Имај повеќе самодоверба! Смеј се и биди задоволна! Пробај да зрачиш али вистински од внатре. И не се замарај со тоа за дечко кога нема да се замараш и надеваш ќе ти се појави кога најмалку очекуваш
Decki zosto i jas taka mislam deka nikoj ne me zabelezuva Izleguvam niz carsija(ama dobro ne ona najcesto)..A sakam da si fatam decko no kakoo? Koga ke vidam nekoi sto ke udarat vo vrata imaat decko i muvaci(zaedno vo isto vreme) sekogas ostanuvam bez zbor.Aman mi e veke!
Од моево (не)скромно искуство со примероци од посилниот пол, како и со „борбите“ за популарност со моите врснички, научив една многу важна работа. Колку помалку изгледа дека се замараш, толку повеќе ќе ти се лепат. Без разлика на полот, на луѓето им се попривлечни личности што не трчкараат по секој газ и не ја исполнуваат секоја желба, дозволувајќи да им го погазат гласот во друштвото. Најди си хоби, нешто што те исполнува и ти одзема време. Така добар дел од времето ќе си го посветуваш на тебе и на ТВОИТЕ желби, а и тие околу тебе ќе сфатат дека си личност што знае да се погрижи за своите потреби. И за момчињата е исто, многу е попривлечно кога ќе види дека себеси се ставаш на прво место, дека имаш занимација во животот освен да киснеш на фејсбук и да го тераш да се ставите „ин а рилејшншит“. Прво изгради си го своето Јас, научи да си удоволуваш, нафрли една насмевка, и чекај го резултатот.
Ако другарките ти имаат дечко, не значи дека и ти треба да имаш само ради тоа шо тие не те дружат! Тогаш тие особи не можеш ни да ги наречеш ДРУГАРКИ, пошо другарките се секогаш со тебе без разлика дали имаат дечко или се сингл Така шо, мој совет ти е да запознаеш нови другарки, овојпат вистински според твојата реална проценка, со кои ќе можеш да бидеш блиска без разлика на љубовниот статус Искочи у град, запознај и некои згодни дечки.. На твоја возраст и не е баш препорачливо да имаш дечко, сакам да кажам, не ти се потребни тие проблеми уште од оваа возраст ! Искулирај го овој период од животот (во кој сум и јас, и немам дечко, и имам другарки кои се покрај мене а не кои се опсесионирани со нивните дечковци..) и уживај малце.. опушти се ! не се разочарувај за вакви работа, не вреди !
Еве јас те заприметвам јас сум машко . Искрено грешката е во тебе и општо во сите жени дека сте стварно желни за внимание, а кога некој ќе ви го пружи вие тогаш го понижувате и му се исмејавате, еднаш, двапати, три пати и опп сама си... е сама си! ГРЕШкАТА БАРАЈ ЈА ВО ТЕБЕ
Мислам дека се ќе си дојде на свое место со тек на време. Не фаќај дечко само затоа што другите имаат...туку затоа што си спремна!
Сличен проблем имав подолго време.. Но дојде период кога си ги ослободив мислите, прекинав да се преоптеретувам со тоа и само по себе се си дојде.. Така да немој да се замараш многу, најди си некое хоби, занимација да не мислиш цело време на тоа и Chill се само по себе ќе си дојде )
Не значи дека ако другите имаат дечко дека треба и ти веднаш да си фатиш! Уживај си во слободата, имаш 15 години! Цел живот е пред тебе, ехеее ке имаш време за се. Ке се наместат коцките. А зарем не си помислила дека си можеби многу ладна па се плашат да ти пријдат? Ако е така тогаш биди поотворена и поопуштена. Но никогаш немој на послужавник да се дадеш тоа е big turn off. Кога ке почнат да разговараат за дечковци тие твои другарки зошто ти да не истакнеш колку е добро да си сингл? Или пак сврти тема.
Ке дојде крај на тиа врски еден ден(не верувам дека имате повеке од 16). Ајде едноставно заборави ги и ти нив дека постојат и сврти нова страница. Сигурно имаш уште многу многу други пријателки со кој можиш да испадниш, макар и братучедки.. Како и дае опушти се малку, биди секогаш позитивна ке си дојде се со време. Рано ти е за дечко и јас го немам иако сум 18 и баш ми е лајт! Потруди се да најдиш ново друштво останатото ке си дојде само со себе
Самодовербата е клучот, треба да веруваш во себе повеќе. Ако се сакаш себеси и другите ќе те сакаат. Пробај секогаш да бидеш насмеана и да зрачиш со позитивна енергија. Размислувај позитивно. Излегувај и дружи се, биди опуштена и отворена за нови познанства. И уште нешто многу важно, не мора да значи дека ако твоите другарки имаат дечко мора и ти да го имаш. Едноставно не се замарај толку со тоа, не се оптеретувај и тоа што е твое ќе си дојде, можеби и кога најмалку ќе очекуваш.
