Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.968
    Допаѓања:
    205.287
    Пол:
    Женски
    Добар и убав ден имајте.Денес ми е убав ден,се слушнавме со син ми и за некои дваесетина дена ќе слета,ех срце мајкино како на трња ќе бидам,побрзо нека се смолкнат деновите и часови (waiting),точно три години не си го имам гушнато.Малку ќе остани ниту цел месец,но не се жалам и тоа ми е доволно,до некоја следна средба,само здрав и жив нека е.Веќе во глава ми се врти ѓенералка по дома да мавнам,во чисто да си го пречекам,знам дека не му важно тоа ич,само бајрам со ум си правам,а и деновите побрзо ќе ми поминат зафатена со работа:).Да можам ќе летам наместо да се движам овие дена,додуша ме предупреди во врска со јадењето,да не сум трупала месено,печено и сл,оти не се сакал да се попрај,50 кг е во минус,манекен на мајка:D,и така ви се пофалив друштво,со барем една ама убава и голема новост за мене.
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 32 други им се допаѓа ова.
  2. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Со помин да е на малиот...:(
    Посакувам брзо закрепнување :hai: :*
     
    На malerozna, Dust, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.460
    Пол:
    Женски
    Поздрав друштво:hug:

    Тука денес тмурно,такво ми е и расположението,ме мачат цел ден црни мисли и некако тешко ми е:|

    @LejlaD многу се израдував дека ке си гушкаш дете,да знаеш дека и тој едвај чека да те види.Позната ми е болката,и првата асоцијација на Дома ми е мајка ми:l:.Имам ете цела фамилија што едвај ме чека ама признавам,мајка е мајка:angel:
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 29 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    :hai: ,kako steeee??? :)
    @LejlaD , majko :hug:,me rasplaka mAri ,3 godini -dolg period :|.
    Koga ke dojde gushkaj ,gushkaj,gushkaj.... :hug: ...uff:|
    ..........

    Na sever zeskoooo epten,sto od sonce,sto od trcanje ama ok e...
    Aj koj e za sladoleT :D,so povod e :)
    strawberrycookiescream1_bakedbyrachel.jpg
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 27 други им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.613
    Допаѓања:
    138.221
    @stetoskop sto i da e povodot so srekja da e,sekogas da castis za ubavi raboti.Sladoledot po moj vkus

    @LejlaD super,uste malku i ke uzivas so sinot.Kolku i da bide tuka,veruvam srceto ke ti bide polno
     
    На mal.ecka, CaraMia, Dust и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Што е овој пост првомајски мамурлак, уста не ви се отвара, едвај неколку поста напишани од вчера наваму :(

    Какви купишта алишта ме чекаат, што за перење на рака, што за пеглање, ми се плаче... една од негативните страни на летото ми е пеглањето. Од време на време правам пеглачки маратони, уз музика и си пеглам со саати, пошто не ми се вади даска и вклучува пегла за едно парталче нешто, ако е ептен итно само.
    Како добро би ми дошло едно вакво машинче


    Гледам термини за одмор, едини дати шо ни одговараат се крај на јуни и некаде крај на јули. Крај на јули ми е многу гужва ама крај на јуни па не знам дали е доволно топло, никогаш пред средина на јули не сум била. Од друга страна си викам, ако треба само крај море ќе шетам, мирисот да го вдишувам доволен ми е.

    И така..
     
    На Skorpija25, green.eyes, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.297
    Пол:
    Женски
    Добар ден дами.
    Празникот помина, тука дожд, ладно, премрзнавме.
    Сеуште ненаспана, ама сега среќна сум. Срцето полно. За некој ден средба со една е мајка, едвај чекам. Неработен ден имаме наредната недела, сега па јас ќе си поврзам денови.

    Се прејадов од сабајле па сега тешко ми е. Изгледа притисокот и холестеролот ми се до плафон високи, при самата помисла на мрсна храна ми се лоши.
    Периодов на овошје бев, многу полесно се осеќав.

