1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.550
    Допаѓања:
    147.031
    Пол:
    Женски
    Да бе Раиконен беше, баш и мм искоментира, ладен Финец :)
    Ок значи не сум се изненадила само јас, греота човекот лошо поминал.
     
    На Lejla8, CameliaMiller, Peco и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Слушаме црно тиквешко во кафана,а ниеден од нас не пие црно :D
    Сабајле ќе биде весело (facepalm)


    Само да ве поздравам
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Lejla8 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    134.784
    Пол:
    Женски
    Ми е страв да стапнам на вагата. Главата ми е тапан од многу народ. Трујам на цигари.
    Убави се празниците, не дека не се ама некогаш и од превише дружење напорно станува.
    Џабе се жалам од седење ами коа ќе размислам колку работа ме чека оваа недела. Мајстори дома, рушење, ѓубре ... па белење :x Утре родители на вечера. Вака со ладна глава размислено за ќотек си плачам. Мм вика се ќе порачаме јас упорна дома да си правиме. Те сакам повеќе кашкавал во плескавиците, те подебели пилешки прсти не само на презла... крајот не ми се фаќа. Ај ќе видам вечер што ќе ми се сони ...
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Lejla8 и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас елегантно ја заобиколувам вагата. :D Поглед во огледало и јасно ми е дека троа голема бројка ке се покаже.

    Не е до дружењето, повеќе до седењето е. Од едно гости на други, пречекувај едни, испраќај други, неколку дена а многу ама баш многу работа. Големите славења ме уморуваат физички.
    Тенка е границата меѓу потреба за гужва, галама, седење на маса, јадење, пиење и муабет и опуштено гледање филм или шетање у парк. :?: Зависи кој период ми е, некогаш сакам луѓе а некогаш сакам планина да фатам.
     
    На Val-Dim, Lejla8, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.055
    Да се сложував со генерализации ќе речев така е, што можда држи вода за други работи, тоа да, ама дефинитивно не за се, како во случајов.
    Параспур? Никако.
    Испадна зошто викендов така - прстен даде другарот, што беше еден фин и интимен момент, на кој подоцна се вклучивме, но им бил неопходен домот... А цела недела шуш буш ми мотаа нешто... по втор пат жена не се запросува си велам. Сомнителни...а на раб беше да ми каже на 3 пати и хоп ќе се повлече совест го јаде. Ама си мислев филм си правам. Они... прстења и изненаѓења приредувале.
    Ама една членка на екипата...другарка на невеатава ме поремети скроз. Сериозна сум со ова - девојката е со недијагностицирана биполарност. Малтретира луѓе... имав време да ја посматрам, па тоа е бре страшно. Замислете со колку такви си имате работа кои немате шанса да ги посматрате и да уконтате дека се луѓе со проблем. Еднаш се смее, во друг момент облак, па ги вреѓа, па све нешто и смета, се гадеше да им јаде на благото што го частеа, драма и после се настега со истото тоа благо. Мислам дека положив испит - самоконтрола.


    А кога сме кај дефиниции, има и еден друг тип - добар за дома, добар за надвор и никаков за себе, и такви знам... и све алкохоличари стануваат... О.о

    Се собравте бре луѓе?
    Пред тачно 50 минути влеговме дома. "Детето" бевме да си го земеме. Се испосмеав на фб до сега - дали се пере и пегла денес и утре?! Па еве пуштив машина сега и јас, и онака сите комшики религиозни гледам, особено таа горе, си велам ќе простат ќе им досадувам и јас ноќва...
     
    На Skorpija25, Lejla8, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Јас прва сабајлево? :o :D

    Добро утро, убава работна недела да имате :)

    @M&M , не згреши што кажа Раиконен, исто го**о се и тој и Хакинен. Поарогантни створови не сум видела меѓу спортистиве на тв. И двајцата со став “јас сум најбољи, никој ништо не ми може”, а и за двајцата е тоа така побајаги далеку од реалноста :D

