Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Скисната сум до 101 и назад.
    Не знам дали ќе се оправам. Да фатам да си направам мераклиско кафе, само како што јас знам.

    Дијаспора. Вечната тема на расправии. Дома сум странец, но и во странство сум странец.
    Сите ме негираат. За некои македонци не сум била Македонка дека имам бугарски пасош, ама и за бугарите не сум македонка, ама ни бугарка не сум баш. Не сум ни британка, фала богу не ни сакам да сум.
    Со секое одење дома гледам зошто се повеќе и повеќе луѓе се иселуваат, или сакаат да се иселат. Дијаспората колку и да праќа и помага, толку многу се краде што нема да не биде ни во наредните 100 години.

    Јас не чувствувам дека треба да припаѓам на било која заедница. И моите ме учеле дека сум македонка, и животи давале за да останат македонци, повеќе од 2/3 од семејната лоза ми е убиена во војните. И тие што преживеале останале македонци со мака. Тие се бореле, јас ја прекинав таа борба.
    Се иселив заради тоа што ми смета тој начин на живот таму. Да се берело туѓото гајле, работат еден против друг. Ех тебе ти е лесно. Ако ми е лесно, бујрум, ела живеј го мојот живот.
    Ама патот до ''мојот успех'' беше трнлив. А ним баш тој пат не им се оди, иако на многу им нудам помош кога би дошле.

    Денес еден куп обврски, а мене од кревет не ми се станува.
    Оскари порано гледав. Веќе неколку години не гледам.
     
    На Skorpija25, Espadrila, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  2. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Ова во Мк го плаќаш?

    Не е кардинален грев, далеку од тоа, слободна волја е тоа...
    Ама замисли го тоа од мој аспект, а тоа е вака: Ти си родена, живееш и работиш таму, за плата од 2000 долари, пр.
    Јас сум родена, живеам и работам тука, за плата од 200 евра
    И двете имаме исто потекло

    Ама, за да можам и јас да земам плата од 2000 евра, услов е да влеземе во Еу и да се викаме некако поинаку... Зошто ти, иако не живееш тука, да ми го одземеш мене тоа право?

    Јас така гледам на работите, нема секој шанса и храброст да замине
     
    На mila89, WORRIED.BT, sanjaeva и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Озбилно некој мисли дека кога ќе го смениме името животот ќе е поубав????? Без навреда кон никој, ова е прв пат било каде освен дома во најтесно семејство да искоментирам политика.
    Тој спор со името е ееден голем филм уште од дамнини измислен и изрежиран на хартија па еве се спроведува сценариото. И ЕУ нас не не спасува нит промената на името зошто гнилоста во луѓето ќе остане иста. А и менталитетот.
     
    На Skorpija25, M&M, Espadrila и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Се додека не се свестиме ние самите,се додека има политичари вакви какви што имаме,се додека партиска припадност ти носи плата и друѓи бенефиции,нема да не бидува.Стани едни од фотеља,седни друѓи,кредити на кредити,да не набројувам се зашто сите сме сведоци,и повторно одиме да гласаме за на некои да им биде подобро,а сето тоа се плаќа преку наши плеќи.Нема да не биде,нема подобро да биде,ни европска унија не не сака вакви,не ни се криви ниту дијаспора ниту Европа,сами сме си криви.
     
    На Skorpija25, WORRIED.BT, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Мене едно нешто ме плаши за иднината.
    Ако влеземе во ЕУ и Нато,се што стои на две нозе ќе си отиде од државава.Тогаш ништо нема да функционира,ни приватен ни државен сектор.Се што е работоспособно ќе си отиде.Прво за да диши чист воздух,па после за се друго.

    Битерке,беше неодамна кај нас.Ги виде работите како стојат,виде на кое ниво сме,запознаена си со приликите во кои живееме.
    Единствен начин за земјава да оди напред е ЕУ.Немој да мислиш дека некому му е сеедно дека ќе го менуваме името.Мене не ми е.Но ако треба да изберам помеѓу иднината на моите деца и името,знаеш што ќе изберам,така?Од две зла помалото го бираме.

