1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.729
    Допаѓања:
    145.108
    Вечер друштво! :hai:

    Пред да легнам мислев очи сами паѓаат, сега не можам да заспам. Додека јас заспам ќе се јави малиша и така во круг .|-)

    Вчера успеав да завршам куп работи. Прво и најважно дома накитив . Светлечкото дрво сега глуми велигденско накитено со јајца и зајчиња. :nod:
    Нека му се радува беби.
    Извадив и дел од украсите. Сите ми беа многу оти празникот кратко трае , а после треба да раскитувам. Важно дома имаме велигденска атмосвера .:f:

    Трите јајца вапцани пред сонце како што е редот.
    Повеќе годинава нека собира малиша. :tmi:

    Денес цел ден шетавме. Прво со беба додека беше поарно времето после со маж.
    Сите пазарат по нешто за празникот па ај и ние .:D

    @Emy867 :hug::hug:
    @lunicka честитки,заслужено!:hug:
    Честитки @fina erika , да редиш уште поголеми успеси!

    Убав празничен викенд ви посакувам!:f::f::f:
     
    Последна измена: 5 април 2018
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.757
    Пол:
    Женски
    Честитки за милата @fina erika :* и честитки @lunicka за покачувањето:hug:. Женишта сте:D :muscle: :muscle:

    Го прележав цел ден..нормално нели:D зошто ли се жалам кога не можам друго:D
    Ама и спиев(facepalm) вечер ќе седам дежурна да се осигурам дека моиве фатиле такси, дека ги собрале за Битола..па после дека поминале граница..
    Како тие да ми се деца мене, а не јас нив..

    Како би шетнала сега по Битола и Охрид...
    Врне тука... @referentka
    Ме тера на спиење..|-)

    Да бев во Ск сега ќе се притресував каде да купам јагнешко и дали во Бисер ќе имаат:rofl: да..добро заклучивте, не земам од тука:D
    Па ќе правев колачи..
    Ќе бев станата уште од 3 сабајле за јајцата и до полноќ полна со енергија..
    Мојов ми вика - што ќе правиме за Велигден?
    Подналутено му реков НИШТО... и сега криво ми е за тонот(facepalm)
    Ама нема што да се прави. Ќе го намолам да оди со друштвото да си прослават.. тоа што сум врзана за кревет не значи дека и тој треба да се изолира..

    Денес сум на чаша млеко со плазма..
    Прееска задремав и сонував јагнешко во некој кремаст сос и една плескавица со тон кашкавал..
    Се излигавив(facepalm)
    Гладна кокошка просо сонува..

    Ај отидов да сонувам.. може некое куче ќе ми сервираат ако сум во Кина на сон, па ќе ми се одјаде:rofl:
     
    На mareane, green.eyes, Skorpija25 и 33 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    @Dust во Трено меФце купи си.
    И...нека си врне..коа ќе се распиштолам утре.Во сабота имаме резервЕ во едно кафанче..па нека си врне ако сака.
    Кога не сум на работа,ништо не ме нервира.Битно со нив двајца сум.
    Ако има прилика,ќе свртиме околу езеро.Ако нема-нареден пат.
    Идам,чекај ме.
     
    На mareane, green.eyes, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.553
    Допаѓања:
    147.047
    Пол:
    Женски
    Не сме испазариле ништо уште, а не сакав денес по најголемите гужви. Рамстор сигурно ќе работат и утре а се надевам дека ќе се подиспразни скопјево па ќе нема гужва.
    У недостиг на чипс јадев нудли, од оние инстант, којзнае што хемија има во нив. Уште ми се јаде :$
     
    На green.eyes, Izdrzliv, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.757
    Пол:
    Женски
    Ехее да можев да станам:D тука имам во фрижидер домашно јагнешко, домашно телешко, свинско.. абе нема што нема. Пропратено со домшни сирења, кашкавали, овчи и крајви..младо сирење.. ајвар:lol:

    Ама нели... тоа е:D
    Утре ми најавија посен ден... абе викам гајле ми е:devil: јас НЕверник сум и не постам. Ама ајде сега морам да слушам команди:lol:

    Убаво да си поминете. Се надевам ќе се подобри времево.. Ако ништо друго, барем и мојов убаво да си помине.. :party:
    Шетајте.. секој миг кога не врне.. преубаво е надвор:)
     
