Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро, што се сте прочешлале дури јас сум се оправала со беба бреееј...
    Запросување во јавност, боже пази. Да чекав мм да ме запроси уште немажена ќе си бев, него арно му беше и без папир, јас бев таа што се замараше "како требало". Глупоштии.
    Се каам за пропуштени шанси и лоши избори во младоста. Пред се се каам што секогаш озбилно сум си ги сфаќала работите.
    Кум, сум рекла 1000 пати, имам кум ѕвер. Разбирање до 1001 и назад. За ништо не ни се замешал и во ништо не бил инволвиран на сила. На нашата свадба па и на крштевката на големава сите такси мм ги плати. Не сакаше да оптеретува никого со тоа.
    Името на големава ни беше смислено уште дечко и девојка бевме. За малава јас и кумот сакавме женска варијанта на името на мм он не прифати. Јас се породив и уште не знаев како ќе се вика бебето. А кумов после некој ден ми пишува на вибер, како е Наде? Јас ?????? ( мајка ми е Наде ама оти би прашувал за мајка ми). После сфатив оти пијана работа кога му кажал мм дека Неда ќе се вика овој разбрал Нада и на сите им кажал оти кумашинчето Нада се вика :)
    Кафе на мени па да се потфати по дома нешто.
    Убав ден
     
    На Skorpija25, WORRIED.BT, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.928
    Допаѓања:
    163.966
    Дојдов само да кажам - кој има проблем со умор, забавен метаболизам, анемиjа итн, Фукус од натурал велт ќе му заврши одлична работа.
    Трет ден со нив, чувствувам разлика.
     
    Последна измена: 15 февруари 2018
    На WORRIED.BT, Rebecca_R, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Прашаа, договорени бевме
    Најпрво, ко на шала му дававме идеја на кумот да ја побара кумата... Ама другаров слушна и све се договори два дена пред свадбата... Требаше да им го наместам бидермаерот, и сосе него да клекне...И успешно беше

    До ден денес се каам што попуштивме и правевме свадба... Ние сакавме да изрентаме кафич покрај езеро, и да си направиме забава...Ама родителиве почнаа со приказни- што ако врне? -како мислите така?
    -поскапо е така и сл. срања
    Па како маж ми бил едино машко во фамилија
    Како така да не се поканеле роднини до 5то колено шо на улица здраво не ми викаат
    Па како така да не ме земеле од дома
    Абе абе, од оваа гледна точка ми иде да си пукам в колено
    Ама тие плаќаа на крај, иако му велев на маж ми да земеме кредит и да си го плаќаме сами, ама ќејфот да е наш

    Кумот без проблем прифати и име и се', за венчавката имавме тарифник кој колку треба да плати, а за крштевка си плативме сами... И ден денес се смееме колку беше потресен да не ги чукнел круните и како едвај го додржа малиов за крштевката пошо си беше буце :rofl:

    Наравоучение: Не правете ги истите грешки како јас :!:
     
    На WORRIED.BT, Peco, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.385
    Допаѓања:
    262.030
    Пол:
    Женски
    Кумот ќерка ми за рака ја носеше во црква на крштевка :) еве и до лекар не донесе. Си помагаме можеби зошто живееме едни до други па е неминовно да сме блиски.

    Апчињава на Лилит уште денес ќе ги купам.
     
    На Skorpija25, Peco, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Лилитке, што и да препорачаш ти, после ко дрога се шири по форумов... и по фб богами...
    слика од нив, нешто? Не можам да ги најдам на официјалната страна на Natural Wealth.
     
    На Skorpija25, Peco, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.928
    Допаѓања:
    163.966
    Сум утнала.
    Нeјчр есеншлс.
    Не знам зошто секогаш ги мешам.
    Еве ги. 20180215_114536.jpg
     
    На Rebecca_R, kuc, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.916
    Ќе ги земам Лилит, оти глава не можам да дигнам. Вака никогаш не ми е било, волку уморна и без енергија. Дете одведов во градинка и спиев до сега.

    Еве ме мрзи да пишам и на темиве
    Или не сакам. Не знам.
    Јас се венчав во црква, дете крстив. Пак да родам и пак ќе крстам. Верник голем не сум, ама знам да идам во црква и да се молам. Тие церемонии ми беа најубави.
    Се што е за убаво јас го правам
    Свадба сакав голема и убава, но сплет на околности мораше мала и да биде како забава.
    На крај ете и се разведов.
    Не паметам кога ме запроси. Одевме долго и се беше со договор, како за брак па така и за дете. Бевме заедно и решивме дека сакаме дете. И така бидна.

    Дали се каам за нешто? Да, се каам. За моментот кога не послушав и не заминав на студии и постдипломски во друга држава. Во име на љубовта.
    Но, затоа го имам син ми. Никогаш не ми е мака што го добив. Од се во животот, он ми е најдобрта и највредната работа што ја имам.
     
