Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.945
    Допаѓања:
    203.236
    Пол:
    Женски
    И да, јас не можам смрзната храна на одмор да носам, ризик ми е. Имаме фрижидерче, ама пак, се плашам. Со деца немам поим колку долго ќе ме фати патот, па не знам ни на граница колку би се задржале, а со нашите искуства сме главеле богами.
     
    На wannaBeMomma, duffi, kukla21 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Факт е дека на Халкидики 90% од поефтините смештаи се тапа.
    Еве за летово, бараме дуплекс апартман или две студија, јас и дм, другарка ми, мажот и бебето.... ужас. Ако е тоа дуплекс, што е студио?

    Второ, цени нездрави. Е не давам 800 (по пола 400) евра за апартман во Полихроно. Забегантус. Во септември и тоа.

    Со мали деца верувам не е едноставно да акаш по подалечни плажи, веројатно и ние со мали деца ќе бидеме постационирани, па тогаш може и да има поента да си во хотел - секако нема да можам да спијам до 10 ипол - 11 (како сега) и да пропуштам доручек :)

    Другаркава со бебето, сега не јаде уште којзнае каква храна, ама кашички јаде, купечки + овошни + некој компир и морков сварени, секаде можеме да направиме.

    На островиве, апсолутно имаат други стандарди, или може ние среќа сме имале.
     
    На duffi, Rebecca_R, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.642
    Допаѓања:
    178.213
    Пол:
    Машки
    Си пцујам јас секој ден, ама не помага. :rofl::rofl::rofl:
    А колку плаќаат за бубрег, да продадам и јас еден. :rofl::rofl::rofl:
     
    На Skorpija25, duffi, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Еве ви еден предлог, после фантазија нека ради :D
    Купете си или тортиљи кај нас, или гиро-лепчиња во Грција.
    Мелено месо испржено, пченка сварена, краставички сецкани, сенф и кечап - та даам - бурито :D
    Вака дм го јаде, јас обично мачканици терам во тортиљата (намаз (со лук), чери, маслинки, неколку видови сирење или кашкавал) и греам во микробранова/рерна, што имам на располагање, па и на рингла можам :D

    Второ нешто, што открив летово со вишакот макарони од ручек:
    - на дм му ставив пола намаз од шунка и малку блага павлака - па тоа го стоплив да се стопи, во мојот дел истото, само со намаз од лук. Се изнајадовме :)
     
    На Skorpija25, duffi, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    214.415
    Пол:
    Женски
    @Annath ела те си на нашава граница,најмногу две-три коли пред вас:),еднаш на неколку години ако се деси пет коли да чекате:),а ако заглавите ќе претчаме со кафе и сокче да ви се најдиме
     
    На duffi, Rebecca_R, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Од вашата граница патики си купив.
    Шубо на фришоп, двајца без тројца :D
    Сега чекав 40мин на каса.... на Богородица :)
     
    На duffi, Rebecca_R, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.662
    Допаѓања:
    153.085
    Пол:
    Женски
    И мене ме зaчуди сo грaницaтa...не се чекa скoрo ич...aкo имa 6-7 вoзилa вo кoлoнa мaксимум или aкo нaчекaш сменa нa цaриници...

    Лaни сaaт и кусур пред aерoдрoмoт вo Сoлун зaглaвивме...

    Амa дoсегa ништo не ми oдмрзнaлo a не пaк дa се рaсипе...пoлн фрижидер смрзнaти рaбoти плус резерви сo aмoнијaк немa шaнсa дa одмрзне...
     
    На duffi, Rebecca_R, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Немаше во упатот име на доктор. Не ми дадоа ни извештај, отворија картон и кај нив остана се. Само педијатар ја прегледа, плава ситна докторка беше. До логопед не ни стигнавме, немале доктори за да ни закажат термин, уште чекам да ми се јават.
    @Bubce38 :hug:
     
    На duffi, Rebecca_R, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.945
    Допаѓања:
    203.236
    Пол:
    Женски
    Радо би, ама некако дупло пат ми се гледа. Ама не велам дека не би свртеле натаму :D фала на покана.

