1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Николас Спаркс

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од L0ve, 3 јуни 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Книгата Порака во шише ми беше многу убава, сентиментална сум, и многу поинаку си ги замислував ликовите додека читав, имаше моменти кога само еден нивни допир ми предизвикуваше стегање во стомак. Но зошто ли еден ден дечко ми кажа дека имало и филм според романот, ја не знаев а изгледа некогаш сум го гледала, со Кевин Костнер бе, ми се сруши филмот, го гледав и се разочарав колку беше без врска, пола филм не личеше на книгата. А The notebook го имам гледано филмот, книгата не ја прочитав, но филмот ми е прекрасен, многу романтичен.
    Не знам какви се другите книги од Спаркс, ама па не сакам ни толку трагични краеви. Ако се сите слични кај што еден од љубовниците секогаш умира на крај, не фала, толку трагедија не внесувам во животов :lol:
     
    На zebralove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Приказните може да се рече дека се повторуваат, предвидливи се. Но, :!: на секоја книга што сум ја прочитала од него сум плачела. Не до толку дека е приказната тажна, туку јас сум таква сентиментална и си поврзувам делови од приказната со личности и настани од мојот живот и не можам, а да не се расплачам.

    The Notebоok (книгата) не е воопшто како што ја замислував, затоа што прво го гледав филмот, а потоа ја читав книгата, што е многу голема грешка од моја страна. Поради ова, а и искуството со други книги кои потоа биле адаптирани во филмови, имам впечаток дека книгите се подобри од филмовите.

    Од книгите ги имам прочитано The Notebook и The Last Song, а Dear John ја спремам за понатака летово. Од филмовите ги имам гледано The Notebook, Dear John и A walk to remember, а планирам набрзо да ги гледам и The Last Song и Message in a Bottle, иако знам за што се работи во нив.

    Мене лично ми се допаѓаат неговите дела, иако повеќето имаат трагичен крај. Сепак, би сакала да прочитам нешто повеќе од него.
     
    На zebralove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Од него ја имам прочитано само the last song, а филмови имам повеќе гледано (според негови книги)
     
  4. zebralove

    zebralove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Спаркс :inlove: - еден од моите најомилени писатели од кои сум вешто инспирирана и кога станува збор за неговите дела просто уживам читајќи, седнувам со книгата и веќе сум навлечена во тој негов свет на перфекции и не престанувам додека не ја прочитам книгата.
    Секако тој има повеќе од ОДЛИЧНИ дела, а потоа следат филмовите.
    Да се ужива во едно такво прекрасно дело е всушност да си дел од тој „негов„ свет, пронаоѓајки слобода, забава, вечна љубов.
    Една од моите омилени негови дела е Чекори за сеќавање, секако и филмот, иако има мали трансформации сепак главната порака е достигнена и оформена на начин на кој ние може да го прифатиме.
    Според мене делата на Спаркс достигнуваат одличен успех посебно кај тинејџерите.

    Мој совет би било однапред да ги прочитате неговите дела па потоа да следат филмовите.

    Исто така поомилени дела се „Последната песна„ , „Драг Џон„ , „Страници за нашата љубов„ , „Порака во шише„ итн.

    Се согласувате? :wasntme:
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Книгите на Николас Спаркс според мене се читаат во еден здив. Ги имам прочитано "Message in a bottle", "A walk to remember", "The notebook", "The last song" и "Dear John", а исто така ми се гледани и филмовите снимени според нив и можам да кажам дека книгите се милион пати подобри од филмовите. :)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    [​IMG][​IMG]
    Овие две ги имам читано, македонски верзии, грди преводи.

    Би сакала на англиски да ги најдам.
     
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Еден од најдобрите и најплодните автори во светот (според мене).. Имам прочитано неколку книги од него но најголем впечаток ми остави Последната песна..
     
  8. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Го обожавам Спаркс, ги имам читано неговите книги на англиски, бидејќи според мене повеќето чувства внесени во книгата се губат со самиот превод. Подобар, понепредвидлив, почувствителен писател од него нема. Толку чувства внесува во секоја книга, секоја реченица е напишана со љубов.. Човекот едноставно го бидува и си ја сака работата. Сега се размислувам да ги прочитам и неговите најнови дела.

