Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Многу комплицирано.
    Хумано до бескрај ама, тие дечиња немаат корен од моја средина.Сосема поинаку животот ги водел.
    Треба целосно посветување,ако веќе се нафатиш на такво нешто.
    Има фамилија во Карпош3 која има вдомено 4.Различна националност.Државата плаќа за секое околу 8000 (не сум сигурна,не фаќајте за збор).Им готват,ги перат..одат во школо..
    Ама од јутра до сјутра се надвор.
    Прибирачка-никако.
    Гледам мајката-старател гајба јагоди им купи.Јадат-се дават.
    Ама не е само најади ги и пушти ги да трчаат надвор.
     
    На Skorpija25, Thallia, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.808
    Пол:
    Женски
    Одамна си го имам размислувано ова. Од мала сум била во контакт со дечиња без родители. Еднаш бев со мајка ми во домот за доенчиња во Битола и сликата уште ми се врти во глава. Како влеговме со мајка ми внатре, поголемите дечиња од околу 2-3год. (претпоставувам толку беа) се издигаа од креветчињата и сите ни викаа "мама, мама" ;( Потажно нешто не сум осетила. И ниедно од нив не плачеше, само тажен поглед имаа. Се сеќавам на мајка ми ѝ велев да земеме барем едно. Сега на овие години, не знам. Да сме финансиски постабилни, би ја размислила опцијата можеби. Но, ги гледам сите аспекти. Многу од тие деца не знаеме какви гени носат со себе. Сурово звучи, ама сум искрена, може да ми смета. А тоа е најверојатно показател дека не сум спремна за такво нешто :| Познавам случаи каде децата си ги сакаат како свои, ама познавам и случаи каде ги искористуваат поради додатокот кој го дава државата. Не ме прашувајте од каде знам. Некогаш не ни сакам да знам вакви работи.
     
    На Skorpija25, Thallia, TutiFuti и 24 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Од гени не се плаши. Не може да е наследно да е убиец ко да е дијабетес тоа.. Ама траумите што ги имаат поголемите дечиња од 4 5 год си го прават своето. Има многу работа со нив.
     
    На Thallia, mal.ecka, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.808
    Пол:
    Женски
    Мислев на шизофренија. Знам таков случај :( А траумите се плус.
     
    На mal.ecka, EuHenIa, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    214.368
    Пол:
    Женски
    Да се доискажам,секогаш би се прашувала дали добро постапувам,патем тоа и за овие дома се прашувам,муабетот беше за вдомување на поголеми деца,не на бебиња,бебе би зела.Со поголеми не би знаела како да се поставам,дали да ги искарам,дали да свикам,дали само со зборување би постигнала нешто.Еден милион прашања во моментот ми вртат низ глава,никогаш не би го сторила тоа поради финансии,далеку од таа причина.Стравот кај мене е дали јас ќе можам да одговорам во целост на одговорноста што сум ја презела,како родител пред се.
     
    На Skorpija25, fina erika, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    ич не ни помислив на тоа. .. :|
     
    На duffi, EuHenIa, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.808
    Пол:
    Женски
    Исто размислувам како @LejlaD За поголеми не би можела сигурно. Познавајќи голем дел од нив како растат, малтене на улица, не би. Мало, од бебе, може 1-2 години најмногу, да.
    @LiliBoz да, тоа е пострашно од дијабетес. Да не зборам за инцести, малтретирани деца со тешки трауми, па после дадени на посвојување. Некои се дадени на посвојување баш затоа што знаат дека детето потенцијално би имало проблем со некое вакво генетско нарушување.
     
    На Skorpija25, Thallia, fina erika и 12 други им се допаѓа ова.
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    152.871
    Пол:
    Женски
    Еденски амбиент надвор а и дома...мм какао свари...неговото е секогаш налик на топло чоколадо...
    Сите на куп фудбал гледаме...

    Во домот во Бт.сум била и јас...една недела не можев да се смирам...имаат се таму освен најбитното _родителска љубов...
    Со мм имавме договор пред да се земиме ако немаме деца да посвоиме...ќе си достоев на зборот ..
    Би посвоила малечко,не би ми било проблем ама за поголемо не се нафаќам баш поради причините кои ги наведовте претходно...

