1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    @jasmina00 јас во туѓа врска и брак не би се мешала. Возрасни, зрели особи се тоа. Не сме тинејџерки па да коментираме дали симпатијата чини ил не чини, па дали за еден да остави друг.

    Туш мислам редовна активност е, нема потреба да се дискутира дали да се koристи или не :D

    Чурам од нервоза, гости со мало дете, крајно разгалено. Значи минатата недела белевме дома, тепеци перев, се средив. Е сеа иам раце од чоколадо на зидот, чоколадо на тепих, корниз откорнат и така. Па уште мм ми вика коа не треба ќе избувнеш сеа збор не кажа. Па што не избувна нели требало бре. Место на гостите еден на друг истуривме бес :envy: Јас разбирам дека има и темпераменти деца, дека дете е тоа не може ко нас да седи мирно и да расправа криви дрини ама мајката треба да си знае шо може да очекува од него.
     
    На Skorpija25, flower30, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.575
    @jasmina00 ,prsti medju vrata ne se stavaat .Malo dete se ,,opravlja"u zivot ,ovaa drugarka tvoja zagazila zdravo:!:

    D.utro radni narode...ubav den deneska,Bog neka e so nas,zdrav um da drzime
    ajde :hug:
     
    На Skorpija25, Peco, Rebecca_R и 21 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.960
    Допаѓања:
    205.177
    Пол:
    Женски
    Добро утро и убав нека ни биде денот.Терапија со топла вода испиена,на ред е кафе на тераса :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: повелете има за сите.Времето убавина,не се тресам од студ со цигарчето надвор,туку сега ќе фатат жештини,е нив тешко ги трпам.Арно вели Стетоскоп,само умот да не додржи,да не се избудалиме на старост:lol:,на крај краева возрасни луѓе,секој со својот ум,а ум со инка не се тура:tmi:
     
    На Skorpija25, Peco, Rebecca_R и 22 други им се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.240
    Допаѓања:
    146.483
    Пол:
    Женски
    Дoбрo утрo !

    Сo кaфе вo рaкa сум и јaс...
    Пoлекa се спремaм зa мa рaбoтa и брoјaм ситнo денoви...
    И не ми е сееднo дa бидсм искрена..ме фaќa пaникa кaј ќе бaрaм рaбoтa...рaбoтев сo прекрaсни луѓе-вредни и пaметни млaди луѓе-кoи мнoooгу ќе ми фалат...

    Амa тoa е...живoтoт oди понатаму...

    Среќен некa ви е денoв...
     
    На mal.ecka, Tajnaotrovna, Skorpija25 и 27 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.790
    Допаѓања:
    270.496
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ajде кафе да тргне денот!
     
    На Skorpija25, Peco, Rebecca_R и 22 други им се допаѓа ова.
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.901
    Пол:
    Женски
    Станувам, отварам Фемина и оп - каВеее. :D
    Абе вие ако не ме размазите, нема кој. 8):D
    Што сакате ја на астал да ставам? Ај сокче мокче нешто од мене цедено.
    Бујрум повелете Homemade-Honey-Lemonade-with-Fresh-Mint.jpg download (2).jpeg 3.jpeg
     
    На Tajnaotrovna, Skorpija25, Val-Dim и 26 други им се допаѓа ова.
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    Добро утро и убав ден да имаме ...
    27765D17-940E-488F-9422-2042BA6E8124.jpeg
     
    На Skorpija25, Peco, WORRIED.BT и 21 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.143
    Добро утро! :sun:

    Вода со лимета и една помала диња за доручек. Синоќа издржав и не вечерав! :party: А не дека сум гладна, туку дрч. ]:) Ако ми текне на некое јадење нема да се смирам дури не го направам. :D

    @jasmina00 мој совет ти е да се дистанцираш од неа малку. Зборувај уште еднаш со неа, објасни и дека не е добро тоа што го прави и после тоа почни да ја избегнуваш по малку. Таа не сака твоја поддршка, туку сака одобрение за тоа што го прави, па затоа мислам ако се дистанцираш ќе ѝ дадеш до знаење дека тебе ти пречи и не сакаш да си дел од тоа.

    Ко помала и многу понаивна, другарка ми ја смирив со дечко ѝ, па на крај јас испаднав виновна бидејќи сум правела муабет со него. :D После тоа веќе не се мешам, нека кршат глава ако сакаат, секој со својот памет.

    Кафето исто готово, го ставив во термос чаша за да не ми се излади додека пишувам тука, ич неќам ладно кафе.

