1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никој не ме забележува

Дискусија во 'Сингл' започната од laprincessa, 6 мај 2011.

  1. laprincessa

    laprincessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Здраво.Првпат пишувам на форумов и се надевам деќа ќе ми помогнете...
    Читав нешто слично во една друга тема но еве пак да си кажам...Имам другарки и порано додека немаа дечковци се беше океј,но одкога си фатија се се смени онака не е веќе тоа тоа.. Кога и да побарам за излегување па макар и низ маало ме одбиваат на начин што треба да се спремаат,немале време и сл.. Ги оправдувам до негде сепак имаат дечко :/.. Но не е тоа најголемиот проблем .Најголемиот проблем во целава приказна е тоа што цело време зборуваат кој како си поминал кој на кого му пишал и сл. Јас немам проблем со тоа но сепак до умерени граници и цело време си зборат за нив и нивните дечковци а јас некако почнувам да се чувствувам како некој си вишок кој само смета.Најтрагично е тоа што кога ќе искочиме негде сите ги приметуваат нив онака кој и да ми се засвиѓа мене ќе дознаам од друг дека на тој му се засвиѓала мојата другарка..И мислам дека мене никој не ме свиѓа и не ме ни заприметува..Искрено веќе почнав да губам желба за излегувања...Сакам и јас да најдам некој и да имам и јас некоја тема со нив едноставно доста ми е да бидам јас таа што е сама.. Ве молам за помош ..Благодарам однапред.
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Никој не ме забележува.

    Лапринцеса, зарем на 15 години ќе се откажеш од излегување заради банални работи???
    Ајде, насмеј се, најди некоја нова другарка излегувај и смеј се. Нормално дека никој нема да те забележи ако си тмурна цело време.
    Плус и сингл девојките си имаат предности. Ако фатиш дечко ќе си речеш кај ми требаше оваа беља.
    Немој вакви муабети и разочарувања. Другарките не се свесни како постапуваат и дека те оттргаат ама кажи им и види дали ќе се променат. Ако не ... ќе си најдеш уште некои другарки и не се секирај. ;)
     
    На laprincessa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Никој не ме забележува.

    Мое мислење е да не губеш надеж и дека не треба да се чувствуваш како да си вишок.. ТИ треба да се цениш каква и да си затоа што ако ТИ самиот се цениш и другите ќе те ценат ...мој совет пробај да најдеш некоја заедничка тема за разговор ;)

    Се надевам барем малку ти помогнав....
    П.С Ако се сетам на уште нешто повторно ќе напишам ;)
     
  4. laprincessa

    laprincessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Никој не ме забележува.

    Ви благодарам на советите ќе пробам да ги применам .. :))
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Никој не ме забележува.

    Нема потреба од тоа да се чувствуваш дека си вишок поради тоа што немаш дечко. Немора секогаш тема на разговор да бидат дечковците и љубовта. Веќе кога твоите другарки имаат дечковци можеш да им кажеш кои момчиња ти се допаѓаат па тие да помогнат малку околу тоа да се запознаете подобро. Не верувам дека ќе се чувствуваш убаво и ако имаш 10 додворувачи кои ни малку не ти се допаѓаат :) ... Несмееш да губиш желба за излегување и забава на 15 години. Цел живот е пред тебе ќе дојде време кога и ти ќе си најдеш дечко и ќе бидеш среќна :)
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Никој не ме забележува.

    И јас имам 15 години и немам дечко, но тоа ни малку не ми смета..бидејќи сама не сакам плус дома секогаш ми велат дека сум уште мала и дека има време за дечко, а тоа и не значи дека не мораш да имаш другари.. :)
    баш е најубаво да си праиш муабети со другари од машки пол бидејќи на тој начин и полесно некој ден ќе си го разбереш дечкото и не се чувствувај како вишок бидејќи ако ти нон-стоп се жалиш на тоа, и другарките така ќе мислат..и плус замисли како ќе се осеќаш еден ден на 17-18ет кога некое машко ќе те види и ќе рече А па ја знам јас, неа она уште од толку и толку оди со дечковци..и сепак тоа е мое мислење, немој да се налутиш позз ;)
     
    На Cloee, Philosopher и maja.kostovska им се допаѓа ова.
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.302
    Пол:
    Женски
    Никој не ме забележува.

    Девојко, немој воопшто тоа што немаш дечко сега додека твоите другарки имаат, да ти претставува некоја пречка за да не можеш да излегуваш и да се забавуваш како и сите твои останати врсници.

    Дечко на тие години верувај не ти треба, знам од лично искуство, преголема обврска е тоа за тие години. Јас не сум многу постара од тебе, затоа отприлика знам како стојат работите сега.