    На bittersweet, Skorpija25, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  8. diskreten32

    diskreten32 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Машки
    ajde da ve pozdravam i ja deneska nekako denot naopako ide ama so kafe ke se sredi
    pa koj e za kafe neka poveli dodeka e zesko kafeto de pa povelete navalete na kafe :D
     
    На Dadusicka, Marija), kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    За кумови не се изјаснив,па “ми стои”:D
    Наследно кумство е нашето,веќе трета генерација,ама такви срциња да барав немаше да ми се паднат.Ептен ги засакав од прва средба,особено ќеркичките:l:

    Кумата ми направи чест како никој до сега-татко и почина точно една недела пред свадбата.Боледувал од рак,не беше изненадна смрт,ама загуба е загуба,плус родител.
    Настана фрка малку се туфкавме како што,и очекувавме да откажат,имаше и кој да упадне да не венча место кумот,ама не.Средата пред свадба дојдоа,и ме тргна на страна да ми се извини дека ке биде во црно и нема да игра.Без текст останав од чинот нејзин,и и реков дека јас не би можела да стапнам на свадба да сум на нејзино место.Никогаш нема да и го заборавам тоа:angel:

    За име на дете,кешки да останам трудна,сите ке ги прашам,дури и вас тука:sun:
     
    На bittersweet, Skorpija25, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    @Lilit јас сум лоша, ама дм е бетер од мене :) јас сакам со муабет да се разубедувам, тој "ги сече". A може е и подобро неговото, не му приговараат после. Пошто ако тој рече "одлучивме нема црква" не ги ни остава да се доискажат. Значи одлучивме, крај на муабет. Па знаат дека јас ќе ги ислушам, па ќе им објаснувам.... и секогаш мене ми се закачуваат :D

    На темава ги читам постарите како ги терале работите, и на секој пост си климам со глава и викам - ееее, така треба!

    Значи мојава генерација и помладиве се такви со циркузи и помпи. Од запросување чунки мислиш престолонаследници се, до се'.

    Може се сеќавате пред некоја година тој во Гевгелија сосе дрон, цел филм правеше како ја запросува девојката, кај неа дома кога отиде.

    Секој може што сака да си прави со својот живот, ама мене таквите прејавни, пренападни моменти повеќе ми личат на глума за пред публика, отколку реално покажување на љубов.

    Не знам што се случи меѓу тие 10-20 години постари од мене, и мојава генерација, дали достапноста на интернетот ги отупе луѓево и ги направи толку површни.

    Бев на свадба која кошташе 40 000+ евра. Камо да беа толку богати... ама не се. Кредити, хипотеки, залози... под кирија живеат. Со 40 000 евра станбено прашање се решава.
    Затоа викам дека се површни. Да, направија свадба во која уште жирафа да прошета фалеше.

    Се' повеќе е исполнување каприци и смислување на што подобра инстаграм свадба, а се' помалку е славење на љубов.

    Можеби грешам, не знам. Ама ете, таков впечаток имам.
     
    На bittersweet, PUPICA, Dadusicka и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Нема простор за преговарање коа е нешто за мене. Јас секогаш викам свадбата е на младите и нека си ја организираат тие како сакаат, тие се славеници, другите се само ради нивна чест таму. Шо знам ете мене од помала ми даваа доста простор сама да одлучам за работи кои ме засегаат само мене.Еве нашите родители ја покрија сета свадба ама не драмеа дека тие плаќаат и по нивно ќе биде

    И не ја сваќам потребата да те виде светот, да се покажеш. Јас слики споделив 3 од фотосесијата на фб. Фактички тие што ги добиваа гостите со нивната слика заедно. И толку...
     
    На bittersweet, Rebecca_R, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.359
    Допаѓања:
    278.872
    Пол:
    Женски
    Запросувања во наше време немаше.Ствар на договор.После 7 г.врка,завршен фак и маж вработен демек следно е свадба.Искрено се каам што не си поседовме уште малку слободни,млада бев ама...:l:
    Свадба јас сакав,мм не ама сепак имавме свадба нормална традиционална во нормални рамки.Па јас и не се замарав со вака така требало,едноставно како нормално се беше да е .земање од дома, црква,ресторан.
    Сум кажала дека немам против тие на некој начин вообичаени работи,само МНОГУ сум против на тоа вака прави вака не прави оти ова чини ова не чини...:!:

    Имињата сама ги одбрав јас а кумот не правеше проблем ама сепак традиционално мм беше да праша...