    Отидов да работам, имајте убав ден :f:
     
    На WORRIED.BT, Rebecca_R, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    247f9c5186e5347b474617f10c21ce0b.jpg
    Добро утро ^_^
    Денес се успав, место у 6 си станав у 7, си исклучив аларм и сум си продолжила со спиење :| Среќа стигнав пак на време, ко брзата птица бев :D
    За први имам славеник, на мали му е роденден, скараџија прав :D
    Во план е некаде ручек фамилијарно па по дома со гости, ама како ќе биде на крај ќе видиме.
    @LadyC порано кога одев кај една козметичарка во Кисела вода ми кажуваше дека и доаѓале небањати жени па им давала пешкир и ги праќала да се забањаат во купатилото што го имаше во салонот за да може да работи без да поврати :envy: Основна хигиена е задолжителна, прво лично за себе па после и за околината.
    Убав ден да имате, јас одвај чекам да ми дојде пауза за да јадам и кафе да си земам за да се освестам :hai:
     
    На Skorpija25, Peco, WORRIED.BT и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Јас не би давала броеви од психијатри, бајачи, не знам што..
    Тие што решиле да изневеруваат и така им е убаво, нема сила што ќе ги промени.
    Ниту ќе отидат на советување, ниту ќе прекинат со швалерот

    Инаку во блиска фамилија имам такви кај што мажот го доби старателството, сурово ама заслужено зетко наш си ги гледа децата..
    И се прежени... и супер им е со новата мама..
    Затоа што роднинава моја и онака беше незаинтересирана за децата.. идиотка

    1мај..мирис на скара..
    Ви се жалев тука дека пред една недела од сите страни мирис на скара ми идеше:rofl:
    Кревет златен, првомајски пикник ќе си направам:whew: :rofl:

    Ај да не зборам многу...
    Уште малку и викенд...изгурајте ги лесно овие 2 дена:hug:
     
    На mal.ecka, Tajnaotrovna, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Поздрав друштво, убав ден на сите!

    Јас стандард, на работа, чајче, компјутер и средување администрација додека да дојде некој.

    За Први Мај, Охрид секако, си поврзав, во понеделник нема да работам, ама не заради шетање, туку ќе правиме помен за мајка ми, 6 недели. Сите продолжени викенди годинава ќе ми бидат во Охрид, а и одморот најверојатно ќе го истерам таму. Нема да одиме надвор од Мк годинава, евентуално некој викенд би скокнале до море, ама ќе видиме.

    @LadyC за ручече надвор од Скопје - етно ресторан Ранч, во Ранковце. Местото е супер, храната одлична (барем последно што паметам) и убавото е што има како летниковци со маси за одбрано друштво, нема со други да се мешате. Се надевам дека наскоро пак ќе одиме, и за деца е идеално, има кај да шетаат да уживаат.

    За небањање, си кажав, и мене ми идат такви. Јас постојано носам дупли маски, ама некогаш е џабе... да не ви се преврти во желудник ако почнам да ви кажувам. Кога бев трудна не знам како издржав, во нормална состојба одвај е издржливо, а во бременост да не правам муабет. После такви пациенти - врата и прозори на максимум отворени, за луфтирање, едно пола саат.

    Совет за проблемот не знам да дадам, оти како и да постапиш, виновникот на крај ќе биде оној што се обидел да помогне. Затоа настрана и раат. Иако, ако пријателката ептен ми е блиска и ми значи, би пробала еднаш двапати да поразговарам, ама ако нема фидбек или е како да му зборувам на дрво, тогаш што фајде?

    Уживајте во сонцево!
     
    На Skorpija25, Val-Dim, ivi1987 и 24 други им се допаѓа ова.
  12. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Убав ден денеска :)
    1 Мај, како дете ги обожавав излетите на Китка, покрај рекичка со еден куп пријатели на моите и мал милион деца :inlove:. Уживање.
    Годинава би се задоволила со седење во некоја убава кафана во природа со мало друштво, или пак собиранка кај нас во дворче. Ќе видиме финансиите што ќе кажат, овие последни месеци сметките за струја не утепаа, високи колку просечна плата во МК (facepalm), се надевам дека од овој месец веќе ќе го немаме тој проблем.
    :hug::hug::hug::hug: за сите, уживајте во убавиот ден
     
    На Skorpija25, Val-Dim, ivi1987 и 24 други им се допаѓа ова.
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Мажот и знае хахах сите блиски знаат, ...таа е заслепена таа мисли дека другите не знаат, не верува кога и се кажува. Не сум разговарала со мажот и после се а бевме блиски но мислам дека не и дава развод од инает....а оваа кутра заслепена како тинејџерка се самоуништува
     
    На Skorpija25, Rebecca_R, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    ^А што ти е тебе гајле за нејзе|(... извини вака...

