1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.256
    А ние два филма изгледавме :~:

    Ја радо би преку викенд да планинарам, возам со точак и фотографирам, ама тука тој филм нема да го гледам, така да можам само да мечтаам :nod:

    Утрово не се наспав баш, ама уште сон не ме фаќа. Утре пак ќе се успиеме, осеќам. :D

    Се немам возено со воз во Македонија, ама во Русија се возев многу пати на долги релации, по неколку дена. Мајка ми обожава возење со воз, па и ние со неа немавме баш избор. :D Интересно ни беше тогаш, ама сега пре би со авион да стигнам побрзо отколку да патувам во тесна кабина толку долго.

    Ајт, добра ноќ друштво
     
    На Thallia, ivi1987, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    175.088
    Te poslusav :)
    Od sad pa u buduke i na dalje -ke si slusam postari :)

    Voz....posledno vozenje 91-92god. do Beograd .Ne se sekavam nesto mnogu ,valjda ne mi e bilo nesto wow za da zapomnam |(

    Go gledam Dzejmi ,gotvi nekoj zajak...|(... melem za oci i ushi e-on ,ne zajakot (facepalm)...a plavush e :?:
     
    На Thallia, Skorpija25, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    @SV1911 пред малку го догледав A Mighty Heart(2007),за новинарот исчезнат во Паkистан,какви сцени има од таму...Филмови обожавам кога имам време задолжително гледам иако најмногу сакам да читам.
    Патувања со воз сум имала и претежно добро сум си поминала.
    Убав пат @LadyC до Гв. Прво одење таму пред едно 20год. беше со воз,пред месец дена поминав онака на враќање од одмор и преубаво си поминав.
    Вечерва на брзинка истрчав да испазарам по нешто во ДМ,прошетавме и надвор,свежа вечер,со јакни обавезно. Толку од мене,пријатна ноќ,се очекува @Val-Dim да изгаси светло.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На Skorpija25, stetoskop, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Прво со задоцнување
    @CaraMia среќна годишница :dance:@N.2106 и @Scott Weiland среќен роденден:^:
    :^:

    Дечките во забавиште, училиште, маж на работа, мадам дремуцка па време е за кафе, цигара пауза.:)

    Во саботата бев на фризер, почна да ми мрчи за колор шампонот што го имав ставено на коса, која патем после 100 миење не излезе и као треба бланш ово, оно ај и викам не се мачи и исечи ми ја косата, таа нееееее многу ти е убава само да ја извадиме зелената боја некако, е ајде де како ќе ја извадиме без ножици, ајт сечи таму и не му ја мисли.:)
    Една баба што чекаше ред почна да плаче за мојата коса(facepalm)не можела да си замисли така како мене без око да ми трепне да си останела без долга коса.:lol:
    Чудно ми е малку со скоро кратка коса, волку кратка не ми била којзнае од кога, децата ме бендисааа, маж шокиран демек не сум му кажала дека ќе се шишам]:)се навикна и он и коса е, ќе порасне, никогаш не сум се нервирало околу коса, нокти пак ќе пораснат, не е крај на светот.

    Вчера дома по македонски ден амин, татко ми го учеше свекор ми како да прави чварки, мм на скарата надвор печеше пипер, модри патлиџани за пинџур, јас внатре бурек правев, ракија, салати за мажите надвор фрчеа(facepalm)

    Утрото ептен ми беше интересно:wasntme: отворив канта со маслиново масло да претерам во шише, ми ѕвонеше телефонот да видам кој ме бара, мадам си ја преврте кантата врз глава(facepalm)цела утоп од маслиново масло, 700 пати косата морав да и ја измијам да не шкрипи веќе на зејтин, детето значи родена е за бељи правење.:@(facepalm)

    На одмор класичен како вас не одиме, кога дозволува времето сме на плажа, кога ве читам колку коштаат лежечки, па прв ред, втор ред бре, бре кај мене се сите плажи диви, нема лежечки освен ако не си донесеш од дома, кај има место таму си седиш, не е ништо урбанизирано, освен вц, тушеви надвор друго ништо нема, плажите се на државата и никој ги нема окупирано за да ми наплаќа што седам на плажа како да е на татко им. Исто е и во најтуристичките делови од Австралија, кафиќи, барови има ама на сама плажа нема ништо освен сам што ќе си донесеш, мислам ама не сум сигурна дека е забрането да се пие алкохол на плажа не сум 100%сигурна ама и не ни паметам да сум видела некој со алкохол во рака на плажа, заостанати бе.:wasntme::lol:

