Ник Кејв (енд д бед сиидс)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Trnche, 7 ноември 2012.

  1. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    238
    Nick Cave е роден на 22 септември 1957 година во Австралија. Тој е музичар, текстописец, автор, композитор и повремено се појавува во мали филмски улоги.
    Се прославува во 1983 година како фронтмен на бендот Nick Cave and the Bad Seeds. Во 2006 година го оформува својот т.н. проект, бендот Grinderman.
    Да не пишувам целосна биографија, верувам дека тие што го слушаат знаат, а останатите доколку ги интересира има се на нет. Мене ме запознаа со човеков и неговата поезија некаде 8-мо одделение. Ми го претставија на следниов начин - Ако сакаш да знаеш што е добра музика, запознај се со тројцата кралеви - Ник Кејв, Том Вејтс (Tom Waits) и Леонард Коен (Leonard Cohen). И бидна. Нашата љубов трае до ден денешен. Човекот е прав поет, текстовите му се чиста поезија, има објавено и неколку книги поезија, гласот му е моќен, појавата не му се опишува, енергијата и динамиката што ги носи во настапите во живо просто убиваат. Да не должам многу, верувам дека на повеќето неговото име им е познато од неговиот дует со Кајли Миног:
    http://www.youtube.com/watch?v=__obh4w6tD8

    Ова колку да го препознаете. Инаку, јас имам се` живо и диво од човеков, и топло ви го препорачувам следново:
    http://www.youtube.com/watch?v=kUlgN__Jrxk

    http://www.youtube.com/watch?v=wrjmcyaBYoY

    http://www.youtube.com/watch?v=DcJGalE3vn0

    http://www.youtube.com/watch?v=HBAYr73mlTk

    Има уште многу прекрасни песни од него, ма што да одберете да слушнете ви гарантирам дека нема да зажалите. Исто, посветете малку внимание на текстовите, ќе се изненадите пријатно. И ајде да не продолжам, бидејќи може и 20 поста за него да напишам :D Се извинувам за долгиот пост и да ве предупредам дека во блиска иднина кога ќе имам повеќе време ќе отворам теми и за горенаведените Tom Waits, Leonard Cohen и Johnny Cash :D (ова за да не мислите дека спамирам, туку едноставно сакам да имаме на форумов и теми за добри музичари :$ )
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    Браво :clap: на кратко да пишам, немам време :tmi:
    Ник Кејв го запознав преку Faraway so close и истоимениот филм на Вим Вендерс. Ник Кејв ми е совршенство за пролет, за врнежливи денови во есен, за цутење и снегови, за романтика и осаменост, за забава, за танцување, за исполнување душа, топлина, те гушка... Многу работи е Ник Кејв, безвремена музика, прекрасни стихови, поезија и љубов, љубовник и непријател. Еднаш спомнав, колку добро би било секоја жена да има бар по еден Ник Кејв во својот живот. Од мене, во брзање :)
    http://www.youtube.com/watch?v=CmgZp8OZUZU
     
    На HeartlySmile и Trnche им се допаѓа ова.
  3. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Не го слушам Ник Кејв баш редовно и не ги знам сите негови песни. Но, сепак една од нај нај нај омилените песни ми е токму од него... :)