    Секако дека нема гужва преку Меџитлија, верувам дека ништо не ти се одмрзнало. Ама мене пак ми е шубе и покрај резервите амонијак. Стално досега сме заглавувале, врвот беше кога одевме за Турција, скоро три саати на граница. Среќа сонце немаше, облачно беше. Денот го утнавме изгледа, оти продолжен викенд за 8 септември беше.
     
    На duffi, Rebecca_R, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    143.744
    Јас на плажа носам само пешкир, пошто одам само да се избањам и се враќам дома. Деца си бркаат своја работа, а маж не ни оди на плажа.

    Готвам секој ден и уживање ми е. Секако не сум на плажа, периодот околу пладне е за готвење и ручек.

    Од храна носам само мед и ракија, отров скапи се таму кај што одам. Башка не се убави како нашите :D
     
    На Skorpija25, duffi, Rebecca_R и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller
    Ние за нашата приколка имаме комплет документација, ако нешто поконкретно те интересира пиши ми, ќе го прашам маж ми. Нашата ја купивме од Австрија. Знам дека пред да ја купиме, маж ми се консулираше на Машински фак./Завод за метрологијата. Тоа е битно дали според карактеристиките би поминала хомологација.

    Инаку според стилот на одморот кој сакате да го терате, мислам дека повеќе ќе ви одговара трајлерче одколку приколка. Приколката е повеќе конструирана за статичен одмор. Самото сместување на приколката на плацот не е баш едноставно, бара време, па и умешност и напор. Приколката се спушта, фиксира на ногарки, израмнува. Е сега ние на пример, доле фиксираме два слоја простирка, на приколката наставуваме тенда, вадиме столици, масичка, шпорет. И над приколката закачуваме уште една тенда која штити од лисја, сонце, дожд...Со еден збор-првиот и последниот ден има неколку часа работа.

    Од друга страна трејлерите се конструирани целиот овој процес да биде поедноставен на тој начин што странично се извлекуваат тенда, масичка па можеш брзо да се распостелиш и прибереш. Но, можеби новите модели на приколки ги имаат овие можности. Разгледајте...

    Згора на се, наоѓање на добар плац исто така бара време. Јас некогаш и цел час размислувам кој да го одбереме - каде паѓа сенката, колку е блиску до ваму до таму и сл. Вакви плацеви како на сликиве до сама плажа да најдеш во урбанизиран камп, нема шанси. Тие се обично со фиксни приколки зафатани. Но, тоа не ти менува многу бидејќи и во најголемииот камп и најодалечената точка од плажата нема повеќе од 5 минути одење.
    Овие што си ги постирала спред тоа доле подигнатото како платформа, сите се фиксни.

    Инаку и нашата приколка има комплет кујна, туш кабина и хемиско веце, затоа што кога ја купувавме бевме со таа идеа да ги користиме. Но, во кампот во кој што одевме според стандардите кои ги исполнуваше 10 години, никогаш не ме доведе во ситуација да го користам тоалетот внатре. И се разбира ова си има своја цена.

    Користењето на туш кабината во приколката бара постојано полнење на резервоарите со вода и исфрлање на истата. Плус внесуваш песок во приколката. А ваму имаш пристојни туш кабини и жена што влегува после тебе да исчисти. Исто и со хемиското веце, чие чистење воопшто не е симпатично (а мораш и тоа да го исчистиш после ред употреби).

    Мој совет е да си одберете камп чист и среден, затоа што и кампови како и хотели има секакви категории. Ако сте во можност земете си лукс приколка (со кујна и туш кабина), ако веќе се одлучите за приколка. Поголеми се и поудобни, имаат повеќе простор да си ги средиш и организираш работите. Еве на пример тоалетот односно туш кабината не ги користиме, но сите средства за хигиена и козметика ми се фино подредени зошто мразам неред меѓу работите.

    Искрено, од сите видови одмор кои ги имам поминато, можам да кажам дека кампувањето ми е во срцето. Сега веќе купивме куќичка на езеро, па на море ќе кампуваме поретко. Сега сум преокупирана со уредување, да ја правам куќичкава како од Wild Free. Па ќе видиме што ќе испадне. Човек мора да има некој сон.:)
     
    На Skorpija25, PUPICA, Viktorijaaa5 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ти благодарам од срце :l: прв пат некој од Македонија поконкретно да ми објасни.
    Мене трејлер секако ми се допаѓа како опција - ама ако сакам да прошетам, некако не ми е практичен.... тоа ме кочи.

