Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.959
    Допаѓања:
    203.315
    Пол:
    Женски
    Tribute to Queen со Филхармонија. Журкааааа.... А јас дома....
     
    На kravce, Espadrila, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Јас тоа за од година се занесувам:D
    Иначе имам пишувано дека и јас сум патлиџан турист и тоа е тоа.
    Немам за хотели и алл инклузуви ,стан купивме,деца школуваме,малечко имаме..
    Кога ќе се растеретиме малку,еве ги децата завршуваат со школување ,ќе можеме да си ја дозволиме Турција.
     
    На Thallia, CaraMia, mal.ecka и 19 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    ауу убаво звучи. уше да отидеме :rofl:
     
    На CaraMia, ivi1987, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    184.680
    Пол:
    Женски
    Си ги знаеме песните од дома, шо ќе идеме :rofl:
     
    На CaraMia, Annath, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-06-22-22-41-00.png
     
    На Thallia, CaraMia, mal.ecka и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    62.106
    Здраво друштво... Кафе за сите... Петок е деее 8) coffee-flavored-brandy.png
    Ме немаше два дена, а Вие сте се распишувалеее, цели 15 страници 8-|
    Приколки, одмор ваму-таму... Турција - Грција... Ај да си кажам и јас :)

    Одмор... Камп приколки :)
    Сум кампувала, имавме приколка до минатата година. Стоеше, собираше прашина и сметаше, па со мнозинство дома се изгласа да се продаде. Ја немавме користено од 2001 година :tmi:
    Инаку, кампувањето во приколка е прекрасно доживување... Но, покрај приколката потребна е и дополнителна опрема... мааа се си треба, куќа е тоа!
    Годините кога МК беше изолирана и затворена држава, 90-тите години, ја користевме за одмор на Охридско езеро. Тие години Ливадиште сеуште беше супер камп т.е имаше услови за добар одмор. Струга и Охрид се блиску, забава навечер не недостасуваше, а и во кампот секогаш имаше забавни седенки. На риба се одеше во Радожда... Имам убави доживувања од тој период :tmi:
    Во Грција со приколката отидовме само еднаш, во еден од оние илјада кампови под Олимп и тврдината. И се покајавме, малку фалеше да се вратиме истиот ден во МК. Една ноќ ја поминавме на паркинг, имаше толку мнооогу гужва што моравме да чекаме цела ноќ да се ослободи место во еден од камповите!
    Приколка сега? Не, го поминавме со мм тој период, сега ни треба нешто што бара помалку енергија...
    Ааа, да, ке заборавев...
    Секогаш во приколката носевме чамец и одмаравме по 20 дена. Тоа беа убави времиња :sun:

    Одмор... Грција или Турција :?:
    Ееее... гласам за Турција! Девет години од 2000-2009, освен 2001 летувавме во Ерикли, Турција. Тоа е едно мало местенце на Егејско море блиску до границата со Грција. Прекрасна плажа, со бел ситен песок, преубаво сино море, борова шума, солана, извори на питка вода... Иии туристи, јок!
    Местото е викенд населба на богати турци од Истанбул, Едирне и други градови од европска Турција. Преку еден турчин наоѓавме вила, огромна вила, за малку пари... Последниот пат плативме 550 евра за 15 дена, за две фамилии 4+4 :!:
    Недостаток... Храната е ужасно скапа, а рестораните се изгор :nod:
    Предности... Од одмор се враќавме со полна кола гардероба, во СК не пазарев тие години :tmi:
    Грција... Убава е, но забегани се со цените за сместување! Тоа што слушам од други...
    Ние со години одиме во иста куќа, кај иста газдарица која што ни дава попуст. Не знам зошто, изгледа сме и симпатични... По 2 идења се спријателивме, па кога и да и се јавиме има апартман за нас :tmi:

