Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.355
    Допаѓања:
    261.724
    Пол:
    Женски
    Не зборам за политика.
    Сабајле отспав, ич не ми беше добро. Сеа као поарна сум.
    Фатив гулаш да правам, еднаш го исчистив шпоретот пошто капакот се спуштил :worried: сеа уште и да загори дур пишувам...:devil:
    0енергија 0мотивација отров сум :bow:
     
    На Skorpija25, Espadrila, WORRIED.BT и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што ме немаше, ама бев зафатена. Се извинувам и што ја почнав темава, ама прилично сум револтирана, оти не сум моќна да променам ништо на подобро. Здравството ни тоне, не трујат секојдневно со горење на туѓо ѓубре, работиме за минималец. За тоа никој од дијаспора не протестира, пошто никого не го тангира, само за името. А името леб не дава, името нема да го прочисти воздухот, ниту пак ќе го оправи здравството. Па може и Тунгузија да се викаме.

    Не, не сакам да се карам, најмалку да мешам политика, само мразам национализам, мразам кога иднината на државава ни ја решаваат од надвор, бидејќи не сме моќни тука ништо да направиме. Ич не ми е гајле за името, ни малку. Името не ми дава ништо.

    Ама јас си знам дека ако не живеам во Македонија, ако сум решила да заминам засекогаш, немам повеќе никакво право да решавам за нејзината иднина. Ама очигледно не мислат сите така. А насилство во ниеден облик не оправдувам, ни вербално ни физичко, не стојам зад навредите, ниту пак зад палењето на знамињата. Не е убаво од ниедна страна.
     
    На ♡BuBaLe♡, happygirl, sanjaeva и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    Лазар Ѓуров
    18 hrs ·
    Зошто иритираат бурните реакции на македонската дијаспора за името?
    Па затоа што реагираат толку бурно само за името.
    Никаде ги нема кога треба да реагираме против судството. Зошто? Бидејќи во земјите во кои живеат нема такво судство.
    Никаде ги нема кога треба да се реагира против сиромаштијата. Зошто? Затоа што тие не живеат во сиромаштија.
    Никаде ги нема кога треба реагираме против лошото здравство и високата смртност на новороденчињата. Зошто? Затоа што таму имаат добро здравство и бебињата им остануваат живи.
    Никаде ги нема кога треба да реагираме против загадениот воздух. Зошто? Бидејќи дишат чист.
    Затоа иритира нивното палење за името.
    Ние не можеме да им забраниме да реагираат. Ама можеме да им кажеме дека се лицемери.
    Ние живееме во заглавена вукојебина. А они ни држат лекции за патриотизам. Ела бе братче лечи се тука, диши тука, живеј со овие плати и кажувај што треба да правиме.
    Ајт!
     
    На mila89, ♡BuBaLe♡, happygirl и 21 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ок уште ово и готово.
    @JuLleE како ќе ни се одземе правото на глас? Со уставот ни е загарантирано правото на глас со самото тоа што сме државјани на Македонија, може и државјанството треба да ни се одземе, имотите итн?
    Како жити господ ви ја креираме државата? Се на се гласови од целата дијаспора дали имаше 2-3000 гласа и сакаш да кажеш дека баш тие гласа ви ја креираат политиката на државата, тие се одлучувачки за тоа како ќе живеете, какви плати ќе земате, какво ќе ви е здравството?

    Дали кога излегле од Македонија било СРМ, БЈРМ сите излегле како Македонци, дедо ми е роден за време на српско окупаторство Србин е? Знаеме кој, сме, што сме што ни се татковците, дедовците, прадедовците, сите се Македонци.

    И како бе ние од дијаспората да се буниме, протестираме против воздухот загаден, лошото здравство, платите од 200 евра, вие сте излегле да протестирате? Имаше организирано протести против загадениот воздух, народ двајца без тројца, стварно треба јас од тука да протестирам па не се гушат моите деца, да се гушат ќе ја кренам државата во вис, нема да очекувам некој друг да ми го реши проблемот.
    И џебот ми е полн зошто работам, работам само трета смена за да си ги гледам децата зошто немам баба сервиси и поминувам со три часа спиење, да не работиме со мм и тука џебот ќе ни е празен, на никој од Македонија не му брцнав во џебот за да го наполнам мојот.

    И стварно ме интересира зошто толку рипање и постови како погорните за протестот, што ви менува тоа на вас таму, како ние тука со протест ќе го спречиме менувањето на името за со толкава омраза да се пишува за нас?
     
