Николас Чарлс Спаркс (роден на 31 декември 1965 година) е меѓународен Американски романсиер. писател на бестселери и филмски сценарист. Има издадено 17 романи со теми кои вклучуваат христијанска вера,љубов, трагедија и судбина. Шест од нив се прилагодени за филм... мојот омилен дефинитивно... Страници за нашата љубов, Порака во шише, Одлука, Вистински верник, Dear John, The last song и многу други, а омилена секако ми е Чекори за сеќавање.... што мислите вие за него??
Браво за темата Го обожавам Спаркс,да можеше да ми искреира еден дечко така идеален уфф уште повеќе ќе го сакав! Омилена книга ми е Одлука(на англиски The choice) ..без сомневање. За неа сеуште нема филм ( и искрено да ви кажам ..се надевам дека ќе нема ) Прекрасна е,посебно крајот ми се допаѓа што е поразличен од преостанатите на Спаркс. Премногу ми се допаѓа неговиот стил на пишување. Оваа година треба да се започне со снимање на филм за книгата Safe Haven,а во 2012 филм за The Lucky One. Ете ја неговата официјална страна. А ете го и човечето!
Од Спаркс ја имам прочитано само порака во шише и се заљубив во авторов Од филмовите ги имам гледано The notebook, a walk to remember и dear John... ама мн сакам да ги прочитам книгите, а никој да сфати и да ми го донесе на поклон, 101 сум кажала дека сакам да прочитам уште некоја книга од Спаркс.
Највеќе сакам да го читам , обожавам, обожавааам !! Toj човек е просто незаменлив, неговите дела се исклучително најубави! Начинот на кој пишува и опишува се уууф со мерак да читаш и никогаш да не ти биде доста
алал да му е прекрасни се книгите, толку се внесувам во нив ахххх... ги имам прочитано порака во шише, чекори за сеќавање и страниците за нашата љубов и баш ми е мило што ги прочитав книгите пред да дознаам дека имало филмови за нив. ја барав и Dear John, али ја немаше на македонски се надевам летово пак ќе прочитам некоја негова книга
Од Николас Спаркс го имам гледано филмот ,,The last song" А имам многу слушнато за Notebook,A walk to remember и Message in a botle Во иднина планирам да ги гледам и веќе се ставени на мојот список за филмови
прво прочитај ги книгите па после гледај ги филмовите сепак филмовите се правени од неговите приказни али нема се во нив... феелингот е кога ќе го осетиш како го напишал ама и да филмовите се за пофалба
Јас ги имам изгледано сите негови 6 филмови и навистина мислам дека се прекрасни и уште 100 пати да ги гледам нема да ми станат досадни Издадени дела ''Страници на љубовта'' ; ''Порака во шише'' ; ''Прошетка за паметење'' ; "Спасување" ''Кривината на патот'' ; ''Ноќи во Роданте'' ; ''Чувар'' ; ''Свадбата'' ; ''Три недели со мојот брат'' ; "Вистински верник" "На прв поглед" ; ''Драг Џон'' ; ''Изборот'' ; ''Среќникот'' ; ''Последната песна'' ;"Засолниште" Филмови ''Порака во шише'' ; ''Прошетка за паметење'' ; ''Страници од љубовта'' ; ''Ноќи во Роданте'' ; ''Драг Џон'' ; ''Последната песна''
Што мислите за Николас Спаркс и неговите филмови и дела? Кај лимУнада,па и горчи,али лимунада ако не горчи,не е права да му се плукнам. Нe ми се свиѓа,книги за у транзициски,глуп,лигав пубертетлиски период.За филмовите такоџе. Се сеќавам таа ноќ кога ја читав порака во шише и кога се умрев од плачење,а бев прва средно.Абе циркуз и после открив други работи и од тогаш,навака се смеам на својата наивноќа,ама веројатно го поврзав со оној филмот со Бен и Мег,некако се така ми одеше,ме потресуваше помеѓу две жмурки. Не е ок,ок?!
