Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.322
    Допаѓања:
    278.447
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на малата лепотица @WORRIED.BT :party:
    Каков страшен сон сонував,ми го зезна денот.
    Ама ќе го оправам па што е нека врви само со лесно...
     
    На Peco, mal.ecka, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Morning :yawn: :coffee:

    Страшно ми се спие... а и какво е облачно, само за спиење...
    Оскари ни како дете, ни сега не гледам... досадно ми е.

    Понеделниците само сакам да ги преживеам. После полесно се дише.

    Убав ден на сите :)
     
    На Dust, Rebecca_R, stetoskop и 15 други им се допаѓа ова.
  3. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    85.160
    Пол:
    Женски
    Добро утро !!!
    И јас ќе ги гледав Оскарите но тие ме видоа мене сум заспала :lol: ...номиации изгледав и толку но и многу касно се денес ко успорена снимка ќе бев ..
    Облачно и кај нас но мава некој зрак сонце од зад облаци ..
    Кафе ќе се пие и спанаќ имам за чистење па на работа ...
    Убава работна недела !!!
     
    На WORRIED.BT, Peco, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  4. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро, мене ко секој ден ама понеделник било викаат :) Мм денес има слободен ден и од вчера му е испланиран до минута. Дали не има нас во плановите? Тешко :) ама како и да е вечер ќе си ја носи ќерката во игротека па мајка Јана. Синоќа се разбуди големава со плачење тато, тато викаше, којзнае што сонувала, ама вчера беше карана и тоа многу, а он не ја кара никогаш па и дошло страшно.
    Сакам да си продолжам со аеробик како пред бременост ама не знам дали смеам или уште е рано. Денес се надевам да фатам време за до кај фризерката на шишање и фарбање, ми удрило во глава кратко да се шишам, ќе видиме.
    Убав ден на сите
     
    На Skorpija25, WORRIED.BT, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Добро утро. Не сум ве читнала некој ден, се наполниле страни. И онака не сум добро друштво :)
    Не знам како да постапам. Пиши бриши сум :) Деновите изминуваат, се наближуваат и онака..не знам..не е битно :)

    Честитки за убавите работи на сите. @sanjaeva прекрасен е :inlove:
    Вчера денот го поминав во убаво друштво, сакав да потрае.
    И ние едно време се гледавме само по гробишта, скраја да е пак да дојде. Некои луѓе ви недостигаат па кога ќе се сретнете ви е убаво на душа. Ама после едно кафе сфаќате зошто не се веќе дел од вашиот живот. Местото им е само во спомените. Со други, малку ви е и со денови да разговарате, или само да сте заедно.
    Едвај станав од кревет денес. Да испијам чајов и да се спремам за работа.
     
    На Skorpija25, WORRIED.BT, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    [​IMG]
    @danichap стана мајче по трет пат :party:
    Жива, здрава,весела и убава да е принцезата, да ве радуваат вечно сите 3 :l::pizza: :hug::hug:
     
    На Skorpija25, M&M, Ariel и 25 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.848
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Да ја замолам Референтка ако може да ми пише лп :)
     
    На Dust, Lejla8 и fina erika им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро!

    И јас да ве поздравам, понеделнички... дојдов на работа, апнав еден парацетамол и да се издржи денот... вчера и ноќеска со главоболка, ама не пиев ништо па сега можам.

    @WORRIED.BT нека е жива и здрава ќерката, голема да расте!
    @sanjaeva лепотан е, а богами и ќерката, си одговараат! Од срце и посакувам многу успеси на натпревари (претпоставувам дека затоа го купивте).

    Оскари не гледав, иако можев, пошто не спиев од главоболката, ама и да гледав, не ќе запаметев ништо. Сепак ќеф ми е за Гери Олдман, си заслужил одамна, конечно доби.
    Викендов буквално пролета, со гости и малку повеќе одмарање, ама кратко ми беше некако.

