Никогаш не велам никогаш, никогаш не велам 2 пати. Ништо не е 100% сигурно, ништо не е точно предвидливо, ништо не е вечно.... така да во животот нити сум рекла ниту некогаш ќе речам такво нешто, бидејќи животот е превртлив и незнаеш што носи дента а што ноќта.
Токму така. Никогаш не вели никогаш. Колку пати сум си рекла, не ова нема вака да биде, или ова никогаш нема да го направам.... Подоцна, за некое одредено време, го правам она што сум рекла дека нема никогаш да го направам.. Знаете, во животот се си оди по некое правило, а ние само придонесуваме тоа да биде така. Со секоја наша постапка си одредуваме што понатака. Така да, веќе не велам никогаш...
Да, никогаш не вели никогаш. Го имам почувствувано на своја кожа во неколку наврати. Некогаш добро, некогаш лошо....Битно, мене скоро за се' ми се има вратено како бумеранг, за многу работи за кои сум рекла „Кој? Јас, тоа? Никако, нема шанси!“...еееее после тоа доаѓало истото. И тоа во еден случај ми се врати со 2во1. (за среќа, ова е една од оние работи за кои сум премногу среќна и благодарна што ми се вратиле ко бумеранг ).
Често ми се случува Но, животот носи различни работи,нови искуства и нешта кои не ги посакуваме Треба да се навикнеме на тоа
Па често ми се случува за нешто да речам Никогаш. Но, сепак треба да имаме во предвид дека не знаеме животот што ни носи.
Никогаш не вели никогаш, зошто тогаш кога мислиш дека нема тоа да биде никогаш-тоа сепак започнува. Многупати сум го забележала тоа дека во моментот кога сум се одкажала мислејки дека никогаш нема да се оствари мојата желба, таа сепак само што започнала. Па многупати кога почнувам да размислувам песимистичко, сепак сфакам дека повторно ја правам истата грешка како и многупати во животот.
Никогаш не вели НИКОГАШ,и никогаш не вели СИГУРНО! Не знаеме што носи утрешниот ден,а не пак животот.Живееме во сегашноста,за овој момент.Копнееме за иднината,за она што следува.Понекогаш сме многу сигурни во себе и спремни да претпоставиме/се изјасниме што ќе правиме,како ќе ни тече животот.Но,сето тоа може да остане само кажано....затоа најдобро е да не тврдиме нешто за иднината,да не очекуваме нешто...бидејќи кога нема да успееме да останеме на зборот ќе се чувствуваме дека сме се предале самите себе си. Најдобро е секој ден да го живееме искористувајќи ги приликите кои ги имаме,да уживаме во сегашноста.Многу пати сум тврдела дека нешто НИКОГАШ нема да го направам или пак дека НЕМА ШАНСИ да успеам/не успеам во нешто. Но,се случило обратното. Баш сега брзо,пред околу еден месец донесов една важна одлука за мојата иднина,решив да ја искористам шансата која ми се пружи.Велев дека никогаш нема да добијам таква шанса,дека никогаш нема да успеам толку...но ете се случи. Велев дека никогаш нема да можам да се снаоѓам без помошта на родителите,дека нема да се осамостојам толку рано...но ете..се одлучив баш на таков чекор.Едноставно...никогаш не си го замислував животот на тој начин,не мислев дека би била доволно храбра и успешна...но ете...штом се случи тоа,без размислување ја донесов таа одлука за која велев дека никогаш не би била способна да ја донесам. За неколку месеци ќе започнам еден поинаков живот и не знам што ќе искусам. Само знам дека за ништо не велам НИКОГАШ,ниту за најлошото...бидејќи никогаш не се знае..
Порано велев Никогаш нема да се случи тоа и ко за некој малер се дешава. Сега сум при таа реченица и никогаш не велам никогаш.
Па и тоа повеке пати ми с еима случено.Со тоа дека во животот постојано ни се случуваат работи кои не сме ги сакале се согласувам 100%. Никогаш не вели никогаш за мене важи 40%.а знам многу често на некој да ја кажам.
Сум викала и да, има работи што никогаш нема да ги направам да. Ама тоа ако си цврсто решен, а свашта се случува во животот па од тоа што бегаш - тоа ќе те најде.
да и тоа повеке пати.Со тоа дека во животот ни се случувааат работи кои не ги сакаме се согласувам 100%.За мене важи.....
Ми се случило да речам дека нешто нема да биде никогаш, но подоцна да излезе спротивно и сепак да си бидне.
Милиони пати до сега ми се случило ова,сите се водиме по оваа некоја си поговорка никогаш не вели никогаш и се оправдуваме со неа,што убаво хм,ем тврдиме никогаш нема ем пак го правиме нештотофино
Точно така, ми се има случено да важи за одредени работи, сум викала дека никогаш нема да престанам со одредена навика, па потоа се смениле околностите.