Што мислите за Николас Спаркс и неговите филмови и дела? Ахахахахаха, Бен и Мег бре, од Sunset Beach Спојлер слично ко и Лилитка, после Порака во шише, чинам втора сТредно наполнив шише со солзи, колку бев потресена, па манијачно го симнав филмчето и тогаш некако ентузијазмот ми спласна... па следеа останатите филмчиња, од сите погоре набројани, само Dear John не сум го погледнала, ме плашат очиштата на главната хероина човекот си има фетиш за умирачки, задолжително знаеме дека некој од главните ќе скине конци и ќе се леат солзи по него / неа, додека надвор врне и грми. Се' што е чинам клише во љубовта, ќе се пронајде низ книгичкиве. Ниту ми е тажно, ниту романтично, ниту бутур. Ама на рајата им се допаѓа. Абре ок, на рајата му се допаѓа и Твајлајт, па тоа и не ми е кантар за квалитет. Стилот му е лесен, ама не би го понела ниту за на плажа.
Што мислите за Николас Спаркс и неговите филмови и дела? Заборави во издадени дела да ја спомнеш и "Одлука" баш и на македонски ја има Ги имам прочитано "Порака во шише", "Страници за нашата љубов", "Одлука", "Последната песна"..толку мислам Го почитувам многу, но ретко кога во последно време ми текнало да изгледам некој филм врз основа на некоја книга на Спаркс..Но, морам да признаам дека на секоја од неговите книги се имам расплакано и тоа неколку пати, воопшто јас важам за голем сентименталец па уште некоја ваква причица и толку ми фали, но во последно време не гледам некои такви жанрови, повеќе претпочитам криминалистика. Да не бегам од темата, Спаркс е човек што може да допре до човековото срце, нормално секој не претпочита вакви романчиња, но конретно за мене, важи за најдобар од неговата "romance" бранша
Што мислите за Николас Спаркс и неговите филмови и дела? Јас земав една, прочитав 10тина страни и ја оставив.Не ми се допаѓаат книгите.Премногу се љубовни,не се за мене.
Што мислите за Николас Спаркс и неговите филмови и дела? Минатото лето немав ништо при рака за читање и од кај другарка ми ја зедов Одлука. Многу глупава книга. Очајно глупава. Имав впечаток дека читам некоја статија во ефтино списание и цело време си превртував очи И не, не допре до моето срце Не добив желба да прочитам уште нешто негово. Од филмовите сум ги гледала A walk to remember, Message in a bottle и The notebook. За жанрот романтичен филм, не се лоши. Не ми е толку криво да потрошам 90 минути на просечен филм, ама кога читам глупава книга чувствувам грижа на совест.
Единствено ми се допадна Ноќите во Родант, прво го погледнав филмот кој бтв е со Ричард Гир и Дајан Лејн, и премногу ми се допадна. Потоа ја прочитав книгата. Другите не ми се нешто посебно, ја прочитав и Последната песна. А филмовите ги имам гледано речиси сите. Единствено во Dear John Спојлер не умира никој од главните ликови А “Порака во шише“ ми е најглупав од сите!
Идеите му се подобри за филм него за книга. Од книгите после 10 страни искрено ме фаќа Спојлер серка . Ептен се без врска, со глупи дијалози ако може така да се наречат. Филмовите му се далеку подобри, романтики кои расплакуваат и жени и мажи, а се посебно добри за време на ПМС
Николас Спаркс.....уф овој писател е вистински! Без сомневање! ја прочитав само ЧЕКОРИ ЗА СЕЌАВАЊЕ и навистина беа чекори за сеќавање! Се расплакав на 2-3 наврати! Ја барам ПОРАКА ВО ШИШЕ! ГО ОБОЖАВАМ НИКОЛАС СПАРКАС! (А, кој не?)
Никола Спаркс и Паоло Коељо ги ставам во исто ќоше. Постојано се повтараат и двајцата и само исти приказни и се вртат. Спаркс пишува романи што се како летен викенд во Охрид. Така лесни, досадни, брзо поминуваат... Лесно се чита и е како сценарист на шпанските серии. Љубовните приказни му се блјак. Али добри се за читање за некој кој не чита многу книги. Па и пишува љубовни романи... И јасно е зошто повеќето го сакаат
После неколку(речиси сите) прочитани книги од Спаркс можам да кажам дека исто ми е како една книга да сум прочитала. Повеќето ми приликуваат една на друга по содржината. И не знам што е со мене ама на ниедна книга и филм од него не сум се расплакала. Што детиште ке бев Од книгите: Порака во шише Прошетка за паметење Драг Џон Од фимовите: ^^ горенаведените + Последната песна