Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Тука сум ве пратам:!:..немам што да кажам...

    Околу темава знам жена која има чувано многу, многу деца од дом за пари. Како ги гледаше само она знае..цел ден на улица со кришката леб и маргарин во рака...епа не е се во парите, ако веќе си се нафатил на таа "работа" сепак деца се, пружи им љубов и внимание..
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
    На Skorpija25, vitamina, duffi и 20 други им се допаѓа ова.
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    155.017
    Пол:
    Женски
    @mira.mira Јасна си беше ти со пораката па се разви темава и повеќе. Ти праша за мислење за згрижување на деца а не за посвојување.
    Најдобро е прво да разговараш со твоите домашните, реакции од околина за се има па ќе има и за ова па треба сигурно да бидеш спремна на се. Во секој случај браво за мотивацијата, јасно е дека не го мислиш за пари, тие што од таа причина го прават ова не се преиспитуваат и не размислуваат како тебе.
    @CaraMia малку претерана ти е осудата во последниот пост. Никој не кажа ништо против посвојување туку дека тешко би се решиле на тој чекор.
     
    На WildMk, flower30, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.827
    Допаѓања:
    214.744
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за себичност,еве за себе кажав,да би посвоила бебе,до кај 1-2г,за помоголемо веќе реков дека во себе си не сум сигурна,не дека нема да го сакам туку да не направам грешка при воспитување,а би се вложила целосно.Не станува збор ни за наследни болести,овде каде сум има и тоа,и да си кажам искрено коски ми се тресат за децата,не го оставив мм кога дознав,напротив тие мене сакаа да ме остават како некој кој не е на нивно ниво.Значи ни од таа причина не се плашам,па и самата имав дете со посебни потреби,значи одговорот мој се однесуваше на тоа дали ќе сум способна да се справам и да го извадам на прав пат.Е сега ќе речите како со моиве сум се справила така и со него,но мислам дека згрижување не е исто со посвојување,можеби грешам?
     
    На Skorpija25, WildMk, flower30 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.257
    @mira.mira па ако домот најде родители за детето кое што е вдомено кај тебе, сигурно дека ќе те известат и нема детето да пропушти да биде посвоено поради тоа.
    Ова сепак е според моја логика, не го знам законот и најдобро е да ги прашаш нив.

    Околината реагира на секакви промени, ако вие сте решени да вдомите дете треба да поразговарате со блиските роднини и пријатели, да ги предупредите. Ако ве почитуваат доволно, ќе ја почитуваат вашата одлука и нема да ви солат памет.
     
    На fina erika, vitamina, ♡BuBaLe♡ и 17 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.488
    Допаѓања:
    184.712
    Пол:
    Женски
    @CaraMia кога стапуваме во брак, веќе сме возрасни личности и доколку партнерот, без разлика дали е посвоен или не, би имал некоја од тие болести, тоа ќе се знае. Ќе знае и тој самиот. Тоа е веќе во добро и во лошо, наша одлука. Освен ако крие. А што се однесува до човечноста, кога се бориме со тешко секојдневие, преживување, давачки за основни потреби, а некогаш и за тие нема, да не зборам за лекови, знаете каква е ситуацијата во Мк, најнечовечки е да згрижиш или посвоиш дете и да немаш да му овозможиш услови за здрав живот. Да не зборам што сите сме со истенчени нерви, од секојдневната борба за опстанок, па за ваква работа покрај љубов и желба, треба многу трпение, работа и челични нерви.
     
    На Skorpija25, Thallia, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Не е претерано да пишеш не би посвоил дека може генетски да боледува од таа и таа болест а претерано е да констатираш,не осудиш:!: тоа што е пишано во мојот пост?
    Ај добро,во право си ако те усреќува и оваа моја констатација:)
    Инаку немев ништо против ако некој се искажал не би се решиле да посвојат.
    Еве @LejlaD вели зошто не би посвоила,но никаде не спомнува не би посвоила зошто генетски детето може да биде болно од тоа и тоа....Јас за ова пишував.

    Јас спомнав што ако во брак се дознае дека е посвоен партнерот и веќе имате деца,што тогаш? Јас ако немам деца и единствена шанса ми е да посвојам дете за кое се претпоставува дека има шанса да биде болно само јас си знам што би одлучила. Ама полни раце и празни раце не е исто.Сепак лична одлука на секоја од нас.
     
    Последна измена од модератор: 28 јуни 2018
    На ♡BuBaLe♡, Bozica1980, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    155.017
    Пол:
    Женски
    Па не сретнав некој да каже дека се плаши од болести туку дека не знае какви гени носи. Факт е дека не можеме да знаеме во потполност какви гени носи и партнерот. Во секој случај не е нешто што лесно може некој да донесе одлука пред да го направи и искрено и треба да се преиспита сто пати пред да донесе таква одлука. И да мислам дека ти е претеран коментарот ама ти ако мислиш дека не е ок :)
    Колку што можам да се сетам и претходно имаш на оваа тема малку така подиректно коментирано и тогаш мислев дека не е баш на место.
     
    На Skorpija25, Thallia, flower30 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Во ред ми значи твоето мислење но јас мислам дека не е претерано моето мислење. Вин-вин ситуација:)
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.488
    Допаѓања:
    184.712
    Пол:
    Женски
    Па тоа и сакам да ти кажам, дека на таа возраст веќе болеста би излегла на "виделина", без разлика дали е посвоен или не. Тогаш на нас останува одлуката, нели во добро и во лошо.
     
