1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    146.357
    Пол:
    Женски
    Хелoу!

    Убaви прaзнични денoви...
    Желудникoт ми реaгирa a не јaдoв ништo пoвеќе oд вooбичaенo...oд синoќa ме бoли....

    Бевме дo грoбиштa..неoбичнo тoплo е зa oвoј периoд oд гoдинaтa...

    Дoгoвoрен ручек сo мили луѓе негде нaдвoр ќе се oди..

    @CaraMia ти oд мoе селo си?:)
    Не сум знaелa...

    Имaјте релaксирaн ден...
     
    На mareane, LadyC, ♡BuBaLe♡ и 22 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Среќен празник на сите, за многу години :)

    Јас сакам кај @mareane , Дубровник ми е омилен :l: Ќе почека повторната посета некоја година, има други места кај што треба за првпат да се оди.

    Добив задача од мм да барам дестинација за Midsommar, продолжен викенд во Јуни (poolparty)Едвај чекам 8-| На сто места ме тера паметот ( и желбата), изгледа ќе забегаме до најсеверното место ^_^
    Неповикана почнав да барам аранжмани за на одмор, ама тешко оди. Многу глуп период, Октомври или Ноември ќе биде :| Дајте предлог дестинација каде да се оди тој период :?:

    Овде времево многу променливо, за првпат од кога сме дојдени има скокови во температура. Во петокот сабајле снег врнеше, во саботата 13 степени беше и сонце пукаше, денес облачно е многу и дува, недефинирано многу..... за метеопати како мене таман за да скрене човек :drunk:

    Вечер сум на родителска кај малиот :yawn: Обично многу е досадно, директорката збори, родителите климаме со глава |( Стално сум јас заебаната страна, овој мм не збори и не разбира баш шведски, морам јас :envy: За во школо кога ќе биде малиот мора да научи и да оди он, да види малку како е :)

    Искористете го слободниот ден и уживајте со најблиските :sun::f:
     
    На mareane, fina erika, Izdrzliv и 28 други им се допаѓа ова.
  3. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT од наблизу твоено село. Ама во :l: ми е баш твоето село со главно џаде Биди виден.
    Сакав до гробишта ама мм вели таму сега е метежот,уште рано изутрина видел продавачи на цвеќиња како се местеле за подобра позиција за продажба.
    На благичко удолу,пукнав за благо. Некој форес од вчера ме гони за благо,оф од благо,оф за благо моево:rofl:
    Поздарав на сите и убав пријатен и сончев ден на сите каде и да сте:sun:
     
    Последна измена: 9 април 2018
    На mareane, fina erika, Izdrzliv и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Празнициве, прв пат, не ги поминав со многу луѓе. Прекрасно, п р е к р а с н о. Не направив ништо ради атер,а знам атерџика да бидам. Прелесно, лесно ми е на душава. А може и сплет на околности, ама нека е се на добро.:)
    Прошетки, лалиња:f:, дрворед, гушкање, шума, река, зора, ѕвезди:*:...И фатив алергија од сонце. :whew:Имам светкави пликови на нозете и рацете. Доста му е кантарион на моето себство:?:, ќе го баталам.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 23 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Помина и овој празник...
    Сеа...за мајот дека ќе се шета8-|
    Само таму ми е умот:worried:
    Дома сум иначе..веќе ринглата вари меФце купено од ТРЕНО.Компир манџа за вторник и среда..после грашок..па грав во петок:nod:.
    Од утре пак јово на ново:(

    Берово ко Берово-Малеш е убав и природен.Не го мењам..уште пак некоја комановка да ми се погоди таму, да ме развесели до даска:D.
    Ги обожувам:inlove:.И дружба со винце имавме ..:inlove:

    И за крај-ДОМА СИ Е ДОМА:)
     
    На Skorpija25, mal.ecka, CameliaMiller и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Во гужвите едвај се помина накај гробишта,ама кога ќе тргниш по умот на стариве тоа е,затоа си сакам сама да одам,со нив не знам дали сум на гробишта или на пазар.Се тогаш за муабет им текнува :tmi:,затоа си шмугнувам сама,гледам на радар да не ме фатат.Ова со јадењево тешка дисциплина да ти било,не дека којзнае што,ама празник од се по нешто и не се диши (facepalm),не би можела вака да терам цела година,помалку полесно ми е,ова ми дојде оптеретување,а не дека некој со сила ме тера:rofl:,но касни од ова,од она.И така си поминува и овај празник,деновите си се нижат дури да се свртиш,а колку ми убаво во четвртокот.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.456
    Допаѓања:
    201.134
    Пол:
    Женски
    Поздрав друштво, за многу години празнициве! Ве читам убаво си поминувате, дај Боже само убавини да си имате!
    Не ми е до славење, ама адетите ги истеравме.

