1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нилска треска

Дискусија во 'Канта' започната од Nana19, 27 септември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Не најдов ваква тема затоа ја отворив оваа но ако има друга слободно затворете ја...Ја отворив оваа тема бидејки ме фати страВ од оваа нилска треска, прееска видов на нет дека во Македониа веке ја има втората жртва од оваа болест и дека била донесена од Грција....АМАН...Првин свински грип, па којзи па незнам шо веке нема да се појави...Пред неколки години освен за настинки и некои непреносливи болести не сме знаеле за вакви глупости...На што е последица ова ?

    МАКЕДОНИЈА

    20.09.2012, 14:12
    Жена починала од западно-нилска треска на скопската Инфективна клиника, заразени маж и дете

    Кај три лица по направени лабораториски анализи се добиени позитивни резултати за присуство на западнонилска треска. Две лица биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје од кои едното починало во текот на вчерашниот ден со дијагноза енцефалитис на возраст од 53 години.

    Oва денеска на прес-конференција во Клиниката го истакна министерот за здравство Никола Тодоров согласно информациите добиени од Инстутот за јавно здравје на Македонија.

    - Станува збор за ризичен пациент кој претходно боледувал од дијабетес, хиптертензија и зголемена телесна тежина. Лицето на Клиниката било хоспитализирано од 11 септември. Второто лице е на возраст од 66 години со дијагноза менингоенцефалитис и во моментов е во добра општа состојба, во фаза на излекување. Третото лице е дете хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, родено 2005 година, со дијагноза менингитис и тоа е во добра општа состојба и во фаза на излекување, рече Тодоров.

    Со направените анализи, посочи тој, се потврдува присуството на вирусот на западнонилска треска и во Македонија како и во поголемиот дел од соседните земји - Грција, Србија, Хрватска, како и во Романија, Русија, Италија, САД итн.

    - Минатата година беа докажани четири позитивни случаи на западнонилска треска кои беа успешно излекувани. Западнонилската треска е заразно заболување кое се пренесува на човек при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања од кои најопасното е менингитис, енцефалитис и полиомиелитис (парализа), потенцира Тодоров.

    Тој истакна дека досега се преземени превентивни мерки односно подготвен е Акциски план за превенција од вектор-преносливи болести со посебен акцент на комарци и крлежи.

    - Во над 70 проценти од општините извршено е мапирање на теренот, исушување на застоени води и спроведена е ларвицидна и адултна дезинсекција (дел авионски и дел од земја), која е докажана најдобра превентивна мерка за уништување на комарците. Подготвени се брошури за населението со информативно-едукативни мерки за превенција од каснување (сушење на застоени води, бари, поставување мрежи на прозорци и врати за заштита со средства против комарци, додаде Тодоров.

    Директорот на Инфективната клиника, Звонко Миленковиќ рече дека лекувањето на пациентите не подразбира само лекови, туку услови за лекување, персонал и обучен кадар.

    - При вакво лекување не постои каузална терапија. Клиниката долго време и целиот здравствен систем веќе две години се подготвуваа за ваков одговор, додаде Миленковиќ.

    Голубинка Бошевска од Институт за јавно здравје истакна дека примероци од лабораториските анализи ќе бидат испратени во Роберт Кох во Берлин каде ќе се направи обид за изолација на вирусот и ќе се утврди за кој тип се работи.

    Во Грција досега се потврдени 129 случаи на заболени од западнонилска треска од кои осум се починати, во Србија досега 30 лица се заболени од кои пет се починати, а во Хрватска има регистрирано три случаи на заболени.

    Во Европа има повеќе од 529 случаи на инфекции со западнонилскиот вирус. Во САД се регистрирани над 2.636 заболени од кои 118 се починати.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.