Никогаш не би пропушила цигари. И да, во овој случај, правилото „никогаш не вели никогаш“ навистина не важи.
Никогаш не би се замешала во туѓи животи Никогаш не би трачала Никогаш не би повредила животно Никогаш не би изневерила Никогаш нема да престанам да сакам Никогаш нема да се откажам од зацртаните нешта кои ги сакам Никогаш нема да дозволам дебилите и мороните да ми наштетат Никогаш нема да се откажам да доловам нечија насмевка и да видам срекен лик
-Никогаш не би ги повредила своите најблиски-моето семејство. -Никогаш не би го повредила мојот љубен. -Никогаш не би градела среќа на туѓа несреќа. -Никогаш не би се смеела на нечии физички и психички недостатоци. -Никогаш не би растурила нечиј дом, нечие семејно гнездо. -Никогаш не би повредила некое животинче. -Никогаш и за ништо на светот не би си ги продала својата душа и тело. -Никогаш повеќе нема да и простам нејзе, колку и да е тешко. -Никогаш нема да бидам себична. -Никогаш нема да зборувам невистини, лаги па и сурови вистини зад нечиј грб. Никој не ми дал за право да го сторам тоа. -Никогаш нема да им го одземам детството на своите деца. -Никогаш нема да им потклекнам на најголемите пороци на денешницата. -Никогаш нема да дозволам моите најблиски поради некои мои хирови да се срамат од мене. -Никогаш нема да останам глува и слепа на нечии погрешни постапки.
Многу работи кои реков дека никогаш нема да ги направам ги направив... затоа веќе не си ставам вакви забрани себеси освен оние кои знам дека ни по цена на живот не би ги прекршила а тоа се: - никогаш нема да убијам/повредам животно, не би свртила грб на моето семејство, и не би го повредила оној кој вистински го сакам. .. за другите работи, не знам што носи животот така да не можам да кажам затоа што на крајот пак ке испадне да се изневерам самата.
Никогаш не би ја погазила својата гордост. Никогаш не би се онесувала нехумано и неетички кон некој кој ми нема згрешено ништо. Никогаш не би го изневерила саканиот мој. Никогаш,ама никогаш не би истолерирала нечие лошо однесување кон мене. Никогаш не би малтретирала некое кутро животинче. Никогаш не би се запознала со некоЈ преку интернет.
Никогаш не би го изневерила партнерот. Никогаш не би се умилкувала некому за да добијам нешто што сакам. Никогаш не би исмејувала туѓи физички недостатоци. Никогаш не би ставила пирс. Никогаш не би се откажала од читање книги.
Никогаш не би го изневерила овој дечко, ниту било кој нареден. Прво ЧАО, после шо сакам ќе правам. Никогаш не би можела да одам со двајца во исто време. Овие две ми текнаа во моментот, друго страв ми е и да напишам...оти не сум баш сигурна дека нема да се деси никогаш. А, и животот ме научил да не велам никогаш. Мислам подобро да си молчам
Никогаш не би изневерила, не би прекршила ветување, не би лажела некого в лице како што прават денеска многу често... и слични работи што го повредуваат човекот. Од друга страна никогаш не би молела некого што не заслужува, не би правела ништо под притисок и сл.
Зна4и сите ја знаеме фразата НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ,никогаш незнаеш што ќе ти донесе животот и што се би морале,требале или би сакале да направиме.Затоа освен да убијам некого за друго не велам НИКОГАШ.А убиство макар и по цена на мојот живот никогааашшшш Ама се губам
Никогаш не би повредила животно или човек Никогаш не би поставила разголени слики на фб Никогаш не би го изневерила НЕГО Никогаш не би пробала дрога/цигари Никогаш не би му се пуштала на некого