    Инаку, моите пред 4 години направија викендичка во Дојран. Права работа е :) ама мнооогу сакам море. Никогаш не ми е доста.
    Зимно време сум нон стоп во викендичка, летно време... макар на 1 ден, на море ми се оди...
     
    На Peppermint, duffi, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    @CameliaMiller трејлерот сам да го купиш е скапичок.Наефтина варјанта е со друг пар по пола да го платите и такс и да го користите.
    Околу 30 000 евра се поарните на старо.
     
    На duffi, ivi1987, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    262.312
    Пол:
    Женски
    Божем нејќев плави мажи...ама ова швеѓаниве ]:):inlove:
     
    На duffi, ivi1987, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.875
    Допаѓања:
    142.687
    Исланѓаните....

    Темата за одмор ја скокам. Не бива и јаре и паре. 3та година дома сме.

    Камелијо не се занасај со приколка. Од административни причини ти викам. Ако имаш 30 000 еу за приколка имаш значи за 15 одмори по 2000 еу. Ако имаш кредит у камати сите викенди ете ги.

    Јас да имам 2000 еу за одмор со маж ми одиме Куба. Не Грција.
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.756
    Допаѓања:
    176.122
    Пол:
    Женски
    @Cka Е како се оди за Куба 10 дена со 2000 евра само ?! Аранжман преку агенција е околу 1500 евра за еден . А за там пари ? :wasntme:

    @duffi ептен имам среќичка за наоѓање на апартманче . Брат ми не ми верува дека плаќам 25 евра. Е сега мало е , ама за нас двајца повеќе од задоволително :).
    Ќе земам број од газдарицата , наша е :). Има и поголемки апартманчиња овде во вилата , полна е , па само малото останато. Ама па на прво прашување го зедов :P

    Не знам колку е полно Ханиоти во екот на сезоната , ама моментално врие од народ. Одвај најдовме место да приапнеме нешто . Паркинг?!?!?! Горе на главна улица , пред маркетот (facepalm)
     
    На fina erika, duffi, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.875
    Допаѓања:
    142.687
    1095 евра е преку агенција со превоз и такси. 1400 е 11 ноќи алл инклузив. Ако сам си најдеш се со евтини летови и рани бутирање за 1000 сиг одиш.
     
    На Viktorijaaa5, duffi, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.756
    Допаѓања:
    176.122
    Пол:
    Женски
    Како и да е 3000 бона сака да имаш у џеб за во Куба . Па и таму ќе сакаш да прошеташ , да видиш нешто , да седнеш некаде на пијалок ,вечера . Не ќе седиш само у хотелот .

    Ние лани околу 2000 истрошивме цело лето , ама повеќе од 30 дена ни се фатија да бидеме на море . Што викенди , што класичен одмор , што еднодневни излети на море . И плус викенд во Банско .:!:
    Не дека не би сакала да одам Куба , ама малку ми е само десет дена , па после цело лето дома да сум .
     
    На duffi, ivi1987, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    За догодина спреми 3000, 2000 за Куба, и 1000 за по некој викенд..:D. Да би имала и ја така би играла. Али фала му на бога и ова.
    Шо се мене тиче, за мене доволно ми е 2-3пати на бањање да идам.. Али идам поише ради децава... Море, сол и песок за нив е пола здравје... А и за мајката, да не се правам многу демек јас.... Не.. . :D:D Мада со нив е поише умор, него одмор. . 8)8)
     
    На Skorpija25, PUPICA, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.875
    Допаѓања:
    142.687
    Па најскапо од нашите туристички агенции е Занзибар. 1600 евра е. Јас би повеќе на Бали или Сејшели, околу 800 евра е. Исто и тура со брод по средоземје. Тоа е уживање 15 дена.

    Ама ќе сонувам за тоа. Прво дете да се исчува и школува, па кредитот да го исплатиме и ако не умреме може да шетнеме некаде.

    Оти на 62 год ќе го исплатиме :)

    Сабота вечер, а јас со ниет да средувам документација...
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, VladeMila и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.