Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.462
    Допаѓања:
    143.957
    Мислам дека ретко кого не го дрма средовечна криза.

    И да е се таман со бракот и социјалниот живот, ќе те удри за изглед, работа или нешто трето. Првите знаци на стареење си го прават своето - предизвикуваат страв од староста и минливоста на животот. Се прашуваме дали сме направиле се што сме планирале во животот и се обидуваме да надокнадиме за се што сме пропуштиле. А секогаш има некоја област од животот во којашто сме потфрлиле, не верувам дека има некој реализиран на сите полиња.

    Еве јас чекам средовечната криза да ме пукне на вежбање. Ама никако да се испровоцирам како што треба. Тешко паѓам на провокации, што да кажам :D
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, Thallia и 24 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Да.
    После 45-тата стануваш свесен дека голем дел од животот ти поминал.
    Меѓутоа,одма самиот дај си осврт кон тоа дека децата се пораснати и дека конечно со паетнерот можете да си дозволите романтични викенди.
    Затоа некои велат дека се вратиле во втора младост:).На таа возраст емотивно и сексуално зрели,Богами убав помин има:$.
    Ослободени од стеги:заспало-незаспало,јадело,излегло со мокра коса, дали пуши ...
    Финансиите под дифолт ни се на сите битни,па тоа малку кочи иначе второто доба има голем чар:).

    Јас битно се лакирав.
    Утре сабајле коса ќе мијам и пеглам.Од вечер кога ја спремам морам да пазам кога спијам,а баш оваа вечер немам намера:D..оти нели во второ доба сум влезена:D
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На Skorpija25, Val-Dim, Tajnaotrovna и 29 други им се допаѓа ова.
  3. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добар ден, ве читам последниве ден два ама никако да пишам. Некако и темиве тензични ми се видоа или па мене денот таков ми беше.
    Помина продолжениот викенд, нервози, умор, ете такви ми се деновите кога сите се дома. Мм без мене ништо не прави, големава ми е лепенка, бебе ко бебе, а свеки пробува да им парира на сите. Уште и ненајавено ко ќе ми се тупоса некој на ручек време па ќе почне "домаќинов" дај салата, извади сирење, дај ракија, ако нема одма треба да трча некој да купи. Ужасии. А ова редовно секој викенд се дешава. Утре сабајле испраќам на работа/ градинка и јас и бебо да се вратиме во нормала. И неа ја осеќам како ја фаќа нервоза од гужви.
    само да искоментирам на темата од пред некој ден. На форумов се чувствувам нова ама прифатена, толку си се отварам за лични работи што луѓе веќе ме препознале па и ми замериле што во афект сум пишала нешто. Немам фејбук, инстаграм и сл, освен овде никаде на друго место виртуелно не сум присутна. Има некои ликови што обожавам да ги читам, една реченица ќе пишат, ама има содржина. Не се закачам и не сакам да ме закачаат. Ако на некого му пречам многу ми е гајле :) иако сум 99,102 посто сигурна дека нема такви.
    Убава вечер на сите
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Ane-Goki1 и 27 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    @Ariel @referentka , во право сте и двете, соочувањето со стареењето е... соочувањето со тоа дека 'големите' работи си ги завршил, и одеднаш се наоѓаш како во лимбо... со милион прашања, од типот 'А што сега да правам?'

    Ми се допаднаа вашите одговори, многу.
    Бацки :)
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, Thallia и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Не се согласувам дека после 40та се старее или што би рекла @Ariel годините си го прават своето. Според мене а и во светот 40те се најубавите години во животот, како што рече @referentka тогаш си растеретен од многу работи и имаш многу повеќе време за забава и за уживање во животот.
    Стареењето е само во главата на човекот, се додека човек ментално е млад и се додека не размислува на тој начин дека годините му се товар а не искуство ќе се чувствува стар и на 20 години.
    Ариел спомна дека ако се ти е ок семејство, брак... пак ке се најде нешто што ќе те грицка и нема да ти дава мира. Да, но ситните проблеми не треба да не исфрлат од шините за да не си го живбееме животот.
    Јас велам вака, борите не се одраз на староста не една жена туку на искуството и зрелоста на жената.
    Денес живееме во време кога се гледа низ призмата на амбалажата, многу површно и на прва топка, како да не мрзи да загребеме под површината и да видиме што се крие таму.
     