    На Skorpija25, M&M, ♡BuBaLe♡ и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    Да се разбереме - не сум за промена на името откако ми осамнаа некои нешта.
    Ама лицемерието дијаспорско ужасно ми пречи.
    Како што ми пречат неумесните опаски и закачки од вмровчиња кои немаа проблем нивната партија да ги прави истите или слични работи кои ги прави во моментов сдсм. Ќутете си бре бруки едни, срамота е колку индиректно признавате дека сте биле свесни за гомнариите на вмро, но сте молчеле зошто вам ви било добро.
    Со тоа лицемерие... не знам каде... Таквите заслужуваат на секои 4 години да висат на влакно... како сака нека звучи луѓе, не ми е грижа едноставно повеќе. Со добро кон добрина, но овие луѓе се посериозно недобри во секоја смисла. А верувам дека нештата се вртат и искрено, би сакала да осетат на свој грб како е да си протеран од политички причини. Зошто не имаше многу фамилии кои го трпевме тоа, а немаше врска со спротивно политичко убедување, туку со чесност и интегритет. И уште не можеме да се опоравиме, зошто пак не бараме помош од партија. За некого сме глупи, за некого чесни и фер, ама такви сме какви што сме.
    Пак ќе речам, се надевам ќе осетат на свој грб како е особено зошто биле дел од упропастувањето на државата.
    Мене може да ми дојде до името од патриотски причини, тебе, ти кој си гледал како 10 години ни ја опустошуваат државата, патат семејства, и си молчел зошто тебе и само тебе ти било добро, тебе не ти е гајле за името од патриотски причини. Тебе ти е од политички, за пак да ти биде полна устата, но овој пат... не е со сладолед, ами со нешто друго.

    И ќе потенцирам. Има дупкиште како се лета од работа и со решение. Ќе се случи и тоа, сите уникатни снегулки ќе мораат да се позанимаваат со егзистенцијалните прашања кои беа заштитени мечиња, а останатите мислеа како ќе го минат месецот - едвај! Не ми е драго, но некои лекции се учат само ако се преживеат. Многу деца плачеа за корка леб, многу семејства си ги испратија децата по странство, многу млади пропаѓаат во егзистенцијални прашања и не можат да си го поместат животот од мртва точка благодарение на 11 години голгота и лоши депресивни политики, сеење на страв и спроведување на политика путем казни и закани...
    Знаете како се живее живот со земен огромен кредит за решавање на станбени прашања, мислејќи дека се е тамам и дека НЕМА ШАНСИ да се случи нешто такво да ти биде предмет на прашање како ќе го плаќаш кога ќе останеш без работа или со помалку примања само зошто не си усогласен у нечиј политички концепт? Е не знаете... ама сте можеле да сочувствувате. Е сега кога ќе почне да се дешава и на други, исто така нема да му биде на никому гајле.
    Живот оди даље, јбг... така сте одбрале.

    Работата е што тука со брцање по туѓи џебови се живее.
    Работата е тоа што тука немаш избор да ја кренеш државата во вис, туку државата те крева тебе.
    Таму сте и живеете под тие закони, терајте си и уживајте си, помалку сикирики за тука. Од тука вие имате само грижа за име, ние имаме многу повеќе...
    Тука и да сакаш да работиш, НЕМА РАБОТА.
    Добар дел се должи и на капацитетот на луѓето, точно, бараме готовански решенија и државата мислиме дека е од бога дадена и некоја виша сила и мега умови ги решаваат нештата.

    Ама пак ќе повторам, не си тука за да знаеш... не можеш подобро да ја осетиш состојбата од било кој друг кој живее и функционира едвај тука. Од таму можете да се собирате колку сакате, но немате критичка мисла кон нештата, зошто живеете во удобни земји каде што не сте почувствувале што е вистински страв да не те спотера нешто и да не влезеш во вртлогот од кој многу тешко се излегува.
     
    Последна измена од модератор: 5 март 2018
    На mila89, happygirl, Despinaa и 18 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.467
    @bittersweet еве @Lilit кажала се, па да не се повторувам.
    Не сум фрустрирана, како што некој милува да каже, па да се истурам на вам иселениците.
    Туку ме боли и трпам заради нечии интереси, овде во Макденоија.
    Велиш не треба да протестирате за загдениот воздух и сл., па тогаш зошто ве интересира баш името? За него оправдано е нели?

    Не си единствена која не живее во Мк да каже она работела па имала. Знаеш кај нас што е проблемот, што или не можеме да најдеме работа или она што ќе ја најдеме не е доволна ни за режиски трошоци. Ете затоа ни е празен џебот, а не зошто сме неработници.
     
    На mila89, happygirl, Glasna и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.355
    Допаѓања:
    261.724
    Пол:
    Женски
    Реков не зборам ама ова ми е на ум подолго време. Со 3-5000гласа од дијаспората е многу да се изберат 3ца пратеници. Ништо добро не произлезе од таа промена.
     