    Не отворам ФБ, оти преку глава ми е со протестиве... не можам веќе да ги гледам. Не дека ќе се смени нешто, ама ајде да се протестира де... имавме четврт век време да го решиме проблемот, не го решивме, сега кога притиснаа, народот се разбуди. А бе ај? А кај бевте досега? Нас сигурно нема да не прашаат како да се вика државата, не знам што не е јасно тука.
    Многу ме изреволтира статусот на една наша, ама во странство родена, демек се буни што ние што останавме овде сме ги плукале дијаспорциве... оти нив срцето им плачело за Македонија, ама не можеле да се вратат, оти не смееле. Ма немој? А од кого тоа не смеете? Никој не ви брани, слободно вратете се, со отворени раце ќе ве пречекаме, можеби и нешто подобро ќе тргне во државава.

    Извињавајте на мрчење, ама не можам веќе... преку таквото ми е да се удирам во гради за нешто што можеби за година дена нема ни да постои. Преку таквото ми е од национализам и квазипатриотизам во време кога глобализмот зема замав и се бришат границите.

    Имајте убав ден!
     
    Последна измена: 5 март 2018
    На M&M, Someonespecial, Peco и 30 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Лелее, сабајле ја видов во темата за трудници, па уште и пишав уште малку дека ќе се гушкаат :D
    @danichap честитки мајче, живо и здраво бебулето, најсреќни да сте :hug:
    @Annath поради вакви с*ања на ФБ јас го деактивирав мојот профил, неможев веќе да гледам глупости. Лекот е само деактивација да знаеш ;)
    e1e683b8093bdb03cc954dc403f56bdf.jpg
    Добро утро и убав ден да имате. Понеделнички ко за чудо сум расположена, нека ме држи расположениево подолго само.
    Со слушалки на уши бркам работа, спас било ова. Животот ќе ми се продолжи :D
    За сите што сте нерасположени :hug::hug::hug:
     
    На WORRIED.BT, Peco, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Добар ден и имајте убава работна недела.@WORRIED.BT Среќен роденден на кукличката,убавини нека ја пратат низ животот:^:.@danichap живо и здраво бебулето,убавини нека ве пратат:hug:.Оскари ќе гледав сношти ама само малку после тие мене ме гледаа,старост.Да си засукам ракавчиња,да сработам нешто по дома.колку да си оправдам лебот што го јадам:)
     
    На Skorpija25, Peco, Rebecca_R и 16 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Честитки @danichap да е живо и здраво принцесчето најмало :party: :l:
     
    На Dust, Rebecca_R, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво
    Уште сум во шок и неверување од случките со Полицајката Јасмина која ми е пред се другарка и колешка.
    До каде,до кога вака ќе живееме со стресови и закани и притисоци,девојкава неможе на себе да си дојде.
    Јас неможам да се помирам работиме во иста институција јас сум во цивил она во униформа.
    Ама мислам да сме во друга држава ова нема вака да помине.
    Ај кој е за кафе нека дигне два прста!!!!!!!!!
    @WORRIED.BT нека и е среќен роденденот на малата да е жива и здрава тортата ме воодушеви.

    620 × 465 - crnobelo.com
     
    На Skorpija25, Ariel, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.311
    Допаѓања:
    259.478
    Јас гледав Оскари на рати, битно станав за главните:).
    Пуштив Телма амбуланта и ете го Лозанче. Лично сум била кај него и е многу препотентен и арогантен. Кога запна зошто оделе во странство на операции (facepalm). Може и во право е. Стручен е, ама и корумпиран.
    На крај беше многу суров, а го слушаат секакви пациенти. Зборува за преживување и кажува дека никој не се излекувал и преживеал повеќе од 15 месеци. Па кај сакал да се оперира. Колку и да е вистина, оваа беше кажано, демек нема што да одете во странство, дојдет3р кај нас во Систина оти секако нема да преживеате(facepalm).

