1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.605
    Јас не сум видела, другачкиве мои како тепани искочија :)
    Ама па... се пораѓаа во Македонија. Јавно здравство.
    Може и тоа има врска :D
     
    На Izdrzliv, ivi1987, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  2. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Ајде,ајде нема трајно да си повредена,ќе ти играме на свадба кога со штикла на нога ќе отвараш колото,коловозач:D
     
    На Izdrzliv, dunika, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    :shake:
    Ноуп..

    Јас свадба и вртење ора не правам..
    А и онака нема никој да се нафти да ме земе ваква саката(facepalm)
    Дури и да се нафати, ако сака парите во џеб и да шетнеме по светов ОК, ама свадба да правам јок..|(
     
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.
    Еве ме и мене, ко да ме тепал некој. Фати и ми дојде, ама до толку не сум ок, што не ми се ни јаде, ни сум пак за кавга расположена. Денес од страв и кафе не пиев.
    Проблеми на сите страни, растргната сум веќе.

    Ма ни одмор не сакам, сакам само решение на проблемите, више пукнав. Ама нема се јас што сакам.

    Инаку да, принцот пристигна, тој дел од градот е блокиран од папараци. Плус некаква трка имаше, и друг дел блокиран, па цело време сум на релација работа дома. Со метрото, под земја.
    Тука кралската фамилија ги почитуваат само кога ќе ги видат во живо. После им удараат сеир до бескрај. Имав чест неколку од нив да запознаам, ептен фини се и со манири. За изглед не коментирам, се е субјективно. Кејт ја немам видено, ама од слики, не ми изгледа ок. Се и е некако на сила.

    И така.
     
    На mira.mira, LadyC, Izdrzliv и 20 други им се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Ја од болница излегов во чизми без чорапи :) Тоа оти мм заборавил чорапи да ми спакува со другата облека (facepalm)
    Колку неубаво се осеќам во своја кожа откако се породив, невидено нешто. И поради тоа што се осеќам лошо се закопувам во широки алишта и чоколади. Зачаран круг :(. Секој ден си ветувам дека ќе почнам со режим, никако.
    ова може требаше во СДК да го пишам ама знам дека ќе ме разберете
    Бремена другарка позајми фустан од мене за свадба со пропратен коментар: се надевам дека кога ќе се породам нема да носам фустани за дебели. Она не мислеше лошо ама јас лошо го примив коментарот
     
    На Izdrzliv, ivi1987, fina erika и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Добар ден :hai:
    Кога ви ги читам муабетиве за Вилијам,Шарлота(која ме потсетува на торта :rofl: и на ништо друго) како да сум падната од Марс.
    Да не бевте вие немаше ни да знам кој е тој Вилијам :D Воопшто не ме интересираат такви работи.
    Штикли обожавам да можам по цел ден не би ги соблекла (hollest)(hollest)
    @bittersweet да е до мене одма би ги облекла сандалите,ама овде во Македонијава ќе ме направат како да сум искочила од лудница :D
    Нема ништо друго посебно за кажување дојдов да и посакам добредојде на @LejlaD :hug: и да и честитам за синот,а исто така и честитки на @PUPICA за новото работно место.
    @Dust како поминува времето и јас имам ист став како тебе во врска со свадби (y)
    Паметно ти е тоа :hug:
     
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 22 други им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Здраво мај френдс :hai:

    Кога ве читам кога не, време за пишување имам на претек но енергијата ми е на 0% цело време, колку по блиску сум до порајѓај толку појќе и појќе губам енергија. Кејт на штикла браво :clap: јас за од болница си купив Puma јадранки :lol:

    Ај какво кафе ви се пие такво спремете си, за мене dark magic :coffee:

    C9C4DA4B-7FBD-422C-B090-0F50BC075D3F.jpeg
     
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.488
    Izlegov od bolnica porodena so 49kg...site alista istite od pred bremenost mi cinat.Prvo koga se osvestuvav slusnav kako sestrite se prasuvaat edna so druga kade mu e na devojcevo stomakot.Navnatre vovlecen mi bese koga se porodiv.Sega imam malku stomace, odkako pocnav redovno da jadam.
    Malava mi stana...pozzz odam da setam
     
