Здраво видов вака тема нема па решив да отворам сакав да ве прашам тие што имаат низок прогестерон во бременоста што терапија пијат и до кој месец се пие и дали издржале до породување?фала многу
Не смее да се остави прогестеронот да биде низок во текот на бременоста. Жените кои се соочуваат со тој проблем во текот на бременоста треба да се консултираат со гинеколог.
Дали некоја што имала низок прогестерон и дале утрогестан од планирање на бременост? Немам проблем со забременување, само матичната ми спомна кога ќе планирам бременост да испитам прво прогестерон, се сомнева дека ми е низок ако е така да ми даде од 10 ден, затоа што на два пати имам проблем во бременост првите 2 недели. Друго испитано се ок. Што кога е низок, а што кога е висок? Баш ќе испитам овој месец па кога ќе планирам бременост се мислам дали и оваа опција да ја пробам.
Зошто се сомневате на низок прогестерон? Јас имам постојано крварење пред да добијам и исто се сомневав на низок прогестерон, испитував 7дпо и беше солиден. Сепак, има нешто што прави проблем или има некој нагли пад понатаму што ми створа крварење. Од оваа причина примам прогестерон во лутеална фаза и тоа поприлично често. Читав дека нема ризик од висок прогестерон.