1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.963
    Допаѓања:
    205.230
    Пол:
    Женски
    Кој измислил да се руча,сега ми е тешко,поарно ми е гладна,ама пак и тоа не се крепи,со годините изгледа.Маката е голема,ем најадена,ем пајнци еден куп за миење,а свекрвата(машината)ми е расипана веќе подолго време|(,жена бре,никако да ми се погоди:D.Единствено што ми е погодено е :smoke: на тераса,дека не студи.Тревата за косење ми стигнала пак,ќе ја оставам за 1ви Мај,сите по ливади јас трева ќе си косам,да се ускладам со Првомајците:rofl:.Ако ви треба душичка за на протести по повод празникот,слободна сум да пополнам место;).
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.605
    Пол:
    Женски
    Фала Пецо. :) Само убавини да си дочекуваш.

    :rofl: Да, тој со јамболиите е. Пред 2 недели ја собравме, се надевам за навек. :wasntme: :D

    @vitamina :hug: Се ќе си биде во свое време. Издржи уште малку.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Arabella M. и 19 други им се допаѓа ова.
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.611
    Допаѓања:
    138.206
    Aj dobar den i od mene,
    Si pocnav jas so uzo denovive,pa na kraj ako doktorite recat deka se e dobro so pregledite ke preminam na alternativen lek za lecenje-Alkohol :D
    Mm sekoj den mi vika da si pijam barem po edna casa uzo,ama ja ne go slusam.
    Vcera si pominavme ubavo,do 12 bevme,ama tamu so edna casa pominav:)Otidovme skarani so mm(standard za vikend de:D),ama preeska bevme malku sami pa gi reshivme problemite:lol: Dvajcata sme ko mali deca,inaeti i rezultat e cestite karanici i glavno se za gluposti:(
    Mm se nervira ,go propusti startot na Formula:lol:Ama ne se iznervira tolku de,izgleda rakijata pomaga :D

    Si dojde malava,rucekot ke bide za nekoja minuta,na terasa milina .Posedovme ,so muzika i tishina okolu nas so po 1-2 casi uzo i salaticka i odma podrugo raspolozenie.

    @Dust barem vo Berovo ima prirodni ,planinski caevi (iako mene ne mi pomaga),ama napij se nekoj mix -lipa,kamilica ili matocina pa moze ke pomogne malku.
    @Yowannty cestitki i od mene i da si imate sreken brak so mnogu decinja .
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Val-Dim и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.823
    Пол:
    Женски
    Се стокмивме уште сабајле тренерки, патики и тргнавме на излет. Демек ќе пешачеме, ќе се раздвижеме па ќе запалеме скара. Се надигавме од дома свашта, од храна до маса и столчиња. Кој знае од кога немав терано така излет, од времето со моите коа одев. Одеме на излетничкото место пусто, нема народ, тук таму по некој рибар на езерцето. Викендици изградени еден куп, нови, едино на нивните тераси луѓе, никој нит шета нит пешачи. Ај на друго местенце таму малку пораздвижено ама заради ресторанот во близина.
    Порано кога и да отидевме таму, преку викенд, игла немаше кај да се фрли од народ, скари на секој чекор, деца трчаат наоколу, народ се движеше по патеките, онака по трнерчиња, патики. Сега сите скоцкани, дотерани, се движат од паркинг до ресторанот, шетња од неколку метри, онолку колку што е поплочено и толку. Па штикли, фустани, кошули, нормално во ресторан одат нема ваљда со шорцеви и испотени да влезат внатре.
    Се сменија времињата, се смени народот.
    Порано се знаеше екипа се договара во сабота вечерта, недела се оди некаде. Деца, куче, мачка, сФе од дома се товара на кола и се оди. Сега ни друштво не можеш да најдеш. Еден не сака на тоа место, друг децата не ги води ради тревата, трет неќе покрај река пошто има немирно дете може да влезе со се алишта внатре. Па не одиме некаде пошто нема сенки убави, на друго место е многу зеленило бубачки ќе не изедат, некое место е многу далеку и не ни се исплаќа да влечеме се...
    Ко некој старец се осеќам што жали за старите добри времиња :tmi:
     