    @V.odolija во Пандора стално има акции, сега имаше купи нешто до $120 добиваш алка за беспари, зависи колку чини алката ако е поскапа како од голф роуз колекцијата тогаш беше до $150 да потрошиш, сега дека е крај на финансиска година кај нас имаат огромен попуст до 60% јас си купив приврзоци од мурано стакло по $18 редовната цена им е над $50, шест приврзоци купив и алката беспари ми ја дадоа.
    2844FB0C-5C28-47EB-B4BC-A7024D6B0E3B.jpeg 198EC74B-E1E0-4F2C-867B-F5A56EC87BF5.jpeg
     
    На Thallia, Skorpija25, Dust и 33 други им се допаѓа ова.
  5. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Во 5:40 бев на автобуска. Чекав ЈСП автобус до 6 . Стигнав на железничка во 6:20 . Возот избега. Вива ла Македонија. Вријам. Значи толку сум нервозна што имам желба да истепам пола држава. :@
     
    На Dust, ivi1987, Rebecca_R и 19 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Година и кусур не знам кога ќе стигнам на работа.
    Затоа што екстремно прометни улици редовно оставаат без семафор или барем полицаец.
    Лудило!

    Фаќај автобус сега...
     
    На Dust, ivi1987, Rebecca_R и 16 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Демек почнавме да се спремаме за на пикник ама дете заспа. Тоа е кога станува во 5 :D Ми се спие ептен ама имам куп работа по дома а после треба и последните резултати за месецов да ги земам. Се крстам да се негативни. Вчера денот ред генералка ред шетање. Бевме во шума и се заборавивме. Верувам дека ако не врне после ќе повториме пак. Гледам секој ден кога не сум на работа да му обезбедам квалитетна прошетка на воздух. Се сеќавам мене татко ми колку ме шеташе ко мала. Посебно летно време на одмор. .. рано на плажа па потоа убаво пешачење па одмор и пак пливање. Навечер капната бев. И ова го правевме до пред 4 год. Да. И израсната одев со моите на одмор. Најдобар партнер ми е татко ми во тоа. Е последната година веќе беше друго. Не може повеќе да плива и да пешачи до толку. Ама ете мене ми ја остави таа навика и сега се трудам да ја врежам во дете. И маж ми е планински човек. Него море не му давај дај му планина. Не знам зошто но се прашувам дали е подобро да имам едно дете и целосно да се посветам на него или две три па колку стигнам толку !? Лежам го успивам и си велам во себе морам да му ставам во глава дека од 20 до 30 мора да го види светот. За после 30 да може да се задоми без да рече ништо не видов. За тоа треба буџет нормално. И мора мама да мисли и на тоа. Колку сакам убав исполнет живот да има ...
    На тема возови одамна се немам возено. Па може 10 год се немам качено. А сакам убаво ми е. Само ете колата тоа го прави ... секое друго превозно средство да го заборавиш. Второ кафе на репертоар бујрум кој е за.
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  8. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро, се враќам во нормала по екстремно нервозен и заморен викенд. МажОВ дома веќе цел месец средува двор, мајстори секој викенд, ама се другарчиња мајстори што повеќе салатаат и ракијаат од што работат.
    Вчера додека им правев салата, Неда ми падна од кревет, се споив комплет, па кога им излегов, таков тоналитет одамна немам извадено од себе, се замислив ко комшиката на @LejlaD . А они блентаво ме гледаат ко од Марс да сум паднала. Мразам мајстори, повторувам, мразам....ако треба ќе седам у иста куќа цел живот само да не ми влезе мајстор дома. Ете така. Фала богу бебето добро е, за се друго ќе се среди.
    За комшии без усул немам проблем. Сум пишала и друг пат дека мм многу страшно им изгледа на другите луѓе :D и така, во такви ситуации го користиме тоа негово "умеЌе" како доберман со беснило.
    @bittersweet ќерче твоја ко ќерче моја :rofl: неколку пати те читам за нејзините дешавки, кога си ја исече косата и сега со маслиновото, исти се исти. Вчера јас си муабетам со една бивша колешка, а она си влезе во Анаконда. По 5 мин излегува на врата и ми вика -ама ти ќе дојдеш са платиш или уште да те чекам.
    Си одбрала госпоѓицата играчки си ги ставила на каса и на продавачката и рекла сега ќе дојде мајка ми надвор разговара со една тетка (facepalm). И така си останав со 600 ден помалку.
    Убав ден на сите.
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 28 други им се допаѓа ова.
  9. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Вчера малиша 10 мин го баравме низ викендичка, искористи наше „невнимание“ од 2 мин и се пикнал господинот во шупа. Го наоѓам, го прашувам „што правиш тука“ и како од пушка, вика „мами ја барам санката,тато рече леле зима дојде“:tmi::DБаш така.
    Не знам за вас,ама мене од вчера студ у коски ми е навлезен. Па си викам поарно вака,отколку пеколштина,не ја трпам]:)
    Цел викенд за одмори сте збореле...еден план правевме,друг ќе излезе,а прашање на трета што ќе се случи:D
    Ај со арно,со убаво нека тргне неделава на сите:)
     
