What goes around,comes around тие што ти прават лице сами себеси се залажуваат дека тоа им успеало,ама не се грижи за секого на светов има сродна душа и вистински пријател
И јас се имам соочувано со истиот проблем.Да тешко е,и сосема те разбирам. Но сепак мислам дека има нешто повеќе во самодовербата. Не те знам,но според ова што го пишуваш ми личиш на повлечено девојче.Она што сакам да го кажам е биди посамоуверена.Ако мислиш дека нешто не е како што треба смени го.Не мислам во негативна смисла(да почнеш со екстра миничи,деколтеа и слично).Мислам во врска со косата,смени фризура,облечи штикли.Престани да се чуствуваш како вишок.Можеби другите не сметаат така,можеби само ти го чуствуваш тоа. А никогаш и не знаеш дали некој те мерка или те забележува. Се ќе си дојде на место,според мое мислење.
И јас имам една другарка..значи сите ја приметуват..Не ми е баш најдобра ама онака се дружеме..А кога ке излезам на школо или од школо мојте две другарки само си зборат кој на кого пишал,како си поминале со де4ковците/муа4ите..и тоа ме праве да се чувствувам глупаво..оти јас немам никаков разговор со нив за т.н љубовни разговори Или кога одеме накај школото мојта најдобра другарка ми кажува како си поминала..што како било до детал ..ама ете јас кога си немам никој..ке си траам и ке слушам! Иначе не се секирај,не си единствена со ваков случај
[...Ич да не се нервирате .Бре не ве забележувале а мислите тие другарките се многу интересни па момчињата трчаат по нив.Можеби не ви е во стилот да се наметнувате ама сигурна сум дека свакате не е само тоа тема на разговор момчиња.Треба да им кажете дека има и многу други работи за разговарање освен му пишав ,ми пиша.Главите горе знам сте свесни дека сте повеке вредни од некои персони како што погоре ви пишале..
Си знам дека не сум убава,и дека сум многу отворена и без влакна на јазикот.И дека ниедно машко не би ме погледнало..Денеска бев излезена со една другарка и помнуеме и еден дечко нејзе ја засвиѓал..па неговиот другар ми се пушташе као демек на мене за да му кажам дали и она го свиѓа него.И што ми падна ептен тешко е тоа што на крај ми рече батали и онака пробуев да ги спојам другар ми и другарка ти! И јас комотно можам да кажам дека сум секогаш насмеана,отворена,секогаш тука да пружи помош и покрај сево ова никој не ме забележува,ама ај нема врска
Како прво СИ УБАВА - и немој повеќе да го негираш тоа бидејќи секој од нас си е убав на свој начин и во денешно време со мала посветеност на изгледот секој може да изгледа добро. Тоа што не ти се допаѓа во твојот изглед ПРОМЕНИ ГО! Е сега ако некој не те свиѓа тука неможеш ништо. Сигурно има машки што ти не ги свиѓаш и не ти се убави па тоа незначи дека никој не ги свиѓа и дека на никоја не и се убави.
Се сложувам со тебе сед ангел значи дефинитивно е точно дека во денешно време ос мала корекција секој може да биде убав! Битна е внатрешноста... Но, тоа неможев да и го докажам на мојата најдобра другарка воедно и блиску живееме па ептен сме си блиски. Малце е буцкаста но ете не ја можеби усовршила техниката на разубавување па беше убедена дека е грозна. Ја убедував јас дека е симпатична ама бе бре ко магаре пред мост. И синоќа сме се собрале ние другарките и мене ми пукна филмот и и велам седни на столчево бре. Седна и и направавив од таа пунџичката со чорапче внатре и толку и беше убаво па и ставивме малце сјај симел и маалце моливче. Абббреее лепота светна девојчето а и висока е, лепотица за разлика од претходно. И се поднаперендивме и слеговме и кога тие прчлите што се филмаа многу убави биле кога ја видоа лелее очи не тргнаа од неа. Уф што ми е мило оти се љубоморни некој ден ќе исцркнат, а и таа конечно свати дека секој може надворешно да биде убав , а за внатрешност како нејзината човек може само да сонува и пресреќна сум
Секогаш во животот постојат такви периоди. Ако си заприметила, некогаш немаш никого а потоа ти доаѓаат неколку и си мислиш леле подобро ниеден да се појавеше отколку повеќе меѓу кои не можам да се одлучам. Немој да се секираш, башка млада си. За вакви работи треба да се грижат повозрасни жени, ти го имаш целиот живот пред себе