    Последна измена: 29 април 2018
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Yowannty и 24 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.705
    Пол:
    Женски
    Недела, ден кога незнам што попрво да фатам по дома :D
    Машини вртат, ручекот помина, две кафиња испиени, да стане мали па да нурнам во купот исушени алишта да ги средам и топло чоколадо да пивнам :mm:
    Денес лудница со деците, што фати големата одма сака и мали, па плачење, па драми, па ајде мама изиграва судија :D Прееска ме растегнаа, сакале двајцата со мене да шизат на музика , едниот тегне, другата вика - дај ми ја пола мене, не е само твоја :rofl:
    Одвај чекам среда да дојде, време е за нова фризура :makeup:
    @CameliaMiller да ја поздравам, ми фали многу :hug:
    @Yowannty да не дружи почесто во темава, и честитки за регистрацијата, се најдобро ви посакувам :l:
    Убаво попладне имајте :hai:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Yowannty и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Напред, напред Вардарееее!
    Пуштајте мтв1
     
    На Annath, Peco, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Времето премногу жешко ко за крај на април, воздухот влажен и тешко се дише. Ама барем топло е. :sun:

    @Sesil и мене ми фалат такви викенди. Последен пат со моите бевме така, си имавме едно место и речиси секогаш таму се стациониравме. Па едни радости за капење во реката, што да ти кажувам. (poolparty)
    Друштвото секогаш исто, ние деците радосни кога ке фатиме жаба, се местат маси за старите и шаторски крила за омладината и така.
    Сега не знам дали некој воопшто оди така на отворено. Ако се има викендица се оди таму, а ако не, закажуваш у некој ресторан и тоа е тоа. Водно и Матка се солидна опција за шетање, ама нема кај да се паркираш. :devil:

    @duffi најсреќен нека ти е! Секогаш да си весела и насмеана! :party: :^: :coffee: (мартини кога ке порасне синко :lol:).

    Повелете кафе,
    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, Val-Dim и 19 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.792
    Допаѓања:
    270.529
    Пол:
    Женски
    @Sesil колку реално направена споредба.Со мали деца,со стари коли ,со попразни џебови ама со голем дух,дружељубивост,несебичност така одевме,се дружевме сите ,смеи,вицови,деца наиграни.Сега битно да се пофалиме кој со каква кола е дојден кој во која марка спортска облека е...
    Одиме за да се сликаме и тагнеме кај сме а не со кого сме и зошто.Се постана борба за престиж и мерење кому е поголем на некој начин.:shake:
    Штотуку се прибрав од еден сличен настан,собир на извештачени пријателства,докажувања,фалење со материјални придобивки од туѓа пот.:puke:
    @vitamina ајде главата горе ќе дојдат поубави времиња,силен и жилав народ сме ние:hug:
    Ракометов ќе ми ги докрајчи нервиве,чувствувам..
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, vitamina и 21 други им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.459
    Пол:
    Женски
    Бошке пуштено е8) ,шо вика маж ми,ова е единственото добро нешто што моментално се случува во Мк:)

    @Sesil знам точно за кое место зборуваш,имам преубави спомени од таму,и сум благодарна што имав такво детство,без таблет-и и телефони,во време кога луѓето знаеа да уживаат во едноставноста на постоењето...
    Сега комплексите не убиваат сите,и допрва ќе е бетер:|

    @vitamina :hug: издржи мила,знам дека можеш,и мораш..

    Убав ден екипо:f:
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, Val-Dim и 19 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.705
    Пол:
    Женски
    Кога бев дете, Треска беше задолжителна секој викенд кога беше топло времето. Голема фамилија од страна на мајка ми, ќе ги натовареа колите со храна, реквизити за нас и правец на целодневно бањање и дружење. Со Југо или Фичо не собираа зошто немавме кола, гајба пивце во стаклена флаша беше секогаш на мени. Карти и шах во изобилие, смеа и шали од сите страни.
    Убави времиња, убави спомени од детството :mm:
    Сега за жал нема такви собиранки, сега шемата е по кафани. Ако нема пари човек, не може да се дружи. Жално, ама вистинито :|
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, CaraMia и 24 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.
    Денес во Зоолошката после добри 5 години.
    Многу, народ , повеќето зборат двојазично,Али нема врска битно да се дружиме.
    Мајмуните ми беа најинтересните.И сега што попрво да се прави.Отиде и овој викенд.
     