    На green.eyes, Izdrzliv, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.348
    За јајца е муабетот?
    Деновиве треба нови емотикончиња да користиме...
    1396504073-funny_egg_picture_37.jpg
    Јајца офарбани... Свеки 3 пред изгрејсонце, не сакав да и се мешам во „штипки“ :D
    Останатите 52 јас ги офарбав кога си дојдов од работа попладнево... Секоја година јајцата ги бојам само во црвени нијанси, но оваа година прв пат земав желатин и сега имам шарени јајца. Многу ми се убави :tmi:
    Сега се мислам што благо да направам... Имам смрзнати вишни, си помислив баклава со вишни, но сите дома нешто ко пазат на внес на шеќери, паа :?: , баклава отпаѓа... Хмм, а чоколадна торта со вишни да направам? Можеби, ако и тоа им е многу благо, јас ке се потрудам неколку дена 8)
    Плус некои чоколадни бомбички или бајадера...
    За другата храна се знае... За Велигден се јаде јагнешко, за пребирливите ке има и свинско, печен компир, сос со печурки, свежи салати и секако мимоза салата, да се потрошат јајцата :tmi:
    Иии... Сето тоа ке се направи во сабота, утре не се работи НИШТО :)

    @lunicka честитки за поголемата плата :f:
    Многу ми е мило што си се охрабрила да побараш покачување! Животот е борба, ако сами не си се избориме, никој ништо нема да ни даде на тацна!!!
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 29 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Јас сум у ПМС , прееска изедов толку многу лут чипс што ми се слоши дури. Денес со страшни вртоглавици, ваљда е од времево а не од цистите :|
    Утре домче, ќе одмарам и ќе гушкам деца а сабота ќе фарбам јајца. Недела на ручек кај свекрва ми и ако се опорави времево ќе се шетне до парк. Прееска се изнаврна, грмеше, светкаше, како мало дете спуштив ролетни и се пикнав под ќебе :D
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 28 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.553
    Допаѓања:
    147.047
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие неприбирливите, обожавам јагнешко. Дај тука и јагнешко и штрудлата со вишна и се :D
    Кркнав уште 2 парчиња леб со путер и кашкавал, би можела и упте ама не не. Што ми е по ѓаволите мислам дека мо е рано за пмс.
    Поарно да си легнам
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.348
    8-| Легни си... Како си почнала, ако продолжиш... :?:
    Јас 100% не сум во ПМС, а изедов еден тон храна вечерва! Си реков да постам овие три дена и цело време нешто џвакам (facepalm)
    И јас да си ленам... Ке читам малку, до 2-3 по полноќ. Утре нема рано станување, кооонечно (fingers)
    Добра ноќ :hug:
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.155
    Допаѓања:
    138.675
    Јас на домашните на се истурам. Вчерс свекрва ми ме извади од кожа, а минатата недела мајка ми. Броев до 100 и успеав да не измрчам. Што не значи дека не бев нервозна.
    На децата гледам да не им се истурам кога драмат, ама откако ќе си пегнат ми излегува цела нервоза.

    Јајца фарбам во сабота. Мислам, децата фарбаат.
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 27 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    134.784
    Пол:
    Женски
    Упикување некому ради услуга - нема шанси, премногу ниско ми е. Ако сме блиски, а ми треба помош сами знаат и се нудат, кај други нема потреба да се упикавам и кукам. У глобала луѓето бараат услуги кој ќе им ги заврши и непознат, бидејќи тоа му е работа, можда побавно ама ќе си ја добијат услугата што им треба. Место улижавање можеме да мрднеме од дома и да си завршеме сами работа.
    Од мене услуга си знам кој (би) добил. Останатите еден фин осмех на лице и изговор зошто не можам да ургирам.

    За велигден јајца, благо, нешто месено и некое меФце. Да не викавме родители на ручек месеното и мевцето ќе отпаднеше од план.