    На Skorpija25, poenta, Tajnaotrovna и 13 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.108
    Допаѓања:
    154.965
    Пол:
    Женски
    И те како :)
     
    На g8lQQk, Rebecca_R, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Каква? Раскажи ми :)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    279.469
    Пол:
    Женски
    На Thallia, g8lQQk, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    На Rebecca_R, ivi1987, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.108
    Допаѓања:
    154.965
    Пол:
    Женски
    Си кажаа другите погоре. А за тоа пишав кој како го пребродува тој период.
     
    На Annath, Rebecca_R, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.462
    Допаѓања:
    143.957
    И јас верувам дека 40-те се убав период и дека човек треба да ужива.
    Ама биолошки, старееме. Тоа е природен процес, со којшто може да се опседнеме, а може и да го прифатиме.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Tajnaotrovna и 14 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    279.469
    Пол:
    Женски
    Секој период си има своја убавина ,само треба да знаеме и да можеме да го живееме квалитетно.
    Ама не секогаш условите ни дозволуваат:понекогаш немаме финансии,понекогаш немаме пријатели,понекогаш партнер...
    Ова ме потсети на песната:ќесе имам,пари немам,жена имам кревет немам...така нешто беше:D
    Но треба да се трудиме да го извлечеме максимумот од тоа што можеме...
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Tajnaotrovna и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    @mareane Не секогаш парите се пресудни за среќата на човекот и за квалитетот на живеење.
    За квалитетен и среќен живот се потребни чисто срце и отворен ум.
    Познавам луге кои се добро ситуирани имаат се што им треба а се несреќни, затоа што не се среќни со тоа што го имаат туку се оптеретуваат со тоа што некој друг имал повеќе од нив. Зошто роминте се весел народ? Затоа што гледаат денес да преживеат а не планираат за утре. Ние се оптоваруваме премногу со матерјалното, никогаш не ни е доста, мислиме како нашите деца ќе живеат....
    Знаете , често размислувам за животот и дојдов до еден заклучок дека 90% од животот го поминуваме градејќи купувајки.. за некои идни поколенија, наместо да се потрудиме ние што поквалитетно да поживееме. Ако земеш кредит за стан цел живот ќе го отплаќаш, ако заправиш куќа ќе ја средиш на 60-70 год кога 90 од животот ти отишол и на крај сфаќаш дека животот залудно ти поминал односно дека освен грижи и мака ништо друго не си видел,
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, Ane-Goki1 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Малечок, ништо не е 'залудно'. Секој си прави свои правила, по кои ќе си го живее животот.

    Точно е дека парите не носат среќа, сами по себе, да ги имаш на куп во дневна, ама без пари, ништо не можеш да направиш во денешното општество. Основни работи, како храна, лекарски преглед ти зависат од пари. Можеме ние да сонуваме 'поубав' свет, за некогаш, во иднина, кога светот ќе стане поубав, сега реалноста е ваква.
     
    На Skorpija25, LejlaD, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.850
    Допаѓања:
    95.304
    Пол:
    Женски
    Не сум ни блиску до 40ка,тек 30 раситнив,ама мое мислење е дека баш од 40+- до кај 60,треба најмногу да се ужива.Ама тоа е ако до тогаш оди се “по ред”,да си изградил/а каква-таква кариера,да се завршени епизодите со пелени и домашни,па да се растеретени партнерите и си имаат време за себе и како пар.
    Парите не се пресудни,ама добриот животен стандард и те како влијае на целокупниот квалитет на живот.
    Не може да се опушти човек кога знае дека мора да штеди за студии на дете/прослави/да му помогне да се вдоми,сенешто,и се така до крајот на животот.Едно викенд шетање на пар,сами и растеретени,ке им смени многу во врската и ке внесе нова искра,а не мора да е ништо луксузно.
    Не е иста кризата од егзистенцијален карактер и онаа за бели влакна/целулит/паднати гради/стомак и тн:)
    Врти-сучи цел живот е криза за нешто,наоѓањето баланс е уметноста што секој од нас треба да ја совлада.
    Ај да легнам,уште сега знам дека ме чека понеделничка криза:D
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Ane-Goki1 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    153.460
    Пол:
    Женски
    Сaмo дa ве пoздрaвaм вaкa пред спиење...
    Сегa се прибираме..сaми бевме излезени...сo 2 пaрa пријaтели oд кoи едните се 3 гoд.вo Шведскa...
    Препoрoденo се oсеќaм...ми фaли вaквa дружбa бaр еднaш неделнo...