    На sanjaeva, kravce, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    :bow:Не сум речита колку Лилит,само едно ќе речам,и јас сум работела,12-16 саати во приватно,сум работела трета смена,патем овде трета смена не е платена,а зошто не работам,и зошто немам работа кажа веќе Лилит.Да и јас сум во тие кои сакаат да заминат,ама не од што сум мрза за работа,туку од високата ми плата 200 е.Немам што друго да додадам,кажа Лилит се што сакав да кажам:bow:
     
    На WORRIED.BT, sanjaeva, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    Не ми се пишуваат и други работи.
    Ама ај важи вака, да ги намалиме платите на администрација за 30 посто. Да намалиме вработувања за 30 посто во администрација. Со тоа што истото ќе се прави на хуман и фин начин, тие што се само тие вработени во семејството да останат, самохрани родители да останат, тие што се социјално дискутабилни исто, луѓе кои се со над 15 години работно искуство во конкретната институција, луѓе над 55 до пензија да останат, јер кој ќе ги вработи на тие години, тие останатите способни се, ќе си се снајдат. Чунки нели таму све незаменливи и посебни снегулки, експерти и професионалци се, што е проблем за нив да се снајдат?
    И ќе ја окрепуваме економијата малку поспоро, со социјално незадоволство, ама со ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.
    Може?!
    Јас мислам може!
    Пошо и јас со 45 000 плата и гз во столче знам како се брани држава.
     
    Последна измена: 5 март 2018
    На happygirl, Glasna, WORRIED.BT и 10 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Цела администрација или wanna be во администрација ви е закачена на форуми и по фејсбуци, и скроз непланирано ви крека, релативизира, продава „муда за бубрези“ (на Пецо муабетот) по сите можни теми во ептем интересни моменти:))) и тоа не ве мачи, ама дијаспората ве мачи:))))
    Нели избравте влада да ви го среди и воздухот и 500 евра плата да ви направи и се' што сакате? Шо е сеа маката, еве, не знам. Ради името ви е страв дека не ќе се деси? Е, аман. Ќе го сменат. Шо му ја мислите. Не ќе се пишманат ради група наши од дијаспората. Тотално небитни се тие луѓе за тоа што политики се кројат тука.
     
    На Skorpija25, Espadrila, Antolinaa и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    И ти си во право и овие со дијаспорава се во право.
    Сите сме во право.
    Ама едино нешто што поише ме нервира од дијаспора кога крева глас е администрација што е инволвирана до гуша во политика и мрси муда! Не као обични граѓани, па со право на мислење, туку бате со партиски состаноци, со трчање по кампањи, со стекнати работи места преку партија, со све.
     
    На sanjaeva, ivi1987, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Дијаспората не ја регистрирам. Не ми е битно што изглегле да протестираат.
    Ама, тие, тука, што го крепат системов и го одржуваат каков што е гнасен, за да те јаде, да ме јаде.... ма ајде бе.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    А да се префрлите во соодветна тема? :?:
     
    На Skorpija25, M&M, PUPICA и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Тука те.дома се запрајвме муабет,деми проблемите на маса подома се решаваат:),се извинувам што заборајвме дека има друга соодветна тема;)
     
    На Espadrila, ivi1987, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ај вака не знам веќе како да го формулирам прашањето за да ми се одговори, што ви менува вас таму тоа што тука излегол народ да протестира против менувањето на името, како ви продаваме патриотизам, како ви ја креираме политиката кога има еден пратеник од дијаспората наспроти 120 од таму?
    На Заев му се стресоа гаќите дека излегле Х број Македонци од дијаспората па нема да го смени името па ќе ја пропуштите шансата да влезете во ЕУ, ај не ме смеете.

    Кога излеговте вие да протестирате за воздухот загаден? Скопје е веќе милионски град не можат да излезат повеќе од 50 луѓе на протест, а да заборавив не ги пуштивте децата еден ден во училиште, сабота беше ми се чини.
    Толку ако ви смета воздухот 500.000 ќе излезете на улица, кога тоа ќе го направите покажувајте со прст кон дијаспората а вака само си наоѓате виновник во секој освен во себе.
    И за платите и за здравството и за бебињата што умираат за се сме криви ние од дијаспората?

    Џебот ми е полн го напишав зошто веќе 100 пати го прочитав како некој од Македонија да ми го полни.
     
    На Skorpija25, M&M, AngelOfArh и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Никогаш овде нема да се излези и да се протестира во голем број,зошто?Затоа што еден дел виделе ќар од претходна власт,друг дел сега гледаат ќар од оваа власт,се знае како и што.Останатите кои воопшто сме кренале глас сме биле брутално замолчени,има начини како да те замолчат,е тоа замолчување живот кошта.Таа е разликата со земји во кои владее правото,правото на избор,глас и на крај краева живот.
     
