1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Maksim123

    Maksim123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Добро утро и имајте убав ден.Водичка топла со лимон и ѓумбир испиена,сега на ред кафе на тераса и :smoke:,повелете има и за вас:coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: со друштво послатко е.Ќутете оти срамови живи сум со профилот и ова со заборавањето што ме снајде,но добро е барем глава на рамења уште стои,иако мозокот очигледно слабо ми функционира:$(facepalm):headbang:.Само да знаете колку ми фалевте,можев да ве читам,како некој воајер,а не можев ни збор да напишам,на крај арно што и со профилов како така профункционира,се надевам дека ќе се среди работата,ако мене не ме бива има кој :hug::hug::hug:
     
    На Petar80, Skorpija25, Val-Dim и 22 други им се допаѓа ова.
  2. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добро утро, ја ко и секој ден, кафе у кревет откако ќе испратам се по работа. Резултатите што ги чекав не се сјајни ама не се најлоши. Денес чекам инфо за терапија :(. Мн се нервирам кога има работи во кои не можеш да интервенираш. Она што го викаме Божја работа, ете од тие коса на глава ми се креве.
    Нејсе, од денес пак на диета, колку да си го зафатам мозокот со тоа колку ми се јаде да не мислам на друго.
    Ова шољава на @♡BuBaLe♡ од погоре, ете тоа сум јас пред утринското кафе. И сите ме знаат и не ме дираат, па дури и децава ;)
    Каков ден не очекува денес? Јас би да одам пешки до пазар ама...ќе видиме. Саксиите ми плачат за цвеќиња.
    Лејла @Maksim123 ни фалеше другарке :)
    Coffe-Mugs-Bonamigifts.jpeg
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 25 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    И би сон без прекини до 6 и 15 минути! (lalala) Алелуја.
    Отварам очи и прво регистрирам степен на осветленост на собата! Гледам и со отворена балконска врата сум спиела. И со пукнака под мене.:$

    Оло, привет, здрасти на сето људско и нељудско биќе-нце.:bug:
     
    На Skorpija25, vitamina, Val-Dim и 23 други им се допаѓа ова.
  4. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    Добро утро !!!
    Ништо ново на западов иста шема како и секој ден ...кафе ќе се пие и да појадувам како што носи редот
    Денов за улепшавање денес ми е ,да сменам нешто со формава или иста ќе си дојдам останува да видеме
    А, и за зачистување ми е по дома ама небидува фризура за тоа да расипувам..
    Ај,убав да ни е денот на сите!!!
     
    На Skorpija25, vitamina, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    2a44338d243eee5feaef5ada85bc5d25.jpg

    Добро утро народе. Кафе и расонување на мени. Сработив нешто по сабајле колку да не дремам. Големата е конечно подобра, ама пак на рати спиев, се будат по неколку пати ноќе, нема квалитетен сон. Мали дури и во два по полноќ сакаше да стане и да си игра :^)
    Вчера се изнервирав малку, завршна приредба во градинка ќе се прави во периодот кога ќе бидеме на одмор, а толку се спрема големата и се радува, и збори цело време дека големо изненадување ќе ни биде :( А, се мислев дека во мај ќе биде, ама за жал ете како искочи. Таа во МКЦ нема да ја фатиме, се надевам ќе сменат дата за таа во градинка, негувателката рече дека ќе даде се од себе за неколку дена да ја премести.
    @EuHenIa се надевам не е ништо страшно, побрзо опоравување ти посакувам :hug:
    Одам да допивам кафето, убав ден да имате.
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 21 други им се допаѓа ова.
  6. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Добро утро девојки и момци
    Јас конечно наспана да дојдам на работа.
    Од денес решив да пијам лимун со топла вода,смокви со маслинов зејтин.
    Дали гледате турски серии,во принцип не гледам ама деновиве ја загледав серијата се викав Мелек.
    Секоја епизода ми доаѓаат солзи,толку реална каде што се пронајдов себеси сега не бев баш во иста ситуација ама го сакав тоа мало човече кога го видов прв пат.
    Значи до каде ни дојде државава еве една случка од вчера испитувам хормон кој го имаше само во лабораторијата во гинекологија чаир и влагам јас да прашам што како треба ама они се навикнати дека само албанци им доаѓаат директ одма почнуваат да зборат.
    Еј ало кочи,епа ќе треба да научите албански.
     
