Здраво! Ја отворив темата со цел да си муабетиме што ни се случило во текот на денот, дечковци, факултети, мода, одење на кафиња и да си размениме искуства околу љубовниот живот. Се надевам дека темата е во ред!
Прекрасна тема, мора да признаам, ни требаше една ваква. Ете и ние помладите меѓусебе да си размениме по некое искуство плус. Патем, сакам да ве прашам каде излегувате најчесто и како го водите ноќниот живот? Мои најчести места за изглегување од кафулиња се new age, kashmir и евентуално old school. Најчесто таму ги минувам зимите, додека преку лето настојуваме да бидеме на отворено.
Супер тема дечки, свиџа ми се. Јас да си кажам за себе, периодов освен чаршија на друго место многу многу ме нема. Клубови баш нешто многу не преферирам, сакам помирни места, каде што ќе се пие на раат. Вале за Кашмир и Олд скул ти давам палче
Па најмирни места се вака реално гледано. Речиси никогаш не е гужва, а и музичето е таман. Особено во Кашмир, кога ќе мавнат серија ориентални танцови. Уште ако си со одбрано друштвенце, гајтан мерак.
Да земеш да заиграш трбушен танц дури Сме се нашле мор, уствари исти места ни се свиѓаат за излегување.