    Твоите “другарки“ ако можам така да ги наречам, не ти се вистински другарки затоа што без разлика колку и да се зафатени сега со нивните дечковци, секогаш треба да најдат време за тебе, дури и за една обична прошетка до најблиската маалска клупа. Колку што знам ако одвојат половина час минимум, нема да дојде до крај на светот. :^)
    Затоа, мој совет, не им обрнувај внимание, насочи си ги мислите и силата кон стекнување на нови, далеку подобри другарки од нив. Најважно од се` е да се чувствуваш пријатно во нечие друштво, а како што можам да видам, тебе не ти е убаво со нив.

    Овие години што ги имаш сега, никогаш повеќе нема да ти се вратат. Немој да си трошиш време и енергија размислувајќи „Што би било, АКО би било“. Така требало да биде, некој порано започнува со тие работи, некој подоцна. Но, секогаш се наоѓа некој кој што ќе не увери во тоа дека вредело чекањето, затоа нема потреба од разочарувања.
    Поготово не на 15 години, толку многу работи има кои што би направиле да се чувствуваш среќно, пробај најди си некоја занимација и не се оптоварувај уште од сега со вакви работи. :)

    Има време за се`. :*
     
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    80
    Никој не ме забележува.

    '' Никогаш не ја тргај насмeвката од твоето лице.. колку и да ти е тешко.. можеби некој ќе се заљуби во вашата насмевка баш тогаш :D ''

    Значит секогаш насмеана, опуштена, комуникативна, спремна да помогнеш, и никако да не оговараш со што само ќе си стекнуваш непријатели.. како очекуваш некој да те забележи ако цело време седиш само дома.. послушај ги овие совети и ќе видиш како ќе бидеш мн поприфатена во друштво, ќе си најдеш нови другарки, само гледај овојпат вистински, зошто вистинскиот пријател секогаш ќе најде време за тебе.. излегувај си повеќе истакнувај се над другите со своите доблести ( кои сум сигурна дека ги имаш) и ќе видиш дек не е се така црно... :D
     
  9. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Никој не ме забележува.

    Верувај, еден убав осмех ќе направи повеќе да бидеш приметена отколку 20 промени во изгледот, во право се и unlucky и teddybear. Само фурај осмех и све ќе биде во ред :hai:
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. laprincessa

    laprincessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Никој не ме забележува.

    Имам праено муабет на темава со моите и моите истото ми го зборат како и на sleepingbeauty,и потполно се согласувам со нив и знам дека се во право ,едноставно се почуствував глупаво и сакав некаде да го искажам тоа ама како и да е Фала ! :)))
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Никој не ме забележува.

    се сложувам дека не треба да имаш дечко само затоа што другите твои другаркии имале осмех на лице и уживај во слободата додека се појави некој принц ;)
     
  12. Katerine07

    Katerine07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Никој не ме забележува.

    И јас бев иста се додека не избрзав и си фатив еден идиот кој ме исмејуваше по цел ден. Сакам да ти кажам не губи надеж, секогаш има некој на кој му се допаѓаш. Можеби ти не знаеш но твоите другарки први дознаваат, тие немаат време бидејќи се во некој фазон демек они имаат дечковци и само они се на светов. Не им обрнувај внимание ако они не те почитуваат, продолжи да се бориш и не се откажувај, можеби вечерва ќе го најдеш оној вистинскиот. Само не губи надеж и биди насмеана, ќе успееш верувај ми ;)
     
  13. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Никој не ме забележува.

    Sleepingbeautу морав да те цитирам, и да те прашам за какви ги сметаш ти девојките што имаат дечко од 15 години? И јас со мојот дечко одам од 15 ипол години а сега имам 23, фала богу врската ни е прекрасна, и мн, момчиња ми се пуштале сум им кажала дека сум во врска, па никој не ме покажал со прст и не рекол еј види ја оваа уште од 15 години почнала со дечковци. Btw моја соученичка уште во основно ја започна врската со дечко и и пред некој месец се вери со истиот. ;) Мислам дека и не ти е баш на место коментарот.
    А што се однесува до laprincessa не се грижи душо се ќе се среди, разговарај со другарките, не се затворај дома, сите сме го поминале тој период, се ќе се среди, животот е пред тебе, не се обесхрабрувај еден ден ти можеби ќе бидеш од другата страна, а некоја од другарките можеби ќе се почивствува како ти сега :hug: ;) позз.
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. laprincessa

    laprincessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Никој не ме забележува.

    Во право сте,фала ви и ќе пробам да го применам тоа што ми го кажувате ! :))
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Никој не ме забележува.

    Епа ако никој не те забележува, ќе си ја исполниш желбата за невидливост :rofl:

    Шала на страна, многу пати ми се случувало ова, да не речам ептен често, ама тоа затоа што не сакам да потпаѓам под туѓо влијание и да зависам од некого. ;) подобро 1 другарка, отколку 10 на кои ќе им бидам само слуга.
     