    Не прашувајте сехс во која состојба сум]:). Кај ми требаше да го слушам, од вчера ми е отрпната десна страна, сега уште толку(facepalm)
     
    На mal.ecka, Dust, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  14. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    Од квази патриотиве и мене ми скисна |(
    А сите роднини и пријатели што ги имам во дијаспората се такви... Некои и ги сфаќам до некаде што не го сакаат сдсм, биле погодени од транзицијата, ама истите тие овде доаѓаат еднаш годишно за заби поправање... Нит данок плаќаат, ниту придонесуваат за државава нешто. Сума сумарум, ние 26 години официјално сме ФИРОМ, а не мајка Македонија.
    Што не протестираа за сите задолжувања и крадење на народов?
    И мене не ми се допаѓа правецот по кој моментално се движи власта, па си протестирам меѓу пријатели :D За името, искрено, додека имам леб да јадам не се секирам...
    Најголеми патриоти сме ние, што и покрај се' работиме и живееме тука :wasntme:

    Оскари не гледам никогаш, досадни ми се
    Ајде кој е за кафе :hug:
     
    На WORRIED.BT, Peco, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    @WORRIED.BT Среќен роденден на ќеркичката.:party::^::party:

    @Annath Јас па никогаш не сум читала статии и коментари по фв не знам што ми текна синоќа и се згрозив од тоа со кака омраза се пишуваше за луѓето од дијаспората, со какви навреди, какво омаловажување, како да сме дошле таму и сме им ги заклале мајките, па албанци не вреѓаат а македонциве им стискаат лајкови, за срамота.
    Јас лично се покајав што воопшто и излегов на протест, после оно што го прочитав а не е ни прв пат и тука постојано се потсмеваат со дијаспората ми се изгуби желбата за било што македонско, потеклото не можам да си го избришам ама од сега кој да ме праша што сум ќе кажувам дека сум австралијанка и децата од сега така ќе ги учам.
    Страшно сум изреволтирана од купот навреди, клетви и што уште не, грцине си се подржуваат и затоа успеваат во своите намери, албанцине исто само ние еден на друг без причина очи ќе си извадиме.
     
    На Skorpija25, M&M, Antolinaa и 27 други им се допаѓа ова.
  16. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    Прво да почнам со честитките @danichap нека е живо и здраво бебенцето се најубаво ви посакувам, исто и на тебе и твоето малечко @duffi и добредојде во темава.

    Јас чекам моето малечко да стане, добро де не е веќе толку мало ама мене ми е уште бебе:inlove:

    Се надевам дека ќе прошетаме малку да не фати воздух нека потрае сонцево, сабајлево имаше многу магла ама сега сонце не мами.

    Викендот по дома претежно, од оправдани причини тато не можеше да не шета, само вчера пола час излеговме околу зграда.

    Во сабота јас ја однесов на снегот и сами двете си уживавме, правев мал снешко екстра мини верзија:D ама дете повеќе се радуваше кога и правев снежни топки па ги земаше и ги носеше како некој трофеј.

    Ручек се крчка, термини нема оваа недела така да ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

    Убав ден.
     
    На gjoker4e, Ava.84, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ме сфатиш погрешно, немам јас ништо против иселениците. И јас се згрозив од такви навреди, искрено. И никого не оправдувам, напротив, се чудам од каде таа омраза (а повеќе ми личи на завист). Не за џабе, човек на човека му е волк. Мене ми пречи удирањето во гради и квазипатриотизмот на луѓе кои во дијаспората се прават поголеми Македонци и од нас што живееме тука, а кога ќе дојдат овде, се однесуваат како да дошле од којзнае каде и не третираат како ние уште во 18 век да сме останале со животот (не дека сме многу понапредни во менталитетот, ама сепак). Не те ставам тебе во тој кош. А таквите се најгласни на социјалните мрежи. Разбирам дека луѓето од мака избегале од ова парче земја, ама не сакам да се пишува оти душата му плачела за Македонија, а не смеел да се врати. Никој не ги држи со сила надвор. Има и такви кои што не се замараат со актуелниов ни проблем, бидејќи поважно им е да имаат сигурна и пристојна работа, што ќе им овозможи пристоен живот, небитно каде се наоѓаат.
     