    Не ги сакам ни овие што ги гласав.Исти се сите.Никакви промени нема за обичниот човек.Толку време се изначекавме,се надевавме и на крајот човек сфаќа дека кој и да ја води оваа земја,исто е.
    Не знам кои ги вреѓа нашинциве надвор,тоа е простотилак за мене.И тие таму не отишле од што им било убаво тука.Поддржувам протести и искажување на свои ставови и мислења,тоа е демократија.

    Од актуелности на денот издвојувам настинка во најава и концерт на Тото(не Котуњо).
     
    Последна измена: 5 март 2018
    На M&M, Espadrila, WORRIED.BT и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Пример од мојов град,секој ден се празни се повеќе,на крај ќе останат само пензионерите и вработените во администрација,е сега од што пензии и плати за администрација,кога приватниците секој ден затвораат и се иселуваат,дали е доволен сам на себе државен апарат да се одржува со плати и пензии.Да не бидам погрешно сватена,но има и од административци кои се иселуваат.
     
    На WORRIED.BT, sanjaeva, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Луѓе, дај релаксирајте се малку, не се напињајте со политика, бар темава нека ни остане подалеку од неа, мирна и спокојна, најубава како и досега што си беше ;)
     
    На Skorpija25, M&M, PUPICA и 24 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Политиката ни е секојдневие, затоа сме вакви какви што сме.

    -Не доаѓа на работа а зема плата...политички вработен....јас рмбам и за него.Политика:!:
    -Чекам на ред во болница....тој поминува како експрес воз, завршува и си оди...ама директорот на болницата му е партиски другАр.Политика:!:
    -Во градинка нема место за дете плус....освен ако Градоначалникот не и се јави на директорката зашто за детето на политичар мора да има место.Политика:!:
    -Стипендии се делат на посебни категории студенти....освен за некои кои се членки на унија на млади сили.Политика:!:

    И еве не се бавиш со политика, ама ме препнува каде и да тргнам:!:

    Ми се гади од политика веќе.

    Посебно кога видов на вести како ем си пејат ем слики си палат во Оустрелија :puke:
    Што разбираат тие од Македонија што се трескаат толку ?
    Штом се толку загреани, нека дојдат тука, па нека бистрат политика
     
    На WORRIED.BT, sanjaeva, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Да во Мк плаќам, 900 денари месечно парно зошто цевки поминувале низ станот, осветлување и не знам што за струја, не можеш да ја исклучиш, ни водата, 390 денари месечно, вода, ѓубретарина 560 месечно и 500 за одржување на зградата, ово пута 2 и плус данок на имотот, ништо не трошиме а си плаќаме.

    Ама како ти го одземам јас тоа право за подобар живот со тоа што сум излегла на протест, во влада сум, во парламент па магично ќе ја спречам промената на името?
    И со правото на глас за избори повторно тие гласови не се доволни за било какво влијание врз политиката во Мк за да го користете тоа вие ли од таму ќе ни кажувате како да живееме, дојдете тука живеете со 200 евра итн, од тука не ми е јасна таа толкава огорченост и омраза спрема дијаспората.
    И за крај зошто се мериме кој е поголем или помал македонец, нели сме сите исто?
     
    На Skorpija25, Antolinaa, sanjaeva и 12 други им се допаѓа ова.
  10. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Рефке тоа ти е исто кока некој од дојчланд или од нидерленд се јавува во емисија кај РОБЕРТ И КАЖУВА КОЛКУ МУ Е ЖАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА А И САМИОТ НЕ ЖИВЕЕ ВО НЕА.
    И колку на некои старудии децата им се во странство па бистрат политика.
    И како што кажа еден мој познаник ""Што направи македонија за мене како магистар по информатички науки толку ќе направам и јас за неа за името ми е гајле колку ланскиот снег""
     
    На WORRIED.BT, sanjaeva, Peco и 10 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Признале или не, правото на глас менува многу... Ете, со години сите 3ца пратеници гласани од дијаспора беа на ВМРО ДПМНЕ, за СДСМ се фрлаа дрва и камења, а само ние тука знаеме до кое ниво не' донесе Вмро... Не дека овие сега се подобри, иако имав многу поголеми очекувања... Немам ни огорченост, ни омраза, само сметам дека сте го изгубиле правото на глас во моментот кога сте се качиле во авион на пат кон подобар живот...И стварно е одвратно палење знамиња и слики