    Тоа од водниот туризам... Во лето ми е убаво и во Маврово, Банско... А сакам да отидам и во Берово, тука сите го фалите, а јас не сум била 35 години :nod:

    @CaraMia честита годишница :d:
    @N.2106 среќен роденден мила :f:

    Пиши ме на списокот... Ама, сериозно!!!
    Ке чекам ЛП неколку дена пред собиранката, знаете дека не сум секогаш на Фемина :)

    ПС Ке си пукнам од мака... Не знаев за свирката во парк :(
    Сите досегашни концери на филхармонија под отворено беа прекрасни :f:

    8-| 9950... :o
    Генерална проба за 10 000 :!:
    :makeup:
    Val - Dim dancing-girl.gif
    Мооорав... Во последно време „потфрлате“ со потписите :)
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2018
    На Thallia, CaraMia, Peco и 35 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, смути, кафе, обврски. :coffee:

    Ве читнав чат-пат, многу сте пишувале, јас шетав малку. :sun: Во план е генерална проба некој нареден викенд. (poolparty)

    За мене одмор е море и локација која нуди повеќе опции. Сакам да шетам на повеќе плажи, сеуште ми е рано да се стационирам на една плажа.
    Турција е опција, ама за крај на септември. Дубаи исто. Египет - можеби. Толкава влажност на воздухот не ми одговара, ниту пак би можела да седам на плажа кога температурата е 45+ степени. Некаде имам слушнато дека сите агенции ги купуваат аранжманите од фибула. Од тоа јас што го видов, пристоен хотел блиску до море е 450-500 евра по човек за 11 ноќи. Плажите не се којзнае што, сум слушнала многу поплаки за јадењата, ограничен си само во хотел бидејќи се оддалечени од градовите. Сега за сега, мене ваков одмор не ми треба.
    Грција има прекрасни плажи, Јонско море е прекрасно, таа убавина не се опишува со зборови. Освен брановите и тоа што е студено, немам други замерки. Јадранот исто така е прекрасен, секое селце е приказна за себе, а за поголемите градови нема што муабет да правиме. Сите места на Јадранот имаат некој шарм, градовите имаат дух, плажите чисти, морето студено и чисто.
    Ние оваа година одиме со уште еден пар, и за 2000 евра, колку што би платиле за во Турција, имаме многу подобри опции од бањање во базен.
    Инаку не знам зошто велите дека Грција е скапа, има апартмани и дуплекси по 600 евра за 4ца во сезона, а тоа според мене не е скапо. Со попуст за рана уплата, излегува уште поевтино. Секој има одредени очекувања, ама јас сметам дека цена од 20 евра по човек за 9 ноќевања е разумна цена. Сепак, домаќините живеат од тоа а во Грција сезоната трае 5 месеци.

    Кафе?

    [​IMG]
     
    На Thallia, CaraMia, Dadusicka и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    62.106
    ^ Хммм... Нема никој 30 минути :^)
    Де, де не Ве искарав, само констатирав ]:) :D 8)

    @Peco да спреми списокот за журката... Има уште 5-6 дена :)
    Ииии да не ја заборави сваќата @sanjaeva :!:

    ПС Среќа што пиша @Rebecca_R... Ке ме искараа за 3 мислења едно под друго :lol:

    Редактирам...
    За ова имам само... :bow:


    Пак редактирам... Рефи @referentka ти ми се мешаш во штипки со мислењава погоре?
    Уффф... Од ова модераториве човек не може да се опушти :^) :rofl:
     
    Последна измена: 22 јуни 2018
    На CaraMia, Peco, Dadusicka и 22 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Каква журка у парк, одвај чекав креветов да го фатам :D
    Сакав да прашам да не имате инфо за логопеди во Скопјево освен на клиника, а што имаат договор со фондот? На клиника немале доктори, два месеци да чекаме за да ни јават и да ни кажат дали ќе може да се најде термин. Повеќе од очајно ни е здравството.
    Добра ноќ :f:
     
    На Thallia, Dadusicka, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    184.680
    Пол:
    Женски
    Јас знам една, одлична е, ама приватно. Ако можете да си дозволите, топло ви препорачувам. Јас лично имам многу лошо искуство со тие на клиника.
     