    Нервоза не истурам ама и не собирам бес, шо на ум тоа на друм, нема собирање во себе. И полесно ми е. Не сум напната, нервозна, не се каам зошто нешто не сум рекла па да чекам сладна прилика да ,,пеглам,, кој треба.
    Блиски ако ме замараат за баналности, им враќам со замарање со баналности. (ова ми е школо од братучетка ми :tmi:) Пример мајка знае по 100 пати на ден да ме прашува што правам ако и е досадно. Е ама коа ми е досадно јас ја малтретирам за да сфати. Некое време си ја знае лекцијата :D
    Добро сега не сум одсекогаш ваква ама лека полека си ги учам сите животни лекции :D

    @fina erika честито унапредување
    @lunicka честито покачување
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 26 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.739
    Допаѓања:
    266.501
    Кај нас моите фарбаа јајца секогаш во сабота, откако е татко ми во пензија фарба во четврток :)

    Да се гледа некој филм сега, се изнаспав, изгушкав бебе, собрав сестра од шетња, какао се крчка...

    Сабајле на по ден ќе ви сликнам од јајцињава :) Среќа годинава моите решија да шетнат, па сами сме со сестра ми и културно е накитено :)
     
    На green.eyes, Izdrzliv, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    93.416
    Пол:
    Женски
    Вчера саде домаќинки уште сабајле со јајцата,денес сите си нанате|-)

    Ајде кафенце:sun:
    2D4A3DDE-FC9F-44B7-9C6F-9044635824C7.jpeg
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 24 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.132
    Добро утро и од мене :sun: :coffee:

    [​IMG]

    Денес работно.. и во понеделник исто ќе биде. :|

    Уживајте во денов со најблиските :f:
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 25 други им се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.236
    Допаѓања:
    146.399
    Пол:
    Женски
    Дoбрo утрo!

    Нaспaни и сите нa куп...зaрaди oвa ги сaкaм прaзниците најмногу...

    Плaнирaвме шoпинг сo мм aмa не знaм дaли ќе се реaлизирa oти надвор истурa...
    Денес лaбaвo...
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 22 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Дуника, лиги ми потекоа од кафето.
    Грав направен со две кесички чаj од нане. :))))))))) сега место не ме фака. Ко црви у газот да имам перидов. Ни дожд ни ништо влиjae. Фино е вака.
    Да измиjaм двава перчини на глава и че се оди по улици.
    За празникот...ручек само. Ништо попосебен од други викенди. Нема koj да мрцка. Нема расположение нит желудник за товенje. :)) старос.
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 25 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :)
    Денов тмурен ама не ми смета, домче сите на куп, ништо поубаво :inlove:
    Кафе на мени и излежување, таков е денот. Денес само ручече и садови миење, толку :)
    @lunicka честитки :)
    @referentka убав помин :)
    Убав ден да имате друштво :hai:
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 23 други им се допаѓа ова.
  18. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Добро утро-добар ден,се преспав,што е релаксација далеку од дома:)
    За Велигден тука во ресторан.
    И кај моите во фамилија сабота се фарбаат јајцата и мене ми останала таква навика,ама годинава одмарам од јајцата,сепак мама ќе даде,една е мајка.Со родители сум се замерувала не дека не ама никогаш мајка ми не ми текнало да ја преваспитавам,зошто имала на бандера да ме обеси
    Родителски авторитет и стравопочит установени далечната 19.....и не знам која беше тоа одамна.Мислам дека денешниве деца се многу размазени поради недостаток на тој родителски авторитет,ај малку на оваа тема ако тајните за одржавање на вашата природна лепота не ви се издаваат:D
    Врне ама има местово покриени работи за релаксација,мора тело во форма да се враќа дека нели во здраво тело здрав дух:lol:
     
    Последна измена: 6 април 2018
    На green.eyes, Izdrzliv, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.380
    Допаѓања:
    126.476
    @flower30 dobredojde na temava.Bejbi prespiva prva tura jas kako od voz zgazena.
    Godinava ni jajca vapcav ni blago pravam.Ke kupam rolat i edna ruska moze da napravam.Sveki vapca jajca pa ke ima i za nas.
    So ubo malata mi se nauci nadvor do vcera si setkavme denes vrne pa edvaj sedam doma.
    @lunicka bravos za hrabrosta...zasluzuvas mnogu povejke.
    Ubav den devojki i @Peco
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 22 други им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ист проблем. Јадам нудли и уште не дојадени си викам после пак ќе јадам. Мислев до мене е проблемот, а оно до хемијата било. Одма е полесно :D
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.