Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.206
    Допаѓања:
    137.935
    Пол:
    Женски
    За адети т.е бабини деветини ми иде да тепам. Ама онака посилно да мавнам. Сет бес со еден удар да го извадам. Ако пак земе некој да ми кажува обратно правам.
    И не е ни до средина, ни до образование. Менталитетот ни е таков и неупотребата на мозокот.
    Коа слушам млади мајки, образовани коа ќе лупнат некоја деветина да ти се сврти умот.
    Роднини, едниот доктор другиот магистер по хемија бебето од болница го шетаа низ град 3 школи да поминело за да учело. Шта речи. Нека си сокинат и дипломи и се.
    Другарка професорка во средно школо бебето до 6 месеци го переше на рака пошто ќе му се повраќало. Како што вртела пералната нему во мешето ќе му се вртело. Се запрепастив.
    Ми иде да се изолирам од 95% од народот.
     
    На M&M, Lejla8, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    Сите знаете кај работи Рефка?:^)
    Абе фби не е рамен.

    Чуден и испревртен ден.
    Ме исцица глуп муабет од една средба па во сдк се испразнив. Мојов критериум е да имам помалку луѓе со опасни критериуми кои самите е дисјутабилно дали ги исполнуваат толку. И луѓе без емоции. Никакви. Ладни. Уствари емоции само кога они си се во прашање и само нивното што се дешавало било вредно за солзи... се прашувам дали треба човек да ги потсетува кога се лигавеле... за глупости, туку ај. Ме исцица, еве пијам сега кока кола и кафе за да се кренам. Се глеа колку сум се напукала па и тука ви се назборев.

    Сте збореле за трачеви?
    Не потценувам извадени муабети. Не се замарам, фала богу и немало ама од туѓи искуства - многу наводни трачеви испаднале тешки вистини. Така да...

    А со ова адетиве, денес нешто фино се деси, малку ама фино и забележливо. Одма дотрчала комшиката кај мајка ми да праша прво зошто и како и после да и рече да врзела црвено и да попрскала со крстена вода по нештото. Комшикава има 37 за бога милога...

    А квакиве и каленициве со вода...
    Шта реќи...која простота од народ сме... ама знаете што... многу луѓе прават такви глупости од среден век и не кажуваат... се фасцинирам од глупоќата. Има по некој ваков што ќе се истрча, ама за многу попаметни луѓе кога ќе дознаам таква работа...страшно. Едни млади што ги знам почнаа да градат куќа. Ставија топломер и заклаа јагне во темелот... се згрозив. А јас и мајка ми гледаме репортажа за јагненцата за велигден што ги товарија да ги носат за Италија, едно од мајка му не може да го одделат, се погледнавме скришно една со друга солзи на врв очи, овие јагне во темел...
    Другарки три знаејќи ми го ставот, ќутенката отишле кај гатачката на Грујо. Дознав од маж и на едната...парче ги направив после.
    Мене кај не ме праќаа СОВРЕМЕНИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ЛУЃЕ. Води, маици и чорапи од по манастири...ехе...

    Така да...
     
    Последна измена: 26 март 2018
    На Lejla8, eli25, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.481
    Допаѓања:
    263.156
    Пол:
    Женски
    ^од сите глупости ова со школите за да учи, сеа прв пат го слушам :)
     
    На Skorpija25, M&M, Lejla8 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.543
    Допаѓања:
    281.627
    Пол:
    Женски
    Оф како незнаев за ова порано тамам имам три школи во градчево мое ...чуди се оти не ми учи детево...:D
     
    На Skorpija25, M&M, fina erika и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    А исто така УЧЕНИ луѓе папочната врвца на бебето му ја фрлија во дворот на факултетите - за да станело професор еден ден...
     
    На Feminka22, Skorpija25, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.823
    Допаѓања:
    145.501
    Gotovo, ova e vrvot.
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На M&M, fina erika, mira.mira и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.481
    Допаѓања:
    263.156
    Пол:
    Женски
    Гадноооо! Па некое маче ја наоѓа па ја тегне по паркинзи на факсот :x
     
    На Skorpija25, fina erika, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    И ќе заврши на битпазар и после шо правиме?! После не учело, е не учи...:D
     
    На Skorpija25, M&M, fina erika и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    И после зошто ги мачкале со мензис. :worried:

    Ја сум слушнала дека децата ги носат у три куќи на 40 дена. Зошто - никој не знае да објасни.

    А да, мене ми се смешни оние споделувања на мудри мисли од Пауло Коељо. Изгледа мислат дека типот навистина го напишал сето тоа. Признавам пософистицирани се од Сузе. (highfive)
     
    На Lejla8, eli25, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    95.472
    Пол:
    Женски
    Изгледа во државата има повеќе бајачи отколку лекари:x
    А жими се,не личиме на таков народ,да речам плиток...