    И Уште ова да кажам, и толку од мене на темава
    Семејни пријатели, пред 23 години заминаа за Австралија... По 9тина години решија да се вратат, живееја тука 5-6 години, потрошија се' што имаа заштедено, во меѓувреме мажот и во Америка беше на печалба, па видоа не видоа пак се вратија таму... И први се на протести...
    Те поздравувам Битерке :hug:
     
    На wannaBeMomma, Dust, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.407
    Допаѓања:
    279.507
    Пол:
    Женски
    Ако протестираат во странство ,тоа е и очекувано,тие се.нашите најголеми бранители на името.Ама зошто не излезат да протестираат кога не убиваат по болниците,кога гледате дека едвај преживуваме со 200 евра ,кога се угушивме од воздухот...Патриот е лесно да си со полн џеб...
    А за навредите на социјални мрежи е за тоа сме најјаки,едноставно синдромот на самоуништување ни е во генскиот код запишан.
     
    На WORRIED.BT, sanjaeva, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    А како не ви сметаат албанците од дијаспората што доаѓаат за секое гласање и ви ја менуваат комплетно политиката на државата, тие не го изгубиле правото на глас само што се качиле на авион?

    Стварно одвратно ти е палењето на грчкото знаме?
    Не ти е одвратно палењето на македонското знаме од грцине?
    Покажаа на вести дека Грк беше тој што ги палел знамињата, пак сме одвратни ние?
    Не ти одвратно скрнавењето на македонските цркви од истите тие што ги браните?

    Заев како лидер на партија кога ја палеше сликата на Иванов во ред беше или кога ја искрши неговата канцеларија па сега да се паѓа во несвест ако некој ја запалил неговата слика?
    Мене лично не ми е гајле ни за едната ни за другата партија, немам потреба од партиска определеност.
     
    На Skorpija25, M&M, Espadrila и 15 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Конечно ми се инсталираше тоа spellcheck-oт за МКД :whew: Сто пати откако го преинсталирав Офисот пробав и никако нејќеше и нејќеше. Сега ми е страв да отворам да видам дал функционира ил ќе ме заебава се уште:D
    Стварно не можам да се ќоравам со препрочитување текстишта кога брзам, за да видам дал сум лапнала буква или сум им сменила редослед.Оти, и сто пати да земам да го читам, па ќе менувам нешто во суштина, ќе претумбам, ќе дополнам,ќе извадам.. никад не ќе ги заприметам буквите:envy:

    На тема патриоти и име, со извинение ама, не се патриотите идиотите и ретардираните, идиотите и ретардираните се тие кои сметаат дека Горномакедонија и Горномакедонци или ГО скратеница или што год од сите глупости кои се изнаслушав е во ред. Во наш јазик, такво срање како слеан збор Горномакедонија нема. Не се пишува така.(fingers) Мој мој па преку мој со овие преговори и овие надмудрувања кој од кого попаметен бил, кој имал право,кој немал. (fingers)
     
    На Skorpija25, Espadrila, sanjaeva и 15 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Ќе се самоцитирам
    Никаде немам потенцирано чие знаме и чија слика
    Општо ми е одвратно, без разлика за кого се работи. И македонско, и грчко, и сиријско, и Заев, и Иванов, и Осама Бин Ладен да е, одвратно е

    И да, и албанците менуваат многу, не е спорно тоа, ама тоа е веќе друга тема на муабет.
    Друг ги крои политиките тука, тоа е факт...Ама страдаме само ние тука, не и вие таму

    Знаете јас во што верувам?
    Дека со влезот во Еу ќе заминеме од тука

    Толку од мене на темава
    Убав ден
     
    На Someonespecial, Dust, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.180
    Допаѓања:
    137.491
    Пол:
    Женски
    Ич не ме брига која референца ќе стои пред ,,Македонија,, гајле ми е, и за северна, и за горна,и долна, и не знам уште каква. Има побитни ствари од името ко на пример леб за јадење и чист воздух за дишење. И не знам за кое име протестираат иселениците коа кога ти се иселиле, бар повеќето, шо веќе и внуци имат таму родени, СРМ сме се викале, овие помладите БЈРМ, кое име сакаат да се сочува ме занима.
    Ај стварно баталете политика арно си правиме лајт муабети. Ова не зависи од нас.