    Се утешив малку синоќа на родителска. Има едно дете што е 3 месеци постаро од син ми. Точно цела глава е повисок од моето, плус си има килажа. Кога ги гледам заедно, делува како да е минимум година и пол постаро. Е дојдоа на родителска и мајката и таткото, седнати беа не ги видов кога дојдов, малку закаснив. Заврши се, се спремаат да си одат. Станува мајката, гледам дека е висока, накај 185. Станува таткото, две глави повисок од неа :o :D Одма ми падна тежината од срце :rofl: Му кажувам на мм дома колкави се, се зезаме може и на нив им се чини мал нивниот, гледајќи се себеси :D

    Овде сончев ден во најава (poolparty)

    Убав ден на сите :sun:
     
    Последна измена: 10 април 2018
    На Skorpija25, Val-Dim, Lejla8 и 32 други им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.499
    Допаѓања:
    173.477
    D.utro i od nas.
    Praznikov kolku radost,tolku taga predizvika ,ama toa e...nazad ne se moze...

    Bese sto bese ,4 dena domce,bez alarm bez papirologii,pominaa ...
    Ovaa nedela turbo ke bide.Povtorno pregovori i molam Bog samo da si go dodrzam izrazot na liceto skamenet,da ne gestikuliram nekontrolirano,bidejki ludjeto so koi treba da sednam na masa se beter od kockari...ti go sledat sekoj pogled,sekoe dvizenje :|

    I toa...nadvor sonce,ja u koculce crno na cvetiki....ustvari mene site dezeni mi se cvetni:) (facepalm)

    Ajde:hug:,ubav den :sun: imajte .
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Lejla8 и 29 други им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Фактот дека е вторник ја прави неделата поубава.
    Добро утро :sun:
     
    На mal.ecka, Lejla8, CameliaMiller и 27 други им се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Се тоа од не доволно сакање на себството бре, чуте ли ? Да се заљубиме во себе:l:
    Добро утрооооо, посакајте ми среќа денес и утре. :f: Јас ви ја пуштам цела среќа на светов:sun:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Lejla8 и 25 други им се допаѓа ова.
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    146.346
    Пол:
    Женски
    Дoбрo утрo!

    Кaфе и кoзињaче мхмх...

    Нa вaгa и мене ми е стрaв дa се кaчaм ...ме стегa лaстикoт oд пижaмите..стoмaкoт ми рипнaл...

    Би си пoседaлa уште мaлку дoмa...не ми беa дoвoлни 4 денa...
     
    На Skorpija25, mal.ecka, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  11. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добро утро, ајде да се вратиме во нормала. Кафе во кревет, утринско карање со мм, убедување со големата и ајт од дома. Малово нанка јас си кулирам.
    Ќе шетам денес, со Господ напред, до пазар, до црква. Да си купам што јас сакам а не што ќе ми донесат, после не бендисувам.
    Вчера и завчера ми се поремети бебушов, од гужви од луѓе, мили луѓе ама ние ненавикнати. Се збеснавме. Големава почна на улица да излегува, да игра со деца, мн сум среќна што тука сеуште има маалски живот. Си бендисала маче од кај комшијата и сега да порасне да го земеме (facepalm) а реков веќе животињи по дома не....ама....
    Вагата ја рипам и јас, се враќам денес на диетата, витамински ден, да се прочистиме малку.
    Убав ден на сите :hug:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Val-Dim и 27 други им се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.898
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро.
    Вторник а? Бре ќе си пукнам како ми мина продолжениот викенд.
    Додуша само два дена одмарав, ама пак ми дојде убаво.
    Пијам кафе бујрум те. :)
     
    На mal.ecka, M&M, Lejla8 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Добро утро луѓе, се наспавте ли? :D
    Дојдов на работа, тегнам кафе полека и се мислам од кај да почнам. Убаво ми дојдоа слободниве денови ама и ме изморија искрено.
    Вага е забрането да се користи после празници, штетна била по расположение :D
    Убав ден да имате, надвор е права пролет :sun:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Lejla8 и 24 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    После долги 3 недели вчера ми дојдоа и помалите дечиња :inlove:
    Ми дојде душата наместо, ама ела објасни му на најмалово дека стомак ме боли, дека не смеам да го кревам.. преплака дете значи, се трескаше од земја, ем љут ем тагува, којзнае шо му се чини, ем го оставив без мене толку време ем сега ни да го кренам ни во скут го земам :( Па уште и настинат е па си се вардиме денес, другите се во школо/градинка.
    Јас уште со конци, преврзана, ранава ме чеша, чим допрам боли и така во круг до лудило.
     