    Точам и јас лиги за одмор, крајот на мај планирам да скокнам до азурен брег на 3 дена. Ама мое планирање е лудо радување. Секогаш друштвото ме зезнува и ништо не испаѓа. Да сум жива и здрава, ум не ми иди.

    Деновиве конечно треба да се стопли. 2 степени беше пред некој ден. Затоа на 16 голи шетаме.
    Ми се насобраа поводи за частење, ама време ич да се немало па...

    И такаа
     
    На Skorpija25, green.eyes, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  8. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    Кај сте женчиња ???
    Или од скарата или од пивото ќе да е штом денес слабо не има ,но тука си сме сите на куп..
    Време за кафенце и ќе одам на заболекар...маж ќе носам (facepalm) да требаше тој дете да раѓа ние немаше да имаме колку да знаете..
    Алишта еден куп средив се мислам некогаш и зошто толку партали купуваме и само се жалиме дека немаме ...
    @LejlaD уживај уште малку со синко твој броени денови брзо летаат но барем убаво да ги искористите сите заедно....
    Јас еден ден да не ја видам момава моја одма ми е грдо ,а три години се стварно долг период кога станува прашање за дете ...но само нив да му е убаво ние родителите ќе си подголтниме ..не знаеме што иди само што поминало...
     
    На Skorpija25, green.eyes, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  9. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добар ден, денес умрев од жешко, мислам дека сум се испотила како во сред јули.
    @LejlaD многу ми е мило за тебе, не сакам ни да замислам колку е тешко 3 год дете да не си видиш
    Честитки на роденденците со мало задоцнување :$
    Денес ми беше ден за трошење пари, сметки плаќав :). Утре уште нешто и после 15 втора тура.
    Многу сакам излети во природа, сосе трева, бубачки, пластични чашки и тањири и се со ред. Ич не сум свилена абе после секој излет како прасе дома се враќам 10 води не ме перат.
    Дома јадеме на послужавници во обични денови ( секој посебно јаде) а викенд постилам чаршав платнен, немам мушама, чаршавот го перам ко ќе се направи ептен лом :) на вриење и супер си е.
    Вчера винце пиев и тоа дури 2 чаши :wasntme: многу ми беше убаво, ми недостасува слободата да се напијам вино на раат
    Убав ден на сите
     
    На Skorpija25, green.eyes, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Спанаќот готов,
    легнав божем ќе спијам, :yawn: таман дремка ме фати, :mp:ме разбудија.:@
    Кафе на мени, :coffee:па средба со другарка...:f:
    Убав остаток од денот
     
    На EuHenIa, CaraMia, Val-Dim и 18 други им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.189
    Цел ден работев, десното рамо ме боли повторно и ми се спие.. |-)

    Дојдов да се жалам, не можам само позитивна да бидам :D

    Алишта еден куп имам и јас за средување, ама тоа маж ми кога ќе се врати ќе здипли. Порано пеглав веднаш откако ќе ги соберев од жица, навика превземена од мајка ми, ама сега ме мрзи, па пеглање само пред да облечеме и толку. :wasntme:

    @stetoskop честитки, за што и да е :)

    Како ми се пријаде сладолед од малини, онака убав, со парчиња овошје внатре.

    @N.2106 побрзо опоравување на син ти! :hug:
     
    На Skorpija25, green.eyes, EuHenIa и 23 други им се допаѓа ова.
  12. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.968
    Допаѓања:
    205.287
    Пол:
    Женски
    Стетоскоп честитки,дај боже стално за убаво да има да чаштиш:hug::*.За другото што да речам,мм вели почна со ум од шини да излегуваш,де планирам соба да му светнам,де што да му постелам,па омекнувач убаво што мириса да купам за постелина и така,си забегав признавам:rofl:.Над овие овде 24/7 сум,е сега сакам да му угодам на зверчето што ќе ми стигни :tmi:,ако останам од ќејфови со умот при себе(facepalm)
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 24 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.794
    Допаѓања:
    270.586
    Пол:
    Женски
    @LejlaD :):hug:
    Како да се вративме еден век назад,печалбарстото ни стана пак главно обележје.во мое време од лектирите знаевме за тој копнеж по најмилото по љубениот по таткото.А сега ни е секојдневие.
    А бре ај биди патриот и сакај си ја државата.:devil:

    Трет ден ме мачи некоја бевеЗе вртоглавица забегувам на десно.Мм мрчи ми било од диетата,како не баш деновиве јадам повеќе:x
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.904
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.
    У тотален хаос сум мајке ми. Сега седнувам дома и пијам конечно кафе, се осеќам претепано.
    Утре ме чека пат попладне накај Богданци и најверојатно ќе се изгубам. Тотално сум сообраќајно неписмена за вакви раб. Битно ваљда до тунелот ќе дојдеме. :D
    Многу ладно бе вечерва, се испонаежив на тераса. :worried:
    Стетоскоп што и да е за убаво само да е! :D
    Доста беше за вечерва. Уште дужам пијалок си памтам, ама на некоја убава пригода ќе го потфрлам.:D
     
    На Skorpija25, green.eyes, mal.ecka и 21 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.716
    Пол:
    Женски
    @LejlaD многу ме израдува, можам да замислам колку си среќна. Ах, мајка :hug::*
    @stetoskop само убави работи нека се редат, секогаш да имаш повод за частење :hug:
    @malerozna и тебе не те заборавам, што и да е, убаво нека е само :*
    Јас и ќерче шишани, ептен не погоди новиот фризер, пресреќни сме :D
     
    На green.eyes, mal.ecka, LadyC и 17 други им се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Aj neka se ugode
    IMG_2117.JPG

    Dzezveto druga neka go stavi...papsav deneska cel den na noze
     
    На Skorpija25, green.eyes, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  17. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Гoтoвa сум,дремaм,спијам,oчи ми се зaтвaрaaт.
    Незнам штo е oвa,а дoјде 21ч ја спијaм.
    Денoв така пoминa безвезе.

    Дoбрa нoќ женски
     
    На Peco, mal.ecka, LadyC и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.772
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да ве поздравам со по еден милкшејк.. пред да си направам мала пауза
    Немам што да кажам..
    Празна ми е душава..
    [​IMG]

    Се читаме...по темиве:hai:
    Ве гушкам сите:hug:
     
    На Skorpija25, green.eyes, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    146.528
    Пол:
    Женски
    Дoбрo вечер убaвици!

    Средa кo пoнеделник,едвaј издржaв нa рaбoтa...a дoмa времетo летa...

    Јaдaм кo нa нoрмa..мoрaм дa зaпрaм мaлку..светлaтa летнa oблекa се пoкaжувa...

    @LejlaD вo блискa фaмилијa имaм теткa нa кoјa двете децa и се преку oкеaн...јa знaм и рaдoстa при средби и тaгaтa при рaзделби...знaм сегa кoлку спoрo ќе ти минaт денoвите и кaкo ќе ти летнaт кoгa ќе е oвде...

    @Sesil ние сме биле нa пoчетoк нa јуни и убaвo и тoплo беше...личнo јaс преферирaм јуни пред јули...вo јуни умеренo сoнце и гужви a ден гoлем a вo јули ем е жешкo и непoднoсливo ем гужвa ..
    Амa гoдинaвa пoскaпo oд претхoдните гoдини ми се гледa...

    @Dust :hug::hug::hug::hug:

    Пoрцијa слaдoлед ме чекa и повикува..
    Имaјте убaвa вечер!
     
    На Skorpija25, green.eyes, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.968
    Допаѓања:
    205.287
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е најголемата мака Ворид,ќе си дојди,со душа чекам,ама која душа пак ќе издржи на аеродром за дваесетина дена што ќе биди тука.Живот ј....а.Заладено некако вечерва,кафе се пие на тераса,но дувка ладен ветер.:coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:повелете кој е за кафенце и друштво.Прашинке :hug::hug::hug:,со милкшејкот од јагода би се послужила:nod:
     
    На Skorpija25, green.eyes, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.