    Јас познавам 2фамилии кои ни се прилично блиски и имаат посвоени деца...успешни момци се веќе...едниот буквално растеше кај нас...верувале или не физички наликуваат на посвоителите..
     
    На Skorpija25, Thallia, Ivan4e04 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Ок немам желудник за ова што го кажа. Нема нешто што потешко ми паѓа од искористени малтретирани деца. :|
     
    На Thallia, EuHenIa, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.808
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
    Малку да свртам од темата. Мене ми се пријадоа печени костени (facepalm) Нормална сум така? И варено вино ми се пие. Па не сум јас крива. Есента си го прави своето ^_^
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
    На Skorpija25, EuHenIa, Ane-Goki1 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Бидна и станот ете..
    Како што вели мајка ми а што не било и што не поминало..
    Барем тоа гајле го тргнав од главава заради детево се мавав од мака секојдневно..
    Му објаснив во една енормна порака на газдава дека станот не е во нормални услови, итн итн..
    Ако почнам на вас да пишувам во што се вселив ќе ме погледнете попреку па ќе си поќутам.
    Шукур газдава е освестен и знае дека станов му е таков па демек постигнавме договор!!
    Мислам дека конечно малку здивнав од маки па тек ќе видиме.
    Ќе се селиме сабота!!
    Станчето е супер, кутиче, реновирано со врата од дневна што излага во голем двор!!!
    Па лека полека се ќе биде само здравје..
    Договорив со татко ми да дојде за некое време и да ми товари сите мои ствари од англија што си ги купив па да така ќе немам ни голема потреба од купување :) плус нарачав и теписи дека поефтини се далеку а јас без тепих не можам да фунционирам камо малово низ плочкиве ..

    И уште не го дочекав морево.. демек сабота ама ете ништо.. ама има време ехеее цел август септ.. што ни е работа..

    Вака навечер кога дете спие нон стоп си се преиспитувам каде грешам и дали сум на крајот од денот добра мајка :( па жал ми паѓа за икс ситуации нон стоп се преиспитувам дали сум во ред или не сум.. дали доволно правам или не правам.. и чуствувам една огромна љубов кон него што мислам дека планини ќе срушам да му го дадам максимумот!!!
    Преска му зедов голем камион со колички од татова прва плата се прерадува дете се изнаигра..
    Беше пресреќен почна да разбира сега па искажува и он емоции ова од пред извесен период е порано не беше така..

    Ништо важно не кажав, напраив муабет сама со себе оти мажите ми спијат од 8 часот .. муабетов повеќе беше во мајчински али ојде..

    Стидкам сенд :)
     
    На Skorpija25, Thallia, anaja1 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    214.368
    Пол:
    Женски
    Вечерва посебно се преиспитувам себе си,после коментарите од свекорот,а за кои преќутев,голтав како и обично,за да нема кавга се разбира,се преиспитувам дали е подобро вака или да почнам да шлепкам во лице,ваљда тогаш ќе се научат да ценат:?:.Се повеќе сваќам дека ако си човек мора ама по дифолт мора да те газат,му реков само на мм дека права кучка ќе ме направат да бидам и око нема да ми трепнува,ме испули само бледо,јасно му е со каква будалетинка си има работа,од утре пак по старо:@ќе терам.
     
    На Skorpija25, Thallia, fina erika и 20 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.280
    Пол:
    Женски
    Да се чекирам и јас(highfive)

    Темава за посвојување/згрижување болна:|.Во рана младост желба ми беше да имам едно биолошко и едно посвоено дете,не знам од каде..
    Со м.м уште во врска,на маса ги расчистивме овие работи,т.е главното прашање “Што ако немаме дете”.Тој беше/е категорично против да посвоиме,верува во судбина и Божја волја.Ок.Расчистив и јас во глава,па како ни е пишано така..
    Од моментална гледна точка,со полни 2 години обиди,на моменти се осеќам без нерви и за тоа едно што се борам,а уште колку борба ме чека не знам...

    До пред некое време,волонтирав во еден центар за деца мигранти,им држев часови англиски еднаш неделно.Добар дел од нив беа сирачиња,или само со еден родител.Колку љубов има во нивните очи,колку беа полни со благодарност,не се опишува.Живот.

