Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    А вие демек ќе си го задржите македонското државјанство на штета на австралиското, ај жити се не ми продавајте демагогии, пола Македонија се пишаа Бугари за пасош па сега ај ние да се откажуваме од австралиските за да не бидеме исфорсирани патриоти.

    Локални избори се баш тоа ЛОКАЛНИ, значи за да гласаш на локални избори треба да си таму, во општината каде што се гласа, да имаш лична карта, жителство, постојана адреса на живеење, пак сега ние ви ја креираме политиката и решаваме за битните државни работи?

    @Lejla8 ако излезеа во Скопје 500.000 луѓе, во Битола 100.000, во Тетово 50.000 да протестираат за загадениот воздух сите ќе ги отпуштеа од работа?
    Ако не е партиски организирано нема потреба од излегување, умирале деца, нека умирааат, не кажал Грујо или Зајко да се излезе на протест ќе си седиме дома и ќе викаме уаааа ретарди од дијаспората дека не излегуваат да протестираат за НАШИОТ загаден воздух од кој НАШИТЕ деца се гушат.
     
    На Skorpija25, eli25, Antolinaa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.771
    Пол:
    Женски
    Па не би го задржале нормално, но нема ни потреба да продаваме патриотизам,без потреба.
    Токму така,за жал вие дијаспорците гласате и на локални избори,посебно Албанците и тоа право треба да ви се укине,бидејки не живеете постојано тука,се надевам со тоа се сложуваш?
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Удри по самарот кога не можеш по магарето.
     
    На EuHenIa, MacenceEna, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Може до утре да се натегаме вака.
    Факт е дека секој има право на протест за што сака, независно од местото на живеење. Секој има право да протестира, нели тоа е едно од основните човекови права во демократијата?
    Ама, гласање за земјата од која само потекнуваат, а не живеат? Не баш.
    Она што ми боде очи е дека станаа сите кои се одамна иселени. Оние кои скоро заминаа, никаде ги немаше. Затоа што знаат од каква мизерија избегаа.
    Трула, гнила ни е државава. Името е најмал проблем.
     
    На eli25, Glasna, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    11.371
    Пол:
    Женски
    Мачно ми е да читам. Не ви пречи бе луѓе што локалната власт во Кичево, Тетово, Гостивар ја избраа Албанците од Швајцарија? Или само македонскава дијаспора е проблемот? @bittersweet верувај се срамам што ти во Австралија почувствува потреба да излезеш на протест, а ние овде те плукаме. Затоа Грција е почитувана од сите. Единството на народот ја прави таква. Дали некогаш сте слушнале Албанциве да се бунат против нивната дијаспора? Границите не се бришат, туку полека се создаваат нови.
     
    На Skorpija25, Espadrila, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.788
    Допаѓања:
    141.997
    Една девојка сакала да се омажи за еден дечко. Он и рекол, ако ми дадеш ќе те земам. Она се мислела некое време...

    Мајка му и татко му рекле дека не сакаат снаа до 2025та.

    Арно ама овој заонал дај ми па дај ми. Ќе ти го опнам па нема да бидеш веќе невина...

    Оваа замислувала како ќе и биде у богата фамилија. И на крај му дала. Овој и го опнал и рекол : се океј добра си у кревет ама до 2025 не те зиам. А со тогаш да направиш 1000 измени ако сакаш да размислам да те зеам тогаш или по 10 години.

    Останала изебана и немажена.

    Поздрав од веце.
     
    На Skorpija25, Ariel, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Ја мислев тема сте смениле веќе ]:)
    Доаѓаме прееска дома, се раскомотувам, одам во кујна и мали улетување со камионот право во нога, ноктот ми го расцвета, до живец ме среди, ѕвезди избројав :D
    Одморив, испив едно кафе и време е за бањаре :)
     
    На duffi, Espadrila, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  8. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Цепажи си:D:D
     
    На Skorpija25, Espadrila, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    Oh my...
    Правите човек да се покае...јако...
    Еве се каам!
    @RainBow ќе те тагнам за и тука да ти кажам дека се каам. Знаеш за што, у право си била.

    Може сега да се смени тема?!

    Еве горам да ви пишам колку убава честитка добив за роденден... дури и дечко ми се потресе од убавината на истата. За еден маж тоа е голема работа.
    Ај нешто арно зборете аман!
     