    На ♡BuBaLe♡, Bozica1980, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    155.017
    Пол:
    Женски
    Него надвор од тема, не сум во мајчински знам ама тука има будни ми треба совет. Нешто за симнување на т, чорапчиња со оцет со што како се мешаше?? Не симнува малово ни од блокмакс во последниве сат и пол од 39.5. Ја туширав пред спиење сега пак уште еднаш. Не сум користела до сега ништо освен сируп и туширање :whew: . Не е болна од вакцина и е реакција ама пак ме секира што сега не спушта за разлика од вчера
     
    На Bozica1980, Rebecca_R, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Зависи која болест,има наследни болести кои се манифестираат во зрела доба а исто и во поколението се наследува и манифестира во зрела доба. Пример ран Алцхајмер и ред други...да во добро и зло. Лична одлука е сепак посвојување. Јас можам да знам за себе. Јас сум за посвојување без разлика на се,друг му делува дека е претерано моево мислење и така,живот тече понатаму.
     
    На Bozica1980, Annath, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Да немав свои деца, ќе посвоев бебе со сигурност. Ама вдомување поголемо дете не би можела, не затоа што не би знаела какви гени носи, туку затоа што јас лично мислам дека нема да можам да се справам со ситуацијата, нема да знам како да се однесувам и како да реагирам на одредени ситуации зошто тоа дете не сум го родила и воспитала јас.
    Можеби вака размислувам затоа што знам каква е состојбата по домовите и местата каде што престојуваат тие деца.
    Можеби би вдомила да имам финансии и голем простор, општо подобри услови за живот.
     
    На Thallia, flower30, ♡BuBaLe♡ и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.910
    Допаѓања:
    173.607
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер:yawn:
    Мажјаков ми заспа на тросед долу, јас си се истегнав на спална горе.. убаво е кога го имаш цел кревет за себе:wasntme: :devil:

    Денес пак Струмица.. и пак дожд не фати по пат. А Струмица сува.. на враќање пак дожд... Во Берово дожд... и така цел ден се лигави времево|(

    За посвојување - сум размислувала дури и премногу и знам дека би посвоила. За вдомување, мислам дека не би.
    Може сум себична, но јас сакам дете.. дете за себе. Не за да се приврзам за него како да е дел од мене и утре да ми го земат затоа што нашле посвоители..
    Колку и да звучи себично, гајле ми е. Во животов веќе си барам стабилност, не ми требаат такви турболенции..
    А за хумано - хумано е. Ама исто хумана ми е донацијата во Св. Спас...барем нахранувам по некое семејство со нешто.. И тие семејства си имаат деца.. па индиректно ете им помагам и поддржувам..
    Немам намера да станувам втора Мајка Тереза, колку е - толку е. За убаво нека е.
    За мене само мир, спокој и љубов од саканите. Толку.
    Излети допрва не ..
     
    На Skorpija25, Thallia, mal.ecka и 25 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.827
    Допаѓања:
    214.744
    Пол:
    Женски
    Сирупчиња сум давала и ладење,внуката имаше висока температура снаата со киселина и сенф на нозете ја мачкала и спаднала,не сум пробала никогаш за да ти советувам,помладиве ако знаат нешто,извини од помош не ти сум
     
    На Bozica1980, Annath, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.704
    Допаѓања:
    153.601
    Пол:
    Женски
    Јас мешам чиста алкохол и вода..или оцет и вода отприлика 70:30..облоги под пазуви,на гради и ноџиња..на челото не..
    Рассоблечи,туширај и течности давај...
    На толку висока темп.јас давам на 4 часа блокмакс и далерон сируп..наизменично...ова по препорака од лекар..
    Исто можеш сок од лимон и сода бикарбона да раствориш...мачкаш по телото со пената..симнува температура ..
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.488
    Допаѓања:
    184.712
    Пол:
    Женски
    Тоа и сакам да кажам, не е секој спремен и во можност, причини има мал милион. Ако можеш и сакаш и си спремна на сѐ, go for it (fingers)
    Дај му шанса на блокмаксот да делува, во меѓувреме по гаќи и маичка нека седи, покриена со тенко чаршавче, и лади ја цело време со мокра тетра пелена ако имаш, особено челото. Дај ѝ далерон 4 саати откога испила блокмакс, ако не ѝ спаѓа тт. На крај краева, ако ни така не спушта, правец на дежурен.
     
    На Bozica1980, Annath, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Со Парацетамол сируп проба, оној на Алкалоид што е? На моите не им делува Блокмакс на висока температура, па дури ни Ибобруфен, само Парацетамолот. Или да пробаш со чепче, многу мајки користат и делува брзо како што ми кажувале. Туширање и течности многу давај, оцет никогаш не помогнал, не делувал на висока Температура.
    Брзо да помине :hug:
     
    На Bozica1980, Annath, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Со се се согласувам плус да додадам за чепчиња парацетамол ако имате да ставете 80 или 150 мг.(ректално лекот побрзо делува)
    И една препорака од русинка педијатар во пензија како лекувала високи температури.да се замота дете со мокар чаршав со нормална температура на водата.ни ладна ни топла.малку да подржиш и потоа тргнете го чаршавчето.да се разлади телото.битно е нагло да не дозволиш да варира температурата.и многу течности на уста да се рехидрира и лади телото од внатре преку циркулацијата.Доколку и покрај овие методи не намали температурата јави го на дежурен лекар вечерва.барем венски систем да се стави и да се намали температурата
     
    Последна измена: 28 јуни 2018
    На Skorpija25, Bozica1980, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.851
    Допаѓања:
    95.305
    Пол:
    Женски
    @M&M чорапи натопи со оцет и облечи и ги,така да спие.Смрди многу ама помага:tmi:
     
    На Skorpija25, Bozica1980, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.827
    Допаѓања:
    214.744
    Пол:
    Женски
    @CaraMia не си ме разбрала добро,би посвоила,а не би вдомила-згрижила
     
    На Bozica1980, Annath, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.