    На Skorpija25, Tajnaotrovna, Dust и 34 други им се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.256
    Добар ден! :coffee:

    Пијам горко кафе, да ме расони. Станав одамна, ама очиве уште не сакаат да соработуваат. :D

    @bittersweet и @EuHenIa :rofl::rofl: се смеев на глас додека ве читав за ќерките. На Еухениа малата е вистинска итрица, знае како треба :D :hug::hug:

    Си ветив неделава ќе се посветам повеќе на работа, па да видиме како ќе биде. Многу е тешко да работиш сам за себе, па уште и од дома, која дисциплина треба. И се ми се чини нешто се случува да ме спречи во намерата, секој ден така. Бројам недели кога ќе може да си одиме од тука, никако да поминат, уште многу ги има.. (facepalm)

    Имајте убав ден :hug::f::sun:
     
    На M&M, Sesil, ivi1987 и 24 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Викендов и јас филмчиња со сестра ми се изнагледав.
    Препорака може ќе искористи за некого :
    Interstelar (2014) гледан ми е на времето при маж ама пак го гледав
    moon ( 2009 )
    mr. nobody ( 2009 )
    Annihilation (2018 )
    сите се интересни сф драми

    Сега со дечките се чуваме по домче :)
     
    На M&M, Sesil, Dadusicka и 23 други им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Добро утро до сите.
    @CaraMia Среќна годишница да ви се множат годините.
    @referentka Убав одмор да имаш уживај.
    Ве исчитав сите што се сте пишале,викендов не се замарав многу ме уби времево како пијана да бев цел викенд.
    Ќе ве дружам уште неделава па потоа и јас заминувам на одмор.
    ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН.
     
    На M&M, ivi1987, ♡BuBaLe♡ и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.944
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    @LadyC банана држава, за ништо се нема ред... затоа ги мразам автобусите, оти не почитуваат ни возен ред ни па возат како што треба...
    А за воз, последно се возев кога имав некои 3-4 години, уште паметам, низ бивша СФРЈ. До Љубљана отидовме, а попатно и Белград и Загреб ги посетивме, по неколку денови во секој град. Зима беше, барем мислам, се сеќавам дека беше ладно, а во Загреб јадев Ледо сладолед - уште ми е пред очи сликата од чашата во која го сервираа. А Љубљана само врнеше, не знам ни дали успеавме нешто да видиме од тој дожд. Самата се чудам колку работи од моето детство паметам...

    @LiliBoz роди си повеќе... барем две да имаш, поубаво е. Не дека со едно дете не е убаво, ама ете, барем две да се, поинтересно ќе им биде додека растат. И да не ја прекинуваш традицијата што си ја имавте со татко ти, пренеси ја на своите деца. Оти тие работи остануваат, спомените.

    Добар ден народе... и денес ладно... мене ми студи, да ви кажам право, ноќеска измрзнав, па станав и си се облеков, мм ми се згази од смеење.