    Фризер закажав и тоа во среда, таман на 8 март со нов фриз, за до работа и дома :D Ај може и некое кафе ќе излезе непланирано.
    Screenshot_10.png
    сега ваков сакам, до среда ќе видиме каков :D

    Ај да пробам да свртам муабет од политика. Муабетот од денес, дешавка од пред некое време. Две другарки, Стојна и Митра, гз и гаќи, е ама Стојна имала швалер, и си ја носела Митра со неа кај швалерот демек на гости одат, швалерот другарот го викал и овие си дежурале во дневна додека другите си водела љУбав. Митра бубачка мирна, ни збор на маШ и, оти ако каже може маж и на друг да пренесе и да се разбере. Е ама маж и на Стојна дознава дека овие две оделе во таа куќа и ја притиска да каже. Стојна така верна на другарка и рекла дека Митра има швалер и дека таа оди со неа да ја прекрива. Маж и со сет ум на маж и на Митра му го кажал тоа, демек другари сме, сакам да ти кажам да си знаеш. Е ај сега нека го убеди Митра маШ и дека е обратна ситуацијата.
    Тука уште еднаш се потврдува она ,,боже чувај ме од пријателите, од непријателите сам ќе се чувам,,
    И така...
     
    На M&M, WORRIED.BT, sanjaeva и 17 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    260.587
    Дали името ќе ни ја реши ситуацијата во Мк, не знам. Знам само дека веднаш мора да им се одземе правото на глас на иселениците.
    Немаат право на глас, не живеат во Мк и нема зошто да учествуваат во креирањето на политиката.
    Навредите и препукувањата не ги оправдувам, исмевањето исто, но протестот не го разбирам.
    Сите сте морале да заминете, ете и моиве заминаа. Не сакаа да останат овде и да се спротистават на системот и погрешните политики. Ги разбирам, ама затоа немаат права да се мешат ни за име ни за избори.
    Јас не знам само зошто се караме воопшто кога секој ако има прилика веднаш ќе замине. Ако треба и за чист воздух.
    Никој не не оправа за жал. Никој.
    И овие кои ги гласав, се исти за жал.
    За жал пак да има избори пак ќе победат сега. Немаме опција, немаме. Затоа и албанците не уценуваат и користат. Оти ние сме народ кој или го воспева Грујо или Заев, па после друг ни е крив.
    Не, самите сме си.
     
    На Heidi, m.i.g, sanjaeva и 14 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сменете веќе тема, оти како сте тргнале...да им се одземе правото и на тие со двојно државјанство или во процедура на вадење на бугарско, исто и оние кои единствена причина заради која сакаат да влеземе во ЕУ е да се иселат. Впрочем, не знам оти би чекале да влеземе во ЕУ кога тоа ќе трае и ќе трае. Бугарски пасош е побрзо.
    Оставете ја темава за лајт ствари. Непотребно се испукавте со луѓе од темава кои не ги заслужуваат вашите фрустрации од безилезната состојба во државава. ;)
     
    На Skorpija25, Espadrila, sanjaeva и 16 други им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    70.735
    Леле @Sesil се изнасмеав со другарките... :rofl:
    Нека си ќуте пак Митра :x
    Ми се допаѓа бојата на косата што си ја ставила
    Таман ми се врати природната боја, ме маваат флешови пак да менувам (facepalm)
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Ane-Goki1 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Македонија може да се оправи само на два начина: реалистичен и фантастичен. Реалистичниот е да дојдат вонземјани и да не оправат, а фантастичнио е сами да се оправиме.

    Кафе испиено, сама се молам да станам и да почнам со обврските.

    За ситуацијата на Сесил... (facepalm)
    Нож може само пријател да ти збрца, оти ти е блиску до тебе. Непријателот го држиш на дистанца.
     
    На Skorpija25, M&M, Espadrila и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.