1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Деновиве дај салата комприр,оцет и кромид тоа само ќе јадам .
     
    На CameliaMiller, Annath, malerozna и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Едноставно кажано во земја пропаѓам кога треба услуга да побарам,ама директно без заобиколување со друѓи муабети тоа го правам,додуша ретко кога сум се осмелила да побарам услуга,најчесто кога се работи за блискиве,за мене лично не барам.Малку го подбрав синко,овај пубертот во глава му мава,како во хотел да живее,па сега ми е криво,абре слаба сум на дечкиве мои,но за негово арно,ама ај:?:
     
    На green.eyes, Skorpija25, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.061
    Татко ми ми е сериозно лут.
    Морам да ослабам.
    Од дм не ми е ич срам, ама од татко ми и килажата уууу да...
    Си седам и се јадосувам.
    За арно збори човекот...
     
    Последна измена: 6 април 2018
    На CameliaMiller, mal.ecka, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Килажата секогаш не се должи на храна и недвижење.
    Хормоните се исто битен фактор.Мора да се држат под контрола.
    Ама од друга страна кога ќе чујам жени кои по пола свинче јадат за доручек а дебелина препишуваат на хормонални поремерувања,ми се:puke:.
    За здравје мора да се води сметка,а дебелината е исто битна алка за добро здравје.

    Денес дружби.
    Мала пијанка ме исфрли од колосек,па троа веселичка сум.
    Врнело надвор,ама и тоа не забележав, убаво ми беше во друштво.
    За утре закажана кафана.
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 25 други им се допаѓа ова.
  5. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    93.416
    Пол:
    Женски
    @Lilit јас те замислувам слаба и со црна коса до раменици,жица:!:
    Ова сеа со килажа само ми правиш збрки во имагинација:D

    Шо си правите друштво?
    Јас сум мртва гладна,маж ми пости на вода денес,т.е не јаде ништо и жал ми е пред него да мљацкам:|

    Инаку ми ја туривте “чивијата” со бајадерата,па утре ке правам и јас.Маж ке микса тирамису,јас доза кифлички,и така се спакувано ке оди кај девер ми во Недела.
    Од Понеделник натака со вагата ке сме на Вие|(
    Прееска во ХМ пробав светли пантолони,материјалот убав ама тенок,а бутчињата и га.от машала ко куршуми да ми пукал некој.
    Редно е да се размрдам и да се мачкам со смрдливине креми за целулит:emo:
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 26 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако почнувате диета,кажуjте. И jaс да се мотивирам конечно и на вежбане да почнам :(
    ми се придрема,ептем. Проjде и петоков. Ко сабота ми беше.
     
    На green.eyes, Izdrzliv, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Доста со муабети за дебели и слаби. Секоја си има своја убавина таква каква што е. А пред се си има причина зошто е таква. Некој од стрес слабее некој се дебелее. И обратно. Плус колку е здрава храната која ја јадеме е друг муабет.
    9 дена минав во болница. 7 бев без капка вода во уста. наредните 2 ко врапче јадев. и деновиве дома ми се сведуваат на јогурти и супи. Се движам ко зомби и по едно одење до тоалет 2 саати спиење следат. Се осеќам ко костур и денес реков ај да се вагам. и кога гледам :o :^) исто |( А се пребројувам и дека над 30 литри инфузии примив, ај може задржувам течности.
    Нејсе, со килце повеќе или помалку, битно е само и само здравјето.
     
    На mareane, green.eyes, Skorpija25 и 27 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    @dunika по кој рецепт правеш тирамису? Имам маскрапоне, па сакав тирамису да правам.

    Денес шетавме, па црква, детево на пица сакаше.
    Инаку ми ги изеде пола вапцани јајца|(. До Велигден без јајца ќе останам]:). Не сака други, тие ги сака. Јаде и коментира колку биле убави:^).
    Уште 10-ина јајца имам:|.
    Утре најдобро пак да вапцам.
     
    На mareane, green.eyes, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.757
    Пол:
    Женски
    Јас признавам дека си јадам се и сешто:tmi: и никогаш не викам еее од кај ми се кг, па не јадам
    Плус па здравствени проблеми порано..здравствени проблеми сега.. Абе раат да не е човек:D

    Како би мавнала една шопска со многу сирење и коњаче..:sweat:

    @♡BuBaLe♡
    Чекај мила, рано ти е да се вагаш:D
    Тоа после барем 3 недели..
    Треба да исфрлиш многу работи:lol:
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 18 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    93.416
    Пол:
    Женски
    Јуле,маж ми прави,експерт е мајке ми,има една тетка италијанка колешка.
    Прво правиш кафе,јако,оригинал со еспресо ама ради малиот смени со какао а:wasntme:.Сипи го во тањирче да ги собира пишкотите.После идат јајцата,4 големи,делиш жолчки од белки(пази да се чисти едни од други).Во садот со жолчката стави 5 лажици шеќер и мешај дур се стопи,па полека стави го маскарпонето(500гр)и уште 5/6 мин миксирај.Се префрлаш на белката,мати дур стане “снег”,за потврда кога е доста преврти го садот,треба да не паѓа:lol:.
    И сега е на ред главната “цака”-соединувањето на двете смеси.Изматената белка иде во жолтата смеса,и се меша мнооогу нежно,од краевите према средина,нежно ко со бебе:D,за да ти остане “воздухот” внатре.
    Пишкотите од шеќерната страна ги топиш кратко и си редиш ред од нив/ред крем.Завршуваш со крем врз кој наросуваш какао.И остави го да преноќи обавезно(highfive).
    Ако имаш гужва по дома,дуплирај доза:)
     
    На Skorpija25, Izdrzliv, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    Не јаде син ми вакви работи, по јајцата е он]:).

    Какво еспресо да најдам? Да купам готово од кафиќ или кафе то го, 250 мл., и да ги натопам?
    Пишкоти треба нели?
    Друго, во некои рецепти се додава и рум или амарето во кафето, а во филот и слатка павлака.
    Да додавам или вака е поубаво?
     
    На green.eyes, Izdrzliv, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.132
    @dunika и јас така @Lilit ја замислувам, сега ми скрши филм со коментаров :|

    Јас вежбам, некогаш помалку, некогаш повеќе, јога задолжително. Имам вишок некој кг, сакам да ги симнам ама полесно се качуваат. Проблемот е што јадеме многу доцна со маж ми, доаѓа од работа во 10 па додека да јадеме знае и полноќ да не фати. Такво му е работното време, а мене сама не ми се јаде.

    Порано јадев се и сешто, ама веќе четврти месец како не јадам процесирана храна воопшто, неколку недели без шеќер (освен во темното чоколадо). Ослабнав, околу 6 кг ама застана вагата и не покажува надолу веќе некоја недела. |(
     
    На green.eyes, Skorpija25, Izdrzliv и 24 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    93.416
    Пол:
    Женски
    Не не,нескафе или било кое инстант ке ти заврши работа;)
    Ако го сакаш вкусот на рум/амарето слободно стави,мене лично ми е тешко некако.Не ставај павлака,немаш потреба,ке ти го наруши кремастиот вкус:)
     
    На Izdrzliv, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.155
    Допаѓања:
    138.671
    @JuLleE има и инастант еспресо, тоа ептен брка работа, само да е силно.
    Амарето е подобро, или коњак, мене со рум не ми се допаѓа. И јас не ги топам една по една пишкотите, туку им истурам од горе кафе во кое има амарето или коњак.
    Не треба слатка павлака, вака е поубаво.

    http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/тирамису
     
    На Izdrzliv, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  15. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    И не мешај со метална лажица:!:,правило број еден;)
    Не за друго,воздухот да не го избркаш:D
     
    На Izdrzliv, CameliaMiller, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    Ама миксерот ми е метален.
    Тешко дека ќе најдам коњак или амарето. И ако најдам колку да ставам?
    Колку кафе се става?
     
    На CameliaMiller, malerozna, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Не ти треба миксер за спојување на белките со жолчките...во овој случај не се меша со метално.
     
    На CameliaMiller, Annath, malerozna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    Значи овде лежи зајакот:D.
    У лажицата.
    Фала на советите:*.
     
    На CameliaMiller, Annath, malerozna и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.155
    Допаѓања:
    138.671
    Мене кафе ми оди околу 200-250 мл, направено со 2 дози кафе.
    Пишкоти ставам помалку од рецептот, 200 грама или малку повеќе од тоа. Ама јас го сакам повеќе на крем, плус зависи и од тавчето.
    Алкохол 2 лажици се доволно.

    Маскарпонето многу прави разлика. Тие италијанските што ги има во веро се топ. Со збрегов малку потечен излегува кремот.
     
    На Izdrzliv, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.061
    Еее па вие колку кг мислите дека имам?:D
    Немам толку многу кг колку што имам волумен од здржани течности.
    Како што кажа Рефка, хормони, јбг ... башка и други работи и ... тоа е цената. 40ка фармерки носам во моментов, а сум носела и 34 и 36.
    Има човекот разбирање за сето тоа, НО исто така гледа како не можам да се опасуљам да воведам протокол кој ми е нареден за да се стабилизирам, се нервира дека не се воведувам во режим после све...
    Не сум ни црна дечки. :?:

    И така..
    Колку убаво ќе беше сепак да сме дома деновиве.
    Од друга страна си викам пак едно та исто ќе биде, стани, јади, легни, на гости и со гости, и поширока фамилија што ме вади од такт. Вака...

    Јуле, обично нес ќе ти заврши работа, и кога ќе мешаш белки со жолчки внимавај да не ти спадне смесата, биди брза и внимателна. Кафето не е до толку колку амаретото и маскапонето, но ко што пишав, внимавај белката да не спадне.
     
    На ♡BuBaLe♡, CameliaMiller, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.