  16. PavWellbeck72

    PavWellbeck72 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Јас до скоро исто како тебе мислев дека сум незабележана итн.. Но подоцна видов дека грешам. Среќа не многу доцна. Си најдов нова другарка и сега сме најпопуларни во целиот град. Кога ислегуваме и двете не забелеуваат. Едноставно немаме такви проблеми. Излегуваме и со други девојчиња и секогаш кога ќе застанеме на маса во некој кафич веднаш се собираат машки на нашата маса. Прво мислев дека имам ужасен проблем да направам некој дечко да ме засака. Сега немам проблем со машките. Имав 2 момчиња но не ми се свиѓаше во врска па затоа сум со машките само на „шмек“. Тоа е многу поинтересно. Не си обврзана со врска а имаш некој кој ти посветува внимание и ти го дава целото свое време итн. Нашето друштво си имаме свое мото: никогаш да не забораваме на другарувањето заради дечко. Тоа е прво многу глупо а после многу боли кога всушност ќе видиш дека дечко ти не те ферма. А немој ни случајно да си ставаш на ум мисли дека си погрда од другите или не се облекуваш така како нив... Имај си свој стил и не дозволувај никој да ти командува едноставно и да грешиш направи другите да мислат дека си во право. Манипулирај не се заљубувај. Не оди со многу машки и не прави никој љубоморен. Сами ќе трчаат по тебе ќе видиш. Само смеј се и прави како да ти е се на место и да не ти е, не се замарај за ништо кулирај ^^ едноставно уживај. Флертувај со машките кога излегуваш и дај му до знаење дека ти се допаѓа. Секако дека ќе наседне. Се разбира и надворешниот изглед има значење. Па облечи си пократко фустанче ( ама не многу кратко ), стави си малку шминка ( одвај приметно ), накит ова она.. И тргни во акција! Биди си самоуверена исто како да си го освоила светот! Чекори гордо и исправено и не обрнувај внимание на несовршеностите бидејќи и онака никој нема да ги примети.
     
    На plawa, ani22, easyyyyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Sleepingbeautу морав да те цитирам, и да те прашам за какви ги сметаш ти девојките што имаат дечко од 15 години? И јас со мојот дечко одам од 15 ипол години а сега имам 23, фала богу врската ни е прекрасна, и мн, момчиња ми се пуштале сум им кажала дека сум во врска, па никој не ме покажал со прст и не рекол еј види ја оваа уште од 15 години почнала со дечковци. Btw моја соученичка уште во основно ја започна врската со дечко и и пред некој месец се вери со истиот. ;) Мислам дека и не ти е баш на место коментарот.


    Значи како прво, јас не зборев за тебе или другарка ти поточно туку општо... секоја чест ако е така како што велиш за твојата врсkа, но јас зборував за девојчиња на кои тоа им е единствената занимација и кои ги мењаат машките како чорапи(а мн такви познавам) и плус ако не си една од нив, зошто се навредуваш? Јас во ниту еден ммент не потенцирав никого, а крај краева секој има право на свое мислење...
     
  18. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Леле колку ми е мака кога ќе видам некој толку млад како се депримира за вакви глупости...
    Јас дечко на овие години не сакам да имам... Од твојот пост забележав дека ти сакаш да имаш дечко бидејќи другарките имале па се чувствуваш лошо, јас не ги сфаќам твоите „другарки“ како можат да не излезат со другарка им кога била покрај нив кога биле сингл,а сега постојано како намерно да ти зборуваат. Веројатно и тие се на твоја возраст и не им ја разбирам нивната „опседнатост“ да разговараат само за нив?! Тоа ми е малку нездраво... Како и да е најди си нови другарки тоа од се срце ти го препорачувам. Некои кои можеби не се сингл,но се независни од дечковците и секој втор збор не им е како бла бла дечко ми вака бла бла дечко ми така... Или најди си некоајс ингл ако толку сакаш да имаш врска заедно одите во „лов“ насмевни се и уживај ова се прекрасни години кои сум сигурна дека не сакаш на ова да ги потрошиш. :)
     
  19. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Sleeping beauty да не те цитирам пак со тоа што те цитирав сакав да го потенцирам болдираното бидејќи како што кажав и јас на 15 ипол години фатив дечко а никој не рекол еј види ја од 15 години има дечко. Секако со памет :) Нема ништо лошо во тоа но јас те сфатив како ти на девојчето му викаш ко демек ај што ќе ти е дечко за две три години ќе те покажуваат демек од 15 години бркаше дечковци, па бидејќи јас сум исклучок затоа цитирав и прашав пошто и мене да си ме видела на 18 може ќе си ме покажела ејј оваа што имаше дечко уште пред три години :D и океј е без нервози го добив одговорот дека си мислела на девојки кои менуваат дечковци ко чорапи. :) ;) секое добро позз.
     
  20. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    ок, е сарасвит и јас малце сфати сериозно... ;) :*