    На LejlaD, duffi, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    И јас имам лошо искуство на клиника, само педијатар ја виде и ја исплаши. Прво и се развика, зборела како животно со јазикот надвор па на крај и ја мавна по муцка неколку пати. Најжалното е што не ни стигнавме до логопед, немале термини, им фалеле доктори. Ако сакаш пиши ми во порака која цена е приватно.
     
    На LejlaD, Dadusicka, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.703
    Допаѓања:
    153.600
    Пол:
    Женски
    Цел ден глaвa ме бoли...не е неиздржливо aмa е неугoднo...
    Спрoстрев aлиштa време е зa в кревет..

    Туку,предмaлку прoчитaв нa фб.нештo штo ме зaмисли...
    Се прoнaјдoв вo пoвеќе oд пoлa пoттoчки...и спoрњд стaтијaвa јaс зaлуднo си гo трoшaм живoтецoв...

    Кога бевте мали, дали сакавте да пораснете и да станете астронаут, пејач или инженер? Дали станавте тоа што сакавте? Мал дел веројатно да, но повеќето не се ниту блиску до тоа. Препознајте ги знаците кои ви покажуваат дека го трошите времето бесполезно, но не сакате да си признаете.

    [​IMG]

    Трошите премногу време правејќи работи кои не би требало

    Видео игри, телевизија, сурфање на интернет, јадење, пиење... Погледнете кон животот. Како го трошите времето? Дали тоа е добро за вас? Направете промени.

    Се жалите премногу

    Дали се жалите од работата, шефоците, платата, соседите или партнерот? Доколку да, не правите ништо освен испуштање негативна енергија. Негативноста не ги менува работите, туку ви помага да се заглавите уште повеќе.

    Не го храните умот

    Доколку не растете и созревате како личност постојано, ќе го чувствувате тоа во негативна смисла. Позитивните предизвици во животот ќе го прошират вашиот ум.

    Негативни сте

    Хенри Форд рекол: „Доколку мислите дека можете и доколку мислите дека не можете, во право сте“. Доколку самите си кажувате негативни работи, во право сте. Дали го правите тоа?

    Не сте инспирирани

    Дали имате страст за нешто? Некои луѓе мислат дека немаат, но секогаш постои нешто. Мора да откриете што ве возбудува и тоа да го правите повеќе.

    Не ја планирате иднината

    Секогаш е убаво да се живее во моментот, но понекогаш мора да погледнете напред за да видите каде сакате да одите. Доколку немате цел или план, тогаш сте како брод кој плови во океанот без дестинација.

    Трошите време со луѓе кои не придонесуваат за вашиот раст

    Лесно е да заглавите со луѓе кои не прават да се чувствувате како добра личност. Но, доколку продолжите да го правите тоа, останувате во место и повремено тие ве повлекуваат долу со нив.

    Трошите пари на нешта кои не се важни

    Има разлика меѓу „сакање“ и „потреба“. Во денешното општество, тешко е да се познае границата меѓу двете работи, но обидете се да ја пронајдете.

    Не ја напуштате „зоната на удобноста“

    Лесно е да се живее во зоната на удобноста. Но, без ризици не постои вистински успех, а успехот ви е потребен за да го подобрите животот.

    Живеете живот кој не ви се допаѓа

    Дали сте среќни? Доколку не сте, треба да промените нешто. Животот треба да биде возбудлив! Доколку не уживате во него, направете промени.
     