    Во Мк не сум била во ниеден од домовите.Стварно ли е толку тешко да се посвои ко што се збори,или проблемот е што сите сакаат бебиња.

    @vitamina мило ми е што си подобро,дај боже да ви се редат коцките што поскоро:hug:

    @LejlaD се ама баш се што ти лежи,да шлапаш во лице.Без пардон:!:
     
    На Skorpija25, WildMk, Thallia и 26 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Заспаа дечките па пред да им се придружам да шкртнам нешто и јас.
    Денес бев од оние мајки кои по социјални мрежи се 'лигават' со гордоста - првачето го зеде првото свидетелство :tmi: ама гордост било :l:
    Ги гледав дечињата како возбудени се растрчуваа низ ходниците со букети, мафтаа со свидетелствата, па да се сликале па да сме си испраќале на групата на вибер слики.. Класот на ќерка ми има само 18 дечиња.Кога ќе се сетам на моето време, бевме 32 и беше тоа џагор и позитивен хаос. Денес ми делуваше полупразна училницата...

    Темата која ја започнала @mira.mira помислив да ја отворам како посебна тема..
    Уште кога бевме дечко и девојка со мм имавме договор да имаме многу деца и барем едно да посвоиме. Причина за тоа е што и двајцата сме деца на кои по еден од родителите е посвоен, па уште од мала, кога мојот посвоен родител разговараше на таа тема се вроди во мене желбата да усреќам и јас некое детенце на кое му треба дом и љубов. Процедурите за посвојување биле многу сложени и тешки, гледајќи од парови околу мене кои ги водат тие битки со години. Па ете Бог се смилува над нас и бар желбата за многу деца ми е остварена.
    Зимата ја следев серијата this is us и имаше таму семејство кое згрижуваа девојче и баш помислив дека такво нешто кај нас нема.
    Случајно атер на утакмициве ја видов рекламата на мтв и бројот ми остана врежан од прво слушање. Наредното утро се јавив па ако исполувам услови ќе ме контактираат и со цело срце би му дала љубов и дом и може нестандардно, но сепак семејство на некое детенце .
    Недамнешните актуелни снимки со дечињата со посебни потреби ми осакати дел од душава зааекогаш :u:
    И муабетите ваши за децата во домови :(
    Секое дете заслужува љубов, дом, некој да се грижи со душа за него.Секое!
    И толку ме иритира фактот што домовите вријат од дечиња на кои се сеќаваат само за празниците со по едно пакетче а од друга страна има многу парови кои душа даваат за да добијат дете.
    Отсекогаш сум сакала полна куќа дечиња и кога би имала услови би била македонската Анџелина Џоли во поглед на хуманитарност и посвојување.
    Болна тема ми е ова.
    Секогаш ме враќа на помислата ако мојот посвоен родител не ја имал среќата да биде посвоен може ни мене ќе ме немало денес тука
     
    На Skorpija25, WildMk, Thallia и 26 други им се допаѓа ова.
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    85.281
    Пол:
    Женски
    Уживај си и мудро молчи си има некој кој на сите ќе ни суди ,зошто да се нервираш ...
     
    На Bozica1980, Annath, EuHenIa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    69.230
    Имаме правено муабет на оваа тема со мм уште одамна, и двајцата сме за посвојување.

    Додека студирав, соработувавме со домот за деца без родители во Скопје за еден проект кој траеше некое време и после тоа останав во контакт со некои од децата, тогаш основци и средношколци, а сега веќе возрасни луѓе. Тие што ги запознав беа многу мили, убаво се однесуваа, сакаа да се дружат и да одржуваат контакти. Па водејќи се по ова искуство, би можела да се решам да посвојам и поголемо дете.

    Јасно ми е дека е едно да комуницираш повремено, друго е кога мора секојдневно да се грижиш, ама верувам дека и тие деца заслужуваат некој кој што ќе им покаже што е љубов.

    Секако дека треба многу работа, ама и јас која што сум израснала во прилично хармонично семејство имам "проблеми" и дилеми над кои што морам да работам постојано..

    Немам свои деца се уште, па може затоа вака размислувам..
     
