Никита е серија која се снима моментално, 2010 е првата епизода, до сега имаат излезено некои 10тина епизоди. Маggie Q во главна улога, жена убиец, која владата ја обучува за убивање за нивни цели. Владата има тајна организација која има млади регрути, посебно убави девојќи, ги обучува за убивање и потоа ги пуштаат надвор на мисии. Таа успева да избега од оваа организација зад која стои владата и почнува да работи против неа. Инфилтрира свои луѓе таму и започнува борбата. Да не раскажувам понатаму, кој сака трилер и акција во една серија обавезно нека ја погледне. Овде е и Lyndsy Fonseca, која мене ми е позната од Очајни Домаќинки. Инаку излегува секој четврток
Еве, да си дадам соодветно коментар на темата. Огромно браво за серијава. Сценариото - познато, од францускиот Никита и од француската серија. Дејствието е брзо, жилаво, интересно. Задоволна сум од кастингот, Меги Кју е совршена за улогава. Вистинска female bad ass. Се навлеков тотално, во еден ден изгледав 5 епизоди. Моментално е на пауза, со вкупно 11 епизоди досега, следната излегува на 27.01.2011 Пријатно гледање.
Го имам гледано филмот La Femme Nikita, а серијата не, ни француската ни американската. Решив да ја гледам, уште денес почнувам. Оваа женскава не да е згодна, гром е! Ама и од францускиот филм актерката е преубава
Јас се навлеков. Никита е закон! Во оваа прилика сакам да напоменам дека официјално ја прогласувам за моја омилена серија. Дури и не ми се гледаат други серии додека не ги изгледам сите што се излезени. Што ќе правам кога ќе треба да чекам по една недела?
^ Среќа во несреќа, е што нова епизода излегува сега во четврток , макар што треба да чекаме по една недела за секоја наредна. Јас се опседнав и со серијата и со актерката, ја знаев од претходно од Mission Impossible:3 и I love you, New York, дефинитивно е многу талентирана, треба да и се дава повеќе шанса во филмови.
Супер е серијава, пак ќе кажам, само ме нервира една работа. Како тоа во дивизијата немаат камери, а толку се технолошки усовршени? Алекс си шетка си шпиунира ко да е во основно училиште. Спојлер И кога ќе се плеснат Мајкл и Никита?
Да, и јас тоа се зачудив, Спојлер како можеше никој да не ја забележи по цели денови како си чмае пред компјутер, па што прави таму цело време? Друг глупушкав момент беше епизодата со тоа апчето против вирусот што и' го вбризгаа на Никита. Па уште си го извади едното апченце од џебот на сакото на оној слепчото што умре. Абре ајде. Тоа сако можеше да има дупка, а од толку тепање и трчање лесно можеше да падне, да се изгуби, да го снема. Ама ајде , простено е. Заради Меги Кју. И јас чекам секс... It's gonna be HOT! LivingGlam, изгледа само јас и ти ќе си коментираме на темава, а?
Трендафилке ја гледаше последната епизода? Околу 29 минута се губи звукот во зборувањето, не разбрав што зборуваа Мајкл и Перси, па оттука неколку минути е така. На два линка истото ми се случи. Ако гледаше ти и беше се’ во ред, те молам да ми испратиш линкче
Ијаа, јако заврши последнава. Пак беше научна фантстика како успеа да се ослободи Никита и на крај пак по нејзино ама тоа е сепак се јави сомнеж...
Добро како не сум ја почнала јас порано серијава не знам?! Вчера ја почнав и веднаш 5 епизоди изгледав. Коментар: Оваа Меги Кју е бомба и пол, мааааајке ми! Како се движи, како зборува (! и што е најбитно низ дома си патка со штикли!) Малку потсетува во тематикава на четвртата сезона од Призн Брејк, но не е копија, си има свој оргинален шмек. Спојлерите погоре не ги прочитав, да ве стигнам и ќе ги прочитам, дотогаш не. Ама знаете што предчувствувам? Спојлер Дека Никита и Мајкал ќе се заљубат,(ако веќе не се во подоцниве епизоди) и ќе бидат дуо од соништата. Ќе им ги тепаат задниците на сите бед бојс Негативците се океј, Мелинда Кларк се гледа дека има некоја тајна, и мислам дека има потенцијал да стане главен негативец, што е супер, затоа што ја бива дефинитивно да глуми лошка. За ликот на Перси можеле сепак да најдат некој похаризматичен, не знам не ми се вклопува во улогата што ја носи. Ама затоа на Никита и Мајкал му се погодени 100% улогите.