    На mira.mira, LadyC, Izdrzliv и 21 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.959
    Допаѓања:
    205.176
    Пол:
    Женски
    Како кофте на батерии бев кога излегував од болница на времето,само со последната бременост четврта по ред личев на жена,но ми имаше дојдено малку паметот да не ѓи слушам дека трудна жена треба да јади за двајца(facepalm),па си јадев нормално и не личев баш на кофте,малку помала од кофте бев:rofl:.Гледајќи ѓи денешниве трудници сваќам колку сме биле зафркнати од страна на постариве кои сме ѓи имале по дома,па да не спомнувам дека трудница обавезно треба фустан да носи,абре шатор беше работата како да сме натнале на нас-ова некаде пред околу 25г (facepalm)
     
    Последна измена: 24 април 2018
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.093
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Jас шминки им побарав од дома за искачање. Во старата гак у тоа собчето 1×1 се зашлакав. Штикли не се сеќавам да носев ама и така ретко носам.

    Што праите женски? Се шета?
     
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 22 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Штикли...едвај издржав цел ден на свадба во штикли,ме скинаа нозеве а богами и коленово.И рскавицата на коленово ми е зајадена па два дена веќе пијам желатин :puke:.Се на мене шкрипи и крцка и боли.Да се навратам за штиклите,во последниве 10 г.само на свадби ги носам .
    Кога ќе се сетам како излегов јас од болница со децава,:(,со син ми лицево ми беше како географска карта од испукани капилари и слаба ,а со ќерка ми,како непородена...

    Инаку има личности кои се водат по онаа народната што на ум,тоа на друм.Не дека не ми доаѓаат и мене такви,ама се научив да не ги вадам на друм зашто може да предизвикаат сообраќајка.:emo:
    @PUPICA честитки ... @LejlaD дури да сфатам која си...:tmi:,ама важно тука си (highfive)
     
    На LadyC, Izdrzliv, ivi1987 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    @LejlaD стара-нова, турај кафе за сите:lol:
    Прошка-нема:!:

    Денес заклучив дека многу од луѓето глумат тоа што не се: доктор,правник, фармацевт..
    Не е само да кажеш дека имаш диплома.Школувањето продолжува до крај на кариера.
    Магистратура..меххх..
    Посебно на приватен факултет..пихх
     
    На mira.mira, Annath, LadyC и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    Си порачав штаки и стегач за колено..
    Од фондов аир невидов овие 2 месеци, па и штаки не ми следувале...
    Ај наздравје скоро 50евра(facepalm)
    Лелее кога ќе станам... има сите адвокати да ги поминам..ќе ги тужам додека дишам|(
    Знам 100 пати го реков ова, ама ми се смачи веќе.. ниедно апче не иде на рецепт, оние па место клексан коштаат 4500 (facepalm) и другите сите на куп уште 5000 и нешто.... и ете ти една плата за лекови.
    Да ти се намочам во животов... а на државава посебно сум и наострена.. корсет 150 евра, брза помош до сега некои си 200 евра, лекарства месечно 10.000 мкд... абе одете утепајте се:@

    Од сабајле сум полна со негативна енергија ... не дека сте должни да ме читате ама...ете
     
    На Annath, LadyC, Izdrzliv и 26 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.959
    Допаѓања:
    205.176
    Пол:
    Женски
    :D zenski-magazin-zdrave-kafe-1.jpg recepti_ledena_kafa.jpg recepti_ledena_kafa.jpg 1-35.jpg 1-35.jpg zenski-magazin-zdrave-kafe-1.jpg 23621497_1266248083521688_3121931301442630531_n.jpg Повелете кафенце и благо,ме измачивте,а знајте дека не ме бива слики да ставам,едвај се снајдов:whew:,абре жал за другачка да се немало:D,остај то туку меѓу редови се протнаа и не почастија:!:
     
    На Annath, LadyC, Izdrzliv и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Уф @LejlaD ова кафево како ќе ми легне, сега после ручеков:nod: , ма и благово лиги ми направи:nod:....

