав веќе, не им се замарам.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.018
    Го правевме муабетов летоска.
    И кај нас е исто.

    Сите сме сведоци дека НЕМА термини.
    А да ви кажам дека денес од 15 закажани кај еден доктор, 4 не дојдоа?

    Што ги кошта да се јават или во крајна линија сами да си откажат преку страната на МТ?

    Да се почитуваа термини, немаше да се чека МР и КТ со месеци. Оти еден човек 3 пати термин ќе фати дур еднаш отиде.

    Некултура и несовесност.
     
    На Ane-Goki1, Rebecca_R, Sesil и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.804
    Пол:
    Женски
    И да му идеш, што побрзо да дае Господ, ама облечи бело фстанче. О па и ха тррр р рн :dance: :music:
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Убав ден имајте.Лилит дај боже пак да има блакце да части.Одамна не сум каснала блакце,освен вака,па сега ниту ми фали,ќе си погледам и како да сум јадела:tmi:.За воспитување на децата,сум правела колу што можам да е исправно,и ден денес знаат да кажат,,добар ден,,како сте,кого и да сретнат познат на улица,тоа ми е пренесено од познати кои патем се чудат за таквиот нивен однос на денешно време.Но често пати и им се обива од нос,тоа што не знаат да играат нефер,па и често се прашувам дали им направивме услуга или против услуга со нашето воспитување.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Денес првпат во животот се најдов во ситуација да морам да ,,признаам,, туѓа грешка пред авторитет.

    Неоти ќе се запише како добро дело, напротив како моја глупост ќе се ,,води,,

    Аплауз не очекувам.
    Ни благодарност.

    Само трошка соучество во мојата моментална збрканост и тежина на ситуацијата.
    Ама ете некој ни тоа не го прави.

    Ама , еве јавно ветувам дека нареден пат ако се деси туѓа професинална грешка, нема да постапам како сега, зашто немам место за втор пат.Нареден пат ќе бидам издаица.И то ме заболе дали ќе ме викаат кодош или предавник....зашто сега никој нема бар да ме тупне по рамото во знак на сочуство.

    Јасно и гласно кажав - никој да не пробал да ме убедува дека ќе биде добро....зашто добро ќе беше единствено ако виновникот си ја признаеше грешката.
    Вака како што е-не е добро.

    Од ситни работи можеш да ги видиш луѓето какви се...
     
    На Ane-Goki1, bittersweet, Val-Dim и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.