Аххххх! Се сеќавам, за него цел мој живот зборував дека е идиот, го мразев, се каравме, не го поднесував.. А сега, ме опива дури и само со еден поглед. Ми ја дава димензијата на животот, ме полудува! А сега, иако не е рамнодушен, ми враќа за се. Ме сака знам, но неговата гордост ме убива. Живеам само за оние кратки мигови кога без никој да знае бегаме од реалноста и наоѓам прибежиште во неговите прегратки и бакнежи. Али ако, така и ми треба. Заслужувам и многу полошо од тоа. Се надевам само, дека нема да биде прекасно за се, зашто, едноставно го љубам!
Сум рекла, па сум направила. И не е дека слабост било во прашање. Едноставно, еволуираш, созреваш, некои филмаџиски инаетења од тинејџ периодот, ги пребродуваш, пробуваш нови работи и нема тука ништо апсолутно. Во основа, не сакам да се ограничувам на ништо што ми донесува животот, па така и со оваа изрека немам правила
До сега ми се нема случено да направам нешто за кое претходно сум велела дека нема да го направам. Се надевам така и ќе остане
апсолутно точно е ова. Еве јас на пример сакам еден веќе 5 години и се трудев околу нас .. и веќе ми се смачи и викам крај и така никогаш нема да сме заедно се мачам за џабе и тоа беше 13 Мај, а од 15 Мај бевме заедно
Никогаш не вели никогаш и никогаш не вели секогаш. Се водам според оваа изрека, ретко велам никогаш, затоа што за година/две ке созреам и ке размислувам во спротивен правец, нели некогаш мислењата се менуваат?! Ама има и случаев каде што сум рекла никогаш, па ете се случиле дали за месец, година или подолго време - се случиле.
Се согласувам со оваа изрека и секогаш се водам според неа. Којзнае, утре можеби ќе имам различни размислувања за нештата или многу работи ќе ги доживувам на различен начин. Станува збор за созревање и тогаш е нормално да имаме различен поглед на нештата.
човек расте, а со самото растење созрева, а со самото созревање се менува и поинаку размислува. она што во тинејџерските години ни преставувало проблем сега за истото се смееме. Така е и со поговорката никогаш не вели никогаш затоа што секојдневно прекршуваме сопствени забрани само поради нашето менување и созревање. Никогаш не велам никогаш само се насмевнувам и одговарам никогаш не знаеш што носи денот а времето е пред нас
Лично, мене оваа фраза ми е животно мото. Многу често го употребувам. Но многу се нервирам кога го изговорам Никогаш не вели никогаш и некој од друштвото; Ако не си приметила, само што го кажа двапати .. Поентата е тоа што не треба да кажеме "Никогаш" како збор. Треба да знаеме дека се е можно да ни се случи, да се надеваме на тоа.. Да не се откажуваме.. Може нашите цели и соништа изгледаат недостижни, но не се откажуваме! Никогаш нема да речам дека никогаш нема да ги остварам!!!
Сум кажала работи, многу на број, додека бев уште зелена во мозокот, дека нема никогаш да ги направам, а ете сега ги правам. Има една работа за која сум сигурна дека нема да е сторена. Како мала викав дека од што ја сакам мама со неа и ќе се венчам. Боже сачувај. Е тоа да, никогаш нема да го направам. За останатото верувам постои можност. Најситна, но сепак постои.
Ми се случило само еднаш да го направам тоа што сум рекла дека никогаш нема. Но, тогаш бев помала и не беше нешто толку важно. Сега сум позрела за разлика од тогаш и си ја водам оваа политика: не смеам да прекршам ниту едно ветување што сум си го дала на себеси! Тука припаѓа и тоа дека никогаш нема да направам некои работи. И не прекршувам ниедно! Добивам се што сакам да добијам или сум намислила, бидејќи работам по план, чекор по чекор. Без разлика дали се работи за факултет, работа, друштво или љубов. Тука нема грешки.
http://www.youtube.com/watch?v=jVM1-t-j ... re=related Toчно ова,има многу вистина,го зборувам од лично а и туги искуства.Нешто што мислиш дека нема да се случи ке се случи и те како...да не набројувам случаеви ама завршувале лошо