1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никаде без ќерка ми (Бети Махмуди со Вилијам Хофер)

Дискусија во 'Книги' започната од tirkenbal, 8 февруари 2014.

  1. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Никаде без ќерка ми е автентичена приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и понижувањата на една современа Американка.

    Бети по неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар - Иранец. Љубовната идила по две - три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.

    Иако Бети се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

    Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност: Таа со својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да замине за САД.

    Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.



    Еве една прекрасна книга која ќе ве остави без здив и ќе ви ги насолзи очите. Приказна за жена која иако заробена во држава каде мажот има секакви права над жената,таа не престана да се бори и на крај се избори, замина од државата каде беше заложник и го помина најтешкиот период од својот живот.
    Книгата мене ме остави без зборови,токму поради тоа што е пишувана по вистински настан. Ја имате ли читано како ви се допаѓа ? :) (барав ваква тема но мислам дека немаше,ако има ставете и клуч.)
     
    На cresa-jagoda и H.VAGA им се допаѓа ова.
  2. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Книгата е прекрасна една од моите омилени.Јас читав одамна но се уште совршено се сеќавам на текстот.За тие што ја немаат прочитано им ја препорачувам дефинитвно.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Прекрасна е книгата, го имам гледано и филмот, ама филмот е преблаг спрема она што е толку сликовито опишано во книгата. Вреди да се прочита! :) И откако ја прочитав оваа книга никогаш не би отишла на Блискиот Исток. :|
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Преубава е книгата, ја имам читано пред неколку години но сеуште се сеќавам на неа. Една од омилените ми е.
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Книгата е преубава, ја имам читано пред неколку години, ја добив на подарок од сестра ми, и можам да кажам дека е една од најдобрите книги што ги имам читано. Додека ја читав не се сеќавам дали заплакав, но кога го гледав филмот пуштив некоја солза. И филмот е многу добар
     
  6. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Одлична книга. Ја купив пред две години, и откако ја прочитав ја дадов уште на 10 души да ја читаат и никој не зажали што ја прочитал. Дури неодамна ја добив назад. :)
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Oгромно браво за темава :clap: Hе знам од кај да почнам да зборувам за книгава.
    Mе фасцинира содржината,колку е секој детаљ опишан како ги сваќа Бети сите тие работи и како ги донесува нејзините одлуки.Kолку една жена може да се бори и да се жртвува за сопственото дете.
    Kнигава е извонредно дело според вистинска приказна за која има и филм.Tолку многу солзи паднаа на книгава што бев решена да пребарувам на интернет за Mуди,и најдов информации дека починал во 2009г и дека никогаш повеќе не ги видел од моментот кога тие избегаа,само што во приватен живот не се викал Mуди.Tие и ден денес живеат под лажно име и лажна адреса.Kнига која детално ги опишува сваќањата,навиките и верувањата на луѓето од истокот.
    Cекој треба да ја прочита книгава и со сигурност тврдам дека никој нема да се пожали.
     
    На cresa-jagoda, joy1 и tirkenbal им се допаѓа ова.
  8. Loss

    Loss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    14
    Една од најдобрите книги што некогаш ги имам прочитано.Кој ја нема прочитано му препорачувам да ја чита. Животна приказна на една мајка која со сета сила се бори за слободата за нејзината единствена ќерка и нејзе, кои се заробени во Иран. Поминуват низ безброј искушенија,физички малтретирања...
    Вреди да се прочита книгата.
     