    На Thallia, anaja1, vitamina и 21 други им се допаѓа ова.
  17. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    За преиспитување се преиспитувам често. А зошто реков така,а да речев вака итн.
    И за комуникација на форумов се преиспитувам а не па за во животецов мој. Тука најмногу ми пречи што поради пишаната форма на изразување и отсуство на вербална комуникација или говор на тело често не може веднаш да се разбереме, од прва. Во секојдневието имам навика во нови ситуации со нови ликови да си седам понастрана и да набљудувам. Колку сознанија се стекнуваат од тие моменти на спонтано согледување на луѓето,нивната поставеност еден кон друг при дискусија,оние движења кои ги прават кога мислат никој не ги гледа. Млаку ми треба на таков начин да осознаам со кој си имам работа. Порано ќе се вклучев одма во комуникација а сега сум повоздржана,повнимателна за било што. Искуство,години си го направиле своето.
    За посвојување сум размислувала не многу премногу. Јас сум за. Болести кај посвoeно дете не ми е табу,реално не дај Боже кај секое дете,кај секој од нас демне опасност од болест,па тоа не значи да го фрлиме детето/човек в контејнер ако се разболе.
    Каде ни е хуманоста,толеранцијата,човечноста отидена а?:^)
    Ај сега јас да ве прашам во контекст на овој муабет не би создале фамилија со партнер кој бил посвоен од родтелите а?
    Ако партнерот па не ни знае дека е посвоен и дознае во брак,значи ќе се разведете а децата од бракот ќе ги оставите во дом?
    Дека нели склони кон болести што ги носи генетски партнерот кој бил посвоен па ни сам не знае што носи во ген и од што би бледувало негово поколение:?:
    Кога сум решила и расчистила со себе си дека би посвоила сум размислила на се.
    Сепак желбата за мајчинство е посилна и поголема од се што би ми се попречило на пат. А дали би била мајка на дете преку меше или преку срце тоа мене не ми прави разлика.
    Вечерва поесенска не можеше да биде,пријатна нека е и имајте со кој(и) да ја споделувате топлината на вашето постоење со тој или тие кои најмногу ќе се израдуваат за таа привилегија,да ве имаат вас крај себе:hug:
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
    На WildMk, fina erika, vitamina и 15 други им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.692
    Пол:
    Женски
    Тешка тема многу. Не би можела искрено сега од овој аспект да кажам дали би можела да посвојам дете. А за згрижување на детенце без посвојување исто треба како што кажа @referentka освен да му овозможиш кров над глава и храна, да му пружиш љубов и внимание. Ме трогна ова што го пиша @NarCis@ за сликата од домот во бт која и останала врежана, одма си ја замислив, срце ме боли на сама помисла. Сос детско село имаат многу добар концепт на згрижување на деца, за жал капацитетот им е нормално ограничен, кога би можеле сите деца кои имаат потреба да се згрижени таму би било одлично. Многу работат со децата ама пак знам дека имаат и со некои деца доста проблеми, посебно со тие што на одредена возраст се превземени по институции и доживеале секакви трауми па им е тешко да се приспособат. Има и доста деца кои израснаа во зрели личности и редат успеси на разни полиња. Имав прилика да поминам еден ден со неколку од првите дечиња на почетокот кога се отвори селово, ликот на едно девојче уште го памтам, колку тажни очиња имаше и како се залепи цел ден до мене како цел живот да ме познава. Скоро сите беа од дисфункционални социјални семејства со живи родители, и родителите имаа право да ги посетуваат. Многу имав желба да се вработам таму ама не ми се оствари а блиску бев.
    Што ви требаше темава пред спиење :(
     
    На Skorpija25, Thallia, anaja1 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    279.074
    Пол:
    Женски
    @vitamina пишувај ни почесто,посебно вака позитивни постови,сакаме дате читаме...
    @LejlaD доста со преќутување,на фин и културен начин кажи си тоа што треба...

    Каде е вечерва @stetoskop па и @Dadusicka ја нема ,а сумљиви се нешто...
     
    На Skorpija25, vitamina, stetoskop и 17 други им се допаѓа ова.
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    7.463
     
    На Bozica1980, Annath, EuHenIa и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.