не си единствена. во последниов период се чуствувам како црна офца, и толку ми е тешко поради сето тоа. ќе полудам -.--------
Кога имате ваков период, нема да змилоте по форуми и да се жалите! Првин ќе се погледнете в огледало , што треба да се исправи ќе се исправи. За бога милога зошто постојат шминки?? Послем тоа ќе изчезете надвор и да не си ја заборавите насмевката, наважен акцесоар ви е! Па ќе излезете ќе се дружите, ќе бидете позитина и верувам на некој за око ќе му се фатите :Р
Значи не за џабе викаат дека она што самата го мислиш за себе се проектира автоматски врз луѓето, ако вие самите се сметате за грди , непривлечни таков впечаток и ќе оставате кај другите. Убавината доаѓа од внатре, прво треба да научите да се сакате себе си со сите свои мани и доблести, да верувате во себе и да си ја набилдате самодовербата. Најдете си начин како. Јас многу пати се имам чудено како некои не толку убави девојки ги сметаат за привлечни, ама нивно главно оружје е баш тоа- си се сакаат бре со се сите нивни мани и си се убедени дека се убави! Тоа вас ви треба. Нема човек што не ужива во друштво на насмеани, весели и самоуверени девојки. Значи прво работете на внатрешноста, а надворешноста е полесна работа, но сепак треба и на неа да се внимава.
А што кога покрај твоите другарки никој не ве приметува?Имам плави другарки и секаде дречат,ја не се ни приметувам.Морам нешто да променам кај себе,дали плава и јас да се правам или да почнам во подреч да се облакам,стварно незнам.Јас сум така поповлечена,треба со некој подолго да се знам за да можам асален муабет да направам,но и безразлика на тоа,секогаш кое машко да дојде паѓаат во очи дека се плави.Тоа што највише ме нервира е дека знам дека сум поубава од нив,но они се посредени(фарбани,шминкани секој ден...)И јас се шминкам,но понекад само.Ипак мора со нешто да се отворам.Многу сум темна вака покрај нив и не се приметувам па дали мислите ако и јас се исфарбам плава ке ме отвори или можеби на некој друг начин да пробам?
девојче ти каква сакаш исфарбај се тоа ништо не менува.не го барај проблемот во бојата на косата на твоите пријателки туку во себе.запрашај се што не е во ред дали во твоето однесување или можеби не обрнуваш доволно внимание на твојот физички изглед.
Девојче јас плави не ни погледнувам, бринетите ми се на пиедестал. Фарбана плава коса ми изгледа во најмала рака неубаво. Така да тоа е индивидуално, па ако гравитираш на места со повеќе луѓе имаш еднакви шанси во тој поглед. Друга работа е како се чувствуваш. Биди опуштена, насмеана, полна самодоверба. Си пробала да се насмевнеш на некој дечко што ти се видел симпатичен? Барем малку, срамежливо? Кога разговараш биди енергична, фрлај по некоја насмевка од време на време, ама жива. Знаеш како некогаш кога ќе се насмевнеш, па кривата линија ќе ги зафати очите и целото лице добива на живост и убавина? Е баш таква треба да си во секое време.
Cloee не е важно дали си плава или црна. Дури, уште повеќе затоа што сите твои другарки се плави , ти се издвојуваш. И како што некои од нас сакаат црни, некои плави момчиња, така и дечките си имаат различен вкус , и за секого има по некој. Ако имаш желба да бидеш плава и мислиш дека добро ќе ти стои, офарбај се. Најважно е да се сакаш таква каква што си, да се прифатиш себеси, и ако нешто си препознаеш како маана, да работиш на тоа. Јас мислам дека кај тебе највеќе е мана твојата повлеченост, иако не е ни тоа лошо, но сепак си изгледа понепристапна и делуваш на непознатите како не многу комуникативна , па затоа и за некои помалку интересна... Тоа што на некои кај тебе не им се допаѓа, на некој ќе биде баш тоа што ќе му се допадне. А не е толку важно кој е на прв поглед поупадлив , туку кој ќе успее да го задржи погледот на себе.
Cloee биди своја, насмеана, весела, ведра (кога така се чувстувуваш). не се угледувај на твоите другарки, може да се плави или не знам какви, момчињата да се вртат по нив а тие пак да не се среќни. Најважно од се е да бидеш своја и да правиш работи што тебе ти се допаѓаат (а не за некој друг). Биди посебна, уникатна!
