Низок прогестерон

Дискусија во 'Бременост' започната од драганаск, 27 јули 2022.

  1. драганаск

    драганаск Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здраво видов вака тема нема па решив да отворам сакав да ве прашам тие што имаат низок прогестерон во бременоста што терапија пијат и до кој месец се пие и дали издржале до породување?фала многу
     
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
  3. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Женски
    Не смее да се остави прогестеронот да биде низок во текот на бременоста. Жените кои се соочуваат со тој проблем во текот на бременоста треба да се консултираат со гинеколог.
     
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    13.301
    Пол:
    Женски
    Дали некоја што имала низок прогестерон и дале утрогестан од планирање на бременост?
    Немам проблем со забременување, само матичната ми спомна кога ќе планирам бременост да испитам прво прогестерон, се сомнева дека ми е низок ако е така да ми даде од 10 ден, затоа што на два пати имам проблем во бременост првите 2 недели. Друго испитано се ок.
    Што кога е низок, а што кога е висок? Баш ќе испитам овој месец па кога ќе планирам бременост се мислам дали и оваа опција да ја пробам.
     
  5. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    1.172
    Пол:
    Женски
    Зошто се сомневате на низок прогестерон?
    Јас имам постојано крварење пред да добијам и исто се сомневав на низок прогестерон, испитував 7дпо и беше солиден. Сепак, има нешто што прави проблем или има некој нагли пад понатаму што ми створа крварење. Од оваа причина примам прогестерон во лутеална фаза и тоа поприлично често.
    Читав дека нема ризик од висок прогестерон.
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    13.301
    Пол:
    Женски
    Дури сега гледам..
    Матичната ми рече да испитам поради спонтаните, и поради ПМС..
    Па сега сакам да одам да испитам, ми спомна може ми е низок, на тоа досега никој не ме упати.
    Имаш испитувано? Мене ми рече когa ќе планирам бременост затоа што знам кога имам овулација да ми даде подршка ако е низок.
     
  7. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    1.172
    Пол:
    Женски
    Имам испитувано, 7 дена после овулација и беше ок вредноста. И да немаш проблем со низок прогестерон или крварење во лутеална фаза, нема зијан од тоа да земаш прогестеронска поддршка во следната бременост, секако е за поддршка на бременоста.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    13.301
    Пол:
    Женски
    Втората бременост зедов ама после 10 тина дена некаде од позитивен тест. Матичната ме советува од денот кога ќе пробувам, затоа што ако денот го погодам а секогаш знам овулација кога ми е, веднаш останувам бремена. Тоа ако се решам за бременост здравје, сега сакам и за физичките симптоми во ПМС да ги решам и тоа имало влијание.