1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никаде без ќерка ми (Бети Махмуди со Вилијам Хофер)

Дискусија во 'Книги' започната од tirkenbal, 8 февруари 2014.

  1. Dr.Zzz

    Dr.Zzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга, тажна животна приказна која ја прочитав одамна во еден здив, и долго време после неа имав емоции и не можев да се соземам, ја доживував судбината на Бети и нејзината керка низ детало опишаните страници. Инаку го имам гледано филмот, но сепак книгата е подобра според мене, дефинитивно преорачана од моја страна. :)
     
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Книгава ме потресе. Плачев и читав. Не сум родител а ми надојдоа еден куп емоции, а како ли пак ќе ми беше да сум родител. Го гледав и филмот но не ми се допадна.
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Книгата ми е една од омилените. Ја прочитав во еден здив. Целата потресена од културата шо се опишува, од животот на тамошните жени, од издржливоста на Бети, од борбата за своето чедо. Толку ме допре таа книга што кога и да се сетам на неа ме обзема едно сожалување на сите жени и девојки што живеат во таквите земји. Пред да ја прочитам таа книга не знаев дека едно женско тело може да поднесе толку ќотек, измачување и страдање. Со оглед на тоа дека книгата е пишувана според вистинска приказна со секоја страна ми навираа солзи во очите. Сега сум тинејџерка, кога ќе станам мајка пак ќе ја прочитам книгата. Ја обожувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Викендов ја завршив книгава со читање и со денови тоа што прочитав уште ми се врти во глава и се изнагледав видеа со вистинските ликови што давале интервјуа. Не ми се веруваше дека и тој Муди решил да ја оцрни Бети демек лажела за некои работи.
    Многу се соживеав со книгата, секоја чест за храброста на Бети да ја спаси ќерката и себеси. Се чита книгава во еден здив. Предобро е обработен и раскажан секој детаљ.

    Сакам да го изгледам и филмот што е направен според книгата. :)
     
    На cresa-jagoda, Dr.Zzz и tirkenbal им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    И јас ко ја дочитав гледав интервјуа, барав податоци, а и филмот го изгледав. Ја симнав и книгата од ќерката (My name is Mahtob), ама не ми е читана уште.
    Иако ми беше читана пред неколку години, пак ми остави голем впечаток и исто се соживеав со личностите.
     
    Последна измена: 25 март 2021
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да ја прочитам и книгата од Махтуб, да согледам и она што мислела за сето тоа време...
    Многу добра книга, одамна некоја книга толку не сум ја мислела и не ми оставила впечаток...
     
    На cresa-jagoda и kristina.k им се допаѓа ова.
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Одамна првин книгата ја прочитав, па го изгледав филмот. Има неколку години.
    Гледам во последно време дека многу е популарна книгата.
     
  8. trouble

    trouble Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Предобра книга. И плачев, и имав кошмари со Муди, и ептен се потресував кога ја читав, но е предобра. Секоја чест на Бети, и јас сум мајка, и јас никаде не одам без ќерка ми :D Доста поучна книга навистина
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.