Nirvana била популарна американска гранџ група, основана во 1987 година во Абердин, Вашингтон. Со нивната рокенрол химна „Smells Like Teen Spirit“ од албумот Nevermind, тие експлодираа во мејнстримот, популаризирајќи го новиот жанр во рокенролот наречен Гранџ од страна на фановите и медиумите. Заедно со нивните врсници од Сиетл, бендовите како што се Alice in Chains, Pearl Jam, и Soundgarden, гранџот станал доминантен во музиката во периодот од почетокот на 90-тите до некаде 1997 година. Курт Кобејн (Kurt Cobain) од страна на медиумите бил опишуван како гласноговорник на една генерација, а неговиот бенд како знаменосци на „Генерацијата Икс“. Кобејн ја негирал таа позиција што му била доделена, и продолжил да се фокусира на музиката на својот бенд, издавајќи го нивниот албум In Utero. Иако мејнстрим популарноста на Нирвана беше во опаѓање, нивната најверна публика останала и понатаму верна. Краткиот излет на Нирвана заврши со смртта на Кобејн во 1994, но популарноста на бендот продолжила и по неговата смрт. Осум години по смртта на Кобејн, незавршена демо снимка која што бендот ја снимил во 1994, почнала да ги освојува топ листите во 2002 година. Од нивниот почеток, сè досега, тие имаат продадено преку 50 милиони плочи, вклучувајќи 10 милиони од Nevermind само во САД. Присутноста на Nirvana на радио листите останува непроменета. *Превземено од http://mk.wikipedia.org/wiki/Nirvana За мене се феноменален бенд чии песни се слушале, се слушаат, а се надевам и дека ќе се слушаат генерации и генерации понатака. Најзаслужен се разбира дека е Курт Кобејн, кој пред се многу го почитувам како човек. Еден и единствен, незаменлив на сцена и одличен вокал. Лошо е тоа што бил посветен на хероинот. Има многу докази дека всушност Курт и не се самоубил, туку бил убиен од пријатели на Кортни. Но не ја гледам причината зошто полицијата би приктивала докази, не гледам цел. Но сепак би умрел од предозираност. Што мислите за Нирвана ? Сметам дека има многу да се зборува на темава.
Нирвана - легенди на гранџот. Мене ми будат премногу спомени, бев дете тогаш кога се појавија, и ги обожававме многу, дури премногу, шутки се правеа на нив правилно во локални клубчиња и мислам дека немаше тогаш човек кој не знаеше да ја испее цела Smells Like Teen Spirit. Јас сепак најмногу ја сакам Rape Me ептен ме орасположува во билокое време на некојси чуден начин - сепак песната не е нели „птички пеат во парк и цвеќенца цветаат“ Браво Вајлд за темава повторно ме врати назад во 90тите, а Нирвана се секако еден од најдобрите рок бендови кои иако беа кратко на сцена сепак оставија голема трага во едно убаво време. Штета за Курт, преголема. А кревам палец за поранешниот нивен член Dave Grohl, ептен ги сакам Foo Fighters, ама тоа е веќе друга тема
Ќе ви кажам без да ве лажам (ептен поетски расположена ): Им ја знам само Smells like teen spirit, а за Rape me, да не прочитав во постот на Пирамид, никогаш не ќе ми текнеше дека е нивна. Ет така една исповед. Иначе музикава нивна би можела да ја слушам само во моменти на нервоза, пошо агресивна ми е некако.
Нема ден да не си пуштам некоја песна од Нирвана на јутјуб. Кога сум раположена - се знае, смелс лајк тин спирит . Периодов навлечена сум на Абаут а грл, а мнооогу ја сакам и Кам ез ју ар.