    Колку и да не ми беше дојдено до смеење, утрово малите на @bittersweet и @EuHenIa ме изнасмеаа... си ги замислувам фаците на Лети полеана со масло (баш се прашувам што ли си мислела дека има во кантата), и на Евгенија како кажува за плаќањето....а бе царици!

    @M&M би сакала да можев да отпишам така лесно, дека не вреди, не се работи за било кого. Најмалку очекував такво нешто, ама се случи. Небитно. Помина тоа, само чувството остана...

    Убав ден!
    [​IMG]
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.177
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Не спиев убаво, цело време се будев шо ми е незнам ... Или пак знам ама не признавам сама на себе :lol: Мисли, мисли, еден куп...

    Понеделнички трчање за да се завршат обврски па 2ра смена ме чека:|
    Времето го обожавам такво какво што е тмурно, свежо. Како што несакам ич лето и сонце оваа е супер :wasntme::lol:
    Кактус еден расцветан, друг на пат до расцветување е:) колку ме радуваат не сте свесни фотосесија им правам обавезно:lol:

    Имајте убава работна недела, јас не се чуствувам како да е понеделник:| незнам кој ден ми е :D
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 31 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ај пуштете си малку музиче и кулирајте. Во овие ладни, зимски денови, замислувајте си дека е лето и дека сте на плажа.

    Од мене избор за фантазирање:

    [​IMG]
     
    На M&M, ivi1987, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    62.060
    cup-of-coffee-with-heart_46949620.jpg
    Наминав само да Ве поздравам :f:
    Одморот ми заврши, денес втора смена на работа... Знаам дека СЕ ме чека :nod:
    Средена, исфарбана, исфенирана, налакирана... Да не ме мислите деее :makeup:
    Имајте убав ден :f:
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 28 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.799
    Допаѓања:
    214.393
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Утрото со насмевка го почнав,за тоа се заслужни @bittersweet и @EuHenIa со нивните куклички,е сега знам дека нив не им е смешно,но ме вратија во времето кога моиве беа малецки,уживајте во палаштините зашто брзо растат :hug::hug::hug:.Со воз последно во средно и од како се мажив еднаш на меден месец кога одев се возев,мораше до Белград со воз,тоа време летови од Ск слабо имаше.
     
    На Skorpija25, Dust, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  18. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    На 7мо небо сум.Конечно јадев бурек со месо,со денови го мислам...мислам дека имам место за уште едно осминче,ама ме мрзи пак да излегувам]:)Арно ми рече колегава,не се мисли,купи си цела пита:D

    Тоа значи,од утре старт на хроно:!::D
    Не ми се смејте,како блискиве околу мене.
    Во најмала рака, од вас очекувам морална поддршка:tmi::rofl:
     
    На Dust, M&M, ivi1987 и 26 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    И мене денес ми текна на бурече:worried: ама не можам купено ќе види дете и оно ќе сака па ај утре ќе направам. Сеа за сеа имам домашна штрудла со готови кори мешано овошје и една свиткав со мармалад.
     
    На M&M, ♡BuBaLe♡, EuHenIa и 14 други им се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    142.942
    @EuHenIa прво се изнасмеав за мт, па после за ќерка ти:D Алал да и е како и текнало:P Е сега те "олеснила" за 600д ама браво за неа што знаела да се снајде:) Треба да биде таква во животот.

    @PUPICA на здравје бурекот. И јас би сега една четвртина. Јас јадам и после си викам леле ако одиме на одмор срам ми е да се соблечам на купаќи, ама пусто се ми се јаде. Диети не се за мене, стрвна сум а и кога сум гладна не се трпам:D

    Добар ден,
    Ја носев малата на контрола, оти уште ми кашла. Др. рече ок е, нема ништо. Па на кафе до другарка ми заспа таму малата и дома.
    Сега се прави ручек, а ја јадам што ќе стигнам:D Вчера ме фати една тешка мрза, ништо не пофатив дома. Леле колку ми е потребно да дојде жена/сервис да ми исчисти дома, ама нема:(:smirk:

    @referentka убав одмор, уживај и за нас и пишувај импресии:)
     
    На Skorpija25, M&M, ivi1987 и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.