    На ♡BuBaLe♡, CaraMia, vitamina и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Кој кого запросил на ракометов?8-|
    Малку касно се вклучив па изгубен германец сум:rofl:

    Како се најадоооов, а не сакам многу риба. Ама денес кога и се навртев ..ауу(facepalm)..
    Не шетав никаде ама овој мојов виртуелно ме прошета на 100 места денес, преку видео клипчиња на Вибер:lol: да бидам во тек со дешавките:D
    Денес добив покана за шетање во Битола..ама и мајка да сум ја земала. Очигледно родниниве повеќе неа ја сакаат ама ај нека:lol:
    Колку ме тераше тој човек да се запишам на битолскиот универзитет...брее:D едвај жива глава спасив. После тоа ептен ретко го гледав:tmi: откако му ја летнав од Мк, се спасив од тие муабети.. Па кога се вратив веќе на никој не му беше гајле кај студирам:drunk: се молеа само да дипломирам пред да ја летнам пак некаде:rofl:
    Фала му на Бога:lol:
     
    На ♡BuBaLe♡, Val-Dim, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум имала ваква недела,неработна.
    Сама себе си се частив.Освем машина и што запеглав за утре ништо друго не фаќам.
    Ни ручек не направив,ни доручек.Телово ми плаче за одмор.
    Пак почнува да ми се мота идејата да дадам отказ.Тешко ми е,пренапорно.Нема да ми верувате како се чувстувам.Мм стално ми вика,каква си има жени глас не им се слуша а ти само се жалиш.Ама да те штреца колено на секој чекор,да те болат рацете и мускулите,вениве на нозеве како прст излегле тоа не е од крстење нозе...да не знаеш за празник и викенд,да стануваш во 4,да тепаш пат меѓуградски...
    ах бре,ах...
    А знам дека само си се нервирам,вака ќе виде уште долго време.Неисполнета,затупавена и уморна.Тоа сум јас.
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, evangelina.ina и 24 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Пак просидба?
    Досадно, неинтересно, неинвентивно!
    Зошто луѓето имаат потреба јавно да ги истакнуваат таквите свои лични интимни моменти?!
    Па уште посмешно е кога девојката "као" нема поим од каде дошло тоа.
    Циркус за мали деца.

    Уште на Фемина не се зачленил некој маШ да запроси некоја членка.
    И уште ова: кога на работа некоја жена за роденден ќе добие букет и поклон од маж и|(...по брза пошта|(.
    Ете некои ако не се пофалат исто како да не добиле поклон..

    Само што заспа дете,моето време сега почнува.Тешка мрза ме мачи.
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, Val-Dim и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    https://www.gol.mk/rakomet/kazha-da-padna-zaprosuvanje-na-mechot-vardar-kil



    Јас знам една што си прати сама на себе букет и благо по брза пошта на работа за роденден:D
    Очајно:lol:
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Јас чекам некоја Не да каже на јавна просидба:))))
     
    На Tajnaotrovna, ♡BuBaLe♡, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Ja pa od strav ne odam na sportski nastani ....da ne se izlaze nekoj da me zaprosi :rofl::rofl::rofl::rofl:(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Se biduva...u euforija se moze da se sluci :rofl::?:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Ariel и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    :rofl::rofl::rofl: Врв ќе биде
     
    На ♡BuBaLe♡, dunika, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе дочекате:D
    Туку глејте си на Јутуб и смејте си се :D
     
    На Val-Dim, Annath, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Имаше една таква чудна случка.
    Долга врска која сите мислеа дека ќе заврши со брак.
    И почнаа припреми старите.Фустани се шијат, гости се канат, ама момчето нешто не вољно.
    Стана веридба,разменија прстени,утредента старите капарисаа хотел.
    На ден пред свадба момчето изјави-несакам да се женам.
    Пукна тиквата и меѓу старите.Поканите за свадба веќе пратени па и поклони купени.
    Па поединечно се јавуваа телефонски за да кажат дека свадба нема да има.
    Момчето после ова си извади карта во еден правец за Англија.
    Невестата усрамена и оставена и таа фати друг крај од светот.
    ...да е една ваква случка.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.