    Интересна случка сега ми текна.Ние сме кумови на повеќе дечиња.Се од другари наши нови кумства..
    Едно од нив се роди на Велигден точно.И сега иде таткото ама уште со старите живеевме .И свеки уште тој на врата таа; Еее си го носи името -Велика.(facepalm)Леле еден поглед мм ко и упати уште памтам
    Нормално го крстивме по нивна желба.
    Едно друго пак мајката уште на старт бременост уз муабет си кажа како би сакала да се вика ,демек по татко и .Ама специфично име,верувајте го запишав да не го заборавам додека се роди...оти тие се малку специфични одма замерка ќе стават...
     
    На bittersweet, Skorpija25, WORRIED.BT и 17 други им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller подобро е дт што е таков. Подобро да сече од старт, него на глава да му се качат. Камо маж ми да беше таков на времето, немаше ни ден во заедница да бидеме. Ама, он секогаш ми вика -Од грешките се учи, како инаку ќе си го покажеа вистинското лице? Ама, работата е што јас ги прочитав уште пред да влезам во таа куќа. и сакав да ги прескокнам драмите и од сам старт да бидеме сами. Среќа бевме во пеколот само 10 месеци, 8 кај неговите и два месеци кај моите, после тоа чао џаци, отидовме под кирија 4-ти месец трудна.
    Ама ме вративте во времето кога се спремавме за свадба, па на невидена венчаница свекрва ми кога ми рече -Твојата нечини, дај на интернет јас да ти покажам слики каква венчаница ќе носиш, па дај да те носам кај мојата шнајдерка цела во чипки да бидеш :D Па дај гоооолем бидермаер да носиш, па косата јас ќе ти кажам каква да ти ја направат, па музиката била тапа што сме ја одбрале, па ресторанот бил цел со стубови, кај ќе играеле сватовците и гостите? За на крај да симне капа и да рече свадбата била прекрасна, ама пак по нејзина заслуга, нејзините гости биле отмени и културни, жените дами со долги фустани, моите сеЛаци:bow: :D
     
    На bittersweet, mal.ecka, m.i.g и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.385
    Допаѓања:
    262.030
    Пол:
    Женски
    Велика ми е едно од поубавите имиња, најсериозно ова.
    За венчаницата платив 2000ден у буњаковец за шиење, збор не спомнав дека се мажам. На пауза двапати пробав. Јас не знам да правам драми за вакви настани, не ми ни текнуваат на време скандали :)
     
    На bittersweet, Peco, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Да не останам покусо да си кажам,да не ми лежи на душа,да се каам,се каам што не бев како што сте вие сите помладите и чест на исклучоци од мојата генерација:bow:,не бев доволно силна да се изборам за себе,да можам нешто повеќе да постигнам,вака си останав неука,и што не бев способна да кренам глава,ама живот ј...а.
     
    На Skorpija25, lunicka, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.430
    Допаѓања:
    143.459
    И ние правевме традиционална свадба, по желба на родителите.Решивме да им угодиме и не ми е криво. Единствено ми е криво што не земавме поголем ресторан :D.

    Правевме и во црква, по желба на мм. Јас бремена имав крштевка, пошто претходно не бев крстена, а морало да бидеш за венчавката. Ама ми ги простија гревовите кога се одреков од сатаната. Што да кажам, крштевката не те прави верник, не ми замерувајте за коментариве :)
     
    На bittersweet, Peco, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Види, јас со моите знам како. И тие ме познаваат мене и не ме закачаат.
    Ама, мене ми е непријатно на будуќа свекрва да и' одбрусувам како на мајка ми, не сме толку блиски.
    Јас ќе ја ислушам, ќе се објаснувам и докажувам... за било што.
    Затоа викам среќа дм што нема нерви да им објаснува ни на мајка му ни на моите, пошто и таа и моите си имаат доста маани.
    Јас секогаш моето го истерувам, ама со докажување, не знам да кажа КРАЈ на муабетот :) а тоа троши мнооогу енергија.
     
    На kuc, mal.ecka, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    @Lejla8 немој да се каеш мила,тогаш биле такви времиња,старите главни за се,па под нивни кров,и они го имаат последниот збор.
    Мајка ми,така воспитана,си ќути цел живот,добро сеа малце во менопауза збесна:rofl:,ама во главно ги почитува премногу.Бабче моја да е жива и здрава,ама многу се меша и става тертипи,плус има некој вроден жртва синдром и така тежок карактер е.Јас до сега на мајка ми местото 100 пати ке бев разведена,каква љубов какви бакрачи...
    Ама тоа е,нови генерации,се повеќе индивидуалност,бунтовност без причина(а можеби и со),а од срце се надевам дека ке се поттикнат убави промени и искоренување на лошиот менталитет!
     
    На bittersweet, Skorpija25, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Marija)

    Marija) Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    А сега кафе? :angel:
     
    На Lejla8 и diskreten32 им се допаѓа ова.
  20. diskreten32

    diskreten32 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Машки
    Se gotvi pak popladnevnoto kafe pa poveli na kafe
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.