    Нервозно денов почна, ќе биде таков периодов, работен...претерано е, секој ден веќе стресови...вртам нов лист од денес не им се замарам ич. На никој:nod:

    Останете во убаво расположение:hug:
     
    На Val-Dim, ivi1987, WORRIED.BT и 17 други им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.575
    Se se doznava ;),porano ili pokasno ;)
     
    На ivi1987, Rebecca_R, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    На Skorpija25, ivi1987, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.575
    ^vo ,,nedostig na more"
    IMG_2069.JPG
    :rofl: (facepalm)(facepalm)
     
    На Skorpija25, ivi1987, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Маж дома па си поспав некој саат на раат па сега се освестувам со кафе, цигара и фемина:lol:вие се префрлувате надвор за кафенце јас полека си се прибирам во гаражата, рокада си правиме.:lol:

    За смрдливи луѓе, женишта во мојов случај муабет не ми е прави, дефинитивно најгнасни се азијатките, авганистанките и цркињините од Африка, не црева да истуриш, во несвест да паднеш од смрдеата и се гледа немиена, заурдена:puke:, гнаси невидени, не помага ни дупла маска, за такви случаеви си чувам парфем на работа и прскам аква ди џио во маската за да не се онесвестам.:x
    А не дека не знаат дека одат да се породуваат и дека треба да се измијат тука се мислат над сите и дека ти си должна да им ги трпиш смрдливите дунди. (facepalm):swear:

    @Annath и јас се расправам со мм за децата ама ние обратни сме, тој не дава прашинка да падне врз нив а јас ги оставам да се челичат, не за да не станат гејови(facepalm)ама па деца се, моиве па и секунда не седат мирни, паѓаат, стануваат, целите се со модрици, така растат де деца, не ќе паѓам во несвест за секое удирање, паѓање а тој сега да го прашаш точно знае секое дете колку модрици има по телото.(facepalm)
    Вчера за тоа се смеев, мадамицата пред некој ден падна станувајќи од стол и како тресна на газот наседна играчка сега на газот на толкава модрица има, мм не ја видел и вчера го слушам во вц да ја избрише, лелеее татенце од кај па тука модрица, таа па итрица одма со жално гласче му кажува што се случило, па тој одма помади мачка. уште и преврска да и направи му фали.(facepalm)
    Кога се породив со мадамицата дома беше 2 месеци на породилно со мене кога се врати на работа ме пукна, само ми се јавуваше и даде ли ово и даде ли оно, па Конта вака го сакал млекото, Матео вака и ми скисна после некое време му викав амам бре човек со мајка им се дома не си ги оставил со бејбиситерка па везден да ме потсетуваш што треба да им дадам:@(facepalm)го сфаќав дека му фалат после толку време нонстоп дома ама претеруваше.:swear:

    Кај мене вчера беше празник па го искористивме денот да ги прошетаме малку децата, ни спиена од работа ни ништо ама ќеифот на децата мора да им го направам.:D
    Во музеј има изложба со Лего коцки, децава се прерадуваа па и ние покрај нив, преубаво беше.

    36C6EED3-B0D5-4E73-ABB4-0B4FE7AA0DDB.jpeg F979D488-6D7A-460B-AA04-82E92C47AC76.jpeg 404A6283-0D57-42B9-9424-1E3E65A7F7EB.jpeg 149AFA9C-4976-43F5-B4E5-88147427D66A.jpeg DC648CB6-C10C-487A-8854-938AC73876B2.jpeg 02B9A48F-FDED-4D09-B8CE-2CF84BD7EAD3.jpeg 0E01DE7F-4487-4F00-88AB-37E563917F7B.jpeg 4E0D9A4D-FC6E-4C53-BF3A-B3C52C1F90AE.jpeg CAD84792-0D6B-4486-A49D-CE7ACAA9868F.jpeg 51B97C08-190E-42BE-B74C-43A41512CCD0.jpeg
     
    Последна измена: 26 април 2018
    На Adi888, Tajnaotrovna, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Син ми да ги види овие ќе се шекне посебно колата и моторот.
    @jasmina00 jас да сум на твое место не би се мешала ама знам сакаш да и помогнеш на пријателката.
    Кога би се одлучила на чекор да го изневерам сопругот тогаш навистина не штима нешто во мојот брак и тука нема простор да се остане повеќе во заедница,првично не би можела да го погледнам син ми во очи,а камо ли нешто друго.Некогаш и со сопругот не ми се легнува во кревет ако нешто ми е терсене а камо ли со некој друг што не сум основала брак,сега можеби би ме осудиле какво размислуање имам ама тоа е суровата вистина.Не дека сум Old Fashioned ама ете така размислувам.
     
    На Skorpija25, ivi1987, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    @bittersweet не збори тој за челичење во таа смисла, не се притресуваме ни јас ни тој на секое паѓање, туку за реакцијата на големиов во одредени ситуации. И психијатар потврди дека имаме хиперсензитивно дете кај кое воспитување со казни и ќотек нема никаков ефект или пак се постигнува контраефект и револт, и мора да имаме малку поинаков пристап во воспитувањето без ригорозни мерки и повишување глас, бидејќи лошо, да не речам претерано реагира кога му викаме, па детето е под голем стрес. Ама не, требало да знае дека светот не е розов и да го челичиме, во спротивно, ако сме го гушкале и тинтрале многу, ќе станел геј (facepalm)
     
    На Skorpija25, ivi1987, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.