    На gjoker4e, M&M, WORRIED.BT и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Јуле немој многу да се замараш со симтоми,само ќе си ја мачиш душата,опушти се малку верувај подобро ќе ти биде.За Лозанче што да кажам,кога бев таму не се нафати да ме оперира,затоа ме презеде Угриновски,вечно ќе сум му благодарна за тоа.Битерке сосема си во право за грците,низ цел свет им работи силно грчкото лоби,нешто слично и албанците практикуваат.Секаде каде имаат свои,рака им подаваат и се штитат,што за жал не е случај со нас,ние ако имаме некој од нас во близина поарно да не е.После криви ни биле,не бре не ни се криви,сами сме си криви.Можеби ако малку нешто преземиме од нив подобро ќе ни биди,грците знаат во огромен број да излезат и да протестираат за се што не им чини,а ние жива спротивност,,наведната глава,сабја не ја сечи,,ние сами сме криви што воопшто дозволивме до овде да дојдеме.Овде важи правилото ако мене ми е добро,гајле ми е за другите,чест на исклучоци.
     
    На gjoker4e, Skorpija25, Espadrila и 17 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Целата работа е во тоа што како сме квазипатриоти и какво лупање во гради е ако сме излегле на протест против промената на името на државата?
    И тие деца што им се потсмеваат за имињата демек сите се Џон, Стивен, Мајкл и незнамти како, (ово како во Мк секое второ дете да се вика Трпе, Спасена а не Каја, Леа итн) дали зборуваат македонски или не се македонци исто како што сум јас, со двајца родители македонци тоа сме, без обзир каде и да сме родени и како такви имаме право ако сакаме да излеземе мирно да протестираме против промената на името на државата од каде потекнуваме, тоа е наше демократско право без за истото да бидеме нарекувани имбесили, ретарди, стоки, ѓубриња, ненормални, ете јас не сфаќам каков кардинален грев сме направиле.
    60.000 луѓе имаше вчера само во Мелбурн, на сите државни телевизии ги имаше протестите, јас видов само сплотен народ кој се гордее со тоа што се Македоци, квазипатриоти не видов.

    @simonka93 плаќам данок на два имота, плаќам парно, струја, вода и ѓубретарина, сега сум квазипартиот или патриот?
     
    На Skorpija25, Ariel, Espadrila и 15 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    На тема иселеници, што да се каже. Јас разбирам, ама и не разбирам. Знаете, не сме баш голем број што останавме овде, а и се уште си одиме, прашање е ќе има ли некој да ја изгасне сијалицата на крај што се вика. Ама омаловажувачки ми е кога ќе чујам ееееј тој од не знам каде повеќе ја сака земјата од тебе. Да, да, толку ја сака гледам патиките ги запалил за низ врата. Убави пари, убави куќи со базени, возила, осигурени, обезбедени, ќе ми кажат како треба да ја сакам земјата во која воздухот е отров, бебиња умираат уште не прогледани, мајки на оперативни маси, експеримент сме за секого во секое катче.
    Со иселенициве... па ако има можност решавањето на спорот за името на нас, ние, останатите овде, што сме останале на најпрекраснава земја на светот :) да ни го подобри животот, мислам дека не е ферски вие да се мешате, што веќе сте си го средиле вашиот. Оти ете, и ние сакаме Европа да дојде во Македонија. Да живееме со ред, правила, услови, да не се плашиме да појдеме на доктор затоа што не знаеш каков ќе ти се погоди и дали дијагнозата ќе ти биде точна..ама ај да не навлегувам, арно си реков денес да не пишувам. Ај чао пријатно, ве сакам сите
     
    На mila89, Peco, Dust и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.