    Истaтa темa нa муaбет јa вртевме...кризa нa средни гoдини...мaжите гoрделивo јa пoрекнувaст a ние некaкo јa објаснуваме и прифaќaме...

    Трoпaм нa врaтaтa нa 40тите...се пoчестo се себеиспитувaм ..мoже вo предкризнa сoстoјбa сум?!
    М?

    Дoбрa нoќ!
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Tajnaotrovna и 20 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Ма баталете кризи,кој излегол од нив:D
    Јас и распоред си имам:
    -понеделник,не ми се оди на работа.Кризирам до 14 часот,после ми е сеедно:D
    -вторник, кризирам за храна зашто за викенд го гушкам фризот а на работа намерно не јадам за да веатам кило-две назад:D
    -среда, кризирам со шифоњерот, немам што да носам
    -четврток кризирам со домашните, или децата нешто извољеваат или јас им извољевам,важно мора еден ден во неделата да влезам во конфликт
    -петок кризирам за кафана, правам планови каде да се шета,а често џебот плиток ми е
    -сабота кризирам и ми се плаче и постојано повторувам едно те исто " кога јас ќе отидам во Сити со 2000 евра и нема да гледам на цена"
    -недела кризирам со ручеци,целата сум масна,мирисам на кромид и не се сакам сама себе.
    ...
    И се така во круг.
    За мене нема зима за кризи:D
    ..се нешто ми фали.
    Средовечна сум ,ама не се давам]:).Уште знае некој чичко да ме загледа(facepalm)

    Добро утро средовечни жени:hai:
    Излезете од Вашата кожа, ич да не се секирате, никој нема да примети,сите се излезени од својата:).

    ...и нека се пријави еве некојА која ќе рече-е мене ми е се ОК, не кризирам никогаш за ништо.
    ..па и 30 и 40+ да е:!:.

    Палете цигари,турајте кафе-понеделник дојде:hai:
     
    На Skorpija25, PUPICA, Val-Dim и 34 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :yawn:

    Времево утрово, само за спиење е идеално.

    На сите кризи уште и за средовечни кризи ни фали да муабетиме :rofl: Животот и онака ни е исполнет со секакви кризи ...па и на земјава можеше да ја и стават додавката " Кризна" :?:

    Кафе за расонување

    coffeeclubdrinks.png


    Убав ден на сите !
     
    На Skorpija25, Rebecca_R, Ane-Goki1 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите,
    сама си го пијам кафенцево и си се подзагревам со него,
    се расонувам малку по малку,мирно,лабаво. Ај почнал денов нека биде убав,без понеделнички кризи:lol:
    Пријатен ден,најубав нов ден,со што ќе го исполниме е наш личен избор,па нека биде со нешто фино:)
     
    На Skorpija25, Rebecca_R, Ane-Goki1 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Кај мене оваа криза ќе мора да почека, ја на 60 ќе влагам у неа ко ќе ми помине периодот на пубертет кај децава. Инаку ние у мид лајф они во пубертет ќе се позаколиме. Уште па и мм за некоја година ќе оди во пензија па по цел ден ќе мрчи по дома има да биде лудо и незаборавно.
    Моите имаа период на уживање, некаде во моите 20 кон 30ти. Јас голема, мажена, брат ми голем, самостоен, они го прошетаа цел свет. Буквално секој денар за шетање го даваа. Мајка млада пензионерка, татко сам свој газда, се изнауживаа. Ете таков период сакам ама кај мене тој касно ќе стигне. Да сме живи и здрави само и да има мир и отпојќе паричиња и во 60тите се ужива ;)
    #сисетешамјас
    Денес понеделник, мене ми е спасовден, пијам кафе во тишина, куќава ко никој да нема :). Надвор пилиња пеат, убав ден во најава.
    ако не пуштат денес породилно ќе го јаде некој :@ имам и ја праг на толеранција
    Убав ден девојки и момци
     
    На Skorpija25, Val-Dim, Rebecca_R и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.