    Од утре, назад во реалноста... Убав остаток од денот ви посакувам!
     
    На Skorpija25, mal.ecka, CameliaMiller и 31 други им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, торта, кафе, обврски и уживање. :coffee: :^: :d:

    Среќен празник, за многу години нека ни е. Нека овие убави денови ви донесат многу здравје, среќа, мир и слога. :sun:

    Викендов прекрасен - сите растрчани и насмеани, времето совршено, вакви работи ме прават навистина среќна. :inlove: Кога ке размислам подобро, сакам големи успеси и достигнувања, ама срцето ми е мирно, а и весело во исто време, кога ке ги бацам и гушнам сите. :l:

    За големи празници не ми се оди никаде на страна. Дома ми е убаво, сакам муабети уз ракија или вино, галама и семејство. :sun: Адети терам ради атерот на моите, можам овде да се објаснувам што, како, зошто, ама во реален живот не се истакнувам по одредени прашања, особено не кога има различни генерации со различни погледи кон светот.

    Услуга барам ако, и само ако, јас сама не можам да го направам тоа. Инаку, за одредени услуги, пример во институции, директно одам и барам. Имам човек, мајка, татко имаат познаник и океј ми е некој да "убрза" процес јер некогаш си имал добро со некого. И мене ми е океј кога бараат таква услуга и не ми е проблем да помогнам. Не можеш со сите да се дружиш и кафе да пиеш, ама одржување контакт не е тешко, па и правење некоја услуга која не ми одзема време или енергија. Е битен момент е како човек ке се однесува кон тебе после завршената "работа". Убаво е да почестиш кафе или вечера, колку да имаш образ нареден пат повторно да прашаш дали може.
     
    На CameliaMiller, fina erika, Izdrzliv и 24 други им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.129
    @green.eyes во Гоа отидете на одмор тој период, преубаво е таму :sun: средна температура во ноември е 30 степени, мераци.

    Забите ме болаааат, па решив да отспијам малку и таман со едната мачка сме се стуткале удобно, ми звонат на скајп..толку од спиењето. Два саати муабети, блиски роднини со кои се немам слушнато одамна, па убаво се изнамуабетивме, ама сега ем ненаспана, ем дел од тоа што планирав не завршив. :wasntme:

    Да, би можела место да пишувам тука да земам да сработам останатото планирано за денес, ама темава ми воведува некој ред во главата.. :whew:
     
    На CameliaMiller, Izdrzliv, LadyC и 24 други им се допаѓа ова.
  10. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Вратена од Охрид,најдена нашетана по крајбрежјето.
    Прекрасен ден покрај езеро:sun:
    ohriddd.jpg ohridd.jpg
    Сега кафето и спомените со мене.
    Уште утре празнувам и потоа работам,значи уште еден ден уживанција и улепшавање:makeup: и луфтирање по улици и угостителски објекти:D
    Само за арно за убаво да е и празнувањето и шетањето.
    Ве поздравувам и сега одам на поза 4во вис:D
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 25 други им се допаѓа ова.
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    146.357
    Пол:
    Женски
    Кaј сте ле?!

    Фризури зa утре спремaте изгледa...

    Ние денес aкaчкaтa му јa удривме...oд 12 ч.пред еден чaс се прибрaвме...преубaв денoт зa дa ми е уште пoвеќе кривo oти зaвршувa прoдoлжениoт викенд...
     
    На Skorpija25, mal.ecka, CameliaMiller и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Еве и кај нас подома се кука,кога само поминаа деновите,синко вели уште некој ден да имало:tmi:,е арно, ама нема.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 21 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.550
    Допаѓања:
    147.034
    Пол:
    Женски
    Ех уште еден ден да имаме стварно :) . За утеха неделава имаме 4 дена само. Денес некако преморена се осеќав а не зошто, вчера легнав рано, спиев скоро до 8 и сум заспала преска во дневна едно саат време. Големиов пола ден го помина надвор, малово има малку температура :( а весела е и уста не затвара, еве ја уште бамбори. Ќе дежурам ноќеска ми е страв многу да не качи, се надевам ова што е весела е добар знак. Абе раат да не си :worried:
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.153
    Допаѓања:
    138.636
    Се чувствувам како да не сум била на работа еден месец. Дури и мерак ме фати да отидам :D

    Сега е право време за почнување диета со јајца. Варени јајца колку сакаш, а и после празнициве, вагата машала...