    На CaraMia, LejlaD, Dadusicka и 17 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    154.998
    Пол:
    Женски
    Пред 2-3м резервирав околу 55е на ден апартман, втора половина август, ама зборам за 2+2, небитно мали големи деца цената рипа кога се 4ца. Сега истот место да го резервираш е дупло поскапо. Ефтино и грчка у сезона не одат заедно
     
    На CaraMia, LejlaD, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Е многу ми е интересно да ве читам тука кога пишувате^_^
    Ми делувате како да се познавате со години и сте една добро организирана дружина(y)со мобилниот во раце маж ми ме зафркава дека сум била како тинејџерка по форуми.но тој незнае бре дека е тука интересно:D
    Најинтересно е тоа што се послужив со неговиот меил да се логирам и сум кликнала да му стигаат известувања на меил од Фемина.Беше на пат,пред малку се врати и ми вика:"За овие 3 дена надвор од државата само Фемина ме дрма на моб со нотификации":lol::lol::lol:
    Морам да ви признаам првпат пробав Охридски цреши вечерва-поубаво нешто одамна не сум пробала:inlove:
    п.с.Блазе на вас од Ск и Филхармонија и дешавки у парк ви се случуваат,ние од помалите градови само Силвија ја чувствуваме:lol:
    Добра ви ноќ на сите:*
     
    На Thallia, CaraMia, LejlaD и 22 други им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.112
    Допаѓања:
    154.998
    Пол:
    Женски
    Ги скокнав последниве 2 страни ама гледам уште за одмори се муабети. Ние бевме еднаш алл инкл во Турција ама соленко плативме, ок беше, не до толку wow како што очекувавме, ама сфативме дека нема потреба од толку екстра алл инкл посебно ако не си пијач. Колку и да јадеш не можеш да истрошиш толку пари на јадење :) , и едно нешто плус, кога би се решила пак така некаде би одбрала помал хотел, не голем ресорт. Значи чекање редици за се, пијачки јадачки... а не можам да им го разберам моментот што во сите хотели имаше ограничена понуда на сладолед, само 1 час во денот на едно место и не можам да ви опишам кој хаос беше да се дојде до сладолед, зар е толку голем трошок сладоледот. Лежалките околу базените резервирани со пешкири уште сабајле пред 7, русине не мрдаат од базен и љокаат пиво 24ч, ама на плажа затоа релаксирано.
    Порано турција ми беше нр.1, најубаво си имам поминато во Олудениз и мора да го повториме тој одмор некогаш пак, ама во последно врем преферирам Грција. @duffi и јас изглеа слабо патриот :) . Кој што сака нека каже преубави места има, можеш секое одење на различна локација и пак нема цела никогаш да ја прошеташ. Ние обично мењаме место секоја година ама лани решивме дека додека не пораснат децава уште малку не вреди 8,9 саати да се акаме, па веќе од годинава гледаме поблиску некаде, само да не е прв крак во сезона. За надвор од сезона, мај зборувам, си најдовме мало хотелче со алл инкл опција за џабе пари, што во сезона кошта над 1000е и не доаѓа во обзир тогаш, башка над пефкохори е. @Bubce38 ние одевме сега мај меѓу пефкохори и паљури, преубави се плажите.
    Инаку со мм стално збориме здравје ако исчекаме пензија со темпово, дека ќе ја тераме негде во близина на вода, охрид ни е прва опција :)
    Ние бевме на Queen ама не додржаа дециве до крај, супер беше, мн убава атмосфера.
    Да не претерав ја со пишување :)
     
    На CaraMia, LejlaD, Dadusicka и 20 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Да ви кажам право, да не е Силвија со некои луѓе немам што муабет да правам.
    А вака "леле Силвија пак беља ќе праела"
    "Аман од Силвија".
    "Лом направила во Радовиш".

    Отуѓени сме.
    Немаме ни време ни воља за дружби.Тој одреден круг на луѓе се дружиме и толку.

