1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никогаш не вели никогаш

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 април 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило да си кажете дека никогаш нема да направите некое нешто , а подоцна сте го направиле токму тоа? Колку се согласувате со тоа дека во животот постојано ни се случуваат работи кои не сме ги сакале? Па всушност, колку за вас важи оваа поговорка.
     
  2. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Да многу често велам „никогаш нема да го направам тоа и тоа“ а после одредено време го правам. Најдобар пример е тоа што како помала велев „никогаш нема да пробам цигара, многу е гаден чадот“ а потоа во прва година средно ја пробав и првата цигара, но не продолжив да пушам. Има и уште многу други примери.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ми се случило,меѓутоа тоа било секогаш за ситни работи,а и многу ретко ми се случило,барем колку што ми текнува,а и повеќе претпочитам да сум повеќе спремна на некој начин за било што во животот,па дури и за работи за кои би го кажала тоа никогаш.Понекогаш во зависност од темата,имам свои ставови за кои можеби од страна на другите изгледаат како инаетливи да кажам,но јас обично тоа што го мислам,го мислам вистински и го остварувам,пример ми имаат неколку пати речено други во врска ете да речам за љубоморен маж,мислам за било кој,конкретно за љубомората,дека поарно да си речам не дај боже да налетам на таков,отколку да покажувам сила,баш ете така како насловот на темата никогаш не вели никогаш.Јас имам став и сум размислувала за тоа и да налетам на таков си знам точно како ке реагирам,размислувам за се,не сакам да се ставам во ситуација од која ке бидам јас таа што е изненадена од состојбата во која се нашла,но и не е само за љубомората,туку за било што.Во животот ни се случуваат работи кои не сме ги сакале,но тие се случуваат поради тоа што не сакаме да ги прифатиме,не сме биле подготвени на пораз во животот,затоа што некои барем според мене сакаат само да победуваат,не сакаат порази,затоа и се случуваат.Сепак мислам дека човек треба да е подготвен на се,затоа што ништо не е случајно во животот.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Јас растам, созревам, менувам ставови, поинаку ги перцепирам работите... Паралелно на тоа - оваа поговорка важи за мене.. никогаш не се знае до кој степен ќе стигнат работите. Сега фала Му на Господ, ме држит здравиот памет и знам дека никогаш немат да имам секс со животно! Има некои работи кои оваа поговорка сепак не може да ги смени работите.. нели? :lol:
     
  5. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Стално кога сум рекла никогаш нема вака да постапам или да речам или било што, ми дошло ситуација баш така да направам. Затоа со памет сега викам никогаш нема да речам никогаш... ;)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па.... не верувам дека не ми се случило, ама баш и не можам да се сетам сега на таква ситуација. Но оваа реченица ја практикувам многу често и можам да кажам дека ми е водилка во животот.
    Never say never. 'Cos never can often happen.
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено е сега не ми текнува за што конкретно сум рекла НИКОГАШ ама се случило .
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Секогаш ми се случува. Мора се да ми се плесне во фаца. Затоа ретко сега си викам никогаш, си се имам поучено.
     
  9. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    i mene sekogas mi se slucuva,pa sega mozam da kazam deka nikogas ne velam nikogas ili mnoguu retko :D
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Никогаш не велам никогаш - затоа што не се знае што се животот носи.
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Никогаш не викај никогаш..Тоа е така..Се што до сега е кажано погоре во постовите :up:
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.641
    Пол:
    Женски
    Млади, зелени, ќе речеме дека никогаш не би направиле нешто... ама ќе го погазиме тоа...
    еве јас на пример, велев дека никогаш нема да излезам со човек понизок од 180цм :roll: (демек јас високата :lol: ), ама го погазив тоа... свршеникот ми е понизок од 180цм, па што? :D :D :D :D
    Исто така, за некои други работи си имам речено никогаш нема да ги направам, па сум ги направила... затоа, никогаш не вели никогаш!
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Никогаш не велам никогаш, затоа што ако речам никогаш нема да бидам со тој или да го направам тоа, ќе излезе сосема спротивното.
     
  14. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ми се има случено ова :roll: Еве еден пример:Една моја другарка се фати со албанец и јас не можев да и се изначудам и реков ова нема шанси мене да ми се случи.После точно една година јас се заљубив во турчин :? Од тоа си ја извлеков поуката и од тогаш немам речено мене ова не може да ми се случи.НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ :!: :!: :!:
     
  15. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Цццццц колку ве има што се влечете со муслимани жити се :roll:
     
  16. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Drugar ne se cudi,gi ima mnogu,jas samo kolku devojki znam sto bile so albanci.taka da toa e normalno.
     
  17. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Затоа после 99%,9 од тие девојки неможат дечко да си фатат или да се мажат затоа што многу им држи гзот.Нема врска и така сме офтопик.Кој што си посеал тоа ќе си жнее :up:
     
  18. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Леле момци, дајте ве молам да не ја претвориме и оваа тема во жолчна расправија за христијаните и муслиманите! Ок :?:
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^ :up:

    Никогаш не вели никогаш, дури ни тогаш. Многу често го велам тоа. И го мислам.
    Во животот секој има таква случка, јас тоа никогаш, ама за неколку дена, оп, ете и јас го направив. Затоа ми е тоа мото, никој не знае што ќе му донесе иднината.
     
  20. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    никогаш не вели никогаш!многу пати сум рекла никогаш а не сум го испочитувала тоа.последен пат кога реков никогаш беше караница со другарка и си реков повеќе нема да и прозборам.на крај таа ми се извини јас попуштив бидејќи не беше сериозна причина во прашање но сепак и простив.