    На Skorpija25, Milobebence, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.458
    Допаѓања:
    201.158
    Пол:
    Женски
    Добор утро, добар ден, кому како...
    во убаво расположение се разбудив утрово, дај Боже така да потрае цел ден...

    Ортодонцијата не ми е специјалност, ама искрено, рано е за фиксна... барем јас пред 15 години не би ставала, па дури и 18 би чекала, оти умниците после кога ќе излегуваат, пак прават каша попара. Ако нема драстични промени, во смисла да се влечат заби од коска што не никнале на време или екстремни малпозиции и аномалии на заби и коска, може да се почека. Штом редовно носи мобилен апарат, забите ќе се средат. Не оди преку ноќ, ама крајниот резултат е одличен.
    И јас се чудам каде брзаат со ставање фиксни уште во основно, ама ај, не се мешам, сепак не сум којзнае колку навлезена (уште) во таа област.

    Нема да бидат ако се одвикне со време, што значи сега, веднаш... па преземете нешто околу тоа ;) цицањето палец им е утеха, навика, начин за смирување, ама не иде кај дете од 3-4 години нагоре. Ако продолжи, може и коската да се деформира, и тогаш и трајните заби ќе бидат лошо поставени, да не речам искривени.

    Јас со чајче од сабајле... јоргованите ми овенале, ама уште мирисаат. Затоа не сакам свежо цвеќе во вазни или букети, оти брзо губат свежина... најубави ми се каде што растат...

    Во вакво расположение сум денес
    [​IMG]
     
    На Skorpija25, MacenceEna, kravce и 25 други им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:,

    Кафе, цигарче и фемина пауза,:lol: деца прават фигури од Лего па малку мир за мене, нешто не ми се работи па се мислам дал да се јавам дека сум болна шмрц, шмрц или да си одам.:?:

    Како бе пинови на картички заборавате?
    Мене ми се случуваше порано упорно пример мојот пин на мм на картичката и да се чудам зошто ми вика дека е погрешен ама како да заборавам пин кога само што ја земав картичката само сефтето со тој број што ми го дале стискам и одма го менувам во број мене што ми одговара.
    Сега или со телефонот плаќам или па на картичката не ми ни треба пин само tap and go, па ако ја изгубам тап, тап отидоа паричките.(facepalm)

    Вчера ја зезаше Конта мадамица дека не можела да ми го отвори телефонот, не знаела пин а таа му вика како не знам шест, седум, осум and three zeros, зеро шест, зеро седум, осум зеро, ќе драјва оваа по стритовите со македонскиот.:rofl::rofl:

    @EuHenIa многу лична мома, пу, пу да ја серат кокошките :lol::wasntme: да не сакаш зет како мед од Аустралија?
     
    На Skorpija25, MacenceEna, kravce и 27 други им се допаѓа ова.
  9. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    @bittersweet може Австралиски зет, прифаќам. Да се прашува мм он би пре Шведски зет ама ја таму у северот не пуштам дете мое. Леле луѓе за мм Шведска е земја од соништата. Од пред неколку години ме убедува да се селиме таму а јас бев лани, видов и реков ако сакаш сели се сам, мене само јужно.
    Пинови не заборавам како слон сум кога е тоа во прашање.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    173.538
    Golema rabota ako si go zaboravis pinot |(
    Drugar dete si bese u gradinka zaboravil pa u 21h se setil deka trebal da go zeme.Deteto neguvatelkata go odnela kaj nea doma,mu oblekla pizami-spremno za spienje.(ova pred 17god.)
    Spanak za rucek planirav da pravam,ama nekako umot u kafana mi bega.Taman so decata se pribirame u isto vreme....ne ke e grev :)
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Val-Dim и 22 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Skorpija25, fana, Ane-Goki1 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    173.538
    Bogami ,so,,dodatocive" ne im e lesno ni na maskite :rofl::rofl::rofl:
     