    Лани ме ставија во таа групата ЖДМ демек да фаќам сеир.Јас се нервирав од срце и ме јадеше туѓ срам,излегов по некоја недела.Далеку сум и јас од мудроќа,ама тоа беа умови за греота!
    Рефке оп-стоп јас го знам тоа со кваките,и уште една изрека знам :
    Кој те/ме урочи-к.р у очи:rofl:

    Не ме банирајте плс/бфф:bandit:
     
    На Skorpija25, mira.mira, Lejla8 и 24 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Ја не знам кај работи Рефка :!: Ама мене у глобала многу работи ми поминуваат така неприметно, и да видам слика од некој и пред мене да помине низ градов нема да ми текне. И онака нон стоп сум нешто замислена.. И многу заборавам :( Само си подзапишувам работи.
    За овие гатарскиве работи, сега тазе една пензионирана роднина наеднаш добила енергија у раце, со масажа им помага на луѓе. Бизнис ипол. Па отишла родениот брат за пари да го масира. Не знам кој е поголем будала...
    У мое село вакви ствари многу има. Едни комшии свекрвата стара необразована жена не може да поверува како учената снаа оди по гатачи и верува у такви ствари. Изгледа по папочната ги влечел факсот, иначе не се баш...:^)
     
    На Skorpija25, mira.mira, Lejla8 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Само на Балканов "многу арно не е на арно" важи. Значи за се' очекуваме лошо.

    Едит: и јас не знам кај работи Рефка.
    Ама па, јас многу работи не знам, не приметувам или касно сфаќам.

    Познавам луѓе што штотуку родено бебе го носеа од клинци ваљда да му баат (бебево 4-5 дена старо), наместо капки/чај за грчеви даваат светена вода (колку сака нека се верници, на 2 недели бебе не е баш нормално тоа да му даваш да пие), не перат во машина да не им се вртело во стомакот, не сечат нокти, ставаат метли и ножици под креветче, врзуваат пешкири за плодност, одат кај бајачка во Кумановско што лечи од превртена матка, не пружаат алишта кога ќе се стемни и не искачаат, со добиено не одат кај бебиња....
    Од што сум видела по фб, но не и' во живо маваат деца со јајце по тил и бањаат со менструација.

    Сигурно нешто заборавив.

    И да.
    Глуперди глупи.
    Sorry not sorry.

    Баба ми е 10000000000 пати поеманципирана. Срамота.
     
    Последна измена: 27 март 2018
    На M&M, Lejla8, eli25 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    За неодење кај бебе со добиено имало медицинска позадина, особено кога е многу мало кога и самото се чисти од хормони.
    Само нашава простота од народ одма харипотеровски филмови си брка.
     
    На Skorpija25, Lejla8, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Нема никаква медицинска позадина :)
    Докторките, сестрите, акушерките, чистачките, болничарките... не седат дома кога ќе добијат.
    А и во куќата ако има уште некоја жена покрај мајката, што нели ќе добие, шу прајме? :)

    Хигиената ако е на ниво, нема ништо да му смета на ни едно бебе.
     
    На mal.ecka, M&M, Lejla8 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    Не би тврдела. Не знам.
    Педијатарката на внуциве така и објаснила на снашка. Внука ми доби страшен осип и да не должам како понатака.
    Лично не знам и не можам да тврдам дали е така.
     
    На Skorpija25, Lejla8, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Кај нас луѓето се пазат, ама озбилно се пазат. Да не ги урочи некој, да не појде нешто по лошо, пу пу, скраја да е. Ама живот, се се' случува, и првата лоша работа одма ја поврзуваат со некој настан.

    Не ми е јасно, ако веруваат во гатачки и бајачки, зошто одат на лекар? Нека останат достојни на другата наука и нека се пораѓаат у колиби.
    Пример ја верувам у медицина, не верувам дека некаква енергија може да излечи неплодност, рак, грчеви кај бебе итн. Ама затоа кога нешто ке ме боли ја одам на лекар, не кај Мирса у некоја планина.

