1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    147.043
    Пол:
    Женски
    Јас на овој апетит се чудам како и подебела не сум, не можам да кажам абе ништо не јадам како волку качив. Имам вишок некои 10кг, вака нешто многу не ми се познаваат висината ме вади ама јас си ги осеќам. А да знаете колку сум гладна сега, ама чекам црвов да заспие, денес е нешто посебно хиперактивна, т.е. од 8 навака.
    Преска само што стасав на каса во тинекс ми текна чипс дека не си земав, на таа гужва не се враќав па не знам што, сега ќе си пукнам.
    Ме фаќа паника како ќе постигнам се утре посебно со малово фластерче, на мм му најавив утре да заборави на хоризонтала дека има еден тон обвраски да му дадам :lol: Не знам зошто ме фаќа нервоза и паника кога треба гости да пречекувам, не дека не сакам. Ем блиски ептем ама пак :whew:.
    Утре частам кафе и торта, counting to 41 :party:
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, green.eyes и 21 други им се допаѓа ова.
  2. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Добра ноќ,празничен ден и за мене многу активен дури и за шопинг време се најде.
    За килажа кога бев помала мислев дека мама има бебе во мешето таква крупничка:D
    За -/+ во килажа задолжен е метаболизмот,но знам дека многу е потешко послаб да накачи отколку подебел да ослабе.
    Порано повеќе вежбав дома на статичен велосипед,сега кога можам сакам и претпочитам пливање,одам на релакс масажи,антицелулитните ми се масакар на тело,модрици,болки итн.
    Одвај чекам лето за пливање во море,ама има време дотогаш.
    Утре најсветиот верски празник исполнет со верата во возобновувањето.
    Пријатна ноќ и мир во душа на сите.
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, Izdrzliv и 11 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    Маскрапоне од Лидл имам, тоа е многу убаво. Едното е без лактоза, мама такво земала оти било на акција, нормално]:).
    Амарето кај да барам во село мое сега.
    Многу често ми паѓаат белките, ај ќе внимавам сега.
     
    На ♡BuBaLe♡, Izdrzliv, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.132
    Ви се случило ли бившиот шеф да јаде го*на за вас пред заеднички познаници?

    Леле, ѓубре едно, лаже суши. Ама си имам јас докази па фино лепо пишав на тие што требаше, со скринови и сѐ, знам дека ќе биде пренесено, тоа и чекам.

    Се мислам, да го обрукам јавно?
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Izdrzliv и 16 други им се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.236
    Допаѓања:
    146.395
    Пол:
    Женски
    Мaрфи...aх,Мaрфи...
    Зaкaшкaнa дo лaкти,сите мoжни пoсaтки извaлкaни oти тoртa сo 2 филa прaвaм и тoa вo двa примерoкa-еднa зa кaј мaјкa ...и пoгoдете?!
    ПУКНА ЦЕВКА В КOМШИИ....

    Немa вoдa и кoјзнaе дo кoгa утре немa дa јa имa...
    А рaбoтa и oбврски еден куп..мaшини истoтaкa...
    Уф,бе ќе си пукнaм oд мaкa!!
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Баш ме замисливте сега со тирамису. Се двоумам дали да правам премиера или да правам чиз кејк. Со тоа што, да напоменам нема да ставам маскарпоне, ниту во чиз кејкот нити во тирамису, туку планирам несолена домашна урда. Да експериментирам или ич да не се глупирам??
    Барам услуги и вршам услуги. Некогаш некои кои не очекуваш ќе се избацат со нешто захтевно, каде ти треба да се срамиш од друг да бараш услуга и ти да со должен, а овие барателите не си сигурен дали заслужуваат, искрено. Исто сум се изненадила како тотален странец може да ти направи услуга која да сакаш со пари да ја платиш не знам како би се изведело тоа. И јас вршам услуги и не малку пати сум се ставила во состојба да се срамам, затоа што барателот не испоштувал своите обврски итн.. Итн...
    Утре и јас планирам да имам бизи ден по дома. Не иде никој кај мене на ручек за празнициве, ние ќе одиме, ама планирам да носам нешто од мене спремено да не битам ептен ГОТОВОВАНКА .
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.324
    Допаѓања:
    249.217
    Несолена урда може за чизкејк, ама тирамису се прави само со маскрапоне.
    По правило чизкејк не се прави со маскрапоне туку најдобар бил со Филаделфија или ете со несолена домашна урда.
     
    На ♡BuBaLe♡, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    172.839
    Пол:
    Машки
    Ништо не ве разбирам. Или јас живеам во паралелен универзум, или вие Шпански зборувате. :D
    (Непознати зборови: нудли, тирамису, маскарпоне, пишкоти, амарето (facepalm) )
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.155
    Допаѓања:
    138.671
    @Peco јадење, со еден збор. Само за јадење да се зборело.
    Ех, ви текнува ли кога на темава правевме муабети и за кока кола?
    #носталгија
     