    На Ane-Goki1, Rebecca_R, kuc и 11 други им се допаѓа ова.
  13. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво убаво....
    Немам желба за пишување, ни читање амам чат/ пат ве погледнувам ...
    Честитки за сите кои сте имале убави поводи ....
    Се ближи денот( датата) за новата ера во мојот живот.. силна сум..... осеќам и страв, ама се трудам да го сокријам... среќа имам многу луѓе до мене кои нема да ме напуштат и ме полнат со енергија...
    Се трудам да изгледам добро, убаво, секојдневното вржбање ме врати во живот ...ми го отвори патот ...
    Незнам што паметно да кажам, освен да ви посакам убав сончев ден...
    Ве гушкам сите до една :hug:
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Val-Dim и 23 други им се допаѓа ова.
  14. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да си пишам, ми се јавија рез биле во ред, се е во ред и нема потреба од понатамошна терапија, никаква.
    Инаку мајка ми беше во прашање, рак на матка фатен во ептен ран стадиум. Ете како спасуваат редовни контроли на лекар. И да има нешто навреме да се реши.
    Се плашев за неа, ама и за себе, она ми е најголема поддршка и помош, ако и ее случеше нешто што ќе правев јас.
    Ајде да почастам за убавите вести
    Easy-Cupcakes-3.jpg
     
    На Skorpija25, MacenceEna, kravce и 31 други им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    173.538
    :hug: :hug: :hug: (y)
    me rasplaka ma od radost :hug:
     
    На Ane-Goki1, Rebecca_R, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    147.090
    Пол:
    Женски
    Тамам да не се мачи бекој ако ја украде картицата :D
    Јас на таа што нон стоп ја користам го знам во сон а др онака за украс ги шетам може и да се истечени :)
    @EuHenIa мило ми е што се добро се завршило, можеш малку бар да се опуштиш дега.
    Некои пресвртници се случуваат на работа што индиректно ме засегаат и ме вадат од колосек, ионака ми е безвезе а тек сега...
    Денес пак не ми се фаќа ништо среќа колегиве внатре надвор од канцеларија цело време па забушавам а никој не гледа :)
     
    На bittersweet, Ane-Goki1, Dust и 14 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.295
    Пол:
    Женски
    Добар ден. Сум се наспала, ама спиев со отворена врата. Како се отворила, не знам. Може и јас сум станала да ја отворам.
    Вчера главоболка цел ден, при крајот на денот веќе не знаев кај сум. Се изнадрогирав со апчиња и пак не ме преболе. Одамна така долга главоболка немав имано.
    Надвор е 27 степени. Не ми се излегува на надвор. Ама зове ме дужност, нема јас што сакам.

    Фиксна и јас носев. Од кога ја извадив, требаше мобилна, ама толку се напатив од болките што не сакав да ја видам, а не да ја носам. И после забите ми се вратија малку назад, ама шта је ту је. Не можеме сите да бидеме перфектни.

    Пин грешавам и јас, ама имам 3 обиди, уште ја немам блокирано. Сега ноември ќе ми дадат нова, тогаш ќе ја блокнам, уште од сега си знам. Или треба да барам истиот пин да ми е. Тап тап или контактлес не сакам да видам. Ако ја изгубиш, ќе ти ги соберат парите. После банката ги враќа парите, ама нервозите на почетокот се гратис.

    Завчера си купив една кеса апчиња, витамини некакви. Енергијата ми е подобрена, ама треба уште време дури се вратам во нормала да сум бесна хиперактивна верверичка како вообичаено. Ко онаа од Ледена доба, Ајс Ејџ. И среќата ми е таква :D

    Кафе испиено, сега одам овошје да стискам. На толку нејадење овошје, арно сум жива уште.
     
    На Skorpija25, kravce, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Супер сега можеш да здивнеш:hug::hug::hug::hug:
     
    На Ane-Goki1, Dust, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Maksim123

    Maksim123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што резултатите се во ред,сега и тебе ќе ти е подобро,бебче милина е,убавини,гушкајте се и уживај:hug::hug::hug::*
     
    На Ane-Goki1, Dust, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што се испаднало добро :hug:
    Притисоков ми прави беља, ништо не гледам пред мене, ништо не помага. Одвај чекам дома да си одам.
     
    На Ane-Goki1, Dust, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.