    Sparks you rock! :rock: :inlove:
     
  9. Rexonna

    Rexonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Го сакам Спаркс како и неговите дела. Фасцинантен е! :)
    Имам гледано неколку филмови, но сепак мислам дека книгата ни ја отсликува приказната поинтересно, затоа што ликовите ги создава фантазијата.. Ги замислувам баш онакви какви што ги опишува, а сепак во мој стил. :)
     
  10. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Имам прочитано повеќе дела од Николас Спаркс. :) Ми се допаѓа начинот на кој се изразува, има многу убави мисли во неговите дела.

    Незаменлив ми е и голем романтичар. :inlove: Често неговите дела ми измамувале по некоја солза.
    Имам гледано и филмови кои се направени според неговите филмови. Добри се, но книгите се далеку подобри. :up:
     
  11. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Книги што ги имам читано се „Порака во шише„ , „Ноќите во Родант„ и „Страници за нашата љубов„.
    Лесно читливи,интересни,знаат и да насмеат и да расплачат.
    Според мене одличен писател.
    Од филмовите ги имам гледано „Драг Џон„ , „Прошетка за паметење„ , „Страници за нашата љубов„ и „Последната песна„.На сите овие филмови се испоплакав :$
     
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Книгата A walk to remember ја прочитав, и ми се допадна многу. И одма после тоа го симнав и филмот, го изгледав, ок е, но не е како книгата. :)
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Книгите на Спаркс се претерано романтични и обавезно се плаче на нив. Како и на филмовите.
    Сум прочитала неколку негови, се читаат брзо и лесно, ама се некако...претерано сапуничасти.
    Нешто што ми се допадна повеќе е На прв поглед...
    Во неговите романи мора да има некој совршен, прилагодлив, убав, згоден се нај нај...а дали навистина постои некој таков?!
    Од тоа што сум го прочитала негово, најмногу ми се допадна што немаат баш и некој среќен крај книгите...
    Сепак и кај него не е се така совршено..
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Ги имам прочитано и гледано The Last Song & A walk to remember. Многу ми се допаѓаат и двете и имам пролеано по некоја солза
     
  15. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Го обожавам Николас, преубав начин на пишување има :inlove:

    Немам читано ниедна книга од него хех, ама ќе ги читам сите по ред, со сигурност :) Само ги имам гледано филмовите од истоимените книги Dear John, The Notebook и The Last Song. Ќе ги гледам и преостанатите штом ги прочитам книгите :) Дефинитивно подобро е прво да се прочита книгата а потоа истоимениот филм


    “If you like her, if she makes you happy, and if you feel like you know her—then don’t let her go.”
    — Nicholas Sparks (Message in a Bottle)
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Николас Спаркс има убави дела.Од тоа што го имам гледано и читано најголем впечаток ми оставија Страници за нашата љубов книгата и Чекори за сеќавање филмот. Денеска го гледав Dear John али не ми остави некој голем впечаток,можеби книгата е подобра.
     
  17. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Книгете се океј, ама премногу предвидливи. Сапуница за едно попладне.
    Не се реални ликовите според мене, премногу извештачени, премногу совршени-поготово машките ликови.
    Премногу идеалистично.
     
    На Lyanna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Го обожавам Спаркс.
    Му ги имам гледано сите филмови, додека книгите не сум имала можност да ги прочитам, иако многу би сакала.
    Знае да направи прекрасна сторија, која те влече да го догледаш тоа до крај. Зборам за филмовите.
    За книгите неможам да зборам за стил на пишување, впечатоци и се' тоа, ги немам прочитано.. ама верувам дека и тие се толку добри како и филмот.

    ,,Последната песна,, (the last song) многу ми се допадна, додека ,,A walk to remember,, има многу добра сторија.
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам! Приказните му се клише, ништо оригинално.
     
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Најомилени од неговите ми се „Драги Џон“ и „Последната песна“. „Порака во шише“ ми беше малку досадна...