    Иначе,на Рефо сум му љута.
    Блиски наши го замолија преку пријателка која е влијателна да му помогнеме да најде работа.
    Јас дома му реков да си седи мадро зашто човекот кој бара работа е мрзлив и дека не вреди да трошиш џокери за него кога деца имаме за вработување.
    Тој скришно и рекол на женава и оваа му нашла работа во државна институција за 24000 денари плата арно ама морало да полага некој испит за административец.
    Денес кога зовре работата, кога почна жената да му се јавува зошто овој не отишол на работа,тек тогаш дознав.
    Рефо усрамен.
    И пред неа и пред мене.
    Јас само му реков-сега јави и се за детето да го вработи некаде.
    -Неможам!.
    -Е неможеш кога си потроши муабет.

    Љута сум-ифрит.

    Треба да му се помага на луѓето.И мене ми помагале.Ама на секого НЕ.
     
    На Thallia, CaraMia, LejlaD и 27 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.257
    Како така ја мавнал?!! Не ми се верува што читам. :x

    Во право е авторот. Ако се има јасно поставена цел и се работи над тоа, сѐ може да се постигне. Дисциплина и посветеност, разликата помеѓу успешните и помалку успешните луѓе.
     
    На Thallia, CaraMia, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Во сезона никаде не е евтино.

    Во Турција е евтино поради терористичките напади последните години. Дали некој можеше да си дозволи одмор во Турција пред 15 години, да речеме? Не би рекла. Цената на аранжман во Турција денес и пред 10-15 години не е иста. Хотелите стојат празни и ако не спуштат цена, никој нема да оди таму.

    Во Дубаи на одмор се оди од ноември до март, а тогаш цените се до плафон. Сега температурите таму се околу 40-45 степени, влажноста околу 60%, речиси се функционира во климатизирани простории.

    Во Египет има комбинација од високи температури, киднапирања и напади.

    Во принцип, кога некое место има идеална клима за одмор, пример Грција или Хрватска јуни-јули-август (кога е топло и морето и температурите се идеални) или егзотична дестинација од ноември до март (кога нема дождови, влажност и превисоки температури) се смета дека е сезона и освен рана уплата, нема да си поминете евтино.

    Токму така, и ние исто пресметавме. Ние сме млади, еве да речеме можеме да си дозволиме по 500 евра за одмор. За 2000 евра колку што би потрошиле во Турција за ол-инклузив, во Грција на многу места би си поминале уште подобро. Сместувањето ке е во апартман, ама затоа јадење на плажа, вечера во ресторан за тие пари, ако не секоја вечер, секоја втора вечер - сигурно, коктели и сладоледи - колку ти душа сака.
     
    На CaraMia, LejlaD, Dadusicka и 13 други им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Се мачеше правилно да ги изговори буквите и докторкава и пикна дрвено стапче во устето (она што е за грло прегледување) и почна да и вика да затвори уста, да крене јазик горе и да стисне заби и почна да ја мава по муцката. Такво викање и неандерталско однесување од страна на медицинско лице прв пат видов тогаш искрено, и се запрепастив и разочарав.
     
    На LejlaD, Dadusicka, LadyC и 11 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Па секако не планирав да купувам на Треска де, не се мразам до толку себе :D
    Не ми е целта да заштедам, зошто камповите во кои би одела не се ефтини (Талата и Арменистис пример, приколка+2ца возрасни+струја и wifi = околу 220 евра во септември, 10 ноќи), дуплексот во кој ќе одиме од 1ви септември годинава, не кошта 250 евра за двајца за 10 ноќи, на сама плажа.
    - поглед од тераса -
    SmartSelect_20180623-002906_Chrome.jpg

    Кампингот е друго доживување - за кое немам искуство, освен едно трауматично (Буљарица), и сакам да го доживеам.
    И со моите и со дм цел живот или сум во апартман или хотел, а не сакам урбани одмори и ресорти, па сакам да променам нешто, а да ги имам истите (и повеќе) комодитети :)
     
    На CaraMia, LejlaD, Dadusicka и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.