  9. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам, буквално се расплакав читајќи ја, сфатив дека жените не секаде во светот се третирани како луѓе, среќни сме што сме далеку од тие држави со низок менталитет :tmi:
     
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга! Вреди да се прочита..
    Ех на што се е спремна мајката за својата ќерка.. :up:
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Книгата ја немам читано, но го имам гледано филмот. Sally Field прекрасно го долови ликот. Бидејќи приказнава остави силен впечаток врз мене, едно време премногу се интересирав и барав низ интернетов за судбината на ова семејство, затоа нека не ве чудат линковите подолу. :rofl:

    Покрај филмот, најдов и едно подолго интервју со самата Бети Махмуди (занемарете го воведот на шведски, интервјуто е на англиски)

    Прв дел:

    http://www.youtube.com/watch?v=ycMAc8IWUUs

    Втор дел:

    http://www.youtube.com/watch?v=119r0ZZCGxs

    Постои и еден документарен филм, Without my Daughter, во којшто главно сопругот на Бети Махмуди ја кажува неговата страна од приказната. Исто така, во овој документарец зборува пријателката на Бети, Ellen, којашто исто така како неа, била Американка којашто се омажила за Иранец во тоа време.

    прв дел

    http://www.youtube.com/watch?v=_W2SUn1ZNU0

    ... документарецот го има на јутуб во 6 дела, да не го оптеретувам постот со линкови.

    Инаку Сајед Махмуди, сопругот на Бети и таткото на Махтоб Махмуди, починал на 22-ри август 2009 година без да ја види Махтоб за последен пат. Тој никогаш не се преженил и немал други деца.

    Исто така, нешто потазе што најдов во врска со приказната на ова семејство е и говорот на Махтоб Махмуди во којшто истакнува дека нејзината мајка е еден од живите докази дека 1 индивидуа може да направи доволно голема промена и накратко ја изложува нејзината страна на приказната.

    http://www.youtube.com/watch?v=WSLjOGRg9Y8
     
    На cresa-jagoda, Hipster и tirkenbal им се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Си имав кошмари од книгава со денови откако ја прочитав.

    Не знам дали да ја искритикувам како прекрасна или одвратно сурова и гадна, во секој случај, вредно четиво.
     
  13. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Прекрасна книга.Иако отприлика знам дека се такви животот и сфаќањата на луѓето од тоа поднебје,сепак за многу работи сметам дека се претерани и постојано одново и одново се чудев на тоа до каде можат да одат.Тажно е тоа што навистина се доживувало.И филмот е добар,иако книгата е за нијанса подобра.
     
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Не плачам на филмови ама овој ме потресе. Го имам гледано можеби 3 пати. Последната сцена, кога стигнува во америчката амбасада ја гледав станата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    Мн трогателна книга.Плачев додека читав.Која тортура ја претрпеа жената и девојчето ,свака им част како успееја на крај да извлечат живи глави.
     
  16. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам читано книгата и слободно можам да кажам дека е една од најубавите а воедно и најтажните книги што сум ги прочитала. Ја препорачувам на секој што ја нема прочитано да ја прочита, но пред тоа добро психички да се подготви. Едно големо (y) за книгата.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    ја имам читано оваа книга, и не зажалив ич ич ич . прво мислев дека ке ми биде досадна, но откако ја отворив и почнав да ја читам неможев да ја оставам. на моменти и се расплакував ..... прекрасна книга според мене и би ја препорачала не секој да ја чита. :)
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Филмот го гледав како дете и за прв пат ја видов мајка ми како лие солзи на филм.
    Баш ме потикавте да ја симнам книгава и да ја прочитам. Не знаев дека е снимен според книга.
    Ептен потресна приказна, и да глумицата е инзворедна, предобро ка донесе улогата на Бети.
     
    На SarChee, joy1 и tessie им се допаѓа ова.
  19. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.555
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано книгава ако не се лажам пред 2год,. Многу трогателна, емотивна, тажна. Многу пати и плачев од жал за нивните маки... Стварно е неверојатно што се може да издржи една мајка за да биде со своето дете. Таа колку шанси има да замине сама, но не го прави тоа. Ех тоа е мајка...
    Секој што сака да прочита добра книга и поучна во исто време, нека ја набави што побрзо ;)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    146
    Книгава е одлична, ја прочитав пред 2 години во еден здив и од тогаш на сите им ја раскажувам и ја препорачувам :)