aj кога ќе излезеш од дома, отидеш да прошеташ, онака, заврти се малку околу себе и погледни, кажи ми дали сите се во пар или дали бар поголем дел од тие парови се среќни. љубов ниту личност не се придобива со сила ниту тогаш кога сакаш. се е во свое време и се баш спонтано. освен тоа многу луѓе претеруваат кога зборуваат за искуствата и врските. не голтај се, не ти требаат нивни остатоци. и добро би било да престанеш себе си да си вршиш притисок со истото. нема да останеш сама, има и за тебе сигурно некој. втора работа, ти си во фаза на промени, ти работат хормоните. се губиш, да не речам скоро ги имаш сите симптоми на анксиозност. имаш нереална слика за себе, внатрешен страв. без разлика на се, не би требало воопшто да ти е непријатно и да се оддалечиш од друштвото. како ќе се однесуваш така ќе се однесуваат и тие. опушти се и уживај. отвори се, разговарај со нив, кажи им што те мачи, каде грешат. направи да те забележат. толку ли е тешко ова?
јас имам 18 години и немам дечко.. па и ок ми е вака сите мои другарки имаат и од кога фатија воопшто не ме фермаат, но гордо продолжувам.. сами си дадоја слика за тоа колку се вистински другарки.. ќе им затребам ,касно ќе биде а за дечко воопшто не се секирај ќе најдеш се во свое време
Душо твоите другарки се за никаде. Ќе си најдеш и ти дечко не се секирај, а тие нека се фалат колку сакаат( кој високо лета ниско паѓа). Излегувај си со некој нови другарки дотерувај се, оди си во шопинг разубавувај се ќе те заприметуваат и ќе трчаат по тебе, па ќе видиш после кој на кого ќе се фали
Јас не знам што се замараш и зошто воопшто се дружиш со такви персони кои што немаат време за тебе... Бар за еден обичен пријателски разговор... Едноставно е многу - кажи им дека не се чувствуваш убаво во друштвото, па ако се вистински другарки ќе најдат некој начин за надминување на проблемот... Кога си со нив, смени ја ти сама темата и почни некоја друга тема, тебе што ти одговара... И воопшто да не се замараш затоа што немаш дечко... Ќе си фатиш и дечко, се во свое време.. Уживај во младоста додека можеш, има време за дечковци... Верувам дека ти е непријатно затоа што тие имаат дечковци, а ти не, и секако немате заеднички теми за разговор, многу девојки се нашле во таква ситуација, али ти почни да си излегуваш, биди природна, и се ќе биде ок
Oд коа напраив нов Фејсбук никој не ме ни приметува, порано поише се дружев излегував сега како од све да се елиминирав, сите ми викаат се изгуби ова она, а сега и да се трудам ништо не постигнувам, како сите да ми имаат фрлено камен , се осеќам како најизгубена и најбедна од сите..никој не ме приметува..некад толку ке се разочарам што ке плачам по цел ден дома..немам ни другарка асална, ја дека сум од друг град а учам у скопје и имам таму неколку другарки ама моиве не ме пуштаат нонстоп у скопје да останувам а и башка глупо е да киснам кај иста другарка..тука у мојов град све себични некои све накурчени такви..незнам више , се осеќам како да ми се срушило све и све што правам е прогрешно..:// помагајте. !
Фани немој да си тажна, на секој му се случило некогаш во животот да се чувствува така, осамен, тажен, дека никој не го сака , дека на никој не му е потребен и слично.... дружи се со тие што ти оди муабетот ,што имаш заеднички теми за разговор, слични интереси... сигурно си комуникативна, најди начин да си го прошириш кругот на пријатели.... само не сфатив зошто имаш нов фејсбук профил....имаше пртходно друг и го избриша??
Фани, сите поминуваме период во својот живот каде што се чувствуваме занемарени, изолирани, непотребни.. Велиш дека порано повеќе си се дружила, па зошто не пробаш пак да се дружиш како порано? Во денешно време веќе ретки се луѓето што не се себични, не се лицемерни, не гледаат само за себе. Има луѓе многу, но ретко кој е човек. Ако твоите другарки се себични и ако не сакаш да се дружиш со нив, не мораш. И што има лошо во тоа да киснеш кај една иста другарка постојано? Ако таа ти е навистина другарка, ако се чувствуваш убаво, пријатно со неа, зошто да не? Секако ако и на неа не и смета тоа. И еве велиш во Скопје учиш. Па Скопје не е мал град. Изгледувај, дружи се, запознавај нови личности, можеби ќе си најдеш и друштво соодветно за тебе.
Доколку твоите "другарки" така ти прават,не ти се вистински друграки!Пробај да разговараш со нив,но доколку и по разговорот не се промени ништо,најди си ново друштво,со кое ќе се забавуваш,а не да се нервираш!Само уживај во животот,се ќе си дојде само по себе!
Same situation Само на моите „другарки“ им текнува на мене кога ќе се скараат со дечковците, и баш кај мене се жалат, таа со „многу“ (читај:никакво) искуство. И да не одам оф топик: Имам 15 години, и досега сум немала дечко ! На моменти ми пречи тоа, понекогаш дури и плачам зошто мислам дека никој не ме забележува. Но потоа ми текнува на фразата: No boyfriend, No problems ! И продолжувам понатаму