Косата и шминката се секундарни, цртите на лицето се на прво место што се приметува исто како и погледот. Aко е некоја несимпатична или намќор 100 шминки нема да и донесат поголемо внимание од некоја ненашминкана а весела и згодна девојка. Згодна бринета секогаш ќе биде поприметлива од ружна плавуша (ова како релативни поими зашто секој за себе одлучува што му е или не убаво кај некој друг). Шминката и косата се шлагот на тортата но не се самата торта . Ти самата си спомна дека си несамоуверена, срамежлива, повлечена и здрвена во ново друштво и ако твоите плави другарки се поотворени ете го нивниот рецепт, имаат поголема самодоверба и се поотворени во комуникација со нови луѓе. Размисли зашто си срамежлива и несамоуверена и корегирај се што побргу, ако имаш природна убавина многу подобро ќе ја истакнеш со комуникација него да седиш повлечена во ќош. Отвори се ќе се отворат и другите зашто вака те мислат за недостапна а не за срамежлива. Ако мислиш дека ќе ти стои подобро плава коса офарбај се, ако ти се допаѓа да се шминкаш шминкај се па ќе видиш како ќе оди (ако те направи посамоуверена уште подобро) но промената на однесувањето и поотворен пристап во комуникацијата со колеги и другари нека ти биде примарна цел . И се разбира keep smiling
Офф леле, девојчево дури и на аватарот ставила плавуша Не бе мила, нема врска бојата на косата, баш напротив - правите машки ги сакаат девојките кои не следат слепо правила на општество и друштво, и кои се чувствуваат доволно самоуверени да бидат „различни“, а сепак нормални. Тебе ко за старт ти треба насмевка....да дадеш до знаење дека си отворена за пријателства, а не да се фарбаш плаво, да носиш миничи и да бидеш нападна за да привлечиш некој. Оддавај дека си во мир со себе, чувствувај се лагодно и кога стоиш сама и кога си во друштво со другарките, и секогаш, ама СЕКОГАШ имај позитивно мислење за себе, без разлика на бројот на удварачи и машки кои се вртат околу тебе. Не можеш да не успееш
Па еве обратна приказна, мојата приказна е обратна од твојата, имам две многу блиски другарки,бринети, двете се лепотици и двете имаат дечковци едната има со години веќе и е среќно вљубена, другата има еден куп додворувачи секоја втора недела различен мува. Па ете јас сум плава, природно плава,висока, со светли очи. Па ете немам никого. И мене никој не ме забележува. Едно време тоа го сфаќав многу трагично, ама кога видов што ги привлекува 99% од машките кај девојките околу мене, помислив поарно да не ме забележуваат и јас така да се доживувам, отколку да ме забележуваат по нешто такво. Сепак научив да се опуштам и да се смеам, за самодоверба, знам дека сум подобра и позрела , за поубава , па да имам поубави очи од двете, добро малку сум подебелка, немам 8ка стомачни... ама ете, можам секого да го насмеам и секој покрај мене се осеќа опуштено бидејќи можи да разговара со мене за што сака. Секој си има свои маани и доблести. Ете искористи ја твојата страмежливост , претвори ја во мистериозност и таинтвеност, многу од машките паѓаат на девојки кои им делуваат мистериозно и таинствено.Секој сака слатка повлечена девојка. Машките сакаат да ловат и да освојуваат, ако е премногу отворена , едностано не им е толку интересна, супер е за тие со се близнаци и лавови во хороскоп(енергичната и отворената како што се наводно плавушите и твоите другарки што дречат), ама сепак генерално машките сакат да ги освојуваат девојките не сами на некој начин да им се подадат. Ете и ти можиш да искористиш многу работи што ги сметаш за маани во своја корист. Опушти се биди ти и немој во никој случај да се фарбаш. Жолтата исушена исфарбана коса, не делува за никого привлечно.
Дај жити се не мешај хороскопи и баба Ванѓи -.- За девојката.. Се само тебе така ти се чини. Кога ќе престанеш да се замараш со вакви работи, тогаш ќе забележиш и промена во односот на другите кон тебе. Само релаксирано и коцките сами ти се редат. Уствари, ти се жалиш, но верувај некој се би дал да не биде приметуван секој ден од небитни и досадни фаци.