    Добрата работа е што сите работи кои и ги дадов на мајка ми кога ослабев, сега ми се точни, па си ги земав. Може сум дебелка, ама имам убава облека :D (сладок лимон, што би рекла психологијата).
     
    Последна измена: 9 април 2018
    На Skorpija25, mareane, CaraMia и 25 други им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    77.271
    Пол:
    Женски
    Ве нема да пишите.
    Јас преморена. Не можам да се наспијам и одморам ко човек.
    Ме боли секое ковче и мускул во телото.
    За на бања сум и јас, со масажи.

    Уште врне, не престанува.
    Сакам лето да е, 18 степени, на куси да си шетам. Зарем премногу барам?
    Претходниот пост го пишав во метро ко немаше никој. Сега гужви у пм.
    Сликата не ми се беше закачила.
    IMG_20180408_090443.jpg

    Денес полно. Типот до мене јаде, а јас не ни појадував денес. Ми свири стомакот.
    Одам дома сега и како домаќинка баница ќе правам. Ќе печам де, готова си купив.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, mareane и 26 други им се допаѓа ова.
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    146.357
    Пол:
    Женски
    Елaј си кaј нaс...
    Денес беше 25 +...
    Нaеднaш тoплo дoјде...
    Зaтекнaти и кo свaрени сме...неприрoднo тoплo зa oвoј дел oд гoдинaтa...
     
    На Skorpija25, mal.ecka, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Само да ве поздравам друштво :) Изморена, по гости цел ден, децата пресреќни, душата полна ама ми фалеа две личности и се растажив. Живот...
     
    На mal.ecka, Lejla8, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.348
    Слабо Ве има вечерва 8-|
    По прекрасно поминатите празнични денови, вечерва се фатив за работа... Ми требаат некои материјали па „сурфам“ по нет и повремено фрлам око на Фемина :tmi:

    Иии... Не се жалете дека поминале деновите на одмор!!!
    Утре ке помине брзо, среда и четврток за час и еве го петок :)
    Малку оптимизам пред новите работни обврски... Пааа „лакше се дише“!

    Деновиве ми ги разубавија иии...

    mid_55914_4653.jpg
    Лалиња, ги обожавам, прекрасни се!
    Поздрав, имајте убави следни денови :hug:
     
    На Skorpija25, Lejla8, CameliaMiller и 24 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.550
    Допаѓања:
    147.034
    Пол:
    Женски
    Вчера ми купија маже и ќерка од пазарче, едни од најубавите цвеќиња :)
    Си легнав до децава ама не ми се спие, вајда дека спиев доата но не ми се прави ништо друго. Ја слушам малава како дише и ја пипкам по чело на 2м. Да се опуштам не ќе беше лошо :?:
    Нема никој ни тука за маабет :?:
    Ми текна нешто, ај кој гледа формула да прокоментира дали јас нешто погрешно сум протумачила. Не следам форжула ама вчера додека гледаше мм баш ја фатив сцената каде што Хакинен (вајда он беше) излагајќи од пит стоп закачи еден од механичарите, лежеше човекот кој знае колку време со еден куп луѓе околу него, а господинов возач излезе нервозен од болид и отиде во гаража (како и да им се вика тоа место) без да отиде до кај човеков што лежеше да види како е. Не можев да се изначудам, колку и да беше нервозен што му пропаднала трката малку човечност да покажеше. Не гледав понатака што се случуваше, ама тој момент ми остана во глава.
     
    На Skorpija25, Lejla8, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.348
    Го начека човекот што гледа Формула 1 :)
    Па, вака...
    Не е Хакинен, тој оддамна не се натпреварува :tmi:
    Незгодата се случи кога Кими Раиконен (финец, исто како и Хакинен), влезе во втор „пит стоп“ да менува гуми. Одговорниот т.е „командантот“ што стои напред пред болидот има задача да следи кога е завршено менувањето на гумите... Ноо, згреши и го пушти предвреме возачот... При тоа настрада еден од механичарите. Денес кажаа дека има две скршеници на потколеницата!
    И јас многу се изненадив од незаинтересираноста на Раиконен... Иако важи за „ладен финец“, човечки беше да погледне што се случи со повредениот :tmi:

    @Peco добро објаснив?

    Сега се исклучувам... Читање, па нанкање :hai:
     
    На Lejla8, CameliaMiller, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.