Добро, кој по ѓаволите се луѓево за кои прв пат слушам дека постојат? Еве сега баш видов на Фемина сајтот за вма наградите и таму некоја си Ники Минаж Како бе, преку ноќ стануваат славни и се шетаат на престижни таму манифестации Зар треба да почнам да се глупирам за да станам славна? Гледам и таа Ребека Блек таму на наградите, дај да фатиме да се глупираме сите и славни да станеме, ако не? Се извинувам за оф топик, морав некаде да пишам
Јас и бев на концерт на Ники Минаж, може се облекува смешно, но има многу енергија во неа и знае како да ја крене публиката на нозе, има интересни песни и многу брзо стана славна заради тоа што речиси на сите песни има соработувано со некој познат рапер. Ми се допаѓаат A moment for live & Super Bass.
Ники се глупира со стилот, тоа и јас го признавам, мислев само на концерти и доделување на награди се глупира, но почна и по спотови. А јас да се проширам малце во врска со неа. Ја "открив" пред година дена (да, година), и првата песна што ја слушнав беше Масив Атак, спотот ми се допаѓаше но некако текстот... Но ми го одвлече вниманието, после многу нови песни и ги слушав. Откако 5, 6 нејзини песни си симнав, веќе друга приказна. Кај изведувачите во општо, се концентрирам единствено на музиката, се друго е помалку важно, но сега најважно било како стигнала до слава.
Ме изнасмеа, ама слатко Привекува внимание само со ексцентричност. Бетер и од гага ми е. НЕ, не сум фан на ваквиве пеачки! Не ми се свија нејзиниор глас одбивен ми е. особено песнава http://www.youtube.com/watch?v=5i7GEMQC ... re=related со оваа кубасицава најлоша-работава која од која полоша
Ама ајде ми се гади веќе од ваквите таканаречени "пејачки". Си знае типката дека во денешно време се продаваат добро производи како Гага и решила да ја копира.А не се знае која од двете е побетер.Аман луѓе сфатете дека нема ништо оригинално во вакви кловнови кои се прават исклучиво поради маркетинг и пари.Нема никаква уметност во нивната музика а гласовите им се компјутерски направени.Да ја слушнеш во живо без тој роботски трилер во гласот дали ќе знае да испее два стиха без да исфалшира не дека и на плејбек пее убаво . П.С. Уште за кој ретарди нема да се направи група.
за оваа не знам што да мислам. во секоја можна песна ја има. ќе изрецитира по една-две реченици не можеш да ја утнеш. некако нагло се проби ептен. стил, пеење, песни, тоа ништо не ми се свиѓа. едино оваа новата песна со Rihanna - Fly ми е убава. другото ...
Леле колку ми антипатично створењево, значи многу ме нервира Напраила 2-3 песни и сега најдобри женски хип-хоп изведувач, па по награди иде, во секоја манџа мирудија .Како Ребека Блек и другите новонастанати ѕвезди кои немаат 3 чисти од пеење. Знам само една песна од неа, таа со Дејвид Гета што и е. И за сите ѕвезди кои ќе искочат викате дека се уникатни, чудно бре...
мене ми се допаѓа... најмногу од нејзините песни ми се допагаат.. http://www.youtube.com/watch?v=4JipHEz5 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=D7GW8TYC ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=3n71KUiW ... ure=artist
Јас си ја викам Ники Минџа. Манџа. Како сакате. Невпечатлива ма и цело виножито ако сака на глава нека си го стави. Непрепознатлива во свет во кој сите се збудалеа во трката да се биде „оригинален“ разбирај да изгледаш ко идиот за да привлечеш внимание. Стај си бре семафор на гради, флуоросцентни скај парчиња, светлечи јојо наместо обетки и привлекувај внимание одејќи вака по улица, ама не ја труј музичката сцена со непотребни ноти. Апсолутно не ми се допаѓа Се извинувам ама навистина не. Плус, прашање за милион долари - од кога она што го прави цурава се рачуна за хип хоп?!
Phyramide, не треба никому да се извинуваш, тоа е само личен вкус. Не ја отворив темата за да видам кој повеќе ја мрази, бидејќи знам дека денес според стилот се насочуваат луѓето, па и воопшто не се мачат да ги слушат песните. Да беше темава за нејзиниот стил, верувам дека сите би се газиле од смеење, па да, се глупира, самата го реков тоа, но музиката и е добра, според мене... Ја почитувам и бидејќи знае како треба да се преживее во светот на музиката, тоа го заклучив откако видов некои интервјуа, всушност сакав само да и го слушнам гласот.
Ма се извинувам од почит кон нејзините обожаватели И мене некој ако ми каже дека Колдплеј прават шити мјузик, па види може и ќе се навредам еј Се зезам. Не, напротив, не ми беше муабетот за стилот нејзин. Муабетов ми е за музиката која ја прави и за мене е токму таа невпечатлива а хип хоп па и тешко да е. Го следам и обожавам хип хопот како правец и култура од речиси самите негови почетоци и вакво нешто јас не ни рачунам ко хип хоп. Али тоа потегнува поширока дебата нели, се прашувам што од ова денес што се прави воопшто има заедничко со онаа хип хоп култура која се создаде и никна со причина минатиот век?
Мене не ми е по вкус. Всушност светлосни години подалеку од мојот вкус. Превештачко ми делува, почнувајќи од периките, до насмевката како да има пареза. Пупупу. Едино пред некој ден ја слушнав Super Bass и неколку дена веќе ми се врти во глава, не од што е убава туку ете заразна некако и ме тера да мрдам... Во моментов од странскава сцена, заедно со Jessie J или како и да се викаше, ми се најантипатични..
Ииииии темава ја немам видено, се изнервирав сега. Ја сакам најмногу, ми се допаѓа се што прави, уште повеќе ја засакав која и ја изгледав биографијата. Ги знам сите нејзини песни и одавај чекам да испадне новиот албум ама ќе почекам повеќе оти изјави дека сега работи на него, ама не е битно дотогаш ќе се задоволам и со по некој сингл. Браво за темава btw сликава ми е од нејзе It`s Barbie Biiiiiiiiiiiiiitch
Ти нешто си во заблуда, какви 2-3 песни бре, и не е нова на сцена туку вие не ја знаете, информирај се пред да кажеш нешто па ќе разбереш зошто е најдобри женски хип - хоп изведувач и зошто оди на награди
Да во право сте, денес секој е во трка да биди по оригинален и глупости, но видете прво што е женски хип-хоп, дадете малку подршка, бидејќи хип-хопот е музика која ја претставуваат мажите, а тоа незначи дека не постојат и добри женски вокали кои можат тоа да го изведат.На Ники песните и се супер, текстовите уште повеќе, пробајте, слушнете, не судете ја книгата според нејзината корица.
Затоа што одамна помина златното време кога награди земаа оние што личат на човек, и без да се глупираат со квадари на главата беа славни и успешни. Ја судам по изгледот, сигурно се решила да изведува бесни глисти затоа што е сама свесна дека музиката што ја прави не е ништо особено, па мора некако да остане впечатлива. Истото мислење го имам за сите суштества како неа.