    На mal.ecka, Val-Dim, M&M и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.456
    Допаѓања:
    201.134
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам и јас, ама од дома денес...
    Малово од ноќеска со тт, не висока, ама колку да не е без ич. Башка со течна столица од вчера, некој стомачен вирус ќе да е. Од промената на климата изгледа. Ќе се оправи, подобар е, ама срце не ми даде да одам на работа.

    За финецот, и јас го видов и се зачудив, ама тоа е...некои луѓе едноставно немаат трошка човечност во себе, уште и се правдаше човекот дека не бил виновен. Ахам, да. Не знам што се случило, ама ароганцијата остава многу лош впечаток.

    Единствена сум изгледа што не јадеше многу за празнициве, вчера скоро ништо не јадев, дека со малиов сама дома, немав кога, оти само во раце ми висеше. А и кај татко ми кога бев, јадев колку да не е без ич, некако апетитот ме напушти.

    Кафе?
    [​IMG]
     
    На mal.ecka, LadyC, Val-Dim и 28 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.089
    Допаѓања:
    258.362
    Пол:
    Женски
    Јас сакам кафе...Не јадев ни јас нешто посебно :mm:
    Ја читам @EuHenIa дека се скарала со мажот сабајле и си помислив аман кога стаса. Се скарав и јас да докажам дека е возможно :!:.
    Ќе фатам врата денес и ич не се прибирам, секако не шетав за празникот :sun::f:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Val-Dim и 29 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.129
    Добро утро мили дами :sun:

    Пак ненаспана, едвај ги држам очиве отворени. Не знам кога ќе се научам да легнам да спијам пред четири сабајле. :yawn: Секој ден викам, од денес до 12 и на спиење и секој ден иста песна. :D

    И јас не јадев многу за празнициве, всушност исто како и секогаш.
    Во Русија највесело си поминуваат за сите празници изгледа, по цела недела неработна, секој ден гости и купишта храна :D не знам како мајка ми не била ко слон порано.

    За денес не планирам ништо, не дека немам работа туку секогаш кога планирам, нешто мора да ми остане недоправено. :D To Do List во глава, ако не ме преовлада сонот, денот е долг и ќе успеам сѐ.

    Сега ми текна, ноќеска го сонував форумот.. некои граматички правила и мрчења за ова низ темиве :rofl:

    Лили (мојата друга мачка) сега ги гледа врапчињата до прозор, како во кино да е, седната пред голем екран и очите огромни и само посматра. :D

    @EuHenIa јас навивам за ќерка ти и за мачето :D :D :hug:

    Имајте убав ден! :coffee: :f:
     
    На Izdrzliv, Val-Dim, Lejla8 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Напишав пост и го избришав.
    Исполнет со мрчење и негодување за се и сешто:devil:

    Добро утро девојки:hai:
    Решив ништо да не ме вади од такт, ама некако ...се борам сама со себе..

    Утринска кавга ?!
    Кој вика дека не е возможна?!:?:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Izdrzliv и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.731
    Допаѓања:
    172.757
    Пол:
    Женски
    Ехее јас сум способна да се скарам на уште неразденето:wasntme:
    Технички утро е..зависи кога ви почнува денот:rofl::whew:

    Доручкував.. спиев со пуштен тв. Не сум раат така, ама не го стигнав да го исклучам, далеку ми беше.. сега главава ќе ми експлодира..

    Бројам, бројам и никако не минуваат деновиве.
    Ај 6 недели завршив денес. Утре влегувам во 7ма:sweat:

    Добар ден:hug:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Izdrzliv и 26 други им се допаѓа ова.
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.797
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Колку топло е надвор и ноќеска не се спиеше сто пати станав легнав и незнам кога заспав,но за детево да го испратам во школо станав...
    Празнициве полека си поминаа и скратена е оваа недела но децава во сабота учат да знаете...
    И јас не јадев за празнициве промена на храна треба организам да се навикне ,ај ќе биде ..
    Убав ден женчиња!!!
     
    На Skorpija25, Izdrzliv, Val-Dim и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.