    Мислам дека сум зборела за тоа, има луѓе кои веруваат дека на неродено бебе не му се купува ништо. А ја од мерак па за малку ке купев. :|

    Мензис и одење кај бебе не се поврзани. Осип од X работи може да се добие. Поголеми се шансите да добие бебето осип од бацување у образ или раче, отколку од жена со мензис која е тазе бањана кога оди таму.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.108
    Допаѓања:
    165.904
    Околу мене ако некој со кој поминувам доста време, ако пие антибиотик јас морам да пијам пробиотик зошто имам проблем.
    Неверојатно, но вистинито и медицински издржано. Ретко, но се случувало, особено ако тој некој пие антибиотик е партнерот.
    Така да... не тврдам за ова погоре со осипот и токму дека верувам повеќе на доктор него ли на нашите логики со бањањето и миењето - ќе оставам резерва за вистинитоста, чисто да останеме доследни на она дека сме современи и веруваме на доктори, а не на бајачи или мислења од групи и форуми.
    Не сум децидна во ниту еден поглед, но оставам простор и не тврдам повеќе за едното или другото.
    Не е Мирса од планина во прашање туку педијатар и пак не е Мирса во прашање туку имунолог од клиника за антибиотикот.
    Да ве потсетам дека алергија од кикирики се добива само и од присуството на кикирики во просторијата.
    Бебињата се исфрлаат и кога мајката е во мензис, доела- недоела.
    А што се тиќе хормони, истите не ср само таму доле и дека избањат немаш мука со хигиенските моменти. Полови хормони исфрламе и со потење низ дланки и лице.
    Бебе добива мозолчиња ако мајката е во мензис, недоела, а особено доела, низ млекото особено многу влијае. Не е логично необјаснива ствар, бабпска и бајачка... така да, не тврдам ама за мене има логика и не е од планина чуено.
    Простите кај нас што прават некоја глупа магиска корелација не ја коментирам, дно е.
     
    Последна измена: 27 март 2018
    На Skorpija25, Lejla8, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.694
    Допаѓања:
    262.924
    Маката на се ќе те натера, па и најголемите неверници, од мака ќе идат.
    А за останатите глупости немам коментар.
    На пример мајка леунка не смее да изчегува посче зајдисонце оти ќе и секнало млекото.
    И ред други глупости.

    Туку, додека ние овде расправаме гатачки низ Европа спасуваат мачки со пожарна:D.
    Мајка ми кога се јави денес ми раскажа за спасувањето на мачката. Неколку дена мачката била на кровот и не можела да слезе и комшиите викнале пожарна. Дошла пожарната и пожарникарот се качувал на кровот за да ја спаси мачката:D.
    Го сликала мајка ми. А куќите ниски, ама луѓево пожарна си викнале. Мама вика гледам пожарна и барам кај гори, оно мачката од кровот ја спасувале:rofl:.
    Кај нас иди викни пожарна за мачката:D:D:D.
     
    На Skorpija25, M&M, Ane-Goki1 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Ај сега врати си го филмот за професорите што фрлале папочна врвца у двор на факс :rofl:
    Многу доктори, спротивно на општиот став, вадат "факти" од ракав, не оти што на конкретната тема учеле или истражувале :)
    И јас бев забезекната колку академски граѓани се... па неписмени.

    @JuLleE ако кренат доктори раце од тебе, ќе сфатам дека мака те натерала.
    Ама прво по бајачки и манастири, пред на лекар да одиш?
    Глупавост е тоа.

    Инаку во светов кај што живеат така емоционално посозреани луѓе од нас, малку посвесни, одамна викаат пожарникари за спасување на животни. А и пример, ако стварно гори куќа, додека има живи миленици внатре и тие се спасуваат.
    Кај нас се' е наопаку. Па и сфаќањето за милениците и животните воопшто.

    Спојка на суеверие и животни. Луѓево како ѓавол бегаат од црни мачки :D Откако го имам мачорот, кој е црн катран, многу од луѓето (читај роднини) што секако не ги сакав престанаа да ми доаѓаат.
    Вин-вин ситуација, како не знаев порано :D
     
    Последна измена: 27 март 2018
    На M&M, Ane-Goki1, Lejla8 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    И да, кога другарка ми ми кажа дека е бремена, истиот ден патував, од среќа, од мерак, од радост одма изнакупував унисекс чорапчиња, бодиња, лигавчиња... други што видоа ме "опоменаа" оти не се купувало пред да се роди. Абе ајде.
    И првото гледање со бебчо ни беше кога јас имав циклус.

    Е сега.

    Може јас тука претерувам - не знам, ама кога бебињава беа ептен мали, помали од месец, кога одев да ги видам секогаш со себе носев чиста бела маица (што ја перам на 90 степени) и ја облекував кај бебе дома откако ќе измиев раце како во сала да влагам.
    Секако претходно се бањав, но ова ми беше екстра мерка бидејќи сепак нели чевли облакам, возам (допирам волан) а работам со секакви глупости.

    Ни едно бебе не се разболе, можеби јас претерував, ама па хигиена не ми е чудна ич, и ден денес кога ќе ми доаѓаат дома и мачорот го бањам ден претходно, иако дома е цело време тој.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.