Исто како Мимс. Никогаш не би пробала ни трава,а не па не дај Боже да станам наркоман или такви глупости. Никогаш не би облекла шпиц чевли. Или бела чизма до колена. Никогаш не би отишла на рок или метал журка. Никогаш не би изневерила никого. Никогаш не би оставила да ме чека некој,мразам да доцнам. Никогаш не би се качила на мотор. Никогаш не би искористила никого.
Никогаш не би земала дрога, никогаш не би била проститутка, никогаш не би ги оставила оние кои ги сакам, никогаш не би се качила на мотор, никогаш пијана не би возела кола, никогаш не би се сликала гола, никогаш не би се дружела со некој ради корист итн
Само две работи: Никогаш не би ја удрила/навредила мајка ми и никогаш не би го удрила/навредила татко ми. Друго се е можно за жал!
Никогаш не вели никогаш ко за почеток Сепак, има работи кои не сакаме да ги правиме и велиме дека никогаш нема да ги направиме Јас не би да ги набројувам моите, да не се подречам па да ми се деси нешто лошо утре и да ме присили нешто да морам да ги направам
Никогаш не би повредила невино суштество. Никогаш не би зела дрога. Никогаш не би се смеела на туѓи недостатоци или несреќа. Никогаш не би му простила на тој одвратен човек кој има направено само една добра работа во неговиот беден живот!
Стоев цврсто поцврсто најцврсто зад тоа дека никогаш нема да пробам а не па да пишам сигари. Дури се заколнав. Па пробав и еве сега чат пат палам. Можеби сум на пат да станам пушач Затоа веќе стојам зад доста познатата реченица НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ!
посакувам и јас да го исполнам ова, никогаш да не кренам рака и да се воздржам кон моето дете, можеле моите верувам ќе можам и јас да се однесувам така, се надевам дека нема да ми даде некој екстремен повод да го сторам тоа
Работите кои ги напишавте дека нема да ги направите јас или сум ги направила или планирам да ги направам.Срамота! Инаку.. Никогаш не би имала потполна доверба во некој !
1. Никогаш не би ветила некому нешто ако не можам да го исполнам ветувањето и притоа непотребно да ја разочарам личноста која ќе очекува нешто од мене. 2. Никогаш не би пробала било каков вид на дрога, дури ни трева. 3. Никогаш свесно и своеволно не би ги повредила моите блиски, семејството, пријателите и љубовта моја. 4. Никогаш не би носела повеќе од едно парче animal print на себе, и тоа убаво искомбинирано. 5. Никогаш не би купила чевли во бела боја, без разлика дали рамни, на штикла, на платформа и сл. 6. Никогаш не би верувала 100% некому, освен на моите најблиски. 7. Никогаш не би се облекла како евтина проститутка. 8. Никогаш не би заминала да живеам во странство, иако тука животот ми оди само во надолна линија. 9. Никогаш не би повредила животно на било каков начин. 10. Никогаш не би изгубила надеж, колку и да изгледа се’ црно и безизлезно во моментот.
1.НИКОГАШ не би пробала дрога.Ама ни под точка разно. 2.Никогаш не би го навредила и погазила моето семејство. 3.Никогаш не би се потсмевала на туѓите недостатоци.
1. Никогаш не би ветила некому нешто ако не можам да го исполнам ветувањето и притоа непотребно да ја разочарам личноста која ќе очекува нешто од мене. 2. Никогаш не би пробала било каков вид на дрога, дури ни трева. 3.Никогаш не би се потсмевала на туѓите недостатоци. 4.Никогаш не би градела среќа врз туѓа несреќа. 5.Никогаш ни би одела во областа проституција. 6.Никогаш не би била зависна од алкохол. 7.Никогаш не би зависела од некој друг 8.никогаш не би се срамела од тоа што сум. 9.Никогаш не би дозволила да ми се појави некој во животот што знам дека ќе му бидам од корист или има намера да му наштети на моето семејство или на најблиските (ако треба и ќе го убијам )
никогаш не би изневерила некого никогаш не би пробала дрога никогаш нема да пропушам никогаш нема да речам НЕ КУПУВАМ ПОВЕЌЕ ШТИКЛИ
НИКОГАШ не би повредила животно !! и никогаш не би си го уништила животот за некој што не вредат ниту за машко ама НИКОГАШ !
Никогаш не би убила чобек или животинче (само бубачки секојдневно си ги тепам) Не би си го оставила сопственото дете Не би се навлекла на дрога За друго никогаш не се знае, не знаеш што може да те снајде во животот или на што ке те примораат околностите