Смелс лајк тин спирит, најака песна, секогаш ја пуштам кога сум расположена, и кога пијам, едноставно ми дава енергија таа песна, како и на видео спотот, Курт и јас лудувам наоколо, ама не со гитара, туку со нешто што ке ми се најде во близина....хехехе
http://www.youtube.com/watch?v=vabnZ9-ex7o&ob=av2e ја обожаваааааааамммм!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
do sega site komentari na temava se za albumot nevermind a ne za nirvana, site go znaat imeto ama vo muzikata nikoj im nema navlezeno... duhot na nirvana ne se naogja vo iskomercijaliziranite pesni tuku podlaboko vo istorijata! kade se drugite albumi od cela diskografija? a neobjavenite pesni? koj od vas ama iskreno ja ima slusnato pesnava od nirvana...? ili pesnive... aj ke prikacam poise linkovi za onie sto gi sakaat nirvana!! http://www.youtube.com/watch?v=kO4BF67pvsc http://www.youtube.com/watch?v=5BE1KRj5 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=mRFYdtC5 ... re=related [mod-kirilica:1tp8n9fu][/mod-kirilica:1tp8n9fu]
Инаку албумот Nevermind е албум на Nirvana, така да со самото тоа што се спомнува албумот се води дискусија и за групата. Бај д веј, не видов на темава никој да пише дека Nevermind му е омилен албум. А со тоа што сите ја знаат Smells Like Teen Spirit не мора да се подразбира дека истиот им е омилен албум. Погрешно си сврзала некои коцки во глава. Песнава не е од Нирвана. Оргиналната верзија е Le moribond од Jacques Brel, а Нирвана ја обработиле на англиски. Поздрав.
Smells Like Teen Spirit песна што никогаш нема да ми здодее, песна што може да ме крене на нозе. Ја обожавам.
Tоа што сите коментираат за Smeells like... значи дека не се dovolno едуцирани во врска со андерграунд движењето, а со самото тоа што им се допаѓа групата изразуваат желба за гранџот и општо погледот на андерграунд луѓето. Целта ми е да им го проширам познанството на оние што незнаат доволно и да се прошири кругот на гранџерите. Не само Нирвана туку понатаму Breeders, Sonic Youth, Queens of the stone age, Stone Temple pilots итн. да не набројувам... Ете гледаш како и ти научи нешто ново, ги анализираше убаво песните и прочита дека препеана.
Извини, ама ти во случајов научи нешто ново. Песните од Нирвана ги имам анализирано многу време пред ти да не „просветлиш“ со твојот пост. Впрочем, да знаеше дека оргиналот не е од Нирвана и да беше длабоко запознаена со нивната филозофија немаше ни да ја постираш, нели како голем фан. Темава е конкретно за Нирвана, а ако сакаш да коментираш за Гранџ, молим лепо на соодветна тема. Нит сум дојдена тука да мерам кој е поголем фан, ниту за да прекопувам необјавени траки. Чисто информативно, ја имам цела дискографија на Нирвана во компјутер, сосе анплагдот од Њу Јорк. Сум ги слушала и за добро утро и за добра ноќ. Јас само уживам во музиката на Нирвана која е легендарна, се слушала, се слуша и ќе се слуша генерации и генерации натака доколку успееме да ја пренесеме. Извини, ама не е на мое ниво да продолжам со дискусијава на овој начин.
Има една песна што ми е убава - инаку не сум обожавател http://www.youtube.com/watch?v=80tX5MLX8QY You're face to face With the man who sold the world
На денешен ден, 20.02.2011, Курт требаше да наполни 44 години. Повеќето се прашуваме какви ли ќе беа песните, како ли ќе изгледаше, но сите прашања за жал остануваат без одговор. Почивај во мир.
Недела 21:30 во La Kana несо ке имало за негов 44 роденден. Влез бесплатен Сакам да идаамммм!!! Почивај во мир !!
http://www.youtube.com/watch?v=aWmkuH1k7uA Мојот фаворит...Нирвана своевремено ми беше омилената група. Ги знам сите песни и ги имам сите албуми
http://www.youtube.com/watch?v=vabnZ9-ex7o http://www.youtube.com/watch?v=hTWKbfoi ... ure=relmfu ги обожавам!
За мене едни и единствени. Нема ден а да не пуштам барем една песна. Курт пак, е исто така легенда, незаменлив вокал. Многу ми е жал што хероинот до некаде го уништи и направи толку кратко остана на сцената.