    Убав ми е периодов,:inlove: комплименти се делат и убаво ми е.:D

    Штикли. Што е тоа? :?:.. не носам:shake: само во ептен посебни прилики, и тоа 5 цм мах...:!:

    Вилијам и мене ми беше симпатија, на времето, сега Хари ми е поубав:)
     
    На Annath, LadyC, Izdrzliv и 23 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Денес ме инспирира еден виц што ми го кажаа одамна па го применив дома..
    Рефо : Јас ќе си го извадам јајцето да си го измезам
    Јас: епа добро..и јас ци*ката тогаш ќе ја извадам
    :D
    Прво не укапира:rofl:
     
    На Annath, LadyC, Izdrzliv и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    23.001
    Пол:
    Женски
    @mal.ecka и јас од болница излегов со 49 кг (можеби и помалку) :tmi:
    Сега само стомак имам на мене. Вчера ме прашаа дали сум бремена. (facepalm)
    После пораѓајот штикли немам облечено, а нема ни за каде. Од болница излегов со кломпи. :rofl: :rofl: Мм се заборавил да ми ги донесе чизмите. И онака од болница директно во кола и никој не ме виде, плус удобно ми беше.

    Чекам маж да дојде од работа и да донесе јадење. неДомаќинка. :D па после може да се послужам со кафето на лејла.
     
    На Annath, LadyC, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Другачки, поздрав!
    Денес имав мал излет, се изнадишав свеж воздух и се изнашетав по ливади; полнев батерии шо би рекле, ама цел ден потоа потонав на кауч дремејќи. Сонце ме фати убаво и сега сум зажарена на пола раце и на лице со бели кругови од наочарите (facepalm)
    Штикли аххх штикли ;( љубов несудена ми се, некомпатибилни со моиве стапала. Ни 10 секунди не можам да издржам во нив. А воздивнувам на излози, реклами па и по улица се загледувам по нивното грациозно тропкање.
    Летово ќе се утешам со сандали на платформа, а салонки ми се желба невозможна :(
    Им завидувам на тие кои безгрижно шпартаат на нив.

    Честитки до @PUPICA и @ines.h
    @WORRIED.BT и тебе едно големо браво и сега уживај во секој момент на слобода, користи и уживај а нова,подобра, прекрасна работа ќе дојде, ќе видиш :*
    @Dust дали почна да се движиш?

    Згнетив три сладоледи :tmi: малецки де :wasntme:
    Ми се спие ми се плаче
     
    На Dust, Annath, LadyC и 22 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    147.141
    Пол:
    Женски
    Бааѓи запознаени со ројалти, се изненадив дека толку многу ги следите искрено :)
    Во Англија генерално бргу ги пуштаат од болница по пораѓај ако е се во ред, другарка ми после царски за неполни 3дена, а не па некој што ина цела армија помош по дома. Јас вториот ден едвај од кревет станав :D
    @PUPICA честито ново раб.место и плс кога ќе ги исчиташ 300 и нешо пораки пиши ми тоа што те прашував во лп :)
    @Dust и јас кога ќе пораснам сакам кај @bittersweet да живеам ама за да носам цела година апостолки не штикли :)
    Уф на свадба сум наредниот викенд ќе треба изгледа стварно на штикличе да се турам. Не за друго туку немам рамна асална балетанка ко за на свадба моментално иначе ич не би :doh:
     
    На Dust, Annath, LadyC и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Море си сакам штикли. Друго е коа ќе тропне штикличе, поелегантно изгледа. Не мора да е највисоката со најтенка штикла ама некоа пристојна висина со подебела штикла ми е сасвим океј.

    Денес толку се изнервирав, растревожив, дали превише си земав при срце ама овака ме нема одамна ништо погодено се тресев од нервоза коа влегов дома. Ама ако, сакав трн во здрава нога да си ставам. Аплицирав на едно место за работа, демек поплатено од сегашното, малку постресна работа ама тука некаде. Па лично интервју со газдата, леле луѓе такво надмено однесување, такво омаловажување на кандидат и фалење на работното место никогаш претходно не сум доживеала. Ова ми е ум за друг пат да си седам мадро коа поголем дел од условите се океј, пара вишок не е на одмет ама на човек се му е малку.
     
    На JuLleE, Dust, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.