Ве стасав! Добра е серијава нема што. Си оставаат простор за многу прашања, доста итро играат... Ај да не пишувам во спојлери, тие што немате гледано не читајте. Прво ми се допаѓа тоа што е многу динамична серијава, нон стоп се случува нешто. Еве според мене како ќе се одвива серијава натаму, некоја предпоставка... Се сеќавате на Роби? Тој што требаше да биде чувар, но кога ги изпозакла сите нели му кажаа, поточно Мелинда Кларк му рече дека е програмиран за нешто поголемо. Епа мислам дека тој ќе чува кутија и на крај Никита ќе треба него да го свитка Овај Перси ми се чини дека е последна дупка на кавалот од негативците кои ја водат компанијата. Се мислам дека и него некој го контролира, ама за тие негативци никој не знае и дека тие допрва ќе се појават. Овој комшијата од Алекс ич не ми е и тој тамам, почнав да се сомневам кога ништо не превзеде после вечерата со Мајк. Мелинда Кларк нешто кријаат со Никита, чекаме да видиме што. Очигледно Никита само неа стравот и го има. Може да се каже дека најмногу таа епизода ја чекам, да видиме како Мелинда станала дел од компанијава. Се остави и место да видиме како Никита се разлошила, односно што ја натерало да избега, како најпрвин таа била донесена како рекрут, како тренирала и сето тоа. Интересно ќе биде натаму имаат доста материјал да направат добра приказна. Само да не ја копираат Призн Брејк оти одма ја откажувам серијава. Можат сосема ново нешто да создадат. Ако му требаат идеи, мене нека ме повикаат јас роден режисер сум
Еј ама добра беше последнава епизода. Секоја наредна се открива по нешто. Чак Норис може на малото прсте да и’ се фати на Никита наша
Ќе пишувам за 15та епизода, па кој на нема гледано нека не чита Епизодава само што ја изгледав, малку каснам, сакам по 2-3 наеднаш барем да гледам. Многу ми беше јако што и дадоа Хероин на Алекс, пошо до сега се некако ми беше совршено, по нивни план, вака малку избега од контрола. Инаку девојкава пријатно ме изненади како глуми, мислев само дека е убавица која поради тоа добива улоги, ама како изглми џанак, алал да и е. Посебно последната сцена коа лежеше на креветот, аууу ептен добро, стварно да си помисли човек дека е на хероин. Секоја чест за тоа. Одам да гледам сега 16та, да видам дали ќе издаде нешто. А Перси нормално дека е само пионче некое секогаш почнуваат од најнебитните фаци за во наредните сезони да се појавуваат вистинските ѕверки. Мада о случајов и Перси не го прикажуваат како некој моќен што си исполнува желби, туку само како човек кој работи за профит, извршува задачи по нарачка. И јас мислам дека Мелинда ќе испадне јака фаца на крај А зарем веќе не кажаа како се разлошила Никита. Па нели Спојлер дечкото и го убија, па затоа избега она и главна цел и е да ги уништи. Нели Алекс ги изгуби родителите, Никита дечко и, и двете поради овие и затоа сега не е со нив....? Мене ме интересира како Никита дошла до затвор за да потоа ја земат како регрут, тоа значи дека и порано не била арна, што како правела ме интереира....
Си ги спуштаме епизодите . http://torrentz.eu/ Јас конкретно барам се' тука, и потоа бирам од кој сајт да спуштам. Обично PirateBay, BTJunky или ShareReactor.
Баге јас гледам онлајн на оваа страна http://www.sidereel.com/Nikita Одбирам епизода, отворам линковите, барам некој на Мегавидео и готово. Сликата е чиста. Абе зошто прават вакви паузи? Многу лошо, толку бев занесена со серијава и едвај чекав понеделник да дојде, а сега со паузава оладев, дури и ја заборавив