    На Ariel, duffi, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Тука и по сите социјални мрежи се плука по Македонците од дијаспората Албанците никој не ги спомнува дури и они кај што плукаат по Македонците што излегле да протестираат Македонците им стискаат лајкови а они со продадените политичари се виновни за дереџето до која е дојдена Македонија ама не никој нив не ги криви за загадениот воздух, бебињата што умираат не бе Македонците од дијаспората се виновни за се.

    Каков е тој вистински патриотизам а каков е лажниот, чисто за да знам за во иднина?

    Вистинските патриоти се грижат за синот на @Lejla8 ним гајле им е како му е на детето тука, како преживува со 20 часа работа колку што му е дозволено да работи со визата, се грижат дали има за јадење, како работи и учи, како си плаќа сметките, дали е испран, испеглан, каде живее? Истите тие им дошле ли солзи на очите како на мене кога ја читаат @malerozna кога пишува дека има 40 температура а нема кој да и подаде чаша вода зошто мајкичка далеку е, ама имаат храброст, муда па направиле нешто за себе, напуштиле сукњите на мама, сигурноста на домот и отишле во белиот свет за подобар живот за некој сега да ги плука како предавници и не знам какви ама ОК јас продавам лажен патриотизам зошто сум излегла на протест.
     
    На Skorpija25, eli25, Arabella M. и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Ах маки наши,во БТ 50 000 само останавме,кога ќе поделиш колку од една власт цицнаа,колку од друга сега,едвај колку ќе останат за да биди протестот голем. Сега те прочитав,никој ама баш никој не се засекира дали моето има да јади,оти кога ќе си дојди нема кој претходно да му зготви,ниту да го праша како е,и не му е лесно,но за доброто негово и за наше,таму е каде што е,задоволен е,на сите тежини кои си ѓи носи,сепак е задоволен.
     
    Последна измена: 5 март 2018
    На Espadrila, MacenceEna, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    11.371
    Пол:
    Женски
    Уште нешто и толку на темава. Не ми е целта да се препукувам, туку ме боли ,зашто не се сите квазипатриоти како што велите. @bittersweet колку што знам не е ни родена овде, а јазикот го владее подобро од половина на темава, па и на форумот. Од желба да сме модерни си го запустевме и јазикот.
     
    На Skorpija25, Petar80, Espadrila и 5 други им се допаѓа ова.
  13. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.129
    Пол:
    Женски
    Македонија е држава, како големо животно на смртна постела.
    Народот се крволочните животни.
    Глодаа од него едните 11 години, им ржеа на другите да несмеат да припарат. Другите крволочни протестираа и ветуваа живот за сите.
    Иселените и непартиски определените станаа вегетаријанци, си пасат тревичка. Не се ни борат за да се доближат и да каснат мевце. Се навикна на трева. Само се обидуваат на некој начин ( обично со коментирање) да го соживат големото животно кое умира.

    Се смени власта, сега другите јадат од мевцето.
    Тие што до вчера јадеа, им вие стомакот за мевце, па се фрлија со обвинувања против истите како нив, дека тие јаделе мевце, срам да им било. А тоа што до вчера јадеа и тие, веќе не се важи. Проблемот се новите.

    Тревопасните само коментираат, еве и протестираат, да се одржи во живот големото животно.
    Ама тоа полека умира, оти него живо го изглодаа крволочните, што поддржуваат држава во која партиска книшка, а не квалитет е услов за вработување.

    Сами дробевме и сами сркаме.
    Судбина на скоро сите балкански држави. Ни Бугарија не е подобра, ни Србија. Ѓаволски триаголник е Балканот.
     
    На Petar80, dunika, simonka93 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Ние не плукаме по битерсвит, таман работа. Само си кажавме дека нема зошто дијаспората да протестира за името, кога и онака нема да смени ништо, а се друго е поважно од тоа.
     
    На Glasna, simonka93, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Не сум за во темава ама ќе прокоментирам.
    Дали мислиш дека протестите овде би смениле нешто?Да беше народот важен во Македонија животот ќе беше многу поубав независно дали е ВМРО или СДСМ на власт.
     