    На Skorpija25, sanjaeva, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Како Камелија, не сакам да се смени име.
    Како вработена, која работи и тоа што и' е, и тоа што не и' е работа, за помалку од просечна плата, што сака нека биде - сакам живот.

    И тоа се сметам себеси за среќна, вработена во државна институција на неопределено време, без никому ништо да должам за вработувањето (знаете колку малку такви не' има?), среќна затоа што работам "само" 40 часа неделно, што користам одмор колку што е со закон предвидено, исто и боледување, што никој не ме понижува и тормози и што знам дека мојата бедна, каква таква плата, ќе ми легне на сметка секој 10ти. Што кога ќе имам дете ќе одам на породилно без страв, што ќе добијам часови за доење.


    А што со останатите? Оние кои не работат, или работат за мизерна плата, кај приватњаци кои немаат милост, 6 дена работиш баце, 5 дена си минимум платен, 6тиот гратис за газда оти замисли те вработил. К-15? Мисловна именка. Пушта 12 000 на сметка, 4 000 кеш му враќаш.

    Абе ајде.
    Патриоти со празен стомак - НЕМА.
    Државава секој ден ме убедува дека сум неспособна и ме тера да се сомневам во своите квалитети, ме потценува на секој можен начин, во здравство работам се молам да не се разболам.

    Живееме во субстандардни услови, се радуваме на државна платичка оти приватњак те вработува на месец дена, а може и без пари да му работиш, ако си амбициозен и тераш свој бизнис на секој чекор рекетари и лопови...


    Не се лутам на дијаспора. Смешно е што најголем проблем им е име.
    Кога си умрен, сеедно е како се викаш.
    Дали Камелија или Ѓурѓа ќе ми пишува на мермерот, што тоа мене ми менува?

    Чунки да е името најголем проблем наш, ама... не е. Лажги со опашки!
     
    На m.i.g, eli25, sanjaeva и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.771
    Пол:
    Женски
    Ништо не ни менува што сте излегле на протест нит па не загрозува,но укажува на лажен односно исфорсиран патриотизам, доколку би се изгубило правото на двојни државјанства ,колку од вас,би се откажале од дијаспорското државјанство од патриотски причини кои ги пропагирате?
    А инаку Ја креирате политиката на начин што имате право да гласате на локални избори ,ајде за парламентарни не смее да ви се одземе правото на гласање,но на локални?
     
    На simonka93, CameliaMiller и Lejla8 им се допаѓа ова.
  19. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Дајте луѓе, аман со политикиве....и тука ли....
    Дожд , а не е ладно... ќе се пие кафенце...може и да се шетне
     
    На Skorpija25, M&M, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Ги гледав ф'станите од Оскарите и испив 3 кафиња. Сакам сонце. :sun:

    Ја да сум Митра, не знам каква другарка да ми е Стојна, нема да ја чекам у дневна дури она се мафтосува у друга соба. Не ми се допаѓа тоа мешање меѓу две возрасни персони, особено меѓу брачни партнери и швалери. Што знаат нека прават, мене нека не ме мешаат.
    Ми текна на деновите кога ја чекав другарка ми, она у влез у зграда, ја чекам 20 минути пред влезот. Најавена дека е со мене, па у случај да и се јави мајка и' и да праша каде е Ребека (знаеше жената да каже -дај да ја слушнам Ребека-). (facepalm) Да напоменам дека бевме прва/втора/трета година средно.

    @bittersweet ти плаќаш струја, вода, парно, данок на имот и ред други работи во МК ама со плата од странција. Да ги плаќаш со овдешна плата, ја ти гарантирам дека ке имаше поинакво мислење.

    Никогаш не сум изглегла на протест и никогаш и нема да излезам. Убедена сум дека моето одење по улици ништо нема да смени, како што ниту еден протест до сега не смени ништо, едноставно не мрдаме од мртва точка. Да имаа некаков ефект протестите, макар и минимален, немаше да дојдеме до ова дереџе.
    Смешно е што покрај толку други проблеми, менувањето на името се третира како најголем проблем кој ке ни ги смени животите не-знам-како. Тоа што се губат бебиња и умираат пациенти, тоа што има еден куп насилници и манијаци, тоа што минималната плата е 200 јура, тоа што сме задолжени до гуша, тоа што се гушиме; да не редам, знаете со какви проблеми се соочуваме, не се доволно големи проблеми за кои треба протест, ама ете преминување од ФИРОМ во НекакваМакедонија е причина за револт...
     
    На eli25, simonka93, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.