    На ♡BuBaLe♡, Izdrzliv, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    258.384
    Пол:
    Женски
    Пецо ние ќе идеме да јадеме, они нека готват!
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, green.eyes и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Може и за машини за перење која пуштила и колку... Па едно време беше и кекс и кока кола и мафе :D:D
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, Izdrzliv и 15 други им се допаѓа ова.
  12. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Да,тогашната шефица. Имавме недоразбирање што таа протолкува дека е кон неа адресирано,а моите намери не беа кон неа насочени туку беше неодобрување на политиката на фирмата кон бескрајните права на линиските менаџери со кои не угнетуваа главно а не придонесуваа за ништо позитивно,напредно за вработените. Таа на афтер ворк за тој месец шетала од колеги на колеги,мој претходни соработници и ширела муабети за кои ми пренесе поранешна колешка што присуствувала и слушнала. Со поранешната колешка беше и една нововработена и само рече а ти си таа што ја зборуваа,каков гад од шефица си имала тешко тебе.
    Значи муабетите покрај недоразбирањето биле и муабети кои во доверба сме си ги муабетеле,онака уз работа.
    Ми беше криво,зошто колку приватни муабети нејзини јас знаев ама и ден денешен не сум ги споделила со никому од таа работна организација.
    Решив да не се потресувам и тогаш видов кој каков мозок носи во глава,тие што ја поддржаа неа и тие што не земаа при срце ништо од зборовите со кои ме оцрнуваше.
    Жал ми е што ја изгубив како пријателка пред се но реално по се разбрав дека таа никогаш не ми ни била пријателка.
    Тогаш ја научив најдрагоцената лекција на професионлано ниво,блискост со никого,а особено не со претпоставен.
    Помина многу време од овој настан научив добра лекција.
    За некоја случајност живее близу до мене,ете некој вид комшика,често налетувам на неа,нејзините родители кои преку неа ги запознав,а налетува и таа на мене и моите родители кои преку мене исто така имаше прилика да ги запознае.
    И се си е како помин покрај турски гробја и ние една кон друга а и нашите исто така:D
    Така е и остана најдобро за сите.
    Инаку не работам мноогу оддамна таму што е уште подобро за мене,а може и за сите:lol:
    Совет нит да го брукаш нит да се оправдувап некому,Игнор:nod:
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, Izdrzliv и 8 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    147.043
    Пол:
    Женски
    Кока кола оди со јадење нали :)
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    172.839
    Пол:
    Машки
    Јадење и вишок килограми се редовни теми. :D
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Izdrzliv и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Дека посно па само околу јадење вртиме муабети,сега кога ќе поминат постите ќе видите кока кола како се пие:D,дека зажедните де,не за друго:tmi:
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.132
    Да, со колеги никакви муабети не поврзани со работа, и јас таа лекција ја научив на потешкиот начин.

    Ама со овој имаме иста професија и сака да ми земе еден клиент. Не дека ми е гајле за тој дел, туку тоа што ме изненади негативно е што шири невистини за да другите стекнат лош впечаток за мене и мојата работа.

    Во право си, нема јавно да го брукам, бар не за сега ]:)
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Тоа што тој го прави на твоја сметка зборува каков е тој како карактер.
    Ти си во предност,знаеш со кој си имаш работа.
    Ако возвратиш во иста мера и на ист начин ќе станеш иста како него дури и полошо ќе делуваш.
    А клиентите ако поверуваат на таков преварант па не ни биле вредни ти да ги услужиш.
    Освен ако е случај кога клиент плус значи плата-ситуација кога средства оправдуваат цел за друго да не се нит мислиш нит трудиш да се објаснуваш никому.
    Како и да е ти си во мноогу предност,барем ја имаш поголемата слика пред тебе со колега ко него,па шеф,бил што сака нека бил.
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, Izdrzliv и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.061
    Директно соочување само.
    Ако продолжи со негативен тон макар на блеф закана за тужба за нарушување на углед.
    Ужасно ми е колку пубертетлии во возрасни тела има. Врв на непрофесионализмот.

    КараМиа сега ми е јасно зошто негативно и бурно изреагира и погрешно ме сфати во другана тема, си си имала лошо искуство, разбирам сега. Но не беше воопшто таква ситуацијата за која зборував. Многу непрофесионално се испонашала, тоа е малограѓанштина, а и незрелост со се комплекси.

    Вакви работи се нетолерантни кои можат да ве чинат цела кариера. Само директни соочувања со ваквите, на културно ниво.
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што си запамтила,поврза и донекаде има удел да.
    Реално сите сме со искуство,багаж со себе и врз база на тоа искуство се поставуваме,реагираме итн.
    Јас од директно соочување не сум осетила ќар на долги стази,привремено да.
    Воедно кога некој изнад тебе решил да те оцрнува значи има поддршка од некој изнад него и сите останати а од кои причини тоа,па варираат од случај во случај.
    Колешка превредна сакаше да бара покачување и сите знаеа и следи.
    И баш тогаш шефицата доби зелено светло од погоре да ја оцрнува и кодоши да ја викаат на разговори во правна служба само за да таа нема основа да бара покачување.
    Жената се разочара си барала друга работа во меѓувреме и замина откако најде.
    Тоа е ...живот прича.
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, Lejla8 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.348
    Здраво друштво :coffee:
    Јас пак со кафе се нацртав пред компјутер наместо да си легнам... Сабајле сум на работа!

    Попладнево бев во црква, со братучетка ми...Неколку години наназад одиме зедно, традиција ни стана.
    И да не се видиме и слушнеме со месеци си знаеме, на Велики петок зборното место ни е пред црква во 17:30! Си разменуваме по едно букетче цвеќе, палиме свеќи... Потоа некаде пиеме кафе и се муабетиме. Заедно растевме, имаме мнооогу да си кажеме...
    Ноо, ова ни е ден да си ги евоцираме спомените на нашите мамички... А нив, спомените, многу ги има...
    Една е мајка, нејзиниот лик, дела и зборови засекогаш остануваат врежани во нашите мисли.
     
    На ♡BuBaLe♡, green.eyes, Skorpija25 и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.