    На Lejla8 и doubleg им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Арно си велам себеси, како и да кажеш нешто, секогаш ќе се најде некој што ќе се навреди :) Ама ај ќути да те видам :D
    Митра нека не се праи многу будала, од толкава љубов за другарката седела со некој момак таму аха. И јас имам другарка, кога беше во врска имаше една таква ситуација, не се фативме под рака па да и глумам стража, туку и мелев цело време. Интересантна приказна у секој случај :D
    Да ви кажам и ја една смешна ситуација што ми се случи, ама ептен ќе се издадам :)

    Иначе, најискрено, за политикава многу малку знам што се случува во последно време. Последно го гледав овој од антикорупциска кога беше гостин на тв, многу смешно ми делуваше. Моето секојдневие се состои од тоа што постојано дознавам некој дека е болен. Ете, овие два месеца не знам што се случува, постојано такви вести ми доаѓаат. Плачам за некој да ми каже дека ќе се мажи/жени.
    Денес се нишам на една капка надеж дека чуда постојат, се случуваат. И тоа ми е побитно од сите политики, само нека се оствари. Прво тоа, па потоа јазици, држави, имиња..
     
    На happygirl, ivi1987, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би смениле нешто, иако би сакала. Ама повисоки туѓи интереси се во прашање, народот никој не го есапи.
     
    На ivi1987, simonka93, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.605
    Допаѓања:
    177.754
    Пол:
    Машки
    Албанците од Албанија, од Косово, од Македонија, од Швајцарија или од кое било друго место, се единствени, имаат одредени цели и се трудат да ги остварат. Грците од Грција и од цел свет, исто така. Само ние Македонците сме партиски поделени. Зошто не можат да се договорат Македонец со Македонец? Зошто мора да се прават коалиции со албанските партии?
    Никој од дијаспората не е виновен за нашите грешки. Народот во Македонија треба да се обедини. Треба на власт да дојдат сосема различни луѓе. Ни сегашниве ни тие пред нив не се добри. Корупција владее на големо. Тие што се на власт се збогатуваат и ништо друго не ги интересира. Народот едвај преживува. Ниту една приватна фирма не може да работи доколку не е поврзана со власта. Дури и да сакаш да работиш чесно, не може, нема да земеш ниту еден тендер. Ако случајно успееш во бизнисот одма ќе се појават рекетари, лешинари и останати. Или ќе плаќаш процент, или нема да постоиш.
    Дури и да се смени името, проблемите ќе си останат. ЕУ нема со прст да мрдне за да ни ги реши проблемите.
    Мене ми личи дека власта намерно го држи народот во ваква ситуација, само заради финансиска корист на одредени луѓе. А има шанси за подобар живот. Македонија има огромен број на сончеви денови во годината. Може да се произведува електрична енергија, а имаме и огромен потенцијал за производство на органска храна. Можеме да бидеме први во Европа според обемот на производство. Ќе има работа за голем процент од населението, ќе се подигне стандардот и ќе се решат многу други проблеми.
     
    На Skorpija25, ivi1987, sanjaeva и 14 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Грешка си Анат, на протестот 70% беа млади деца, повеќето на студенски визи, ете вчера дошле па пак излегле на протест, они си знаат зошто.

    Значи вчера имаше во Мелбурн 60.000 народ, во Сиднеј 40.000 значи 100.000 Македонци од сите нив се собрале едвај 500 гласа за изборите ( за од тука зборувам) од цела дијаспора еден пратеник што менува во политиката еден пратеник, што може да реши, промени, наштети на народот кој што живее таму?

    Да не се разбереме погрешно ама мене лично ич не ми е гајле за името после се што прочитав за дијаспората по социјалните мрежи ми се идеше да го запалам македонскиот пасош и да му намочам на него, слика да ставам од тоа на социјалните мрежи зошто лајкови му ставаат на шиптарон што пишал крвта да ви ја е*ам на децата ваши стоки неписмени, да бидам горда што сум дел од народ што ми ги колне децата, моите, на брат ми, на сите што ги познавам, стварно со што го заслуживме тоа зошто и јас и моето семејство спаѓаме под македонска дијаспора?
     
    На Skorpija25, MacenceEna, malerozna и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    11.371
    Пол:
    Женски
    Место да им излеземе со стапови на оние што последниве 20-тина години ни ја кројат капата и изедоа се' што може да се изеде, нам ни пречи што дијаспората протестира место нас. Тоа ми е муабетот. Една држава не' тера да си смениме име зашто имала област со исто име, а ние сами викаме дека не е важно името. Ако не е важно и ако тоа нема да ни смени ништо во животот зошто тогаш Грците толку инсистираат на промена? Ама тоа е, од секогаш сме пателе од синдромот на самоуништување.
     
    На Skorpija25, Espadrila, Peco и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.